Welcome visitor you can log in or create an account

ЗАЕВ СИ ЈА ФИНАНСИРА ЛОЈАЛНАТА ДИСПАСОРА !?

Јордан Петровски 04.09.2018

Вообичаена практика во светот е сите диаспори од светот сами да си ги финансират своите здруженија и организации, сами да си ги финасираат радијата, весниците, телевизиите, порталите и се разбира да помагаат со донации на здруженија, организации и медиуми во матичната држава!

Сум напишал одамна дека Македонија е земја на чудата па така едно од новите чуда е тоа што власта финансира дел од здрженијата, организациите, весниците, радијата, телевизиите и пораталите во диаспората. Значи сиромавиот го финансира богатиот!! Инаку она што се говори тука во диаспората е дека оние кои се финасирани од Македонија се финасираат од два извора: едниот е ВЛАСТА, а другиот е Тајната идеолошка полиција. Кој и со колку е финасиран од едниот или другиот извор не би сакале да шпекулираме.
Деновиве налетав и на докази дека за тоа што се говори низ диаспората има вистина.
Форумот за Демократска Македонија добил грантови од владата на Р. Македонија и тоа излегло на виделина. Приказната ја открил и објавил МАГАЗИН.МК а јас ја пренесувам во целост. Го пренесувам и одговорот на Форумот За Демократска Македонија.

Форум за демократска Македонија и Анета Георгиевска Шајн, милениците на Адмонд Адеми се соочуваат со кривична пријава за лажно претставување

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018

Едмонд Адеми сам си формираше дијаспора па и плати

 



Фото/Текст извор: МАГАЗИН.МК

Симтоматично е, што откако Владата на Заев го именува Едмонд Адеми за министер без ресор, задолжен за контакти со дијаспората, се прекинаа сите односи со постоечките организации, но се формираше инстант здружение.

 

Анета Георгиевска Шајн (трета од лево) со претставници на фиктивната ФДМ.


Имено, ни Заев ни Адеми не сакаа да го слушнат гласот на вистинската Македонска дијаспора, па измислија нова.

Ја именуваа како Форум за демократска Македонија, познат и како заедница на иселеници од Република Македонија и нивните потомци низ целиот свет.

Заев и Адеми, заборавиле да им кажат дека ако помине Договорот со Грција кој ФДМ го поддржа, тие нема да бидат ничии потомци а најмалку иселеници на Македонија.

Но, како би го купиле молкот, се одобрија низа грантови за исти личности, кои се појавуваат како координатори на повеќе континенти. Така извесна Анета Георгиевска Шајн е координатор на проекти за ФДМ за неколку контитенти за кои Владата на Македонија доделува огромни суми пари.

 

Шајн е носител на 5 проекти и тоа 2 во САД, 2 во Австралија и еден во Малта.

Пет проекти на Шајн и ФДМ за чија реализаиција се исплатени огромни пари а никој не ги видел.
Токму тој во Малта, каде Македонија нема ни дипломатско ни конзуларно претставништво, е првиот кој ќе добие кривична пријава од страна на македонските иселеници, затоа што директорот на агенцијата за иселеништво на претставникот на Шајн и доделил грант од 106.400 евра за фиктивен проект.

Притоа, чести гости на ФДМ се Шекеринска, Димитров, Адеми, Ахмети но и Катица Јанеца и обвинители на СЈО.

Имено, проектите имаат ревизиски надзор од оној кој ги фондира т.е. во случајот од оној кој ги основал.

Адеми, кога и да е, ќе треба да одговори колку точно и дал на ФДМ и Шајн пари за 5 проекти, и зошто македонската дијаспора во САД, Австралија а и Малта воопшто не е запознаена со нив. До тогаш, ова е само нем факт, која дијаспора може да поддржи промена на уставното име на Република Македонија и негирање на постоењето на Македонската нација и идентитет во целост.

Онаа купената и платената.

Одговорот на форумот за Демократска Македонија:

 
 

Зар не е срамно Форумот за Демокртаска Македонија во кои членуват , луѓе кои
наводно се успешни на запад а ако се успешни имат и добри примања!! на запад успешен човек секогаш и добро платен да бараат пари од сиромашната Македеонија за да покриваат свои активности.
Се прашувам дали Форумот за Демокртаска Македонија ако добива пари од владата ке може да биде независен и критички насторен кон власта. Јас сум убеден дека не може!! И јас имав една дискусија со Анета Георгиевска-Шајн, врзана за појавата на Форумов и ке ја пренесам во целост