Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел II

Јордан и Душан Петровски 09.01.2020

КОГА Господ на Владе му испрати предупредување преку неговото лустрирање, дека на совест ќе има десетици илјади невини души затоа што тој беше најжесток поборник за попречување на вистинската лустрација, тој наместо да побара да си го „откупи“ гревот и да ја покрене својата со соросови пари платена медиумско-невладина војска во пропагирање на лустрација според Резолуциите 1096 и 1481, тој ја игнорираше пораката и се утврди во своите ставови дека е чист како солза! Па денеска пак тој лаже и манипулира. А, за неговите лаги и манипулации да допрат до што поширока публика, се разбира, му помагаат оние кои Владе ги задолжил доделувајќи им туѓи пари, пари од фондацијата на Џорџ Сорос, па неговите фејсбук статуси се пренесуваат како вести. Милчин, кој сега во неговите пензионерски денови се служи со социјалните мрежи, повремено се јавува со огин и пламен од неговата кошара, и доплнувајќи го Зоран Иванов, го вели следново:

– А дали Предлог-законот предвидува санкции за Аџиев и компанија за кршењето на човекови права? На кој суд лустрираните треба да бараат отштета? На Управниот кој ги потврдуваше одлуките на Аџиев и компанијата, без да им даде право на одбрана на лустрираните? А Вишиот управен суд ги потврдуваше по автоматизам, одново во отсуство на лустрираните! Каде се сега аминџиите во комисијата, на кои функции? Сега треба да заборавиме на таа чистка нарачана од Грујо и да се расправаме за тоа кој треба да плати отштета? Ова е правда? – прашува Милчин на Фејсбук.

– Ова за мене е цинизам и нема врска со правда. Овде одговорност нема, туку има обид за замолчување на жртвите на лустрацијата. Со ваков закон повторно нема влакно од глава да им фали ниту на Груевски како нарачател на лустрацијата, ни на Силвана Бонева како предлагач, ниту пак, на Комисијата за лустрација предводена од Аџиев. Како ќе се укинат последиците кои јас ги трпев пет години: малтретирањето, навредите, понижувањето, оневозможувањето да работам, избегнувањето. Со пари? Тоа е страшно. Ова не е мерка со која се исправа неправдата и кршењето на човековите права – вели Милчин.

Милчин не е чиста душа. Тој не е приврзаник на моралниот патоказ на Христијанството, туку е безбожен комунист за кого своевремено комунизмот на Тито беше премногу мек! Тој е самобендисан мегаломан, и оттука тој нема капацитет за интроспекција и покајание. Тој е бесен зашто е повредена неговата голема суета која во изминативе педесетина години била потхранувана со изградбата на лажна фасада за ликот и делото на Владе Милчин: интелектуалец, уметник, дисидент, двигател на демократските стандарди, кум на македонското „независно“ новинарство и татко на македонскиот „граѓански“ сектор. Доказите кои беа изнесени за него за време на лустрацијата спроведена од власта на Никола Груевски го срушија тој мит! Тие утврдија дека тој бил само измеќар, потрчко и кодош за органите на државната безбедност, кој, според неговото досие, како извршен секретар на ОК на Сојузот на комунисти на СО „Центар“ и на факултетот за драмски уметности „целосно ја спроведувал политиката на СК и зацртаните задачи во рамките на своето работење“. Разоткривањето на вистинскиот лик на Владе Милчин покажа вистинско олицетворение на доктор Фауст, човек подготвен душата да си ја продаде на Ѓаволот во размена за земни удопства. Затоа Милчин е бесен и сака одмазда! Затоа, тој денес ги бара главите на Груевски, Бонева и Аџиев на сребрена апладија. Тој се смета себе си за жртва на прогонот на „диктаторот“ Груевски, бидејќи тврди дека пет години страдал од последици, наводни: малтретирања, навреди, понижувања, оневозможувањето да работи, избегнување. Милчин повторно ја демонстрира својата психопатска нарцисоидност со тоа што страдањата на вистинските жртви во чија мануфактура тој соработувал со Службата, денес од неговата комотна возвишена позиција, си ги припишува на себе си. Веројатно како драматург полесно е човек да се замисли себе си за друг.

Бидејќи јас сум еден од малкумината кои го изодиле патот на УДБа до деветтиот круг на пеколот, минале низ сите страдања кои може да им ги приреди Службата, и и таму во деветиот круг не си ја продале душата туку се вратиле назад со сознание што сѐ прави УДБа за да ти ја земе душата, тука ќе се обидам на кратко да опишам како таа функционира, што е вистинска жртва на прогонот на органите на државната безбедност, што е продадена душа, и каде спаѓа Владе Милчин.

