Welcome visitor you can log in or create an account
polemics

polemics

МЕРКЕЛ: НАРОДОТ Е САМО ЗБИР ИНДИВИДУАЛЦИ КОИ ЖИВЕАТ ВО ЕДНА ДРЖАВА

Душан Петровски

24 ноември 2018 година

 

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на дебата околу „тензиите“ помеѓу глобализацијата и националниот суверенитет изјавила дека земјите-членки на ЕУ мора да бидат подготвени да ги предадат своите овластувања на Брисел, јавува американскиот портал Брајтбарт.

„Нациите денес мора да бидат подготвени да го отстапат својот суверенитет,“ рекла Меркел, говорејќи за време на настан организиран од страна на Фондацијата Конрад Аденауер во Берлин минатата среда.

„На уреден начин, се разбира,“ рекла Меркел, објаснувајќи дека — додека Германија веќе се откажала од својот суверенитет до извесна мера за да се приклучи на ЕУ, националните парламенти биле задолжени да решаваат во однос на усвојувањето на меѓународните договори, јавува Брајтбарт во понатамошниот тек на нивното известие.

Довербата и подготвеноста за компромис се витални во однос на соочувањето со тензиите помеѓу суверенитетот и глбализацијата, подвлекла лидерката на Христијанската демократска унија (ЦДУ), посочувајќи на контраверзниот пакт за миграција на ООН, дебата која, според Брајтбарт, продолжува да предизвикува поделби во нејзината партија.

Меркел го осудила фактот што во дискусиите околу тоа дали Германија треба да им се придружи на забрзано-раснечкот број на држави кои се повлекуваат од договорот, „има политичари кои веруваат дека тие се овластени да одредат дека овие договори повеќе не се валидни бидејќи тие го застапуваат Народот.“

Апсурдно канцеларката посочила дека „народот се индивидуалци кои живеат во држава, тие не се група која се дефинира себе си како [германскиот] народ,“ нагласила Меркел.

За жал канцеларката не понудила своја дефиниција за семејството, па нема да знаеме дали тоа е само збир на поединци кои живеат во иста куќа и споделуваат исти гени.

Претходно истиот ден канцеларката ги обвинила критичарите на нејзиниот план да ја приклучи Германија кон Глобалниот пакт за безбедна и организирана миграција, кој ја декларира масовната миграција како „неминовна, неопходна и посакувана,“ дека протежираат „национализам во својата најчиста форма.“

Логичното прашање е: што е проблемот тука? Противниците на Пактот за мигација не заговараат војна, ниту пак геноцид врз туѓинците. Впрочем, противниците на Пактот, или националистите од „најчиста форма,“ пред сѐ својата опозиција на оваа програма за масовна миграција на 250 милиони жители на Африка, Азија и латинска Америка во земјите од европска провиненција ја засноваат на фактот што ваките масовни преселби со себе носат немир и нестабилност, водат до распад на владеењето на правото и ерозија на приватната сопственост и граѓанските слободи, и створаат прилики за меѓуетнички тензии. Иронијата тука е што застапниците на идејата за Голема Европа се обидуваат да ја рекреираат Римската Империја од својот зенит, империја која била растурена токму како директен производ на Големата преселба на народите во доцната антика.

Според Брајтбарт канцеларката Меркел понатаму продолжила со апсурдната идеја која неодамна ја изнесе човекот кој се надева да ја наследи како лидер на глобалистичката тајфа, Емануел Макрон кога тој тврдеше дека „патриотозмот е спротивното на национализмот бидејќи национализмот е предавство.“ Инаку речено, кога ги убиваш твоите непријатели, тие победуваат. „Тоа не е патриотизам, бидејќи патриотизам е кога ги вклучуваш туѓинците во германските интереси и прифаќаш ситуација во која сите се победници,“ инсиситрала Меркел.

