Welcome visitor you can log in or create an account
polemics

polemics

ЗА НАЈЧЕВСКА И КЕЦ ПО ПРАВО И ПОЧИТУВАЊА НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Е ПРЕГОЛЕМА ОЦЕНКА !!

Read more...

ЕВРОПЕЕЦОТ ГЕРОСКИ ПРОТИВ РЕЗОЛУЦИИТЕ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА И ШВЕДСКИОТ ВРХОВЕН СУД

Мал дел од онаа што треба да го прочита и прифати Героски за да и ментално стане поборник за влез на Македонија во Европа 

Јордан Петровски 14.01.20202 
Да ја искоментирам колумната на Героски Лустрацијата беше македонска варијанта на „закон на одмазда“ и мора да се поништи! и да покажам дека додека имаме вакви медиумски работници неможе ни да помислиме да станеме членка на ЕУ. Героски се онаа што не оди во полза на него и неговите соитомисленици чуварите на тоталитарниот комунистички систем па доаѓало и од ЕУ или од држави на Европа не го почитува.

Героски:

Сѐ додека не сфатиме дека правото е систем на јасно дефинирани и цврсто кодирани правила на посредување во односите меѓу луѓето, a правдата концепт на општествено поведение согласно со тие правила и со општо прифатените морални норми, ние, драги мои, ќе си останеме балкански Клондајк. И нема да бидеме на прав пат. Едноставно, нема да нѐ биде.
Патем речено, за оние кои не знаат, Клондајк во Aљаска е област каде што почнува златната треска во Америка и каде што во тој период владее „законот на одмаздата“. Повозрасните читатели можеби ќе се сетат дека името Клондајк – денес синоним за неправда, всушност, за разбирање на правото и на правдата како „закон на посилниот“ – го имаат сретнато во стриповите во кој главен јунак е Текс Вилер.
Но, да се вратам на темата…
Лустрацијата во Македонија беше спроведена токму според „законот на одмаздата“. Иако во основното значење зборот лустрација значи „простување на гревовите“ (lustrum),

Но зборот ЛУСТРАЦИЈА значи нешто друго:


Lustracija je izraz kojim se u najširem smislu označava zakonom i drugim propisima određena praksa odstranjivanja politički neprihvatljivih osoba iz javnog života, odnosno organa uprave i paradržavnih tijela neke države. Lustracija se najčešće zbiva nakon radikalne promjene društveno-ekonomskog uređenja izazvanog revolucijom ili vojnom okupacijom od strane druge države, a kao najčešći primjeri se spominju denacifikacija poratne Njemačke i demilitarizacija Japana pod američkom okupacijom.

U današnjem svijetu se gotovo isključivo koristi za postupke koji su započeti u postkomunističkim državama istočne Evrope kada su pod udar lustracije došli kadrovi koje se smatralo odgovornim za održavanje komunističkog poretka, pogotovo kada je riječ o agentima i suradnicima sigurnosnih službi najodgovornijih za likvidacije, zatvaranja i druge oblike represije. Izraz lustracija je stekao popularnost kao svojevrsni eufemizam za čistke, koje se obično vezuju za najgore zločine komunističkog doba, a od kojih su se nove postkomunističke vlade nastojale ograditi.

Героски:

И воопшто, држава што сака да се пофали дека во неа владее правото, не смее да дозволи разни арбитрерни, божем независни и во основа некомпетентни комисии и тела, да инкриминираат луѓе, да ги „судат“ за вистински или за измислени „гревови“, да делат некоја своја правда и да си поигруваат со човечките судбини

Но зaконот кој предвидуваше комисија да ја спроведе лустрацијата, а не лустрацијата да се спроведе според Резолуцијата 1096, односно во институцијата единстено според Уставот верификувана да доснесува судски преуди -- а тоа е судот -- го донесе ЕДНОГЛАСНО Парламентот на Р. Македонија!

 
2008



Героски:

Ете затоа, меѓу другото, упорно и упорно треба да се инсистира на тоа дека владеењето на правото и судските реформи се првенствено работа на доуредување и на иновирање на постоечките, како и на воведување нови, системски решенија, согласно со изворните принципи и значења на поимите право и правда, а секако и според моделите и искуствата на модерната европска правосудна пракса

Многу е чудно од Европец како Героски коj и името го даде само да стане Еевропејец,  да читаш како не ги признава одлуките на државите од Европа.


Па така Героски се обидува да ни продаде приказна дека лустрација се правела само во Македонија, i заборава дека Советот на Европа има донесено три Резолуции!!


Првата 1096 : o mjerama za uklanjanje naslijeđa bivših komunističkih totalitarnih sustava: 

Втората 1481 : REZOLUCIJA VIJEĆA EUROPE O OSUDI KOMUNISTIČKIH ZLOČINA 1481


Третата      :Rezolucija Europskog parlamenta od 19. rujna 2019. o važnosti europskog sjećanja za budućnost Europe

Насловот е на Хрватски затоа што таа Резолуците сеуште не е преведена на Македонски јазик, барем јас не сум ги нашол! 

Героски заборава дека според тие Резолуции се спроведени лустрации во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Источна Германија и Прибалтичките држави. Во Латвија дури е забранета партијата наследник на Комунистичката партија на Латвија, партија која му доаѓа како СДСМ во Македонија. Забраната ја прифатиле и Судот за Човекови права во Стразбур и Венецијанската комисија. Делата заради кои е забраната наследничката на комунистичката партија во Латвија се исти дела кои ги направи СДСМ во своето владеење: недоделувањето на мандат од Глигоров и формирање од него експерска влада. Непочитувањето на Уставниот закон кој изричито бараше после падот на експерската влада да се распишат избори... ќе прескокнам многу работи и ќе дојдам до она што се случи после изборите 2016 година, изборот на Таљат, законот за Албански јазик, Преспанскиот договор и менувањето на Уставот за да се промени името.

Еве го тоа мислење на Венецијанска комисија:

Венецијанската Комисија забележува дека Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП), во еднаприлика одреди дека примена на лустрациски мерки во однос на дела строени после завршувањето на тоталитарен режим биле прифатливи и не ја нарушуваат Европската Конвенција за Човекови Права (ЕКЧП). Во случајот на Жданока против Латвија централното прашање беше статутарна одредба која забранува на лица кои „активно учествувале после 13-ти јануару 1991. год.“ во Комунистичка Партија на Латвија (КПЛ) да учествуваат во парламентарни избори (1998 и 2002). Одредбата била донесена од Парламентот поради тоа што кратко време после Декларацијата за Независност од 4-ти мај, 1990. год., КПЛ била вмешана во организирање и спроведување на државни удари во јануари и август 1991. год. против новоформираниот демократски режим. Откако било согледано и особено земени во обзир историскиот и политички контекст во кој оспорената мерка била превземена, било заклучено дека било разумно од страна на легислатурата да претпостави дека водечки лица во КПЛ имале анти-демократско држење, поради што ЕСЧП пресуди дека немало прекршување на Член 3 од Протокол Бр. 1. Конкретно, ЕСЧП пресуди дека додека такви мерки не можат да бидат прифатливи во контекст, на пример, на држава која што има долго-воспоставени рамки на демократски институции, сепак може да се сметаат за прифатливи во случајот на Латвија со оглед на историскиот и политички контекст кој водел до нејзиното установување, како и со оглед на заканата кон новиот демократски поредок поставена од препородот на идеи кои, доколку им се дозволи да здобијат корени, можат да станат способни да го возвратат тоталитарниот режим.      

Едно мора да ни биде јасно на сите во Македонија а тоа е дека без откривањето на вистината за злосторите на комунистичкиот режим кој за жал во Македонија не беше демонтиран 1991 година, ниту со новиот Устав нема да има спокој ниту на овој ниту на оној свет за злострониците ниту пак за нивните потомци. 


Дека комунистичкиот ситем во Македонија продолжил и после 1991 година, како доказ ке приложам само неколку документи!

 
frch-1
 
Првин да видиме што содржи членот 24 од Законот за основите на системот на државна безбедност на СФРЈ - („Службен лист на СФРЈ“ бр. 15/84)


image
 

 

Членот 6 од Уставниот закон гласи:

6
 


Героски:

Мислам дека клучен тест за тоа дали сега – поучени од таа хаварија – напредуваме кон едно модерно, европско разбирање на правото и на правдата ќе биде судскиот процес за настаните од 27 април 207 година. За мене, нема никаква дилема дека упадот на група граѓани и насилствата во Собранието на 27 април беа обид за државен удар. Не е точна тезата на Никола Груевски дека станувало збор за отпор на граѓаните против обид за незаконит трансфер на власта. Дури и да е Никола во право, правниот систем во нашата земја (таков каков што е, несовршен) предвидува легални и легитимни постапки како се утврдува незаконитоста. И никој, ама баш никој нема право да го земе законот во свои раце и да „пресудува“ со насилство, на начин како што тоа се случи тој кобен 27 април.

И пак Европеец Героски во судир со Европа:

 
27-04
 

 

Read more...

МИЛЧИНА НЕ ГО САКАЛЕ НОВИНАРИТЕ ЗАТОА ШТО Е „ЛЕП“, ТУКУ ЗАТОА ШТО ИМАЛ ПОЛН ЏЕП СО СРОСОВИ ПАРИ


Се докажа уште еднаш дека љубов купена со пари трае додека има пари!! Му го зедоа на Mилчина клучот од касата на Сорос и медиумската војска која верно му служеше скоро 30 години, го заборави. Никој, па дури ниту од оние силни поддржувачи, оние кои го предлагаа за председател на државата.

-Професорот Милчин изгради бренд и авторитет од себеси во државава и да ви кажам дека ич не е лоша идејата да се замоли професорот да прифати да се кандидира за претседател на следниве избори како кандидат на опозицијата. Тој заслужи да му се укаже таа чест, а и има добри шанси да победи, а ако победи ќе биде најдобриот претседател кој некогаш сме го имале. 
- Владе е суштински над сите лидери на партиите и над Заев и над Андреј и над Ивон и над Тито. Тука не мислам хиерархиски туку суштински, практично Владе обединува се што е опозиционо и критички настроено на талибанците а не мора да е симпатизер на ниедна партија.

Оние кои ако некој напишеше дека Милчин лошо погледнал, венаш го канеа Милчин на интервјуа, на дебатни емисии му отставаа саати и саати на ТВ за да ја покаже својата чистота и борба за правда. 


Оние пак во пишаните медиуми, оние на кои перата им служеа како сабји, веднаш почнуваа да го сечат на парчиња оној кој се дрзнал да го обезвреди нивниот многу сакан Владе!

Не можам да верувам дека нашиот текст „ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА“ кој одеше во пет продолженија не ги предизвика да напишат некој збор во одбрнана на Владета. Молчи Героски, молчат оние од Проверка на факти. Молчат и оние од МЕТАМОРФОЗИС. Молчи семејството Јовановски. Не испеаа ниту една песна Распеаните скопјани, не излегоа ни оние од Шарената револуција да направат барем еден протест. Ја нема ни Димова да го вози комбето со реквизитите за бомбардирањата на Шарените па да ги избомбардираат домовите на лустраторите.


Read more...

ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел V

Јордан и Душан Петорвски 12.01.2020

Конечно, да се осврнеме и на обвиненијата кои Владе Милчин ги изнесува во неговиот фејсбук статус  а ги пренесува ПЛУСИНФО, дека на лустрираните им биле кршени човековите права, како и обвиненијата насочени кон Управниот суд:

А дали Предлог-законот предвидува санкции за Аџиев и компанија за кршењето на човекови права? На кој суд лустрираните треба да бараат отштета? На Управниот кој ги потврдуваше одлуките на Аџиев и компанијата, без да им даде право на одбрана на лустрираните? А Вишиот управен суд ги потврдуваше по автоматизам, одново во отсуство на лустрираните! Каде се сега аминџиите во комисијата, на кои функции? Сега треба да заборавиме на таа чистка нарачана од Грујо и да се расправаме за тоа кој треба да плати оштета? Ова е правда?


За да утврдиме кој е виновен, дали Комисијата или пак некој друг, за „повредените човекови права“ на лустрираните, ќе ја приложам одлуката на меѓународниот Суд за човекови права, кој ја има прифатено жалбата на Трендафил Ивановски, на која се повикуваат поништувачите на лустрацијата во својот предлог-закон, заради повреда на членовите 6 и 8 од Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи.


Еве што говорат членовите 6 и 8:

image 2
 

Од содржината на членовите 6 и 8 од ЕКЧП јасно се гледа судот од Стразбур ја прифатил жалбата на Трендафил Ивановски заради тоа што немало судски процес на кој би се утврдила вината на обвинетиот, а во кој истиот би имал прилика да се брани. Но, Комисијата за лустрација спроведуваше бинарна верификација на факти (некој соработувал со службите или не) чија намена беше само да послужи во определувањето на тоа дали кандидати за работни места поврзани со државниот буџет исполнуваат услов потребен за држење на работното место. Понатаму, одлуката на Судот за човекови права со ништо не го поништува фактот што материјалната вистина, утврдена по пат на прворачни докази, е дека Трендафил Ивановски бил соработник на органите на државната безбедност. А таквите луѓе, согласно праксите во земји-членки на ЕУ како и Резолуциите 1096 и 1481, мораат да се отстранат од општеството доколку тоа навистина има европски аспирации. Друго е тоа дали кодошите со својата соработка со Службата сториле кривични дела или материјално оштетиле приватни лица или организации. Пропустот на македонските закони за лустрација беше што го немаа следниот чекор, како оној ползуван во Источна Германија, каде или Јавното обвинителство или оштетените од дејствата на соработниците би можеле да покренуваат кривични пријави и тужби против кодошите кои директно им наштетиле во животот. На овие процеси обвинетите би имале прилика да ја докажуваат својата невиност.

image

Што се однесува до Милчиновото барање на главата на Аџиев на апладија, Комисијата за лустрација не е онаа која го носела законот и не учествувала во неговата подготовка. Затоа нејзините членови не можат да бидат виновни за закон кој во Собранието беше изгласан речиси едногласно, а кој, како што споменавме беше донесен со цел да се задоволат начелата изнесени во Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа.

1


Никој не го оспори законот за комисија (првиот закон за лустрација под авторство на Стојан Андов), па ниту Милчин и дружината која денеска бара парламентот да поништи пресуди на Управен суд и да бидат парично обештетени! Милчин вели:

Управниот кој ги потврдуваше одлуките на Аџиев и компанијатабез да им даде право на одбрана на лустрираните?

Да цитирам кои се надлежностите на Управниот суд:

Управниот суд, заради обезбедување судска заштита на правата и правните интереси на физичките и правните лица и заради обезбедување на законитоста, во управни спорови одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога решаваат за правата и обврските во поединечни управни работи, како и за актите донесени во прекршочна постапка. Конкретно, Управниот суд е надлежен да решава:
 
– за законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции, ако тоа е определено со закон, како и за актите за именување, назначување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон,
– за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата и носителите на јавни овластувања, донесени во форма на пропис, ако тие ги уредуваат поединечните односи,
– за спор што ќе произлезе од спроведувањето и извршувањето на одредбите на концесиските договори, договорите за јавни набавки кои се од јавен интерес и за секој договор во кој една од страните е државен орган, организација со јавни овластувања, јавно претпријатие, општините и градот Скопје, склучен од јавен интерес или заради вршење јавна служба (управен договор),
– против поединечни акти на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога за решавање во втор степен против таквиот акт, не е обезбедена друга правна заштита и
-одлучува за судир на надлежности меѓу органите на Републиката, меѓу општините и градот Скопје, меѓу општините на градот Скопје и по споровите настанати за судир на надлежности меѓу општините и градот Скопје и носителите на јавни овластувања, ако тоа е предвидено со закон, доколку со Уставот или законите не е предвидена поинаква судска заштита.

Значи Управнот суд само утврдувал дали комисијата се придржувала до законските решенија, односно дали направила прекршувања на законот. Затоа, за одбрана на лустрираните Милчин требал да размислува кога е носен Законот. И во својство на директор на највлијателната невладина организација во Макеонија, а и како човек кој од „роѓења“  е за влез на Македонија во Јевропа, тој морал да инсистира лустрцијата да се спроведува според Резолуцијата 1096 на Советот на Европа!

Но, како да верувам во невиноста на Милчин кога тој во иницијативата за поништување на лустрацијата не навел дека лустрацијата како што ја предложи Андов, а ја усвои Параламентот со гласовите на СДСМ и ДПМНЕ, не е во ред затоа што предлагачот на законот не предвидел на обвинетите да им даде право на одбрана. А и сега не бара можност својата невиност да ја докажува на суд, туку бара целосно поништување на законот за лустрација и сите последици кои произлегоа од него, и одмазда за сите оние кои му згрешиле. Тој, да повторам, вели:

– Ова за мене е цинизам и нема врска со правда. Овде одговорност нема, туку има обид за замолчување на жртвите на лустрацијата. Со ваков закон повторно нема влакно од глава да им фали ниту на Груевски како нарачател на лустрацијата, ни на Силвана Бонева како предлагач, ниту пак, на Комисијата за лустрација предводена од Аџиев. Како ќе се укинат последиците кои јас ги трпев пет години: малтретирањето, навредите, понижувањето, оневозможувањето да работам, избегнувањето. Со пари? Тоа е страшно. Ова не е мерка со која се исправа неправдата и кршењето на човековите права.

 

Кога се носеа законите за лустрација, Милчин и дружината велеа дека сите кои биле прогонувани можат да тужат лица во СДБ за злоупотреба на службена должност во редовна судска постапка. Ова го изјавуваа, иако им беше јасно како ден дека таквите тужби во старт се невзможни, од причина што судовите ги отфрлаат заради застареност. Невозможни се од причина што судот застарувањето почнува да го смета од последната службена белешка од досието на тужителот. Но и поради она најбитното: што судиите, за да ги спасат обвинетите (кои се нивни колеги) од судски процес, манипулираат со висината на казната, која, пак, ја одредува застареноста. Па така, во двата случаи во кои се поднесени тужби за неуставниот прогон истите се отфрлени поради застареност. 
Можноста да се користи застареноста како сигурно средство за да нема судски процеси, поточно кривична одговорност и затворски казни за нарачателите, извршителите и за соработниците е причината зошто ниту ДПМНЕ, ниту СДСМ ниту ДУИ, ниту останатите партии кои беа во парламентот не инстистираа лустрацијата да се спроведе според Резолуцијата 1096 на Советот на Европа, бидејки во Резолуцијата 1096 во членот 7 беше сугерирано на кој начин може по легален пад да се отстрани застареноста на делата. 