Од моето искуство со патешествието низ деветте круга на пеколот и назад, дознав дека УДБа има ненаситен апетит за души. Конкретно, таа најмногу сака да ги придобие душите на сите оние кои со нешто покажуваат незадоволство од комунистичкиот тоталитарен режим. Бидејќи режмот е корумпиран, по автоматизам незадоволниците се оние кои имаат проблем со неморалот: со лажењето, со крадењето, со кодошењето, со систематското осиромашување на македонскиот народ и неговиот културен геноцид. Службата има систем при што оној кој решил да ѝ биде следбеник го ползува кон целта да обезбеди нови слуги кои ќе ѝ слугуваат во придобивањето на нови приврзаници! А, Ѓаволот -- чие олицетворение е УДБа -- не би бил олицетворение на злото ако сакал да ги има само грешните души. Така и со УДБа. Ѓаволот најмногу сака чисти души -- тука е вистинскиот профит за Ѓаволот -- и затоа што секоја придобиена душа за Ѓаволот е мала победа во неговата вечна војна против Господ, тој ужива во нивното кршење и одвратување од чистиот пат. Така е и со УДБа. Таа, како чувар на еден апсоутно неморален систем, заснован на пљачка и угнетување, мора постојано да делува кон зацврстување на тој систем произведувајќи нови расипани души -- оперативни врски. За да ги скрши чистите души УДба ги има на располагање оние кои само стапнувајки во првиот круг на пеколот веднаш со елан и ја предаваат својата душа на УДБа. Овие луѓе се предводени од начелото за незаслужена придобивка, а имаат големи суети и ненаситни амбиции кои нивните способности не би им дозволиле да ги исполнат во меритократски систем. Ова се прагматичарите кои немаат чувство на морал и етика, туку живеат во марксистичко-дарвинистичка парадигма каде сопствените опстанок и просперитет ги гледаат како обратнопропорционална функција со опстанокот и просперитетот на другите. Ова од причина што овие луѓе впрочем не произведуваат ништо и не допринесуваат ништо кон унапредувањето на општеството во кое живеат. Овие типови, за разлика од оние кои се кршат во понатамошните кругови на пеколот на УДБа, обично не се излагаат на тортури и психолошко-физички стресови со цел да бидат придобиени од страна на органите на државната безбедност, бидејќи нивните „држења“ се на иста линија со оние на Службата. Тие се „морално-политички подобни“ лица. Оттука, тие се здобиваат со заемни удопства, кариери, пари, високи функции во политиката, државата и слично како производ на нивната вродена верба во и верност кон тоталитарниот антимеритократски систем. Оние кои се кршат во понатамошните кругови мораат првин да раскинат со своите морални вредности, да се одречат од чесниот живот, и конечно да му се придружат на колективот во здружената културно-економска пљачка на сопствениот народ. затоа што ја попречи вистинската лустрација 

Постапката на УДба во придобивање (обухфатање, според стариот жаргон) на нов соработник оди вака:
Секој кој според чуварот на тоталитарниот едноумен комунистички систем -- тајната идеолошко-политичка полиција УДБ/СДБ/ДБК, а сега АНБ -- се проценува како опасност за таквиот систем -- а сакањето на Македонија како самостојна, демократска и суверена држава се сметало и се смета како наголем прекршок -- се става под „оперативно-технички“, а по потреба и „репресивни“, „мерки“! Овие „мерки“ немаат за цел да ја докажат вината на осомничениот или да обезбедат докази за судски процес, бидејќи, како што забележала Комисијата на ИС од 1966 година, иследувањата на органите на државната безбедност „немале за цел да се утврди материјалната вистина, туку по секоја цена да се докаже сомнението“, додека „извештаите и другите материјали што се внесувани во досиејата на одделни лица, не само што немаат карактер на безбедносен материјал, туку значат регистрација и завлегување во меѓусебните односи“. Понатаму во извештајот на Комисијата на ИС се наведува и дека предмет на обработка на Службата за државна безбедност биле „граѓани од редот на општествено-политички, јавни и културни работници, раководители на стопански организации“, дека Службата назначувала директори во стопанските претпријатија, и ги држела под контрола универзитетските професори и дека „државната безбедност се претворила во механизам на политичка и идејна контрола врз општеството“. Ова најконцизно го опишува целото битие на органите на државната безбедност за кои Милчин тврди дека тие, работејќи „согласно со прописите“ на Републиката придонеле до нејзиниот „развој со јасни белези и атрибути на држава“. Доказите укажуваат дека несоодветно именуваните органи на државната безбедност впрочем не се занимаваат со работи кои се од безбедносен карактер, туку со регистрација и завлегување во меѓусебните односи на граѓаните на Македонија: со назначување на директори, со контрола на универзитетските професори и општествено-политичките, јавни и културни работници, и држењето на општеството под политичка и идејна контрола. Оттука, сите оние кои се покажуваат како опасни по опстанокот на неморалниот систем кој владее со Македонија изминатите стотина години, се ставаат под „мерки“ со цел да се скрши нивниот отпор кон неморалот. Лицето кое е под „мерки“ (оперативно-технички, а по потреба и репресивни) во датотеката на УДБа се води под ПОО - предходна оперативана обработка, односно ПО - предходна обработка. Ова е подготвителниот период кога УДБа на различни начини, и со постајно зголемувачки интензитет, делува кон кршење на моралниот компас на предметот на обработка со цел тој да стане нејзин проверен соработник, односно, во жаргонот на СДБ, „оперативна позиција“ или „оперативна врска“!

Првото продолжение: ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел I