Welcome visitor you can log in or create an account
polemics

polemics

САМО СТРАШЛИВЦИ СЕКОГАШ ГОВОРАТ ЗАД ГРБ: КЕ ИМАЛИ МЕНУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ?

Владата на Зоран Заев, која во стил какрактеристичен за Комунистичката партија на Југославија од која потекнува, се довлечка до власта благодарение на диверзантските акции на полициско-политичкото подземје, за време на едната година и кусур од нејзиното оформување потпиша два значајни договори со две соседни држави. Првиот за „добрососедство“ со Република Бугарија; вториот за промена на името со Република Грција. И обата договори задираат во индентитетот и историјата на македонскиот народ – какви што ги знаеме – и во внатрешните работи на Република Македонија. Наводно, целта на овие договори е конечно да се разбие мртвата точка на евроатрланските интеграции на државата. Тука е и листата на уцени од Албанија, колоквијално позната како „Тиранска платформа“, која беше целосно прифатена од Заев како дел од поткусурувањата за неговото доаѓање на власт. Дали се искрени изјавите на премиерот Заев – кој во изминативе година и пол се покажува како патолошки лажго – дека целта на сите негови удоволувања на нашите соседи на сметка на националните интереси на Македонија и Македонците се само дел од поголема стратегија наменета да ја внесе Македонија во двете најсилни алијанси на светот, или пак нешто далеку позлобно се крие во овие акти, односно, дали овие договори се само наменети да ја отпочнат последната фаза на подготовките за обнова на великосрпската држава на сметка на Македонија?

Read more...

ЗОШТО ИМАМЕ ТОЛКУ МНОГУ РАЗБИРАЊЕ ЗА ЗЛОСТОРИТЕ НА КОМУНИЗМОТ?

 

На 1ви Јуни, 2015 се случи еден длабоко шокантен настан во поранешната комунистичка држава Унгарија. Еден виш суд (апелациски суд) поништи одлука на понизок суд со која еден висок комунистички функционер и еден од подбуцнувачите на репресалиите против борците за слобода од 1959, Бела Бижку (94), беше осуден за воени злосторства и прогласен за одговорен за убиство на повеќе ненаоружани демонстранти во Будимпешта за време на последните денови од Унгарската револуција.

Жртвите на неговите репресивни мерки не се прецизно утврдени, но над 20000 луѓе биле интернирани, уште 20000 биле фрлени во затвор и околу 400 биле егзекутирани. Одреден број луѓе биле дури и киднапирани од околните држави, а потоа или убиени на лице место или изведени пред “кенгурови судови“ (Cangaroo courts).

Како резултат на поништувањето на таа судска одлука, еден од главните виновници позади овие шокантни бројки, очигледно човек со крв на рацете, беше ослободен.

За разлика од него, судењето на Оскар Грунинг, писар за Нацистите (исто така на возраст од 94 години) кој работел во Аушвиц, никого не егзекутирал и кој се обидувал да издејствува да биде префрлен на друга работа, надолго и нашироко беше публицирано низ цел свет. Тој беше обвинет од суд во Германија и осуден на четири години во затвор.

Зошто еден воен злосторник беше ослободен во Унгарија, и зошто вие не сте ни чуле за сето тоа?

Комунизмот кој не „пропадна“

Прво, она што Западот го нарече „колапс на Комунизмот“ (за што земјите од Централна и Источна Европа користат далеку по-нетриумфалистичка терминологија, како „промената на системот“), иако постигна релативно мирна транзиција на моќ од бруталните еднопартиски диктаторски системи во мулти-партиска демократија, и од нефункционални централно-плански економии во *некоја верзија* на слободен пазар – сепак заради нееднаквиот сразмер на моќ помеѓу поранешните моќници и нивните жртви, оние што до вчера беа убијци, мачители и спроведувачи на геноцид (или нивните деца) први излегоа на површина и станаа новата политичка елита и најбогатиот слој на општеството.

Со други зборови, членовите на сеприсутната НОМЕНКЛАТУРА на Комунистичките Партии се позиционираа на позиции каде можеа да добијат лична корист од „промените“. Лекцијата за помладите затечени во таа ситуација беше – и се уште е – „само криминал се исплаќа“!

Во суштина, постојат само три земји кои успеаја во некоја мера да наметнат законска одговорност на поранешната единствена партија. Тоа се Полска, Чешка и Романија. (Источна Германија не е повеќе посебна држава, но имаше неколку случаи кои беа покренати против бивши членови на тајната полиција Штази во обединета Германија).

Исто така,  за разлика од нормални револуции, оние во Централна и Источна европа беа претежно „одозгора-надолу“, каде голем дел од обичните луѓе се осетија насила воведени во „слободни пазари“ и им беше *наложено* да прифатат демократија. Овој впечаток е различен во различни земји, но сепак најприсутен е во Унгарија, Романија и Бугарија.

Многу комунисти ја искористија приватизацијата за да се збогатат. Еден пример е човек кој во комунизмот беше задолжен да води колективна фарма. Тој влезе во една од ново-основаните банки и побара заем. Кога директорот на банката го праша што може да понуди како залог, тој ја заложи добивката од следната жетва на цела фарма. И така доби заем, ја купи земјата на таканаречениот „слободен пазар“ и стана мултимилионер. Во целава приказна има само еден мал проблем – колективните фарми беа создадени преку национализирање на малите поседи од многу луѓе, кои потоа беа приморани да работат на нив. Зарем мислите дека тие луѓе си ги добија имотите назад? Некои ги добија, но повеќето не; некои добија симболични исплати во кеш. Тоа значи дека позади старата „Железна Завеса“ можеби сега постоеше „слободен“ пазар, но тој сигурно не беше „фер“ пазар.

На предвидлив начин, новата елита ги постави работите на таков начин на кој им беше овозможено да ја избегнат правдата кога нивните држави станаа демократии.