Милчин вели дека тристотините кои беа лустрирани биле „жртви“ на „чистка“. Меѓу три стотините „неправедно лустрирани“ се налогодавачите и извршителите на неуставниот прогон и за тоа постојат неоспорливи докази. Докази кои Милчин не сакаше и не сака да ги види иако се достапни за секого. Па го прашувам, тогаш што се оние десетици илјади неуставно прогонувани, прислушкувани, следени, репресирани и шиканирани, само во периодот по 1991 година? Зарем Милчин и сите оние кои беа против лустрација бидејќи според нивните сваќања, органите на државната безбедност, работејќи „согласно со прописите“ на Републиката придонеле до нејзиниот „развој со јасни белези и атрибути на држава“, не ги замолчаа жртвите на неуставниот прогон со нивните напори да нема лустрација како што предвидуваше Советот на Европа!? Зарем прогонуваните од УДБа (вклучитлно и оние по 1991 година) не биле малтретирани со годни, зарем тие не биле навредувани, понижувани, оневозможувани да направат кариери, сопствени бизниси? Зарем тие не биле избегнувани не само од средината каде што живееле туку и од фамилијата, бидејќи службата барала од семејството да се откаже од нив или да ги кодоши!? Сето ова не траело 5 години, туку траело од почетокот на прогонот па до смрта на прогонетиот.

За да Македонија конечно го смени системот, таа ќе мора да се ослободи од учество во власта на чуварите на комунистичкиот систем. Тоа ќе може да се стори само ако им се суди на луѓето како Милчин, Андов, Груевски, Најчевска, Пировска, Калајџиев и останатите кои ја попречија лустрацијата според Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа.  
Ако сите ние сме биле виновни зошто нема ниту еден судски процес протв ниту еден од нас а да повторам не има на десетици илјади. 

 

Read more...

КОЈ И ЗОШТО СЕ ПЛАШИ ОД ЛУСТРАЦИЈАТА ЗА ПЕРИОДОТ ПО 1991 ГОДИНА II дел

Јордан и Душан Петровски 11.01.2020

Во мојот текст „КОЈ И ЗОШТО СЕ ПЛАШИ ОД ЛУСТРАЦИЈАТА ЗА ПЕРИОДОТ ПО 1991 ГОДИНА“, кој го објавив за прецизно и лесно разбиливо да го објаснам моето тврдење за систематското прекршување на Уставот и законите на Република Македонија. Во истиот се послужив со РЕШЕНИЕ за примена на мерката тајна контрола на телефон донесено од Министерството за внатрешни работи на 04.05.1994 година.

Во овој текст, кој е продолжение на тој текст, ќе се задржам на две РЕШЕНИЈА за прислушкување од 24.01.1996 година. Решенија кои се издадени по донесувањето на Законот за внатрешни работи во 1995 година. 

 

1996-1
 
1996-2
 
Она што е впечатливо во двете решенија е што обете се повикуваат на „Правилник за работа на ДБК“, а не на Законот за внатрешни работи, или пак на член од Уставот на Р Македонија!  
 
Законот за внатрешни работи од 1995 година во својата соджина го вклучил многу тесно и јасно определеното уставно решение под кои услови може да се изврши прислушкување на лице -- односно под кои органичени услови може да се истапи од начелото за тајност на комуникациите. 
1995-1
 
(Скенираното е извадено од книгата „МАКЕДОНСКА ЛУСТРАЦИЈА“,  а истражувањето и печатењето на книгата е финасирано од Фондацијата отворено општество - СОРОС.)
 
Read more...

ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел IV

 

Јордан и Душан Петровски 11.01.2020
Да се вратиме на Владе Милчин и неговото тврдење дека тој (заедно со останатите лустрирани) бил невина жртва во политички мотивирана хајка на власта на Груевски -- чиј мотив до денес останува мистерија. Во овој дел од текстот ќе се осврнеме на соработничката дејност на ОО „Драматург“ и ќе покажеме, благодарение на доказите кои ги објавил тој, дека Милчин воопшто не е жртва, туку дека бил и останува привилегирана личност во македонското општество благодарение на неговиот соработнички статус -- „оперативна позиција“ -- со Службата која назначува директори во стопанските претпријатија и ги држи под контрола универзитетските професори, чиј предмет на обработка се „граѓани од редот на општествено-политички, јавни и културни работници, раководители на стопански организации“
, и која „се претворила во механизам на политичка и идејна контрола врз општеството“.

Првин мора да направиме забелешка дека се ползуваме со извештајот на Комисијата на ИС на Собранието на СРМ од 1966 година, како и со други докази од минатото, и тогаш изреченото го сметаме за вистинито и денес од еден прост факт. И покрај повремените драмолетки на македонските власти за „реформи“ во безбедносниот систем, во судството, во образованието, па и целиот систем виз-а-ви наводната промена на еднопартискиот социјалистички систем и божемното усвојвуање на повеќепартиски плурализам во 1990 година, заклучоците на меѓународните тела кои го набљудуваат македонскиот систем, како и доказите од архивската граѓа на органите на државната безбедност и повремените афери кои потекнуваат од таму, укажуваат дека не дошло до никаква промена во државно-безбедносниот систем. А бидејќи „државната безбедност се претворила во механизам на политичка и идејна контрола врз општеството“, тоа значи дека не дошло до никаква промена ниту во целосниот општествено-политички систем на Републиката. Луѓето кои биле назначувани и контролирани од страна на органите на државната безбедност пред наводниот распад на еднопартискиот комунистички систем останаа на клучните општествено-политички, културни и јавни позиции и по наводната промена на системот и усвојувањето на божемната демократија. Методите на работа на службите на државната безбедност, како производ на навиката на истите да се поставуваат како „најодговорни, ако не и единствено повикани“ да ги заштитуваат „придобивките“ на „самоуправниот и демократски систем“ и да „не одговараат никому“, и покрај нивното фрекфентно преименување, судејќи според доказите, останале непроменети. Ова можело да се предвиди уште во 1966 година, земајќи предвид дека Комисијата истакнала дека „во Службата постоела култура на солидарност со соработниците и лојалност кон ресорот“, дека работниците и службениците на ресорот за внатрешни работи не биле расположени за соработка со Комисијата, како и дека поголемиот број од нив не биле „во состојба да го разберат вистинското општествено значење на ликвидирање на постојната состојба“. Доколку овој заклучок го надополниме со описот за несоработливоста на органите на државната безбедност во однос на барањата на Комисијата за лустрација четири и пол децении подоцна опишана во издание ја ФООМ (види слика подолу), ја добиваме целосната слика дека навистина „све је исто, само њега нема“.

 

image

Ги повикуваме оние кои тврдат дека системот се сменил и дека УДБа веќе не постои да изнесат докази за нивните тврдења како тоа што го работиме со оваа анализа.

Како што наведовме погоре, една од клучните анализи кои ги прави Службата при отпочувањето на претходна обработка на нов предмет е барањето на карактерна слабост кај лицето во прашање. Бидејќи не сме имале можност да го разгледаме целото досие на Владе Милчин не можеме со сигурност да кажеме што била нивната проценка. Наша претпоставка, судејќи според неговото поведение во изминатите 50 години, како и фактот што тој има желба да биде уметник, е дека слабоста на Милчин е во неговата преголема суета и ненаситна амбиција. Како таков тој претставува лесен плен за ловците на души на УДБа, и очигледно е од неговиот подем во општествено-политичкиот живот по протестите во 1968 година, дека тој бил еден од оние кои се предале на Ѓаволот/УДБа уште во првиот круг на пеколот. 

Сега, со цел да направиме разлика меѓу вистинска жртва на прогонот на органите на државната безбедност и лажов кој сака туѓата мака да си ја припише на себе, ќе направиме споредба со погоре опишаното наше искуство и досието на Владе Милчин. По пат ќе ја докажеме исправноста на Комисијата за лустрација во нејзината одлука Владе Милчин да го прогласи за соработник на службите на државната безбедност. Тука ќе се послужиме со извадок од неговото досието, објавено од самиот Милчин во фељтонот „ДОСИЕ 25630“: 

Од друга страна од 1982 година истиот е општествено политички активен (извршен секретар на ОК на СК на СО 'Центар' и на факултетот за драмски уметности во Скопје) целосно ја спроведувал политиката на СК и зацртаните задачи во рамките на своето работење. Имајќи ја во вид неговата научна и образовна дејност, доприносот што го дава на афирмирањето на Македонската драмска уметност и култура, како и фактот дека во поново време не се експонира со непријателски коментари и дејанија, сметам дека се исполнети сите услови за негово дерегистрирање од ПОО. Со оглед дека Службата има стапено во контакт со него, и фактот што е присутен во средината каде е можно да се очекува однесувања од позиции на граѓанска десница и други видови непријателски активностиконтактите ќе продолжат и ќе се создаваат услови за градење на соработнички однос. Од наведените причини предлагаме ПОО 'Драматург' да се дерегистрира од ПОО, а неговото досие да остане во оперативниот архив на СДБ. Истиот е и ќе биде користен како оперативна позиција за следење на активностите и коментарите на ПОО-а и лица безбедносно интересни од позиции на граѓанска десница, како и следење на состојбите во овие средини кои претставуваат интерес на СДБ.“

 

Овој извадок е мошне богат со информации, па затоа вреди да добие малку поголемо внимание. Како што може лесно да се утврди од содржината на текстот, ова е извадок од предлогот за дерегистрарање од ПОО на Владе Милчин - ПОО „Драматург“. Од друга страна, во предлогот за дерегистрирање од претходна обработка на Јордан Петровски - ПО „ЦРНИ“ стои:

Иако беа превземени мерки и активности, не беа во целост потврдени сознанијата и податоците поради кои беше заведен, поради што беше одлучено со истиот да се обави информативен разговор, по претходно изготвен предлог и конкретно изготвен план. Во разговорот во поголема мерка беа потврдени сознанијата и податоците поради кои беше заведен, а исто така Петровски ги прифати контактите со ДБК, поради што и предлагам истиот да се дерегистрира од ПО, бидејќи нема основ за понатамошен оперативен третман.“

Додека во понатамошна службена белешка од ноември 1997 година се истакнува дека информативниот разговор обавен, по мојата дерегистрација, во јули 1996 година бил со цел, покрај другото „и определување на понатамошен негов третман, и наше понатамошно поставување.“

Забележете дека освен моето „прифаќање на контактите со ДБК“ нема никаква друга индикација за мој пријателски однос со Службата, а мојот „понатамошен третман“ како и понатамошното „поставување“ на Службата сѐ уште не биле определени цела година по моето дерегистрирање. За разлика, во досието на Милчин се зборува дека тој, во својство на општествено-политички и културен работник, ги „спроведувал политиката и зацртаните задачи во рамките на своето работење“, како и тоа дека „Службата веќе има стапено во контакт со него“ и конечно дека „истиот е и ќе биде користен како оперативна позиција, додека неговото досие е оставено во „оперативниот архив“ -- односно списокот на кодоши -- на СДБ. Во досието на Милчин нема ниту трага од недоверба кон него или сомнеж во неговото држење кон Службата. Нема неизвесност за неговиот понатамошен третман, ниту пак за понатамошното поставување на органите на државата безбедност во однос на него. Тој во својот дотогашен однос со Службата оставил впечаток на морално-политички подобна личност. Дотолку повеќе, терминот „зацртани задачи“ е дел од жаргонот на УДБа и се однесува на задачите кои таа им ги поставува на оние кои ги обработува со цел, како да ја спроведува својата политика и да извршува завери и интриги, така и да ја проверува доверливоста на своите соработници. На пример во досието на Дане Поповски („Службена белешка“ ев. бр. 598 од 1960 година) под рубриката „Оперативна забелешка“ оперативниот работник навел дека:

На сарадникот, поред тоа што му објаснил дека нас ќе не интересира држењето на Дане, му дадов задаток да му постави едно овакво прашање...

Во друга службена белешка од досието на Дане Поповски од СВР Охрид од 8 февруари 1962 година во рубриката „Оперативна белешка“ е заведено дека:

...поваѓајќи од тоа што соработникот оставил можности за натамошна дискусија, ставено му е во задаток да по секоја цена да при првата средба...

Конечно, еве пример и од досието ПО „Црни“ од службена белешка од 28 октомври 1997 година каде оперативниот работник забележал дека:

Разговорот е направен по наша инцијатива, а имаше за цел добивање безбедносно интересни сознанија и податоци од евентуално реализираните задачи кои му беа поставени на последниот контакт со истиот одржан на 03.09.1997 година ... а кои му беа исто така поставувани и од негова страна прифатени на контактот остварен на 19.12.1996 година ... во присаство на главниот инспектор ХХХХХХХХХХХХХХХХ поставените задачи се однесуваат на неговите контакти кои требаше да ги оствари со.... Во текот на разговорот не се добирени очекуваните сознанија и податоци, од причини што Петровски не ги реализирал договорените контакти и разговори...

Доколку се навратиме на заклучоците на извештајот на Комисијата на ССРМ за состојбите во органите на државната безбедност од 1966 година ќе се присетиме дека предмет на обработка на Службата за државна безбедност биле „граѓани од редот на општествено-политички, јавни и културни работници“ и дека Службата ги држела под контрола универзитетските професори. Ова укажува дека Милчин соработувал со службите на државната безбедност и за време на неговата претходна оперативна обработка уште пред да биде формално назначен за соработник.

Во изминативе децении за Милчин беше изграден мит дека бил дисидент уште од неговите студентски денови. Но, земајќи го предвид фактот дека тој како политички-морално неподобна личност не би можел да дипломира на факултет -- види досиеја на Дане Поповски и Лефко Џамбазовски и други -- а уште помалку да се здобива со позиции на извршен секретар на општински комитет на Сојузот на комунисти за општина Центар и на факултетот за драмски уметности во Скопје -- позиции од кои би можел да ја подрива политиката на Сојузот на комунисти, како и да наметнува свои гледишта во културата, поради што е невозможно назначување на неподобни лица -- а и задоволството на Службата од неговото поведение во својство на општествено-политички и културен работник, повеќе од станува очигледно дека во Милчин нема ниту трага од дисидентство. Повеќе веројатно од оваа гледна точка, земајќи ги предвид доказите пред нас, е дека Милчин од самиот почеток „има стапено во контакт“ со Службата, а „фактот што е присутен во средината каде е можно да се очекува однесувања од позиции на граѓанска десница и други видови непријателски активности му овозможиле во својство на кодош да напредува во општествно-политичката кариера.

Конечно, откако со сите нишани се покажал како проверена врска, истиот се здобил со формален статус на соработник:

Истиот е и ќе биде користен како оперативна позиција за следење на активностите и коментарите на ПОО-а и лица безбедносно интересни од позиции на граѓанска десница, како и следење на состојбите во овие средини кои претставуваат интерес на СДБ.

Со цел да го зацврстиме тврдењето дека терминот „оперативна позиција“ навистина е жаргон на УДБа за соработник -- или народно, кодош -- ќе се послужиме со неколку примери од други досиеја, од каде ќе стане повеќе од јасно дека нема сомнеж за вистинитоста на ова тврдење.


Во досието на академикот Божин Павловски (види слика подоле) стои: „да се ДЕРЕГИСТРИРА од ПОО и да биде користен како оперативна позиција“. Од извадокот јасно се гледа дека Павловски доставувал информации до органите на државната безбедност, па дури и дека вршел „истражувања за идентитетот на ОО 'Јуда'“ кои се покажале како „негативни и некорисни за СДБ“, но дека сепак во продолжените контакти меѓу Службата и Павловски биле „добиени голем број објективни и квалитетни сознанија за состојбите во Д[руштвото на] П[исатели на] М[акедонија], издавачката дејности и конкретно за лицата кои преставуваат наш интерес“. Откако било наведено дека во „годишните планови на III Сектор и УСДБ-Скопје зацртано е овој ПОО да биде дерегистриран“, било предложено Павловски -- идентично со Милчин, а спротивно на она што се гледа во досието ПО „Црни“ -- „да се дерегистрира од ПОО, а неговото досие да остане во оперативниот архив на СДБ“. Конечно, како и во досието ПОО „Драматург“, заклучено дека „[и]стиот е и ќе биде користен како оперативна позиција за следење на активностите и коментарите“ на неговите божемни пријатели и содејци, а кои преставувале интерес за органите на државната безбедност. 



[Image: WgZJYQU.jpg]

Еве уште неколку различни извори:

"...Aleksandar Vasiljević ponudio je pomoć Centru SDB Mostar pri obradi hrvatske emigracije u Švedskoj nudeći im Halilovića koji je u Švedskoj imao rodbinu. Bilo je planirano da ga SDB preuzme na vezu, a s njim je u vezi toga razgovarao operativac Centra SDB Mostar Tomo Kokor. Halilović je početkom 90-ih bio značajna operativna pozicija Jugoslavenske Armije u okviru Operativne akcije Štit."
Akcija Štit vođena je s ciljem sprečavanja osamostaljivanja Hrvatske i bila je tek jedna u nizu koja otkriva da je tadašnji KOS djelovao izvan svojih zakonskih ovlasti, što prema nekim pravnim tumačenjima može biti korisno pri tehničkom dokazivanju srpske agresije na Hrvatsku pred sudovima u raznim postupcima.

 

 

1

 
image

 
За Фрчкоски и остнатите кои беа лустрирани како наредбодавачи не треба да се трошат зборови. Доволно е да приложиме едно од многуте решенија кои ги потпишал Фрчкоски и членот од Уставот што го регулира прислушкувањето. Образложението за тоа што е неисправно со оваа пракса го дадовме во првото продолжение на овој текст.


[Image: 80783768_2612392652178477_56007416272000...e=5EACE83B]

Член 17

        Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

        Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

 

Значи Комисијата за лустрација била апсолутно во право кога сите оние во чии досиеја ја нашла забелешката дека биле „оперативна позиција“ или „оперативна врска“ ги прогласила за соработници. Владе Милчин и останатите „жртви“ на „хајката“ на „режимот“ на Груевски навистина биле соработници на органите на државната безбедност, а нивното прочистување од општествено-политичкиот и културно-стопанствениот живот на Република Македонија е неопходен за нејзиното суштинско етаблирање како стабилна, сериозна, самостојна, демократска држава. Впрочем, тоа е она што, и покрај еуфамизмите и колебањата на извесни претставници на Европската унија, е она што суштински се бара од Македонија доколку навистина оваа држава е искрена во нејзината североатлантска определба. И, додека лустрацијата која ја спроведе власта на Груевски беше нецелисходна и полна со недостатоци и несоодветности кои ние ги критикувавме уште тогаш, фактот дека Милчин, Фрчкоски и останатата багра учествувале во „најфлагрантни повреди на уставноста и законитоста, тотална контрола на општеството, узурпација на уставните и законските права на граѓаните“ е несомнен, а работата на Комисијата за верификација на фактите неоспорлива. Оттука, повеќе од очигледно е дека Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правки акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација е само уште едно продолжување на привилегиите и уште еден обид од државното ќесе да се наградат соработниците на тајната идеолошко-политичка полиција (па дури и нивните наследници доколку тие се веќе починати), за нивните кодошки дејности во изминатите години и децении. А апсурдот да биде уште поголем, повторно жртвите ќе бидат оние кои ќе го поднесат финансискиот товар на овие иживувања на „Црвената буржуазија“.

 

Првиот дел: ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел I


Вториот дел:ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел II

 
Третиот дел:  ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел III 

Read more...

ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел III

Биографијата на владе Милчин

Јордан и Душан Петровски 10.01.2020 


Времетраењето на овој период на претходна обработка е неодредено. Веројатно има случаи каде што предметот на обработка го сменил своето „држење“ набргу по почетокот на неговиот оперативен третман, но има случаи -- како на пример со Дане Поповски и Лефко Џамбазовски -- каде што претходната обработка траела со години и децении. Милчин тврди дека бил шиканиран за време на петте години на неговиот наводен прогон. За неговите наводни страдања немаме архивска граѓа од самата УДБа -- па дури ни автобиографски запис од прочуениот драматург -- но за случаите барем на двајцата погоре споменати ги имаме објавите на делови од нивните досиеја од страна на Државниот архив на Р Македонија во збриката „Црните страници на УДБА“. Тука гледаме изолација, оневозможување да се заврши средно училиште, онемозвожување за вработување, местење на соработнички за девојки, целосно опкружување од соработници, нудење на услуги во обид за нивно придобивање, прислушкување на телефонски разговори и простории, отворање на пошта, следење при движење низ градот и Републиката, итн. Непријатности на кои бев изложен и јас -- со додатна мерка дека јас за време на мојата обработка преживеав и срцев удар -- и кои до извесна мера можат да се увидат и од она малку што ми е доставено како моето политичко-идеолошко досие, а за што во последниве дваесеттина години имам обилно пишувано и зборувано и никогаш не беше демантирано од никого.

Во оваа пригода повторно ќе се послужам со сопствениот пример во описот на методот на УДБа, од проста причина што немам сретнато детално излагање од некој од другите жртви на пргонот на службите на државната безбедност. Причината за оваа отсуство на документирани, барем и автобиографски, наративи за страдањата на жртвите на УДБа кои би биле комплементарни на архивската граѓа на службите, е отежнувачка околност за оние кои се борат за ослободување на Македонија од овој терор кој владее со неа од 1945 година, а секако олеснувачка за оние кои сакаат истиот да го сочуваат во живот. Но, ова отсуство на документирани материјали не е случајно. Тоа е директен производ на наследниот страв кој Службата веќе седумдесет години осмислено го влева во совеста и потсвеста на народот со своите свирепи медоти на репресија, шиканирање и психолошко подривање.

Прашање е дали во реалност постои праксата на „отворање на досие“. Студија на објавените досиеја сугерира дека досието во извесна мера е токму тоа -- папка, а, бидејќи УДБа постојано прибира податоци, повеќето од оние кои во било кое време се наоѓаат на списокот на ПОО-а и ПО-а влетуваат во системот (датотеката) на УДБа мошне периферно: како припадници на пријателските или деловни кругови на лицата кои активно се обработуваат во тој даден миг. Во секој случај, овие информации, заедно со податоците за семејното минато на предметот и првобитното истражување за ликот и карактерот на лицето во прашање го оформуваат она што може да се окарактеризира како воведното поглавје на дадено досие. Во овие првобитни анализи, УДБа се обидува да процени која е слабоста на лицето кое е предмет на нејзината обработкаСпоред истражувањето на СДБ во мојот случај, јас сум бил оценет како материјалист и затоа сите активности кои ги превзела СДБ за да ме скрши биле во правец да ме уништи финансиски, за потоа да ме купи со концесии и привилегии кои би ме извлекле од финансиската криза!

Имено, во периодот кога отпочна моето ставање под „мерки“, буквално ми се смени целиот круг на пријатели. Тогаш не разбирав зошто мои блиски и долгогодишни лични и деловни пријатели почнаа да се одалечуваат од мене, а да ми приоѓаат и стануваат нераздвојни придружници сосема нови луѓе. Кога го добив моето досие сѐ ми стана јасно. СДБ првин се обидела од кругот на моите блиски пријатели да обезбеди соработнци кои ќе ја извршат задачата за мое финансиско уништување. Службата ги инструирала луѓето од моето опкружување да се обидат да ги осознаат моите деловни врски, ги инстуирала да отвориме заеднички фирми и да влегуваме во заеднички зделки. Откако овие луѓе се покажале како несоодветни -- дали поради нивните морални вредности или поради нивните кодошки слабости -- Службата започнала да ми испраќа луѓе кои подоцна разбрав биле нејзини проверени „пријателски врски“ и „оперативни позиции“. Оваа постава на соработници успеа да ја изврши поставената задача и до 1996 година, по четиригодишно роварење по мојот бизнис -- се најдов, како што забележал оперативниот работник во моето досие, „западна[т] во моментална финансиска криза“. Судејќи според своите искуства, СДБ очекуваше дека моментот на мојата финансиска криза би можел да биде поволно искористен од нејзина страна да ми понуди спас од мојата неповолна состојба, при што јас би се согласил да станам нејзин соработник.

Така, истата 1996 година СДБ изготвила нов план во однос на мојата обработка и јас сум се здобил со статус на ДЕРЕГИСТРИРАН“. Причината за дерегистрација која е наведена во моето досие вели:

Иако беа превземени мерки и активности не беа во целост потврдени сознанијата и податоците поради кој [sic.] беше заведен ... поради што предлагаме истиот да се дерегистрира од ПО, бидејќи нема основ за понатамошен оперативен третман.


За лаикот терминот „дерегистрација“, како и образложението дека не биле потврдени сознанијата и податоците заради кои сум бил заведен, како и изјавата дека „нема основ за понатамошен оперативен третман“, сугерираат дека завршиле иследувањата, прислушкувања и репресивните мерки усмерени кон мене и моето семејство. Но, во пракса воопшто не е така. Впрочем, моменотот на дерегистрација го отпочнува клучниот период во кој се одредува вашиот понатамошен третман од Службата. А бидејќи „државната безбедност се претворила во механизам на политичка и идејна контрола врз општеството“, впрочем во овој период судејќи според вашето поведение во однос на задачите кои ви ги поставува УДБа, се одредува текот на вашиот понатамошен живот. Ако станете соработник ќе немате проблеми во бизнисот или кариерата, ќе нема да бидете санкционирани за ситните и крупните прекршоци, кражби, па и убиства, ќе добивате тендери и ќе бидете наградувани со унапредувања во политичко-општествените области. Ако одбиете -- а долгорочно можете да одбиете само ако починете или ако избегате од државата -- вашиот живот се претвора во пекол!

По речиси година и половина ескивирање и неисполнувње на задачите кои ми ги задаваше Службата притисокот дојде до преломна точка. Морав да најдам начин како да ја сопрам пресијата. Јас во тоа време сѐ уште верував дека во Македонија постои каква-таква правна држава и затоа се обидов со објава за случајот во неделникот „Денес“ да го одбијам предлогот да станам соработник на СДБ, верувајќи дека Јавното обивинителство ќе реагира по допрен глас, а невладинитие организации како Хелсиншки комитет и фондацијата Отворено општество ќе се заинтересираат за случајот и дека како производ тие ќе се ангажираат во расветлување на истиот. Но наместо акција од Јавното обвинителство, или барем некаква реакција од Министерството за внатрешни работи (чиј министер тогаш беше Томислав Чокревски, откако Фрчкоски беше прекомандуван во министер за надворешни работи), јас добив „совет“ од оперативниот работник задолжен за мојата претходна обработка, Кузман Јовановски, дека со моето излагање во весниците сум „ставил печат“ и на животите на моите деца. Молкот на Службата бил образложен во службена белешка во моето досие со тоа дека „сѐ што е преземано према [мене] како и со [мене] е во рамките на правилникот за работа на ДБК, со знаење и договор со I Управа на ДБК“. Молкот пак на НВО-ата ми стави до знаење дека и тие се всушност под контрола на Службата -- како што врпочем укажува и извештајот на Комисијата на ИС од 1966 година! Тогаш ми стана јасно и она што подоцна ми се докажа кога почнав да ги читам досиејата на УДБа: дека таа гревовите на татковците ги смета и за гревови на синовите. Набргу потоа, како производ на мојата „инертност и неискреност како и избегнување на закажаните контакти“ во „договор со I Управа на ДБК“, УДБК Куманово ги прекина контактите со мене. Но, тоа не беше и крај на репресивните мерки под кои јас заедно со моето семејство бевме изложени.

Во постдерегистрациските постапки на УДБа е најголемиот злостор. СДБ вака во досието го објаснува повикувањето на сослушување -- „информативен разговор“ -- кое довело до мојата дерегистрација:

...западнал во моментална финансиска криза која беше искористена како посебен момент за обавување и прифаќање на разговор од истиот...

