Welcome visitor you can log in or create an account
polemics

polemics

ГЕРОСКИ СЕ ОБИДУВА ДА ГО ВАДИ ЗАЕВ ОД СЕПТИЧКАТА ЈАМА „МАЛИ ШЕНГЕН“ ИЛИ СРБОСЛАВИЈА И ГОЛЕМА АЛБАНИЈА

Сликава е од непознат автор

Јордан Петровски 10.11.2019
Пријателите се познават кога ти е најтешко! Па така и Героски тргна да го вади Заев од септичката јама во која Заев е веке потонат неколку метри длабоко!! Така да и Героски се нурна во септичката јама но неверувам дека ке успее да го извади Заев, не заради друго туку заради лизгавите супстанци во септичката јама да неможе да го извади Заева!! Па затоа печалбата на Героски од оваа акција ке биде реа на септичка јама која ке му треба бајаги време да ја одстрани!!

Мал Шенген, голем Вучиќ, за Еди патики, за Зоран – опинци!

И контурите на планот можат да се насетат – се создава европска Б лига, група на држави кои во евроинтеграцискиот процес ќе бидат вклучени според други правила на игра, земји кои во идната архитектура на Унијата сигурно нема да имаат еднакво значење како и другите полоноправни членки (како и Бугарија и Романија, на пример), иако ќе ги уживаат придобивките од својот нов статус, кои нема да бидат беззначајни........

.....кој секогаш може да ја излечи депресијата со една сеанса со своите патики „адидас“, единствен кој сериозно и со добра причина има право да се радува на успехот на оваа иницијатива е токму српскиот лидер Вучиќ. Србија отсекогаш била, а и допрва ќе биде предводник на европската Б лига. Во секоја смисла. Впрочем, според капацитетите и според економските потенцијали, како економски тигар во регионот, Србија несомнено и ја заслужува таа ролја. Ќе мора да се преболи фактот што со ваквиот развој на настаните јакне личната позиција на Вучиќ.

Оваа е дел од дискусијата на ФБ за колумната на Героски

 

Колумнава на Гериски е отворено играње за спасот на Заев!!
Героски вели Србија ке е предводиник на европската Б лига!
Ако постои Б лига кои се тимовите кои ке се во таа Б лигата?? Тоа требал Героски да го напише, бидејки тоа е најбитното прашање за Македонија. Најбитно е затоа што од сите страни се слуша дека решението на спорот помеѓу Косово и Србија мора да се спроведе што поскоро, бидејки без тоа решение нема никаква форма на пристап кон ЕУ за Србија!! Решението е промена на границите.

Еден мој фб пријател вака го обајсни влегувањето на Заев во играта Унија на Западен Балкан:

1.Зошто на Белград и Париз ,ваков сојуз им е потребен пред отпочнување на финалните преговори за Косовско-Српскиот проблем?

2.Србија тврди,како генерална стратегија ,а не дневна политика ,тврди-

а.Границите во Босна не се дефинирани
б.Границите со Косово не се дефинирани
ц.Односите со Црна Гора(се под тепих и сеуште се бараат дефиниции)

Доколку правите некаков сојуз со нив ,значи ли тоа дека
Границите на Северна Македонија ..НЕ СЕ ДЕФИНИРАНИ или влегувате на состанок на заедничка маса со недефинираните да ве дефинираат и вас.

Прашањето само се наметнува:

-Дали и колку Србија ги има затворено проблемите со соседите.
-Во ваков Сојуз дали би седеле рамо до рамо со проблемите на еден Додик.
-Дали би седеле на маса со претставниците на Косово и Србија.
Впрочем не ми е јасно што имаме ние ,Република Северна Македонија со Додик и со Српско-Косовските проблеми.

Коментар на мојот соговорник:

........Се согласувам со голен дел од вашиот коментар. Но, не ми е јасно со кој дел од колумната на Б.Г. не се согласувате ? :)

Мој одговор:

........Героски не ја споменува судбината на Северна Македонија, судбината на Босна, судбината на Црна Гора. Односно не кажува збор колку екипи ке брои таа Б лига!!
Според плановите на ЕУ и САД, лигата ке брои само две екипи! Албанска и Српска! Кој ке биде предводникот тоа ке се види кога ке се формира лигата! Србија гледано историски многу тешко успевала да го зачува водсвото на „табелата“. Србија гледано низ историјата, води на табелата додека има силни финасиски спонзори. Секогаш кога ке секнат парите творбата на Србија-Југославија се распаѓа.
Можеби затоа сега Вучиќ тврди дека не мисли да прави Југославија .

Mојот соговорник:

........Јордан,ако ВНИМАТЕЛНО ЧИТАТЕ се' ќе ви биде јасно. Читајте без претходно да судите. :)

Мој одговор:

.......читам многу внимателно. „Навреди“ опинци за Заев!!
Па потоа:
„Кутриот наш премиер, Зоран Заев, човекот што се фалеше дека имал „гарантиран“ датум в џебот… Тој во Охрид, смирено и потиштено, ќе изјави дека „верува дека со оваа иницијатива се испраќа многу позитивна порака до земјите членки на ЕУ, дека со зголемување на соработката во регионот со уште подостоинствено внимание треба да се фокусираат овде и да дадат можност за забрзување на процесот на интеграција на целиот регион во Унијата“. Бла, бла, бла… Кого уште интересира во што верува „нобеловецот“ Заев, ви се молам?“

Сето тоа е со цел да не си ги поставиме прашањата кои ги наведов погоре, што бара Македонија во друштвото на оние кои имаат гранични спорови?? Героски не наведува да донесеме заклучок еве и Героски го парталосува“ Заев за неговата неспешна политика.
Но дали е неуспешна ?? Јас тврдам не!! Политиката на Заев и на сите политичари од 1990 па до денес била и е суштинско враќање во прегратките на Белград!! За да биде докрај јасно, исполнување на вториот дел од референдумското прашање!! Колумава на Героски ке помине само кај наивните и не докрај упатените за играта Мал Шенген, кој до вчера беше „Берлински Процес“ а пред тоа беше Бледски средби, Брионски средби .....до вчера на тие средби учестуваше Иванов и Груевски сега Заев па за некој ден ке се приклучи и Пендаровски!!