Демократски „краток-спој“ во Унгарија

Во Унгарија, на пример – беше создаден еден вид Тројански Коњ пред да се воведе демократија. Тоа се случи во Јануари 1989, кога на сите им стана јасно дека постои огромен притисок да се укине еднопартиската држава, а недостасуваше поддршка од „Другарите“ во Москва за отпор. Тогаш беше создаден Уставен Суд кој имаше моќ да блокира каков било закон, доколку го прогласи за „неуставен“, и на тој начин беше поставено ова 11-члено тело над легислативата која луѓето ја избираа на избори. Со тоа, демократскиот циклус беше кратко-споен на врвот (за разлика од судските системи во Велика Британија, или САД, кои прво дозволуваат законите да бидат донесени, потоа предизвикани на отворено на суд, и така процесирани низ цел систем). Уставниот суд ја заменуваше горната куќа на парламентот, и се што требаше комунистите да направат беше да добијат мнозинство таму и можеа да го контролираат целокупниот политички процес.

Првиот лидер на ова тело беше Др. Ласло Сољом, со кого имав лична дебата на еден настан во Јужна Африка во раните 1990сети на тема враќање на „национализираната“ (читај: „украдена“) сопственост на луѓето. Бев длабоко шокиран од неговото очигледно непознавање на основните сопственички права како и од аргументите кои им ги понуди на присутните, на многу од кои им беше конфискувана сопственост вклучувајќи домови, бизниси и дури фабрики, за кои добија смешни суми. (Она што ние не го знаевме тогаш беше фактот дека овие поседи биле „приватизирани“ од страна на бивши членови на Комунистичката Партија и нивни пријатели, а многу од нив се уште во нивни раце денес).

Го предизвикав да дебатираме за трите основни права: на живот, слобода и сопственост (да ја оставиме „потрагата по среќа“ на Томас Џеферсон) и тој призна дека не знае многу за нив, фокусирајќи се наместо нив на „liberté, egalité, fraternité” (слобода, еднаквост, братство) од Француската револуција.

Значи не може да биде изненадувачки фактот што Др. Сољом го смета правниот механизам според кој одредени личности треба да одговараат за грозни криминали, вклучувајќи и воени злосторства и злосторства против човештвото, апсолутно „неуставен“. Па човекот досуди дека Женевската Конвенција не се однесувала на Унгарската Револуција од 1956!

Овој проблем не постои единствено во Унгарија. Во Чешка, обвинителството поведе обвинение против поранешниот министер, Љубомир Стругал во 2001. Обвинението на крајот беше распуштено поради недостиг на докази. Ова беше објаснувањето за таквиот исход објавен во ЛА Тајмс:

Судењето на функционери од Комунистичката ера е тешко во Чешка затоа што правниот систем функционира под принципот дека Комунистичките закони биле валидни, и затоа разните прекршувања на човековите права можат да бидат третирани како криминал само ако прекршиле некои закони во времето кога биле починети. Стругал е обвинет за блокирање на напорите во 1960тите да се процесурираат некои од најлошите неправди од раниот Комунистички период.

Платформата за Европско Сеќавање и Совест

Платформата за Европско Сеќавање и Совест е организација во рамките на ЕУ која е создадена за да ги интегрира различните искуства на Западните и Источните европјани. Главната разлика помеѓу нив е дека, за Западноевропјаните, крајот на Втората Светска Војна значеше крај на убивањето, додека на исток тоа продолжи -само во различна форма, но најчесто беше извршувано од истите луѓе.

Платформата успеа да објави тн. Прашка Декларација за Европска Совест и Сеќавање и успеа да го прогласи 23-ти Август (денот на пактот Молотов-Рибентроп) за ден за сеќавање на жртвите на Комунизмот и Нацизмот.  Ова второто сепак се покажа како „премногу“ за Западноевропејците, кои инсистираа да се „исперат“ четирите милиони убиени од Ленин и ја променија декларацијата да гласи за жртви на „Сталинизмот“ (што и тоа да значи) и Нацизмот.

Оттогаш платформата објави Декларација за Криминалите на Комунизмот, која повикува да се оформи интернационален трибунал за да ги суди Комунистичките криминалци и да обезбеди компензација за жртвите – поради тоа што поединечните држави се покажаа неспособни тоа сами да го спроведат, со можен исклучок на Полска (успат, никој од трите функционери во Платформата не одговорија на нашите имејл пораки, ниту пак некој од интернационалните адвокати/коментатори во Унгарија)

Значи, една причина зошто недостасува правда за жртвите на комунизмот се оние кои го извршија тоа насилство и нивното влијание во матичните држави. Но тоа не е единствената причина, има и друга. Тоа е апатијата на Западноевропејците кон жртвите.

Западноевропска апатија кон жртвите на комунизмот

За жал, на Запад има многу малку емпатија за жртвите на комунизмот. Ова за нас, чии фамилии беа директно засегнати, е посебно тешко да се разбере, и во суштина е болно да се прифати. Понекогаш се прашуваме дали има недостаток на хуманост во еден дел од Западот.

Но посериозно размислување покажува дека постојат две главни причини за тоа: успехот на културолошкиот Марксизам, и едноставно незнаење. Населението од Западна Европа и Северна Америка дозна за Холокаустот после концентриран напор од страна на Еврејските организации кои објавуваа потресни фотографии, приказни од преживеаните и ја прикажаа неверојатната бројност на злосторствата кои беа направени.

Злосторствата на комунизмот не се ништо помалку шокантни, но за нив има многу малку фотографски сведоштва, многу малку документарни филмови на Западните јазици и буквално ниту еден Холивудски филм. Значи, просечниот граѓанин на Запад просто гледа бројки на хартија за жртвите на комунистичките режими на Сталин, Мао и другите и – ги крева рамениците.

Еден злочин кој е потипичен за Комунизмот од другите шокантни криминали е масовното силување. Само во 1944/45, се проценува дека припадниците на Црвената Армија силувале околу три до четири милиони жени од Украина на Исток до Виена и Берлин на Запад. На жените кои ова го преживеале не им беше дозволено да зборуваат за злосторствата направени врз нив, освен во подоцнежните години на нивниот живот. Повеќето документарни филмови поврзани со оваа проблематика беа прикажани само во Германија, Австрија или Унгарија – но никогаш на главните канали на Запад, како на пример History или National Geographic.

Масовни силувања од Кинеските комунистички сили се пријавени во Тибет, специфично против Будистички монахињи – што значи тоа не беше појава уникатна за Советската војска.

Човек не може а да не се запраша – каде се феминистите во сето ова??

Што може да се направи?

Сега за сега изгледа дека Платформата за Европско Сеќавање и Совест, Американскиот музеј на Комунизмот, како и музеите и институтите во поранешните комунистички земји – како оваа институција во Прага, и Полскиот Музеј на Комунизмот во Варшава, и Куќата на Стравот во Будимпешта – сите тие се некаков дел од одговорот. Треба да продолжат да ги едуцираат оние кои ќе ги посетат. Исцрпна листа на сите вакви локации е дадена овде.

Постојат одреден број меморијали на жртвите на Гулагот во Украина и Русија, но откако дојде на власт Владимир Путин, некои се затворени, а некои се “реинтерпретирани“ да ја изменат историјата.

На ова поле, либералниот Запад и режимот на Путин се согласни: сите сеќавања на злосторствата на Комунизмот мора внимателно да се избришат од сите книги, филмови и други видови на медиуми – и да се заборават.

Ако школските текстови се изменат за да бидат соодветни со вистината, тогаш можеби каналот Дискавери и слични медиуми ќе престанат да ја повторуваат старата лага дека „Европа беше ослободена во 1945“.

Конечно, жртвите и нивните фамилии може само да се надеваат дека „просветлениот Запад“ и „Истокот“ ќе ги изменат нивните ставови кон некои од најголемите злосторства направени на планетава. Злосторства што уште не завршиле, а до денешен ден влијаат на нас, нивните сограѓани и луѓе кои имаат сопствени права. Ако ништо друго, барем правото да се сеќаваме.

 

Овој напис од Кристофер Сабо беше оригинално објавен на MercatorNet.com под Creative Commons лиценца. Ако ви се допадна овој напис, посетете го MercatorNet.com за повеќе. Ставовите изразени во овој текст се на авторот и се понудени како материјал за размислување од ЗАУМ.

Текстот е превземен од ЗАУМАКЕДОНИЈА

 

Read more...

НОВА ЛАГА НА БОГОЕВСКИ, БРОЈОТ НА СЛЕДЕНИТЕ ОД СДБ/УБК

Целта на нашиов серијал во кои ги обработуваме интервјуата на луѓе кои имале високи позиции во Тајната идеолошка полиција сме го објасниле, така да не би сакал да ви одземам време со повторување на тоа. Би напишал збор, два за нешто што несакајки овие видеа го открија. Имено видеата откриваат дека менувањето на името за да се влезе во ЕУ и НАТО е гола лага и на власта и на подржувачите на промената на името!!
Еден од условите кои ги поставија ЕУ и НАТО за влез на Северна Македонија во тие организации е власта да направи реформа во УБК. Нашите видеа иако се веќе прегледани неколку илјади пати не предизвикаа јавна дебата а во видеата има материјал и те како за дебата. Дебата без која не е можно реформирање на УБК. Без дебата во стилот кој го нудиме на видеата нема да има никаква реформа. 

Мракот ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото кои беа креатори на мракот!!


Молкот на медиумските работници-пропагатори за влез во ЕУ и НАТО, молкот на политичарите од власта-пропагатори за влез во ЕУ и НАТО, и молкот на споменатите во видеата, говори дека никој, почнувајќи од власта на чело со премиерот Заев, па се до поддржувачите на промената на името кои се задолжени да ги покриваат социјалните мрежи, не ни помислуваат да водат битка за вистински влез на Северна Македонија во ЕУ и НАТО. Затоа би ги „поздравил“ оние кои се обидуваат на мене на Комитетот за демократизација на Македонија  и Македонскиот информативен центар да ни залепат етикета дека работиме против интересите на Р. Македонија да се запрашаат за чии интерес работат тие, кога ни на крај на умот немаат да вршат притисок врз власта на Заев да ги спроведе реформите кои ги бара ЕУ и НАТО!!
За оние кои заборавиле, ГРЕКО во својот извештај го напиша следново:

Ниту една препорака не е спроведена, најголема корупција кај пратениците, судиите и обвинителите!

Оние кои не ја слушнаа изјавата на Оливер Спасовски, министерот на МВР:  

А за таа платформа „бојкотирам“, која се формира во Република Македонија, ние ја СЛЕДИМЕ, ГЛЕДАМЕ кои се тие луѓе.

 

Read more...

РАЗБИЕНИ ЛАГИТЕ НА ФРЧКОВСКИ ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПРОГОН НА ВМРОвци

Кога Фрчковски не е на позиција да потпишува решенија за прогон на политичко-идеолошките неподобници, тој е преокупиран со должноста да го убедува народот дека политичко-полициското подземје не гони морално-политички неподобници на политичко-идеолошка основа. Во изминативе неколку години тој, како еден од главните мегафони на управителите на заробената држава, даде безброј интервјуа во кои се обиде да го омаловажи прогонот на македонски граѓани од ВМРОвска политичка ориентација за време на 1990тите години, кога тој беше министер за внатрешни работи. Во ова видео ги разбиваме дел од неговите лаги.


Read more...

НИЗ СЕРИЈАЛОТ КОЈ КЕ СЛЕДИ КЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ОТКРИЕМЕ ДАЛИ БОГОЕВСКИ Е БАНОТ НА ЗАРОБЕНАТА ДРЖАВА

 

Присуството на оперативните работници на службите на државната безбедност во македонските медиуми е катадневно. Тоа е од простата причина, што таканаречената државна безбедност во системот кој е инсталиран врз Македонија, е впрочем инструментот кој управува со заробената држава. Нејзиното основно дејство е да го држи поведението, или во жаргонот на УДБа, држењето, на населението во согласност со правоверието кое ја одржува Македонија со статусот кво.

Оттука, најбитните оперативци на Службата, не се типовите кои седат во некоја темна канцеларија и преслушуваат снимени разговори, туку типовите кои го пополнуваат медиумскиот етер. Во текот на изминатава година еден од тие типови кој се претвори во естрадна ѕвезда поради неговото постојано присуство на телевизиските екрани е Слободан Богоевски – Цобе, поранешен началник на Службата, и еден од Осуммината од РСВР, фингираните херои од далечната 1989 година. Целта на медуимските настапи на Богоевски е да ја убеди јавноста дека пред скандалот со прислушкување наречен „Големо уво“, а потоа и непосредно пред “Бомбите на Заев“, работата на Службата била апсолутно законски исправна и водена од исклучиво професионални побуди; а она што било вон законските рамки, сепак било исправно, бидејќи бандитите кои биле обработувани биле ВМРОвски џган кој минал лесно, благодарение на добродушноста на оперативците како Цобе.