Кога ќе се прочита реченицава се добива впечаток дека во поканата за информативниот разговор сум добил и кратко објаснување за тоа што ќе биде тема на разговорот, па затоа и следело „прифаќање на разговор од истиот“. А впрочем во поканата нема образложение за нејзиниот повод, туку стои дека доколку не се отповикате на поканата ќе бидете приведени! Нема да пишувам ништо за првиот разговор во кој бев испитуван за моите деловни контакти и збиднувања, како и за моите полтички гледишта, туку ќе се префрлам на еден од понатамошните разговори кој уследи после неколкумесечна пауза во контактите на инспекторите со мене, а на кој ја добив задачата која требаше да ме претвори во нивни соработник, или проверена оперативна врска -- задачата која доведе до моето излагање во „Денес“. Тука само ќе спомнам дека првиот разговор се случи во јули 1996 година, четири години по првите извештаи во моето досие, а четири месеци пред мојата дерегистрација. Во тие четири месеци по мојот прв информативен разговор со оперативните работници од УДБК Куманово, во олицетворние на заклучокот на Комисијата на ИС дека иследувањата на СДБ „немале за цел да се утврди материјалната вистина, туку по секоја цена да се докаже сомнението“, тие успеале да дојдат до заклучок дека и покрај тоа што биле превземени мерки и активностисознанијата и податоците кои тие ги имале за мене не биле потврдени! Поради тоа било „одлучено со истиот да се обави информативен разговор, по претходно изготвен предлог и конкретно изготвен план“ (одобрени од министерот за внатрешни работи), во кој разговор „во поголема мерка“ биле „потврдени сознанијата и податоците поради кои“ сум бил „заведен, а исто така Петровски ги прифати контактите со ДБК, поради што“ инспекторот предложил „истиот да се дерегистрира од ПО, бидејќи нема основ за понатамошен оперативен третман.“ Па се јавува прашањето, ако навистина во текот на моите информативни разговори со оперативните работници се потврдиле сознанијата и податоците кои Службата ги имала во однос на мене, тогаш зарем не биле исполнети условите за мој понатамошен опративен третман!? Зарем тоа не е она што Службата се обидувала да го потврди во претходните четири години од мојата обработка? Одговорот би бил „да“, доколку органите на државната безбедност навистина се занимаваа со прашања од безбедносен карактер. Но, да потсетиме, тие се механизам за корупција на народот. Или како што забележала Комисијата на ИС, „механизам на политичка и идејна контрола врз општеството“. Фактот што сум „ги прифати[л] контактите со ДБК“ (за што, како што наведов погоре, немав избор) на оперативните работници, од нивна пракса, сум им сигнализирал дека сум подготвен да сменам страна.


Она што се истакна за време на тој подоцнежен разговор на кој ми беше поставена задачата од СДБ, оперативните работници пројавија интерес за мое побарување од фирма од Бугарија кое датираше од 1993 година. Веднаш ми стана чудно зошто УБК се интересира за мое побарување од Бугарија, и тоа неколку години по настанување на долгот, како и за мојата поведена судска постапка за наплата на долгот пред суд во Бугарија.  Ми дадоа и „совет“:

„Во врска со неговиот спор со фирмата ХХХХХХ по наша иницијатива Петровски прифати да побара помош и од бугарската амбасада во Скопје“.

Ме заинтересира што е играта, што стои зад ненадејната и неочекувана грижа на УДБа за мојата финанскиска благосостојба. Проценив дека во играта можам да настрадам само јас, а јас тогаш веќе немав што да изгубам, па затоа се нафатив да влезам во интригата. Како што реков, до тој миг УДБа веќе ме уништи финансиски, бидејќи нејзините оперативни и пријателски врски ми зедоа сé! Мало признание за ова е изнесено во делот од досието што ми беше доставен: „...ХХХХХХХХХХХХ е наша пријателска врска од порано...зел роба во вредност од 1,5 милиони марки и не им дал пари“.

Затоа прифатив да го направам следниот чекор. Оперативниот работник Кузман Јовановски, со возило со цивилни таблички, ме одвезе до амбасадата на Република Бугарија. Состанокот, по инсиситрање на Јовановски, а според негово признание во службена белешка од 1998 година, „по претходно изготвен предлог и конкретно изготвен план“ и „со знаење и договор со I Управа на ДБК“, го договорив јас благодарение на убавите впечатоци кои амбасадорот Димитров ги понел од мојот ресторан кога во 1994 година тој беше гостин во истиот. (Инаку истиот Ангел Димитров денес е член на групата за таканареченото усогласување на историјата меѓу Р Бугарија и Р Македонија согласно со таканаречениот Договор за добрососедство.) Амбасадорот не беше мој личен гостин, туку го доведоа луѓе од кумановскиот театар, по изведба на претставата „Црнила“. Како што ми беше наложено од оперативниот работник Јовановски, на господинот Димитров му објаснив дека имам побарувања од фирма од Бугарија и дека водам судски спор со цел легално да ги остварам овие побарувања, и -- повторно согласно инструкциите на УДБа -- го прашав дали можам да очекувам помош од амбсадата. Амбасадорот беше многу јасен дека тоа не е возможно. Тој рече дека единствено може да го замоли економското аташе да провери до каде е и зошто е закочена судската постапка. Да го стори тоа рече дека ќе треба да му го дадам бројот на предметот во прашање. По патот за Куманово му го пренесов разговорот на оперативниот работник Јовановски, со заклучок дека нема никакви шанси да се издејствува помош преку Амбасадата. Но, Јовановски беше упорен во настојувањето на амбасадорот да му ги дадам бараните податоци. Тоа ми беше премногу нелогично и сомнително. Утредента се јавив на должникот од Бугарија и се случи чудо. Човекот кој со години ме ескивираше и постојано беше „отсутен“ кога се обидував да стапам во контакт со него, одговори на мојот телефонски повик! А, кога го прашав дали има шанси да го прекинеме спорот и да ми го плати долгот, се случи уште едно чудо. Рече дека ќе ми даде дел од парите! Бидејќи тогаш сѐ се работеше со кеш, моето следно прашање беше: каде? Дали да се сретнеме на граница или тој ќе дојде во Куманово? Одговорот беше најголемото чудо. Ќе ми ги прател парите преку „нивното посолство“, т.е. преку бугарската амбасада во Скопје. Тогаш сѐ ми стана јасно! Истовремено, заклучив дека не сум веќе загрозен само јас, туку дека во преашање е угледот на партијата ВМРО-ДПМНЕ чиј финансиер бев во првата половина на 1990тите, и затоа играта мораше да ја прекинам. Благодарение на силата која ми ја дава Господ, како и на моралните вредности со кој бев воспитан, успеав да го одбегнам она што поголемиот дел од обработуваните од УДБа не успеале да го одбегнат. Успеав да си го сочувам достоинството, образот, и секако, душата. Успеав, и покрај сите притисоци да не се скршам.


Во интерес на времето и просторот тука нема да го повторувам она што сум го изнел во текстот „ПОЛИЦИЈА И ПОЛИТИКА“, во поднасловот „ПОЛИЦИЈАТА КОНСТРУИРА НОВА ПОЛИТИЧКА АФЕРА?“ во 1998 година. Го повикувам читателот да кликне на дадениот линк со цел подобро да се запознае со збиднувањата во прашање. Во таа насока, го препорачувам и серијалот 'БУГАРСКА АМБАСАДА', СЀ УШТЕ НЕРАСЧИСТЕНА ИНТИРГА“ каде аферата е обработена претежно преку службените белешки на органите на државната безбедност.

 

Тука само ќе заклучиме дека кога сум се појавил на радарот на Службата за државна безбедност во 1992 година „[з]а неколку години од“ моето „деловно работење со лица од Р Бугарија, ДБК ... доби[ла] сознанија и податоци кои укажува[ле] дека ... се занимава[м] покрај останатото и со разузнавачка активност во корист на БНРС, насочена кон насилна промена или загрозување на Уставниот поредок и безбедност на Републиката.“ По четиригодишна тајна истрага во која биле применувани „оперативни и оперативно-технички“ „мерки и активности“, сознанијата и податоците за мене кои Службата ги поседувала не биле потврдени. Меѓутоа, бидејќи сум се повикал на безусловна покана од органите на државната безбедност, и бидејќи сум „ги прифати[л] контактите со ДБК“, инспекторот предложил „да се дерегистрира[м] од ПО, бидејќи нема[ло] основ за [мој] понатамошен оперативен третман.“ Како производ на мојата „инертност и неискреност како и избегнување на закажаните контакти“ во „договор со I Управа на ДБК“, УДБК Куманово ги прекина контактите со мене, но не им беше ставен крај на и репресивните мерки под кои јас заедно со моето семејство бевме изложени. За време на овој оперативен третман, кој започнал некаде во 1992, а не заврши сѐ до моето заминување од Македонија во доцна 2000 година (а судејќи според работите кои се случија од тогаш до сега, обработката на моето семејство е сѐ уште активна), како производ на иследувањата и психолошките притисоци и тортури од страна на УДБа го загубив здравјето, ги загубив пријателите, го загубив поширокото семејство, го загубив семејниот дом, целиот бизнис кој го изградив со сопругата и помошта на нејзиното и моето семејство, моите деца беа малтретирани, бев понижуван секојдневно, бев шиканиран и изолиран, бев протеран од партијата која ја финансирав во нејзините формативни години, добивав закани за физичко насилство кон мене и моето семејство, и конечно, јас и семејството бевме прогонети од родниот крај, и повторно и тука се наоѓаме изолирани од македонската комуна и под очигледен надзор на Службата. Во оваа смисла она што го преживеав јас со моето семејство, како што може да се види од мемоарот на Јасна Котеска, не беше уникатно во однос на она што им се случува на морално-политички неподобните лица во Македонија од почетокот на комунистичката власт, па како што гледаме, до денешен ден.