Ваквите истапи на европските лидери Македонците треба да ги прифаќаат како добредојдени бидејќи претставуваат пад на маските и образложение за односот кој овие политичари го имаат кон Македонија во изминатите три децении. Тие не нѐ мразат конкретно затоа што сме Македонци, туку затоа што идеолошки тие се против националниот суверенитет, како против тој на Македонците, така и против оној на нивните сопствени народи — односно „збирови на индивидуалци кои живеат во нивните држави.“ Можеби на Македонците конечно ќе почне да им се разјаснува дека комунистичката идеја за „интернацонализам“ е нивниот суштински противник, поради што великосрбите ја присвоиле во разврската на Втората светска војна.

 



МАНИФЕСТ

Денес, во 14ч на 10 ноември 2018, 100 години по завршувањето на Првата светска војна, која што и` остави децениски загуби на европската цивилизација, не само што се повикуваме историски: туку ја преземаме нашата иднина во своите сопствени раце!
Време е да се врати ветувањето вградено во реалноста на Европа и да не потсети на основачките идеи кои стојат зад проектот за европски интеграции.
Потврдуваме дека секој присутен во овој момент во Европа, е граѓанин на Европската република. Потврдуваме и ја прифаќаме нашата одговорност за заедничко културно наследство на Универзалната декларација за човечките права, и се обврзуваме конечно да ја направиме реалност.
Свесни сме дека европското богатство е базирано на експлоатацијата на другите континенти  и потценувањето на другите култури низ вековите. Затоа, среќни сме да ја споделиме нашата територија со оние кои се изгонети од своите. Секој кој сака може да стане европјанин. Европската република е првиот чекор на патот кон глобалната демократија.

Европа како држава на нации пропадна.

Визијата за европските интеграции беше изиграна.

Без политичка поддршка, единствениот европски маркет и еврото лесно запаѓаат во  неолибералната агенда на искористување која трча наспроти целта на социјалната правда.

Моќта на европските институции затоа мора да биде исполнета за да стандардниот маркет и стандардната валута можат да се креираат во рамките на заедничката европска демократија.

Бидејќи Европа значи соединување на луѓето, не интегрирање на државите.


Сувереноста на државите тука е заменета со сувереноста на граѓаните. Европската република е основана врз база на принципите на универзалната политичка еднаквост растеретена од националност, општествена или етничка позадина. Конститутивните елементи на Европската република се европските граѓани и региони. Дојде време европската културна разноликост да се изрази во рамките на политичкото соединување.

Европскиот совет затоа е распуштен. 
Европскиот парламент сега има моќ да создаде закон. 
Ќе назначи  влада посветена на заедничките добра на сите европски граѓани.

Да живее Европската република!


Превод од англиски на македонски јазик – Иванка Апостолова Баскар



Manifesto

Read more...

САМО СТРАШЛИВЦИ СЕКОГАШ ГОВОРАТ ЗАД ГРБ: КЕ ИМАЛИ МЕНУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ ?

Владата на Зоран Заев, која во стил какрактеристичен за Комунистичката партија на Југославија од која потекнува, се довлечка до власта благодарение на диверзантските акции на полициско-политичкото подземје, за време на едната година и кусур од нејзиното оформување потпиша два значајни договори со две соседни држави. Првиот за „добрососедство“ со Република Бугарија; вториот за промена на името со Република Грција. И обата договори задираат во индентитетот и историјата на македонскиот народ – какви што ги знаеме – и во внатрешните работи на Република Македонија. Наводно, целта на овие договори е конечно да се разбие мртвата точка на евроатрланските интеграции на државата. Тука е и листата на уцени од Албанија, колоквијално позната како „Тиранска платформа“, која беше целосно прифатена од Заев како дел од поткусурувањата за неговото доаѓање на власт. Дали се искрени изјавите на премиерот Заев – кој во изминативе година и пол се покажува како патолошки лажго – дека целта на сите негови удоволувања на нашите соседи на сметка на националните интереси на Македонија и Македонците се само дел од поголема стратегија наменета да ја внесе Македонија во двете најсилни алијанси на светот, или пак нешто далеку позлобно се крие во овие акти, односно, дали овие договори се само наменети да ја отпочнат последната фаза на подготовките за обнова на великосрпската држава на сметка на Македонија?

Read more...

ЗОШТО ИМАМЕ ТОЛКУ МНОГУ РАЗБИРАЊЕ ЗА ЗЛОСТОРИТЕ НА КОМУНИЗМОТ?