Во ова видео се осврнуваме на анализа на предизвикот на Богоевски даден на „Правда и неправда“ со Гордана Дувњак, каде што тој самоуверено бара да му се јави човекот кој бил прогонуван, притворан или затворан поради промакедонски побуди во периодот кога Богоевски управувал со Службата за државна безбедност, односно од 1991 до 1996 година. За среќа на Богоевски, ние во Комитетот за демократизација го имаме токму човекот кој тој го бара, а можеме да му посочиме и каде да ги бара илјадниците слични.

Read more...

ДИМИТАР ДИМИТРОВ ПРОТИВ ДИМИТАР ДИМИТРОВ

Овој бисер на Димитар Диитров искажан во негова колумна објавена на ПРИЗМА, под наслов Против договорите со Бугарија и Грција – договор против државата ме натера да го потсетам Димитер Димитров на неколку работи!!

 


Првата работа која не е точна во колумната на Димитар Димитров е дека СДСМ не биле комунисти бидејки тие самите тврдат дека се легитимни наследници на КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА!

Втората според мене многу побитната работа е тоа што Димитар димитров го обинува ВМРО дека не успеало да го реши спорот со Грција. Вакво решение , решение кое не одбило ниту едно барање на Грција можел да постигне и првиот кого ке го сретнеле на улица и ке му дале „задача“ да преговара со Грција.
Овој текст не би бил комплетен и во стилот на уредувачката политика на Македонскиот Информативен Центар ако не даде потполна информација , односно ако не даде доказ дека Димитров инаку размислувал порано. И ако не го постави прашањето зошто димитер димитров денеска инаку мисли??
 
 
 
 
 
 
 
 
 


 
 
 
 
 
 
Read more...

ЈОРДАН ПЕТРОВСКИ КОНТРА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ



Целото интервју на Лазаревски:

 

Македонската јавност, како и во најтемните денови на едноумието, секојдневно се бомбардира со невидени невистини и небулози, наменети да го збунат Македонецот во однос на тоа што е право а што е криво, кој е најмудриот пат кон опстанокот на нацијата, и кои се луѓето кои на Македонија ѝ мислат добро, а кои се нејзините непријатели. Бидејќи новинарската фела во Македонија, како што веќе спомнав, ѝ припаѓа на окупационата сила, од неа не може да се очекува дека таа било кога ќе се смени и ќе почне да делува за доброто на Македонија и на Македонците. Имено, за бракот помеѓу тајната полиција и новинарите своевремено зборуваше и министерот за внатрешни работи, Томислав Чокревски. Новинарите во Македонија се срам за нивната професија. Тие не делуваат во функција на чувари на националните интереси преку чесното истражување и храброто соочување со оние кои го злоупотребуваат македонскиот народ, туку напротив, тие земаат соучество во овие валкани интриги. Македонските новинари во текот на изминатите 27 години независност се покажаа како ништо друго освен како мегафони на вазалскиот режим кој управува со Македонија. 

Read more...

Oбид за полемика со Aндов 1

 

 

 

Реакција на колумна на Стојан Андов: Богдановски работеше против ВМРО како соработник на УДБА

До „Фокус“ пристигна реакција од Јордан Петровски од Канада на текстот на Стојан Андов „Зошто Драган Богдановски беше против кратенката ВМРО во името новата партија?“ објавен во нашиот неделник бр. 1151, од 28 октомври 2017. Г. Петровски беше споменат во текстот, но бидејќи неговата реакција по својата големина значително го надминува оригиналниот текст на Андов, и поради ограничениот простор во неделникот, за да не го кратиме текстот и да овозможиме дебата и полемика, одлучивме да ја објавиме на веб-страницата на „Фокус“

Неодамна на страниците на „Фокус“ Стојан Андов даде една негова верзија на македонската историја, која мора да ја побиеме доколку сакаме да излеземе од котелот на комунистичката заблуда. На почетокот на мојата реакција на текстот на г. Андов ќе укажам дека јас никогаш и никаде не сум напишал ниту пак рекол дека сум основач на ВМРО-ДПМНЕ или пак дека сум учествувал во основањето на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак сум бил нејзин член! Јас првите контакти со врвот на партијата сум ги направил на крајот на октомври 1990, после основачкото собрание на партијата во Куманово! Мојата цел во влегувањето во овие преписки е проста: да се открие вистината, зашто само на здрав темел се гради куќа што трае. Зошто се сокрива вистинската историја можеби најдобро ќе биде објаснето од овие два цитата од текстовите на Групацијата на дисиденти и ветерани:

„Засега за луѓето од ВМРО-СДРМА (ПРАВДА) не можат да се најдат повеќе податоци. Тоа е од причина што ако ги изучуваме нив ќе видиме дека Македонците се нескршливи, дека за идеалот поднесувале затворања, прогонувања, преживеале голготи и тоа ќе ни биде пример за тоа какви треба и ние да бидеме.
Со години на нас ни се нудат ‘херои’ кои Службата ги скршила и ги направила свои соработници. Што мислиш зар Службата не
 може да го сокрие податокот дека Драган Богдановски бил нивни соработник или за било кој друг нивни соработник? Може, но на неа и е целта, да го убие во старт градењето патриотизам во карактерот на Македонецот.“

Дека сме знаеле како ќе се однесуват комунистите од СДСМ и од ДПМНЕ, говори овој цитат од текстот објавен 2010 година „Удбашкото ДПМНЕ ја прокоцка шансата што му ја даде ВМРО Правда!!!“ и тоа на страниците на „ФОКУС:“

„Од друга страна, една група на луѓе поддржана, а по сѐ и финансирана од Груевски, се обидува основањето на ВМРО-ДПМНЕ да го врзе исклучиво за Драган Богдановски и ‘Берлинската група’. Целта е многу јасна. Утре, историчарите кога ќе ги обработуваат писмата, манифестите, декларациите, и досието на Драган Богдановски и кога нема да сретнат ни збор за ВМРО, ќе ја отфрлат тезата дека се работело за нешто сериозно и додавањето на четирите букви ‘ВМРО’ ќе биде третиранo како симболика или само пропаганден потег. Со тоа ќе се изврши најголема историска лага и ќе се документира дека немало континуитет на ВМРО и оти единствена вистина, која ете, ја докажуваат, е дека комунизмот од српска провиниенција ни даде држава: што е и основна цел на антимакедонската политика од 1943/1990 год. и до денес.“

Би сакал да му се заблагодарам на г. Андов што ме спомена во неговиот текст па така ми овозможи да реагирам на ова негово писание а ако дозволи уредништвото на „ФОКУС“ тектов да излезе на нивните страници и така го натера господинот Андов да реагира на напишаното во овој текст ќе биде драгоцен придонес кон расветлувањето на комунистичките историски лаги!