Но, која од овие непријатности претрпе Владе Милчин за време на неговиот наводен прогон од „режимот“ на Груевски под плаштот на лустрацијата? Дали беше отпушен од неговото работно место како што предвидуваа лустрациските закони, а кои беа донесени со цел да се замачкаат очите на меѓународната јавност и да се задоволи осудата на комунизмот од страна на Советот на Европа? Дали тој остана изолиран и шиканиран? Дали тој ги загуби пријателите и семејството? Дали го загуби она што го градел цел живот? Дали го загуби семејниот дом и дали беше протеран од Македонија? Дали на децата на Милчин им е оневозможено секакво учество во македонскиот општествен живот? Дали тој беше онеспособен да присуствува на погребите на неговите родители и дали е оневозможен да им запали свеќа на гробовите? Од оваа гледна точка, изгледа дека единствената повреда која ја претрпел Милчин како производ на лустрацијата е повредата на неговата надуена суета и неговата лажна фасада за голем интелектуалец и поборник за човекови права. Милчин и неговите мегафони продолжуваат да урлаат дека им биле ускратени некакви човекови права во овој период. Но, фактите укажуваат дека од сите лустрирани, кои согласно законите (2) за лустација требаше да бидат отстранети од нивните јавни функции, само еден провинцијален судија бил суспендиран шест месеци пред неговото редовно пензионирање. Значи, и во наводната хајка против нив, Милчин и неговите содружници повторно ги уживаа привилегиите на соработниците на органите на државната безбедност и ја ескивираа казната која беше предвидена со законот. За тој повторно на крајот од сето тоа да напише нов лажен наратив дека бил жртва. За среќа, фактите за соработникот Владе Милчин и останатите потврдени кодоши се лесно достапни, и затоа, иако оваа нивна лага веројатно ќе помине низ Собранието кое, како и нив, е под контрола на Службата, вистината за кодошот Милчин и останатите соработници засекогаш ќе остане на виделина.

Првиот дел: ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел I


Вториот дел:ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел II

 

Read more...

ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел II

Јордан и Душан Петровски 09.01.2020

КОГА Господ на Владе му испрати предупредување преку неговото лустрирање, дека на совест ќе има десетици илјади невини души затоа што тој беше најжесток поборник за попречување на вистинската лустрација, тој наместо да побара да си го „откупи“ гревот и да ја покрене својата со соросови пари платена медиумско-невладина војска во пропагирање на лустрација според Резолуциите 1096 и 1481, тој ја игнорираше пораката и се утврди во своите ставови дека е чист како солза! Па денеска пак тој лаже и манипулира. А, за неговите лаги и манипулации да допрат до што поширока публика, се разбира, му помагаат оние кои Владе ги задолжил доделувајќи им туѓи пари, пари од фондацијата на Џорџ Сорос, па неговите фејсбук статуси се пренесуваат како вести. Милчин, кој сега во неговите пензионерски денови се служи со социјалните мрежи, повремено се јавува со огин и пламен од неговата кошара, и доплнувајќи го Зоран Иванов, го вели следново:

– А дали Предлог-законот предвидува санкции за Аџиев и компанија за кршењето на човекови права? На кој суд лустрираните треба да бараат отштета? На Управниот кој ги потврдуваше одлуките на Аџиев и компанијата, без да им даде право на одбрана на лустрираните? А Вишиот управен суд ги потврдуваше по автоматизам, одново во отсуство на лустрираните! Каде се сега аминџиите во комисијата, на кои функции? Сега треба да заборавиме на таа чистка нарачана од Грујо и да се расправаме за тоа кој треба да плати отштета? Ова е правда? – прашува Милчин на Фејсбук.

– Ова за мене е цинизам и нема врска со правда. Овде одговорност нема, туку има обид за замолчување на жртвите на лустрацијата. Со ваков закон повторно нема влакно од глава да им фали ниту на Груевски како нарачател на лустрацијата, ни на Силвана Бонева како предлагач, ниту пак, на Комисијата за лустрација предводена од Аџиев. Како ќе се укинат последиците кои јас ги трпев пет години: малтретирањето, навредите, понижувањето, оневозможувањето да работам, избегнувањето. Со пари? Тоа е страшно. Ова не е мерка со која се исправа неправдата и кршењето на човековите права – вели Милчин.

Милчин не е чиста душа. Тој не е приврзаник на моралниот патоказ на Христијанството, туку е безбожен комунист за кого своевремено комунизмот на Тито беше премногу мек! Тој е самобендисан мегаломан, и оттука тој нема капацитет за интроспекција и покајание. Тој е бесен зашто е повредена неговата голема суета која во изминативе педесетина години била потхранувана со изградбата на лажна фасада за ликот и делото на Владе Милчин: интелектуалец, уметник, дисидент, двигател на демократските стандарди, кум на македонското „независно“ новинарство и татко на македонскиот „граѓански“ сектор. Доказите кои беа изнесени за него за време на лустрацијата спроведена од власта на Никола Груевски го срушија тој мит! Тие утврдија дека тој бил само измеќар, потрчко и кодош за органите на државната безбедност, кој, според неговото досие, како извршен секретар на ОК на Сојузот на комунисти на СО „Центар“ и на факултетот за драмски уметности „целосно ја спроведувал политиката на СК и зацртаните задачи во рамките на своето работење“. Разоткривањето на вистинскиот лик на Владе Милчин покажа вистинско олицетворение на доктор Фауст, човек подготвен душата да си ја продаде на Ѓаволот во размена за земни удопства. Затоа Милчин е бесен и сака одмазда! Затоа, тој денес ги бара главите на Груевски, Бонева и Аџиев на сребрена апладија. Тој се смета себе си за жртва на прогонот на „диктаторот“ Груевски, бидејќи тврди дека пет години страдал од последици, наводни: малтретирања, навреди, понижувања, оневозможувањето да работи, избегнување. Милчин повторно ја демонстрира својата психопатска нарцисоидност со тоа што страдањата на вистинските жртви во чија мануфактура тој соработувал со Службата, денес од неговата комотна возвишена позиција, си ги припишува на себе си. Веројатно како драматург полесно е човек да се замисли себе си за друг.

Бидејќи јас сум еден од малкумината кои го изодиле патот на УДБа до деветтиот круг на пеколот, минале низ сите страдања кои може да им ги приреди Службата, и и таму во деветиот круг не си ја продале душата туку се вратиле назад со сознание што сѐ прави УДБа за да ти ја земе душата, тука ќе се обидам на кратко да опишам како таа функционира, што е вистинска жртва на прогонот на органите на државната безбедност, што е продадена душа, и каде спаѓа Владе Милчин.

Од моето искуство со патешествието низ деветте круга на пеколот и назад, дознав дека УДБа има ненаситен апетит за души. Конкретно, таа најмногу сака да ги придобие душите на сите оние кои со нешто покажуваат незадоволство од комунистичкиот тоталитарен режим. Бидејќи режмот е корумпиран, по автоматизам незадоволниците се оние кои имаат проблем со неморалот: со лажењето, со крадењето, со кодошењето, со систематското осиромашување на македонскиот народ и неговиот културен геноцид. Службата има систем при што оној кој решил да ѝ биде следбеник го ползува кон целта да обезбеди нови слуги кои ќе ѝ слугуваат во придобивањето на нови приврзаници! А, Ѓаволот -- чие олицетворение е УДБа -- не би бил олицетворение на злото ако сакал да ги има само грешните души. Така и со УДБа. Ѓаволот најмногу сака чисти души -- тука е вистинскиот профит за Ѓаволот -- и затоа што секоја придобиена душа за Ѓаволот е мала победа во неговата вечна војна против Господ, тој ужива во нивното кршење и одвратување од чистиот пат. Така е и со УДБа. Таа, како чувар на еден апсоутно неморален систем, заснован на пљачка и угнетување, мора постојано да делува кон зацврстување на тој систем произведувајќи нови расипани души -- оперативни врски. За да ги скрши чистите души УДба ги има на располагање оние кои само стапнувајки во првиот круг на пеколот веднаш со елан и ја предаваат својата душа на УДБа. Овие луѓе се предводени од начелото за незаслужена придобивка, а имаат големи суети и ненаситни амбиции кои нивните способности не би им дозволиле да ги исполнат во меритократски систем. Ова се прагматичарите кои немаат чувство на морал и етика, туку живеат во марксистичко-дарвинистичка парадигма каде сопствените опстанок и просперитет ги гледаат како обратнопропорционална функција со опстанокот и просперитетот на другите. Ова од причина што овие луѓе впрочем не произведуваат ништо и не допринесуваат ништо кон унапредувањето на општеството во кое живеат. Овие типови, за разлика од оние кои се кршат во понатамошните кругови на пеколот на УДБа, обично не се излагаат на тортури и психолошко-физички стресови со цел да бидат придобиени од страна на органите на државната безбедност, бидејќи нивните „држења“ се на иста линија со оние на Службата. Тие се „морално-политички подобни“ лица. Оттука, тие се здобиваат со заемни удопства, кариери, пари, високи функции во политиката, државата и слично како производ на нивната вродена верба во и верност кон тоталитарниот антимеритократски систем. Оние кои се кршат во понатамошните кругови мораат првин да раскинат со своите морални вредности, да се одречат од чесниот живот, и конечно да му се придружат на колективот во здружената културно-економска пљачка на сопствениот народ. затоа што ја попречи вистинската лустрација 