 

На 1ви Јуни, 2015 се случи еден длабоко шокантен настан во поранешната комунистичка држава Унгарија. Еден виш суд (апелациски суд) поништи одлука на понизок суд со која еден висок комунистички функционер и еден од подбуцнувачите на репресалиите против борците за слобода од 1959, Бела Бижку (94), беше осуден за воени злосторства и прогласен за одговорен за убиство на повеќе ненаоружани демонстранти во Будимпешта за време на последните денови од Унгарската револуција.

Жртвите на неговите репресивни мерки не се прецизно утврдени, но над 20000 луѓе биле интернирани, уште 20000 биле фрлени во затвор и околу 400 биле егзекутирани. Одреден број луѓе биле дури и киднапирани од околните држави, а потоа или убиени на лице место или изведени пред “кенгурови судови“ (Cangaroo courts).

Како резултат на поништувањето на таа судска одлука, еден од главните виновници позади овие шокантни бројки, очигледно човек со крв на рацете, беше ослободен.

За разлика од него, судењето на Оскар Грунинг, писар за Нацистите (исто така на возраст од 94 години) кој работел во Аушвиц, никого не егзекутирал и кој се обидувал да издејствува да биде префрлен на друга работа, надолго и нашироко беше публицирано низ цел свет. Тој беше обвинет од суд во Германија и осуден на четири години во затвор.

Зошто еден воен злосторник беше ослободен во Унгарија, и зошто вие не сте ни чуле за сето тоа?

Комунизмот кој не „пропадна“

Прво, она што Западот го нарече „колапс на Комунизмот“ (за што земјите од Централна и Источна Европа користат далеку по-нетриумфалистичка терминологија, како „промената на системот“), иако постигна релативно мирна транзиција на моќ од бруталните еднопартиски диктаторски системи во мулти-партиска демократија, и од нефункционални централно-плански економии во *некоја верзија* на слободен пазар – сепак заради нееднаквиот сразмер на моќ помеѓу поранешните моќници и нивните жртви, оние што до вчера беа убијци, мачители и спроведувачи на геноцид (или нивните деца) први излегоа на површина и станаа новата политичка елита и најбогатиот слој на општеството.

Со други зборови, членовите на сеприсутната НОМЕНКЛАТУРА на Комунистичките Партии се позиционираа на позиции каде можеа да добијат лична корист од „промените“. Лекцијата за помладите затечени во таа ситуација беше – и се уште е – „само криминал се исплаќа“!

Во суштина, постојат само три земји кои успеаја во некоја мера да наметнат законска одговорност на поранешната единствена партија. Тоа се Полска, Чешка и Романија. (Источна Германија не е повеќе посебна држава, но имаше неколку случаи кои беа покренати против бивши членови на тајната полиција Штази во обединета Германија).

Исто така,  за разлика од нормални револуции, оние во Централна и Источна европа беа претежно „одозгора-надолу“, каде голем дел од обичните луѓе се осетија насила воведени во „слободни пазари“ и им беше *наложено* да прифатат демократија. Овој впечаток е различен во различни земји, но сепак најприсутен е во Унгарија, Романија и Бугарија.

Многу комунисти ја искористија приватизацијата за да се збогатат. Еден пример е човек кој во комунизмот беше задолжен да води колективна фарма. Тој влезе во една од ново-основаните банки и побара заем. Кога директорот на банката го праша што може да понуди како залог, тој ја заложи добивката од следната жетва на цела фарма. И така доби заем, ја купи земјата на таканаречениот „слободен пазар“ и стана мултимилионер. Во целава приказна има само еден мал проблем – колективните фарми беа создадени преку национализирање на малите поседи од многу луѓе, кои потоа беа приморани да работат на нив. Зарем мислите дека тие луѓе си ги добија имотите назад? Некои ги добија, но повеќето не; некои добија симболични исплати во кеш. Тоа значи дека позади старата „Железна Завеса“ можеби сега постоеше „слободен“ пазар, но тој сигурно не беше „фер“ пазар.

На предвидлив начин, новата елита ги постави работите на таков начин на кој им беше овозможено да ја избегнат правдата кога нивните држави станаа демократии.