Инаку, со Дане Поповски сме правеле обиди да реагираме на текстовите кои ги пишува господинот Андов во „ФОКУС“ а се врзани за ВМРО, но безуспешно од причина што „ФОКУС“ не сакаше да објавува ништо, бидејки не сме биле споменати. Тоа што Дане Поповски бил еден од основачите на ВМРО-СДРМА (ПРАВДА) не беше доволна причина за „ФОКУС“ да отстапи простор и да им овозможи на своите читатели за првпат да ја слушнат вистината за делувањето на ВМРО после 1945 година, да ја слушнат вистината од луѓето кои за првпат од Организацијата прават обид да ја направт политичка партија, со дозвола на нејзиниот легитимен лидер, Ванчо Михајлов!

Кога човек го чита г. Андов добива впечаток дека тој бил современик на Делчев, Сандански, Александров, соборец на Михајлов, соосоновач на ВМРО-СДРМА со Смичко, Гиге, Дане, Чакра, и Мрме.

Оваа хајка за уништување на Организацијата трае одамна. Таа почнала со Софиското јануарско советување во 1904 год., кога Сандански ја извршува првата поделба во неа, продолжила 1923/4 год., кога НКВД и БКП се обиделе ВМРО да ја стават под своја 100 отсто контрола, но безуспешно, па затоа се прави обид со формирањето на ВМРО Обедината во 1925 (репризирани марифетлуци после 1991 од учениците на НКВД и неговиот клон во Југославија, УДБа, со формирањето на десетици партии со предзнакот ВМРО) да се воспостави таа контрола!

Кон крајот на 1989 две групи на стари борци за обединета, самостојна, суверена и демократска Македонија, независно една од друга, следејќи ги случувањата во светот после падот на Берлинскиот ѕид и веќе неминовниот распад на Југославија сакаат да го остварат нивниот многугодишен сон, заради кој дел од младоста го провеле во Идризово, Зеница и другите КП домови на Југославија, а зрелите години под постојан прогон од УДБа во Македонија и низ Европа, Северна и Јужна Америка.
Групата во Македонија освен идеја не прави ништо поконкретно. Свесни се дека за УДБа ќе се прелесен залак.
Групата што е во емиграција е исклучиво составена од членови на ВМРО-Правда. Овој состав е решен да оди до крај во својата заложба. За да го елиминираат најсилното оружје на УДБа, етикетата која ја им е закачена од раните денови на Титова Југославија— а за која се свесни дека УДБа повторно ќе ја употреби за да ги неутрализира — Ванчомихајловизмот — Костадин Смичковски оди на разговор кај Ванчо Михајлов. Меѓу другото, разговорот има за цел да се постигне согласност со Михајлов тој да не ја оспорува употребата на името ВМРО. Михајлов беспоговорно ги прифаќа барањата на Смичковски. За прифаќање и поддршка на идејата, пресудно кај Михајлов е што и тој е свесен зошто УДБа, за разлика од неговите еднакви, од движењата на Хрватите, Словенците, и Србите, го остава жив: за да биде „Баба Рога“ со која УДБа не само што ќе го плаши граѓанството во Македонија, туку и да биде најмоќната етикета односно кал со која ќе ги валка сите лица кои се неподобни по антимакедонскиот комунистички систем. „Деца, вие бевте и останавте Македонци,“ ќе заклучи Михајлов. „Правете, но знајте дека УДБа ќе ве попречи. Јас сум веќе престар да го менувам она што сум го тврдел за себе сиве овие години.“

Накратко ќе се навратиме подалеку во минатото за да оставиме уште едно многу важно сведочење. Имено, кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години на дваесеттиот век, откако водачите на ВМРО-Правда еден по еден излегуваат од затвор и постигнуваат каква-таква консолидација на своите животи низ светот и во Македонија, заклучуваат дека ВМРО-Правда треба да згасне. Тие сметаат дека движечката сила кон македонското осамостојување повторно треба да стане ВМРО—Организацијата, која е единственото тело кое континуирано се залага за третман на Македонецот како еднаков на секој друг човек на светов. Предводниците на ПРАВДА се свесни дека доколку на чело на Организацијата остане Ванчо Михајлов, тогаш таа нема да биде успешна во својата заложба. Затоа, тие заклучуваат дека е неминовно да се постави нов водач на организацијата. Нивни избор е д-р Костадин Смичковски, човек кој долги години е во самиот врв на ВМРО, поради што Ванчо Михајлов одлично го познава. Братот на Костадин, Бранко е човекот кој се грижи за безбедноста на Михајлов.

Но, како што му е познато на секој читател, транзицијата од Михајлов до Смичковски нема да се случи иако Михајлов бил согласен со тоа да дојде до негова смена. Промената нема да дојде благодарение на дворските игри на луѓето околу Ванчо Михајлов. Тука мора да се издвои Вида Боева (сестрата на проф. Георги Боев и лична секретарка на Михајлов), чија основна грижа и задача е Ванчо да остане на чело на Организацијата, при што етикетата за пробугарскиот карактер на ВМРО би останала негибнатa. Од колкава важност за УДБа е да не дојде до промена во врвот на Организацијата зборува и фактот што луѓето на УДБа во овој период прават обид да го ликвидираат Костадин Смичковски. Смичко ќе мине цели две години во Германија сокривајќи се од џелатите на УДБа. Откако се стекнува со впечаток дека заканата по неговиот живот е мината, Смичковски се враќа во Лугано. Кратко по неговото враќање во Лугано го напаѓа чудна болест за која ниту тој, иако бил лекар, до крајот на животот не ја утврдил дијагнозата. Интересно е што истата болест го зафаќа и зетот на Анте Павелиќ со кој Костадин е многу близок пријател. Смичковски е убеден дека болеста е резултат на обид за негово труење од страна на УДБа. По долгодошно боледување од оваа мистериозна болест, д-р Костадин Смичковски конечно ја губи борбата во зимата 2012 год., но не пред да остави вредни сведочења за неговото учество во делувањето на групата од ВМРО-Правда.
Да се вратиме на случувањата од 1989/90 год. Многу бргу по средбата на Смичковски со Михајлов се случуваат два битни настани, кои по наше видување се клучните во попречувањето на македонското осамостојување, а со тоа и демократизација. Покрај другото, настаните прејасно укажуват дека Ванчо Михајлов бил под контрола, односно, опсервација на УДБа, бидејќи по средбата Михајлов – Смичковски, се појавува Драган Богдановски со идеја за формирање на Демократска партија на Македонија која ќе ја застапува Илинденската идеологија!