Постапката на УДба во придобивање (обухфатање, според стариот жаргон) на нов соработник оди вака:
Секој кој според чуварот на тоталитарниот едноумен комунистички систем -- тајната идеолошко-политичка полиција УДБ/СДБ/ДБК, а сега АНБ -- се проценува како опасност за таквиот систем -- а сакањето на Македонија како самостојна, демократска и суверена држава се сметало и се смета како наголем прекршок -- се става под „оперативно-технички“, а по потреба и „репресивни“, „мерки“! Овие „мерки“ немаат за цел да ја докажат вината на осомничениот или да обезбедат докази за судски процес, бидејќи, како што забележала Комисијата на ИС од 1966 година, иследувањата на органите на државната безбедност „немале за цел да се утврди материјалната вистина, туку по секоја цена да се докаже сомнението“, додека „извештаите и другите материјали што се внесувани во досиејата на одделни лица, не само што немаат карактер на безбедносен материјал, туку значат регистрација и завлегување во меѓусебните односи“. Понатаму во извештајот на Комисијата на ИС се наведува и дека предмет на обработка на Службата за државна безбедност биле „граѓани од редот на општествено-политички, јавни и културни работници, раководители на стопански организации“, дека Службата назначувала директори во стопанските претпријатија, и ги држела под контрола универзитетските професори и дека „државната безбедност се претворила во механизам на политичка и идејна контрола врз општеството“. Ова најконцизно го опишува целото битие на органите на државната безбедност за кои Милчин тврди дека тие, работејќи „согласно со прописите“ на Републиката придонеле до нејзиниот „развој со јасни белези и атрибути на држава“. Доказите укажуваат дека несоодветно именуваните органи на државната безбедност впрочем не се занимаваат со работи кои се од безбедносен карактер, туку со регистрација и завлегување во меѓусебните односи на граѓаните на Македонија: со назначување на директори, со контрола на универзитетските професори и општествено-политичките, јавни и културни работници, и држењето на општеството под политичка и идејна контрола. Оттука, сите оние кои се покажуваат како опасни по опстанокот на неморалниот систем кој владее со Македонија изминатите стотина години, се ставаат под „мерки“ со цел да се скрши нивниот отпор кон неморалот. Лицето кое е под „мерки“ (оперативно-технички, а по потреба и репресивни) во датотеката на УДБа се води под ПОО - предходна оперативана обработка, односно ПО - предходна обработка. Ова е подготвителниот период кога УДБа на различни начини, и со постајно зголемувачки интензитет, делува кон кршење на моралниот компас на предметот на обработка со цел тој да стане нејзин проверен соработник, односно, во жаргонот на СДБ, „оперативна позиција“ или „оперативна врска“!

Првото продолжение: ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел I

Read more...

ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел I

 Јордан и Душан Петровски 08.01.2020

Полека но сигурно се приближуваме до мигот на поништување на лустрацијата спроведена од власта на Никола Груевски за која засегнатите лајат како бесни кучиња веќе цела деценија. Засегнатите, се секако, некои од најголемите криминалци и душмани на македонскиот народ од изминатите седумдесетина години, луѓе кои граделе општествено-политички кариери кодошејќи ги, и земајќи учество во интриги против, чесните Македонци кои биле приврзаници на идејата за слободна, независна, демократска и обединета Македонија, како и на други видови на незадоволници од режимот на југословенските комунисти (кој впрочем сѐ уште управува со повеќето од бившо-југословенските простори).

Минатата недела го напишав текстот „КОЈ И ЗОШТО СЕ ПЛАШИ ОД ЛУСТРАЦИЈАТА ЗА ПЕРИОДОТ ПО 1991 ГОДИНА“ како реакција на текстот „Со нови луѓе во нова лустрација“ на режимскиот „новинар“ Зоран Иванов наменет да ја отпочне подготовката на теренот за поништување на лустрацијата и обештетување на злосторниците кои беа опфатени со неа. Како и што очекував, борецот за човекови права Џабир Дерала не го објави. Набргу по објавата на текстот на Иванов, на неговиот Фејсбук профил а потоа и со кратко интерју во ПЛУСИНФО се јави и Владе Милчин, лидерот на дружината против лустрацијата, човекот кој беше на врвот на копјето кое на мошне проблематичен начин го сопре лустрацискиот процес во 2010 година. Во овој текст ќе докажам дека Владе Милчин нема право да се жали дека лустрацијата на власта на Груевски била неправедна спрема него и останатите лустрирани, туку дека истата беше премногу мека во однос на нивното казнување за злоделата во кои тие зеле соучество и како чиј производ тие станаа водечките фигури во македонското општество, а заради кои македонската држава е на ниво на банана република. Ќе докажам дека Милчин и компанија не се жртви на процесот на лустрација, туку дека тие повторно се иживуваат со вистинските жртви на нивните злостори. Ќе докажам дека Владе Мичин бил соработник на службите на државната безбедност и дека неговото тврдење дека истите работеле според прописите на државата се апсолутна лага. На крај ќе докажам и дека неговите тврдења дека Управниот суд делувал несоодветно (под диктат на тогашниот премиер Груевски), како и тврдењето дека му биле кршени човековите права, се неосновани.

ВО 2010 година, кога со помош на етички компромитираниот Уставен суд Владе Милчин во својство на извршен дирекотр на фондацијата Институт отворено општество успеа да го „поништи“ Законот за определување на дополнителен услов за вршење на јавна функција, својата иницијатива тој ја заклучи со следниве тврдења: 

 

Создавањето на Република Македонија како држава во состав на федерална држава Југославија во 1944 година, нејзиниот полувековен развој со јасни белези и атрибути на држава, несомнено е најзначајната алка во историскиот развој на борбата за македонска современа државност.
Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите И ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ (м.з). Што е, впрочем, иста ситуација и сега!



[Image: Ustavenmilf121.jpg]

Вакво извртување на фактите не може да напише човек кој и барем малку се злага владеење на правото и редот, за градење на стабилно, транспарентно (отворено) општество, човек кој има барем грам достоинство и почит за вистината и ронка на желба жртвите на тоталитарниот комунистички систем да добијат шанса да ја докажат својата невиост а нивните џелати заслужената казна! Во следните неколку пасуси ќе го образложам ова мое тврдење.

Во член 17 од Уставот на Р Македонија стои дека:

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.


Доколку Уставот на Р Македонија гарантира слобода и тајност на писмата и сите други облици на општење, како е можно масовно и неограничено прислушкување на телефонските уреди, на поштата, па дури и на деловни и стамбени простории од страна на службите на државната безбедност кое би било во „согласност со наведените прописи“ на Републиката, а кое не би било работено исклучиво за „потребите на владите“? Бидејќи е лажов и кукавица, Владе Милчин никогаш нема влезено во отворена дискусија во која би одговорил на ова прашање. А бидејќи Уставниот суд кој решаваше по неговата иницијатива беше полн со поединци кои со тек на времето ќе се најдоа себе си пред лустраторската комисија и ќе ја изгубеа можноста да продолжат да го корумпираат македонското општество, истиот изуми да му го постави ова важно прашање кога имаше можност тоа да го стори. Македонските закони, како и што наведува член 17 од Уставот, во согласност со светските правосудни пракси, навистина ги уредуваат случаите каде што, за потребите на јавна безбедност може да дојде до органичено нарушување на неповредливоста на тајноста на општењето на дадени поедници за кои постојат основани сознанија дека се вклучени во противзаконски дејства. Но, овие закони предвидуваат обврска барателот на мерките кои го повредуваат начелото за неповредливост на тајноста на комуникациите да поднесе основани сомненија пред истражен судија и истражниот судија да оцени дали постои основ за издавање на решение -- налог -- за ограничено пречекорување на горенаведеното уставно право. Меѓутоа, во ниту еден случај на прогоните на политичко-идеолошката полиција -- општо позната како Служба за државна безбедност -- за временскиот период од 1945 до 2000 година не може да се најде таков налог од истражен судија со кој се одобрува органичено тајно следење на комуникациите и дејностите на извесен граѓанин.

Од друга страна, уште во 1966 година, кога како производ на аферата „Ранковиќ“ Извршниот совет на собранието на СРМ задолжил Комисија за испитување на состојбите во органите на државната безбедност во Републиката, истата утврдила дека овој систем, „бил изолован, затворен и дезинтегриран“ од претставничките тела на државата, кои „не одговараат никому“; дека се поставувале како „најодговорни, ако не и единствено повикани“ да ги заштитуваат „придобивките“ на „самоуправниот и демократски систем“; дека „некои работи и дејствија на органите на државната безбедност биле нормирани со правилници, решенија или други нормативни акти, во спротивност со Уставот и другите законски прописи“; дека „системот и методот на Службата за државна безбедност преставувале најфлагрантни повреди на уставноста и законитоста, тотална контрола на општеството, узурпација на уставните и законските права на граѓаните.“ Значи извештајот на Комисијата на Извршниот совет од 1966 година го демантира тврдењето на Милчин дека „органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи“. Од досиејата отворени во 2000 година увидовме дека органите на морално-политичката подобност... пардон, државната безбедност, вршеле неограничено следење на комуникациите и дејностите на поединци по предлог на началникот на Службата,  а со потпис на решение од страна на министерот на внатрешни работи, а дека нивните активности биле нормирани со правилници за работа кои не биле во согласност со законите и Уставот на Републиката. Судејќи според отворените досиеја од 2000 година, како и аферите „Дувло“, „Сина птица“, „Големо уво“, „Бомбите на Заев“, итн., повеќе од очигледно е дека доколку владата на Република Македонија спроведе нова истрага во стилот на онаа од 1966 година, заклучоците би биле речиси идентични. Впрочем тоа го наговестува и Милчин со неговото тврдење во иницијативата од 2010 година, кога вели дека „органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност...потребите на владите. Што е, впрочем, иста ситуација и сега!“

Милчин не се ни обидува да го скрие фактот дека органите на државната безбедност и тој лично како нивни соработник вршеле противзаконски злодела кои од Македонија прават масовен затвор на внатрешен план и предмет за потсмевање на надворешен, туку само се обидува сето тоа да го рационализира со аргументи кои минуваат само кај судија кој е негов соучесник!

 

Read more...

„ДРАМАТУРГ“ - НОВАТА „ДРАМА“ НА БАНДАТА НА ВЛАСТ!

Да пренесам текст текст кој е објавен во јули 2011 во нашиот весник „ИЗГРЕЈ ЗОРА НА СЛОБОДАТА“,  ме предизвикаа многуте дискусии за тоа дека имаме систем Курто и Мурто, за неуспешната лустрација и зошто била неуспешна ......

image
 1
 

 

2
Read more...