Демократски „краток-спој“ во Унгарија

Во Унгарија, на пример – беше создаден еден вид Тројански Коњ пред да се воведе демократија. Тоа се случи во Јануари 1989, кога на сите им стана јасно дека постои огромен притисок да се укине еднопартиската држава, а недостасуваше поддршка од „Другарите“ во Москва за отпор. Тогаш беше создаден Уставен Суд кој имаше моќ да блокира каков било закон, доколку го прогласи за „неуставен“, и на тој начин беше поставено ова 11-члено тело над легислативата која луѓето ја избираа на избори. Со тоа, демократскиот циклус беше кратко-споен на врвот (за разлика од судските системи во Велика Британија, или САД, кои прво дозволуваат законите да бидат донесени, потоа предизвикани на отворено на суд, и така процесирани низ цел систем). Уставниот суд ја заменуваше горната куќа на парламентот, и се што требаше комунистите да направат беше да добијат мнозинство таму и можеа да го контролираат целокупниот политички процес.

Првиот лидер на ова тело беше Др. Ласло Сољом, со кого имав лична дебата на еден настан во Јужна Африка во раните 1990сети на тема враќање на „национализираната“ (читај: „украдена“) сопственост на луѓето. Бев длабоко шокиран од неговото очигледно непознавање на основните сопственички права како и од аргументите кои им ги понуди на присутните, на многу од кои им беше конфискувана сопственост вклучувајќи домови, бизниси и дури фабрики, за кои добија смешни суми. (Она што ние не го знаевме тогаш беше фактот дека овие поседи биле „приватизирани“ од страна на бивши членови на Комунистичката Партија и нивни пријатели, а многу од нив се уште во нивни раце денес).

Го предизвикав да дебатираме за трите основни права: на живот, слобода и сопственост (да ја оставиме „потрагата по среќа“ на Томас Џеферсон) и тој призна дека не знае многу за нив, фокусирајќи се наместо нив на „liberté, egalité, fraternité” (слобода, еднаквост, братство) од Француската револуција.

Значи не може да биде изненадувачки фактот што Др. Сољом го смета правниот механизам според кој одредени личности треба да одговараат за грозни криминали, вклучувајќи и воени злосторства и злосторства против човештвото, апсолутно „неуставен“. Па човекот досуди дека Женевската Конвенција не се однесувала на Унгарската Револуција од 1956!

Овој проблем не постои единствено во Унгарија. Во Чешка, обвинителството поведе обвинение против поранешниот министер, Љубомир Стругал во 2001. Обвинението на крајот беше распуштено поради недостиг на докази. Ова беше објаснувањето за таквиот исход објавен во ЛА Тајмс:

Судењето на функционери од Комунистичката ера е тешко во Чешка затоа што правниот систем функционира под принципот дека Комунистичките закони биле валидни, и затоа разните прекршувања на човековите права можат да бидат третирани како криминал само ако прекршиле некои закони во времето кога биле починети. Стругал е обвинет за блокирање на напорите во 1960тите да се процесурираат некои од најлошите неправди од раниот Комунистички период.

Платформата за Европско Сеќавање и Совест

Платформата за Европско Сеќавање и Совест е организација во рамките на ЕУ која е создадена за да ги интегрира различните искуства на Западните и Источните европјани. Главната разлика помеѓу нив е дека, за Западноевропјаните, крајот на Втората Светска Војна значеше крај на убивањето, додека на исток тоа продолжи -само во различна форма, но најчесто беше извршувано од истите луѓе.

Платформата успеа да објави тн. Прашка Декларација за Европска Совест и Сеќавање и успеа да го прогласи 23-ти Август (денот на пактот Молотов-Рибентроп) за ден за сеќавање на жртвите на Комунизмот и Нацизмот.  Ова второто сепак се покажа како „премногу“ за Западноевропејците, кои инсистираа да се „исперат“ четирите милиони убиени од Ленин и ја променија декларацијата да гласи за жртви на „Сталинизмот“ (што и тоа да значи) и Нацизмот.