Драган Богдановски на почетокот на 1990 најавува формирање на Демократска партија на Македонија по иницијатива на еден академик и двајца универзитетски професори од Скопје кои тајно се среќават со него во Шведска за да му ја изложат идејата.

До ден денес не дознавме кои се двајцата професори и академикот кои биле кај Богдановски. Се надевам г. Андов, кој сугерира запознатост со историјата околу Богдановски, ќе даде одговор на ова битно прашање, односно дека ќе приложи документ од кој ќе ги осознаеме имињата и точниот датум на средбата во прашање. Јас тврдам дека се работи за лага која Богдановски се обидува да му ја „продаде“ на тогаш актуелниот претседател на ДООМ, д-р Богољуб Андоновски! Според сознанијата кои ги има групацијата, таква иницијатива и средба не постои! Од писмото кое Богдановски го упатил до д-р Андоновски се гледаат манипулациите на Богдановски. Имено, тој пишува на 3 февруари 1990, дека во Македонија веке е ФОРМИРАН Иницијативен одбор за создавање на партијата чие Основачко собрание ќе го одржи на 4 февруари 1990. Се надевам дека г. Андов и за ова ќе даде некој доказ!

Тоа не би било ништо чудно и спорно доколку во Координативниот одбор на партијата не ги вклучува Дане Попоски и Данчо Бојковски, без да ги извести и да добие согласност од нив. Попоски и Бојковски се луѓе од врвот на ВМРО-Правда, десничари чија идеја била Македонија под протекторат на Америка. Првичното име на ВМРО Правда е ВМРО СДРМА (Слободна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка). За овој потег Богдановски за првпат ги известува двајцата во февруари 1990. Во тој разговор Поповски на Богдановски му го пренесува ставот на ВМРО дека тие го условуваат своето учество во формирањето на партијата со тоа, пред ДПМНЕ да стои ВМРО. Богдановски го одбива предлогот. Кај Драган Богдановски постои одбојност кон ВМРО. Тоа може да се заклучи и од неговите пишани работи. Тој скоро никаде не го споменува ВМРО, ниту пак се повикува на ВМРО како историска организација со заложба за изедначување на Македонците со останатите светски народи. За тоа сведочи и Дане Попоски.
Драган Богдановски иднината на Македонија и по распадот на Југославија ја гледа и понатаму со комунистичка идеологија како дел од „Обединета Советска Македонија“ или „Балканска Федерација.“


По разијдувањето меѓу Богдановски и вмровците, на 15 март 1990, тој во „Млад Борец“ го објавува Манифестот на ДПМНЕ без да направи корекција во Координативниот совет, односно, без да ги повлече Дане Попоски и Данче Бојковски. Не ги повлекува бидејќи во меѓувреме игра на друга карта—преземање на МААК. По неуспехот за преземање на МААК, Богдановски ги обновува преговорите со ВМРО и на крајот на 26 април 1990 во Царев Двор, ресенско, оди во куќата на Дане Поповски, кој доаѓа во Македонија за да се завршат преговорите и ако не се постигне договор, ВМРО-Правда да отпочне подготовки за самостоен настап.

Мојот текст ќе заличи на каша-попарата на Андов, односно нема да биде комплетен ако аргументирано не ги побијам манипулациите со кои сака Драган Богдановски да го претстави како голем и единствен вистински борец за македонската кауза.

Еве го оргиналниот, а воедно и прв документ, освен летките, кои зад себе ги оставале основачите на ВМРО-Правда. Тоа е програмата и името на партијата која носителите на континуитетот на ВМРО се подготвувале да ја регистираат. Програмата и името се правени пред да се направи разговорот со Ванчо Михајлов, а за да се задржи асоцијацијата на ВМРО, односно да се даде јасно до знаење дека ВМРО е вистинското име на партијата на ДПМ, се додава ПРАВДА!

Забележувате дека името ѝ е ДПМ  ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА, името кое — каква „случајност“ — Богдановски го дал на неговата партија!

Инаку, Драган Богдановски во 1950 бил осуден за кражба, а не поради судир со југословенските власти заради определбата за создавање на македонска независна држава како што вели г. Андов!

Очекувам г. Андов да ја понуди пресудата со која Богдановски во 1950 во Белград е осуден како македонски националист!

Постои документ дека Богдановски воопшто не бил во Аргентина! Целта на патувањето на Богдановски во Бразил, според описот на г. Андов, има многу нелогичности! Богдановски за Бразил можел да замине најрано на почетокот на 1951. Зарем не е чудно, младо момче, веднаш по излегувањето од затвор, кое не знае друг јазик освен македонскиот и српскохрватскиот да тргне на патешествие во Бразил?

За ова интересно е сведочењето на Јоне Шикалевски, човекот кој во логорот во Грција влегол со првата група бегалци а излегол последен и кој веќе после првата година од престојот во логорот одлично го владеел англискиот јазик, станал преведувач на логорската управа, составена од американската војска. Кога воената управа веќе почнала да им дава „визи“ за заминување на логорниците тие сами избирале во која држава ќе заминат. Според сведочењето на Шикалевски излегува дека тврдењето на г. Андов оти Богдановски не можел да замине за Европа, не држи.  Богдановски во логорот доаѓа некаде во 1951 а во тој период веќе немало никакви ограничувања за избор на државата каде ќе сакал да замине секој логораш! Скоро сите логорници, откако пристигале на своите избрани дестинации му пишувале писма на Јоне, со деталите каде се, така што Шикалевски контактирал со сите кои му се јавувале.

Тука се јавуваат прашањата кои ќе си ги постави секој разумен човек: кој му ги обезбедил врските на Богдановски во Бразил и со кого; и кој му го финансирал патувањето и џепарлакот додека не се снајде во Бразил? Во Бразил имало само една група на ВМРО и тоа групата од Богданци. Значи, многу пологично е Богдановски да оди во САД, или во Европа, каде има вмровци и од Куманово и кумановско со кои би имал можност полесно да стапи во контакт.

По враќањето од Бразил, Богдановски останал во Европа. Со што се занимавал во периодот по враќањето од Бразил, па сѐ до 1961, не би коментирал бидејќи нема цврсти докази за тој период. Во 1961, во Париз Богдановски бара начин да влезе во организацијата „Лозари“. Зачестено оди во центарот за емиграција со цел да се сретне со лозарите — по сѐ првото македонско организирано движење во Европа после војната — кои дел од своето слободно време го поминувале во центарот за да им помогнат на новодојдените Македонци. До средбата доаѓа кога Богдановски започнува расправија со некои Бугари во која ја нагласува посебно својата македонска определба. Таа расправија прераснала во тепачка помеѓу Богдановски и Бугарите. Тогаш во тепачката се замешале Данче Бојковски, Петре Јовановски, водачите на Лозарите и уште некои Македонци со цел да го одбранат Богдановски. Од тој момент Богдановски заради својата јасно искажана македонска определба станал нераздвоен придружник на Данче и Петре. Чудно е што Драган дотогаш доаѓал во центарот ама никогаш не се закачал со Бугарите, кога за првпат таму биле Данче и Петре, Богдановски ја покажал својата омраза кон Бугарите!?
Документите за Драгановото кодошење на Данчета како човек кој работел за ЦИА, ги поседувам.

Драган не учествувал во формирањето на ОКМ — организација која подоцна ќе се преименува во ДООМ, па потоа во НФМ. Тој ќе се заинтересира за ОКМ откако таа ќе почне да добива на масовност кај Македонците во емиграција.

 

Од тој момент во ОКМ, односно во ДООМ, почнуват внатрешните кавги и расправии, а со тоа организацијата наместо да се занимава со она за што е формирана, таа е опструирана со внатрешни кавги. Еве дел од писмо на д-р Андоновски од кое јасно се гледа формата на опструирање на работењето на ДООМ. Метод на опструкција, обиди за формирање на паралелни организации, и партии кои ќе бидат применувани и после формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве дел од Службена белешка бр.1014 од 27.07.1988 г. од кој јасно се гледа соработничката улога на  Драган:

 

Легенда: „Брест“ – д-р Андоновски; „Рашомон“ – Драган Богдановски)

Што била целта на СДБ се гледа од овој дел од едно писмо на д-р Андоновски упатено до Драган:

Заради ограничениот простор ќе се задржам само на уште еден бисер од герданот на манипулации на г. Андов, а кој е обид да се објасни од каде Богдановски добивал пари за својот живот, прашање кое сум го поставил на скоро сите подржувачи на тезата дека Драган не бил соработник на УДБа/СДБ.

Господинот Андов вели: „Поради потфатите за јакнење на македонската национална свест на македонската емиграција во западните земји, Богдановски бил дури директно помаган и заштитуван од страна на македонските тајни служби, а тоа било толерирано од југословенските тајни служби. … [Д]а отпатува во некоја од европските земји каде што се надевал дека ќе развие политичка активност за отцепување на Македонија од Југославија.“

За период во кој југословенските тајни служби убиваат, апсат, судат и репресираат илјадници Македонци, и Хрвати кои се залагаат отцепување на Македонија и Хрватска од Југославија, г. Андов ни вели дека истите тие служби го заштитувале и финанскиски го помагале Богдановски и тоа со знаење на југословенската служба кон неговата наводна цел Македонија да ја отцепи од Југославија. Господине Андов немојте до толку да ја потценувате интелигенцијата на Македонците! Тајната полиција го финсирала Драган за да работи против организациите и луѓето кои работеле на идејата за обединување и осамостојување на Македонија.

Крсте Црвенковски во своите „Дневни записи“ меѓу другото запишал:

„Мене ми е познато дека Богдановски повеќе години, политички и пропагандно, дејствуваше против СРМ и СФРЈ. Тој го издаваше и беше главен автор на списанието на МОД ‘Македонска Нација’. Тој е еден од водачите на екстремното националистичко движење во странство. Но, таа организација , колку што јас можев да насетам, е повеќе чедо на ‘нашата УДБ-а’.“ („Пулс“, Скопје 28.05.1992)

На ова само ќе го додадам сведочењето на Јоне Шикалевски во кое тој, причината за киднапирањето и осудувањето на Драган ја објаснува со тоа што одредена сума на пари која тајната полиција му ја дала на Драган за да изврши плаќање на соработниците и за други активности, тој ги потрошил за себе. Ако бил навистина непријател на Југославија во време кога тајната југословенска полиција ги ликвидирала своите противници ширум светот, зар ќе ризикувала да го киднапира и да го пренесува Богдановски во Југославија? Кога ќе се погледне активноста на Богдановски во Идризово—дадов некои примери погоре—јасно е дека тој бил соработник на УДБа.

За бугарскиот „карактер“ на ВМРО кој г. Андов го докажува со приказни, ќе понудам неколку изјави на луѓе кои биле обвинувани, прогонувани и судени за бугарофилство:

Ние сме прогонувани, судени и затворани како „ванчомихајловисти-бугарофили“ или „бугараши“ во времето на апсолутна власт на србокомунистите. Заминати сме скоро сите од Македонија, некои уште на почетокот на педесеттите, некои на почетокот на седумдесеттите, некои на почетокот на осумдесеттите, некои на почетокот на новиот век. Секој од нас, ако навистина бил бугарофил како што ни стои во обвиненијата, со стапнување на тлото на Европа, Северна или Јужна Америка, ќе се изјаснел за Бугарин. Такви меѓу нас нема! Ние сите сме Македонци.

Се надевам, односно очекувам, г. Андов да ми посочи со име и презиме кои од луѓето од ВМРО – Правда кои избегале од Македонија кога стасале на безбедни дестинации се декларирале како Бугари. Дали ќе може г. Андов да приложи доказ за мене за моето декларирање како Бугарин откако сум дојден во Канада, оти јас сум прогонуван за соработка со БНСР?