Оттогаш платформата објави Декларација за Криминалите на Комунизмот, која повикува да се оформи интернационален трибунал за да ги суди Комунистичките криминалци и да обезбеди компензација за жртвите – поради тоа што поединечните држави се покажаа неспособни тоа сами да го спроведат, со можен исклучок на Полска (успат, никој од трите функционери во Платформата не одговорија на нашите имејл пораки, ниту пак некој од интернационалните адвокати/коментатори во Унгарија)

Значи, една причина зошто недостасува правда за жртвите на комунизмот се оние кои го извршија тоа насилство и нивното влијание во матичните држави. Но тоа не е единствената причина, има и друга. Тоа е апатијата на Западноевропејците кон жртвите.

Западноевропска апатија кон жртвите на комунизмот

За жал, на Запад има многу малку емпатија за жртвите на комунизмот. Ова за нас, чии фамилии беа директно засегнати, е посебно тешко да се разбере, и во суштина е болно да се прифати. Понекогаш се прашуваме дали има недостаток на хуманост во еден дел од Западот.

Но посериозно размислување покажува дека постојат две главни причини за тоа: успехот на културолошкиот Марксизам, и едноставно незнаење. Населението од Западна Европа и Северна Америка дозна за Холокаустот после концентриран напор од страна на Еврејските организации кои објавуваа потресни фотографии, приказни од преживеаните и ја прикажаа неверојатната бројност на злосторствата кои беа направени.

Злосторствата на комунизмот не се ништо помалку шокантни, но за нив има многу малку фотографски сведоштва, многу малку документарни филмови на Западните јазици и буквално ниту еден Холивудски филм. Значи, просечниот граѓанин на Запад просто гледа бројки на хартија за жртвите на комунистичките режими на Сталин, Мао и другите и – ги крева рамениците.

Еден злочин кој е потипичен за Комунизмот од другите шокантни криминали е масовното силување. Само во 1944/45, се проценува дека припадниците на Црвената Армија силувале околу три до четири милиони жени од Украина на Исток до Виена и Берлин на Запад. На жените кои ова го преживеале не им беше дозволено да зборуваат за злосторствата направени врз нив, освен во подоцнежните години на нивниот живот. Повеќето документарни филмови поврзани со оваа проблематика беа прикажани само во Германија, Австрија или Унгарија – но никогаш на главните канали на Запад, како на пример History или National Geographic.

Масовни силувања од Кинеските комунистички сили се пријавени во Тибет, специфично против Будистички монахињи – што значи тоа не беше појава уникатна за Советската војска.

Човек не може а да не се запраша – каде се феминистите во сето ова??

Што може да се направи?

Сега за сега изгледа дека Платформата за Европско Сеќавање и Совест, Американскиот музеј на Комунизмот, како и музеите и институтите во поранешните комунистички земји – како оваа институција во Прага, и Полскиот Музеј на Комунизмот во Варшава, и Куќата на Стравот во Будимпешта – сите тие се некаков дел од одговорот. Треба да продолжат да ги едуцираат оние кои ќе ги посетат. Исцрпна листа на сите вакви локации е дадена овде.

Постојат одреден број меморијали на жртвите на Гулагот во Украина и Русија, но откако дојде на власт Владимир Путин, некои се затворени, а некои се “реинтерпретирани“ да ја изменат историјата.

На ова поле, либералниот Запад и режимот на Путин се согласни: сите сеќавања на злосторствата на Комунизмот мора внимателно да се избришат од сите книги, филмови и други видови на медиуми – и да се заборават.

Ако школските текстови се изменат за да бидат соодветни со вистината, тогаш можеби каналот Дискавери и слични медиуми ќе престанат да ја повторуваат старата лага дека „Европа беше ослободена во 1945“.

Конечно, жртвите и нивните фамилии може само да се надеваат дека „просветлениот Запад“ и „Истокот“ ќе ги изменат нивните ставови кон некои од најголемите злосторства направени на планетава. Злосторства што уште не завршиле, а до денешен ден влијаат на нас, нивните сограѓани и луѓе кои имаат сопствени права. Ако ништо друго, барем правото да се сеќаваме.

 

Овој напис од Кристофер Сабо беше оригинално објавен на MercatorNet.com под Creative Commons лиценца. Ако ви се допадна овој напис, посетете го MercatorNet.com за повеќе. Ставовите изразени во овој текст се на авторот и се понудени како материјал за размислување од ЗАУМ.

Текстот е превземен од ЗАУМАКЕДОНИЈА

 

Read more...

НОВА ЛАГА НА БОГОЕВСКИ, БРОЈОТ НА СЛЕДЕНИТЕ ОД СДБ/УБК

Целта на нашиов серијал во кои ги обработуваме интервјуата на луѓе кои имале високи позиции во Тајната идеолошка полиција сме го објасниле, така да не би сакал да ви одземам време со повторување на тоа. Би напишал збор, два за нешто што несакајки овие видеа го открија. Имено видеата откриваат дека менувањето на името за да се влезе во ЕУ и НАТО е гола лага и на власта и на подржувачите на промената на името!!
Еден од условите кои ги поставија ЕУ и НАТО за влез на Северна Македонија во тие организации е власта да направи реформа во УБК. Нашите видеа иако се веќе прегледани неколку илјади пати не предизвикаа јавна дебата а во видеата има материјал и те како за дебата. Дебата без која не е можно реформирање на УБК. Без дебата во стилот кој го нудиме на видеата нема да има никаква реформа. 

Мракот ке трае се додека не се расветли минатото, барем она од 1990 па навака, а минатото неможат да го расветлат луѓето од минатото кои беа креатори на мракот!!


Молкот на медиумските работници-пропагатори за влез во ЕУ и НАТО, молкот на политичарите од власта-пропагатори за влез во ЕУ и НАТО, и молкот на споменатите во видеата, говори дека никој, почнувајќи од власта на чело со премиерот Заев, па се до поддржувачите на промената на името кои се задолжени да ги покриваат социјалните мрежи, не ни помислуваат да водат битка за вистински влез на Северна Македонија во ЕУ и НАТО. Затоа би ги „поздравил“ оние кои се обидуваат на мене на Комитетот за демократизација на Македонија  и Македонскиот информативен центар да ни залепат етикета дека работиме против интересите на Р. Македонија да се запрашаат за чии интерес работат тие, кога ни на крај на умот немаат да вршат притисок врз власта на Заев да ги спроведе реформите кои ги бара ЕУ и НАТО!!
За оние кои заборавиле, ГРЕКО во својот извештај го напиша следново:

Ниту една препорака не е спроведена, најголема корупција кај пратениците, судиите и обвинителите!

Оние кои не ја слушнаа изјавата на Оливер Спасовски, министерот на МВР:  

А за таа платформа „бојкотирам“, која се формира во Република Македонија, ние ја СЛЕДИМЕ, ГЛЕДАМЕ кои се тие луѓе.

 

Read more...

РАЗБИЕНИ ЛАГИТЕ НА ФРЧКОВСКИ ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПРОГОН НА ВМРОвци

Кога Фрчковски не е на позиција да потпишува решенија за прогон на политичко-идеолошките неподобници, тој е преокупиран со должноста да го убедува народот дека политичко-полициското подземје не гони морално-политички неподобници на политичко-идеолошка основа. Во изминативе неколку години тој, како еден од главните мегафони на управителите на заробената држава, даде безброј интервјуа во кои се обиде да го омаловажи прогонот на македонски граѓани од ВМРОвска политичка ориентација за време на 1990тите години, кога тој беше министер за внатрешни работи. Во ова видео ги разбиваме дел од неговите лаги.


Read more...

НИЗ СЕРИЈАЛОТ КОЈ КЕ СЛЕДИ КЕ СЕ ОБИДЕМЕ ДА ОТКРИЕМЕ ДАЛИ БОГОЕВСКИ Е БАНОТ НА ЗАРОБЕНАТА ДРЖАВА

 

Присуството на оперативните работници на службите на државната безбедност во македонските медиуми е катадневно. Тоа е од простата причина, што таканаречената државна безбедност во системот кој е инсталиран врз Македонија, е впрочем инструментот кој управува со заробената држава. Нејзиното основно дејство е да го држи поведението, или во жаргонот на УДБа, држењето, на населението во согласност со правоверието кое ја одржува Македонија со статусот кво.