Толкувањата за целта, и за националните чувства на водачите на ВМРО на г. Андов јасно потврдуваат дека неговите писанија се строго антимакедонски, кои за цел имаат да ја продолжат лагата која комунистите и САНУ ја сервираат од 1945 па до денес. Да се суди за нација и национални чувства, со денешни поимања за настани од пред еден век е само доказ за нечесната намера на тие што наметнуват таков суд. Секој кој се обидува да дојде до вистината — а таа е единствено во интерес на Македонците — ќе бара и ќе ги цени мислењата на луѓето кои биле современици на тие случувања и кои за тоа оставиле писмена трага.

Англичанецот Брајлсфорд кој неколку години престојува во Македонија како „незаинтересирана“ страна донел и најточен суд за бугарофилството:

„Една од последиците на брзиот економски развој на Бугарија беше, нејзината потреба од работници да охрабри бескраен бран македонски имигранти, кои поминуваа неколку месеци, или неколку години во Кнежеството и потоа се враќаа во своите села со заштеди. Овие луѓе станаа мисионери на бугарската идеја. Тие ја проширија славата на нејзината слобода, нејзиното богатство, и нејзиниот брз развој. Бројот кој оди во Србија е незначителен, и нивните вести за Србија не се многу позитивни  иако за сета нејзина политичка нестабилност Србија сѐ уште претставува голема разлика од Турција. Кога уште ќе се додаде покрај сите свои примати, булгарофилските Македонци го започнаа својот прекрасно-организиран револуционерен комитет во 1893 год., српската кауза во Македонија го доживеаа својот смртоносен удар. Со тоа што го нагласуваше својот антагонизам спрема Бугарија, официјална Србија и официјално и отворено застана на страната на Турција, и ништо не можеше да биде пофатално за иднината на било која христијанска раса во Турција. Македонското селанство ќе ја поддржеше било која пропаганда која му ветуваше било каква надеж за брза слобода од отоманското ропство. И конечно, има голема разлика и во пропагандите на балканските држави. Додека Бугарија работеше за автономија на Македонија, Србија и Грција работеа на припојувањето на Македонија со нив. Резултатот е во тоа што нивните активности работат кон профит на нивната земја, додека Бугарите несомнено создаваат дух на локален Македонски патриотизам. Српското движење е чиста официјална агитација, водена и финансирана од Белград; додека и покрај симпатиите на Софија, бугарскиот Револуционерен комитет е вистинска македонска организација.“

Сведочење на Брајлсфорд за востаничкото движење:

„Востаничкото движење навистина е автохтоно македонско движење, подготвено од Македонци, предводено од Македонци, и помогнато од страсното сочувство на општото словенско население. Безмалку не постои село кое не е приклучено кон Организацијата (ВМРО). Во поголемите градови, како Монастир, има неколку поединечни Бугари кои не се активни и волни членови. Пред десет и дваесет години, кога децата во македонските училишта беа учени да ја пеат султановата химна, за пречеци на официјални посетители, тие тајно беа учени да пеат чувствителна песна, ‘слава му нему, кој и да биде, кој ќе ни е ослободител.’“

Агентот на ЦИА, Ангел Кујунџиски од Париз, на 9 мај 1949 год. поднел извештај:

„Ванче Михајлов е тежок анти-комунист и е строго анти-советски настроен. Тој отсекогаш се залагал за независна Македонија, т.е. Македонија која нема да е под јаремот ниту на Бугарија, ниту на Грција, ниту на Југославија, а особено не под јаремот на Русија. Ванче Михајлов е вистински Македонец, и јас само како таков го познавам.

Го прашав Михајлов зошто тој и неговата организација соработувале со монархистичката Влада за време на војната, кога Цар Борис вети дека Македонија ќе ја направи независна држава. Михајлов категорично негираше било каква соработка со Цар Борис од негова страна; понатаму ми рече дека кога Цар Борис и Германците предложиле тој да биде поставен на чело на независна и слободна македонска држава обединета со Бугарија, Михајлов, не само што го одбил предлогот, тој го советувал царот и неговата влада и тие да ја одбијат оваа понуда, бидејќи како и да ѐ, оваа држава би била само привремена, и би била растурена со завршувањето на војната. Михајлов ми кажа дека тој не може да го замисли формирањето на било каква независна македонска држава без претходна согласност од страна на САД. Михајлов многу директно ми рече дека ова тој не го зборува оти јас сум американски државјанин, туку ми објасни дека тој нема доверба кон Англија, и затоа што тој е убеден дека не може да се формира независна македонска држава без претходна согласност на САД. Според Михајлов, Англија има направено многу грешки во овој дел на светот, и дека таа се уште продолжува да прави грешки тука. Според Михајлов, Англија има голема недоверба кон словенските народи. Михајлов вели дека оваа недоверба е неоснована, бидејќи, иако Македонците ја имаат истата вера како Русите, тие никогаш нема да ги имаат истите принципи, и дека Македонците никогаш нема да станат Руси, исто како и што не можат да станат Бугари или Срби. Македонците ќе си останат Македонци, секогаш, дали во рамките на независна Македонија или пак под патронат на ООН или под контрола на грчката држава.“

Извадок од книгата „Херои и убијци“ од Стојан Христов, за првпат објавена во САД во 1937 година:

Конечно, во прилог на неговото извинување во „Нова Македонија“ до господата Андов, Глигоров, и Тупурковски, необјавено останало извинувањето на Драган Богдановски — дел од неговото претсмртно проштално покајание—до раководството и членството на ВМРО ДПМНЕ:

„Со ова писмо го повлекувам како невистинито сето она што го имам напишано против нашата партија особено против нејзиниот смел водач Љубчо Георгиевски. … Сакам да подвлечам дека опасноста за интересите на Македонија не се состои во наводната и непостојна бугароманија на Љубчо Георгиевски туку во србоманијата на Киро Глигоров – диктатор, наследник на српскиот диктатор Лазар Колишевски. Нека ова поздравно писмо биде сфатено како моја искрена исповед и како грижа на мојата совест. Идејно и со своето полувековно политичко минато припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ. Како вмровец сакам да умрам и да бидам испратен во гробот од мои вмровци.“

 Јордан Петровски, главен уредник на порталот kotle.ca, Заседавач на Комитетот за демократизација на Р. Македонија, и политички азилант во Канада

 

Read more...