Оттука, најбитните оперативци на Службата, не се типовите кои седат во некоја темна канцеларија и преслушуваат снимени разговори, туку типовите кои го пополнуваат медиумскиот етер. Во текот на изминатава година еден од тие типови кој се претвори во естрадна ѕвезда поради неговото постојано присуство на телевизиските екрани е Слободан Богоевски – Цобе, поранешен началник на Службата, и еден од Осуммината од РСВР, фингираните херои од далечната 1989 година. Целта на медуимските настапи на Богоевски е да ја убеди јавноста дека пред скандалот со прислушкување наречен „Големо уво“, а потоа и непосредно пред “Бомбите на Заев“, работата на Службата била апсолутно законски исправна и водена од исклучиво професионални побуди; а она што било вон законските рамки, сепак било исправно, бидејќи бандитите кои биле обработувани биле ВМРОвски џган кој минал лесно, благодарение на добродушноста на оперативците како Цобе.

Во ова видео се осврнуваме на анализа на предизвикот на Богоевски даден на „Правда и неправда“ со Гордана Дувњак, каде што тој самоуверено бара да му се јави човекот кој бил прогонуван, притворан или затворан поради промакедонски побуди во периодот кога Богоевски управувал со Службата за државна безбедност, односно од 1991 до 1996 година. За среќа на Богоевски, ние во Комитетот за демократизација го имаме токму човекот кој тој го бара, а можеме да му посочиме и каде да ги бара илјадниците слични.

Read more...

ДИМИТАР ДИМИТРОВ ПРОТИВ ДИМИТАР ДИМИТРОВ

Овој бисер на Димитар Диитров искажан во негова колумна објавена на ПРИЗМА, под наслов Против договорите со Бугарија и Грција – договор против државата ме натера да го потсетам Димитер Димитров на неколку работи!!

 


Првата работа која не е точна во колумната на Димитар Димитров е дека СДСМ не биле комунисти бидејки тие самите тврдат дека се легитимни наследници на КОМУНИСТИЧКАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА!

Втората според мене многу побитната работа е тоа што Димитар димитров го обинува ВМРО дека не успеало да го реши спорот со Грција. Вакво решение , решение кое не одбило ниту едно барање на Грција можел да постигне и првиот кого ке го сретнеле на улица и ке му дале „задача“ да преговара со Грција.
Овој текст не би бил комплетен и во стилот на уредувачката политика на Македонскиот Информативен Центар ако не даде потполна информација , односно ако не даде доказ дека Димитров инаку размислувал порано. И ако не го постави прашањето зошто димитер димитров денеска инаку мисли??
 
 
 
 
 
 
 
 
 


 
 
 
 
 
 
Read more...

ЈОРДАН ПЕТРОВСКИ КОНТРА ЃОРЃИ ЛАЗАРЕВСКИ



Целото интервју на Лазаревски:

 

Македонската јавност, како и во најтемните денови на едноумието, секојдневно се бомбардира со невидени невистини и небулози, наменети да го збунат Македонецот во однос на тоа што е право а што е криво, кој е најмудриот пат кон опстанокот на нацијата, и кои се луѓето кои на Македонија ѝ мислат добро, а кои се нејзините непријатели. Бидејќи новинарската фела во Македонија, како што веќе спомнав, ѝ припаѓа на окупационата сила, од неа не може да се очекува дека таа било кога ќе се смени и ќе почне да делува за доброто на Македонија и на Македонците. Имено, за бракот помеѓу тајната полиција и новинарите своевремено зборуваше и министерот за внатрешни работи, Томислав Чокревски. Новинарите во Македонија се срам за нивната професија. Тие не делуваат во функција на чувари на националните интереси преку чесното истражување и храброто соочување со оние кои го злоупотребуваат македонскиот народ, туку напротив, тие земаат соучество во овие валкани интриги. Македонските новинари во текот на изминатите 27 години независност се покажаа како ништо друго освен како мегафони на вазалскиот режим кој управува со Македонија. 

Read more...