Интензивирањето на оформувањето на Унијата Западен Балкан ке резултира со давање датум во април или некој месец подоцна и тука ке заврши патот за полноправно членство на Северна во ЕУ!



Ке има продолжение ако продолжи дискусијата!

Read more...

ПО ТРОШЕЊЕТО НА ЛАГАТА НАТО КЕ НЕ БРАНИ, ЕУ КЕ НЕ ХРАНИ, ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА Е НОВАТА КОМУНИСТИЧКА ЛАГА



Дигитални „ексел менаџери“ за влез во ЕУ
Дигитализацијата е најголемиот партнер на демократијата, контролата на институциите и мерливоста на (не)постигнатите резултати. Едноставно, нема целосно отворени институции и отчетност без дигитализација. Причината е едноставна: воведувањето на процесот на дигитализација не дозволува привилегирани, мои и твои, туку ги изложува институциите постојано на критиката на медиумите и јавноста. И тоа во секој дел од денот бидејќи податоците поставени на интернет се достапни 24 часа. Нема да има повеќе барања за пристап до информации за кои се чека со денови, недели или месеци. Едноставно, ако сакате да поставите прашање, да проверите до каде е вашиот предмет во некоја јавна институција и кој службеник го води, ќе можете тоа да го направите во 5 часот наутро. Ваш предмет, ваш буџет со кој ги финансирате јавните институции, ваше право.

Новата шарена лага за спас од корупцијата, криминалот, нееднаквоста пред законот, неефикасната администрација , по неуспехот на мантрата НАТО ке не брани, ЕУ ке не хрни за среќа разголена до коска од мојот Фејсбук пријател Љубен Тодоровски! 

Excel (постојат и други пософистицирани компјутерски програми) е само алатка “tool” која може да помогне но неможе да реши проблем. За жал во корпоративна Америка поголемиот дел на менаџерите се Excel што се рефлектира во паѓањето на компетитивноста на нашите (Американски) големи корпорации. Пред некоја година имавме директор од друга компанија кој го објасни фактот дека буљење во графикони не е добар менаџмент туку е потребно “to walk the floor” и да се разбере процесот и проблемите кои ги има. Интересена беше реакцијата од нашиот менаџмент, која идејата ја прифати проформа и беше имплементирана на несоодветен начин за работата што ја работиме. За жал последица од тоа е што денес акциите на GE се една третина од тоа што беа тогаш и веќе оваа корпорација која е симбол на американскиот капитализам не е дел на Dow Jones индексот.

Земајќи го ова во предвид, може да се заклучи дека дигитализирањето само по себе не е решение. За волја на вистината, МК администрација забрзано се дигилитализира за време на предходната власт. Предходната владеачка гарнитура исто така имаше навика да буљи во графикони и соодветно на нив да реагира воглавном популистички. Впрочем способноста на претходниот премиер тука и беше споредена со таа на mid-level corporate manager.

Но што било, било. Минатата власт си отиде што е неминовност во демократско уредување. Проблемот е во тоа како беше симната и кој ја замени таа власт. Македонија е поблиску до НАТО (на што јас лично како Македонски Американец не му давам баш некоја употреблива вредност). ЕУ е многу далеку ако воопшто е таму (нешто што дури и во МК МНР го знаат од многу одамна). Но сето тоа беше платено со удар на уставниот и правен систем, негирање на демократијата и референдумот како најнепосреден начин на демократија и инсталирање на неспособна гарнитура со премиер кој неможе да се пофали со просечно ниво на интелигенција и укост. Темелите на Нацијата се поткопани под идиотското мото за “борба против национализмот”. Нацијата е на колена и крвави и државата е трансформирана во креатура за која никој нема почит (дури и тие малкумината интелигентни меѓу тие што ја владеат). Дигитилазицијата сигурно не е нешто што ќе ја дигне државата на нозе и ќе ни го врати националното достоинство.

Read more...

Драги Господине Премиер Зоран Заев и Драги Господине Претседател Стево Пендаровски

 

 Даме Чкатроски 05.11.2019

Француската симплификација на Балканскиот Монструм

 

И не дека не сме кажале ,а не можевме да пречутиме, не овој пат.

Не, не е Преспанскиот договор предавство. Нити Рамковниот договор е предавство. Нити територијалната поделба...Нити разно/ разни и доста безобразни договори.

По овие теми немојте да имате никакви немирни сонови. Ве поддржувавме знаејќи дека Македонија едноставно е генератор на проблеми изминатите 150 години. Дека и не е се толку едноставно ,она што е корисното во дневната политика за разгорување на емоции е далеку од реалноста и рационалноста на долг рок. И тоа знаевме. И ВМРО-ДПМНЕ знаеше и посегнаа по кратка ирационалност за гласови но рационалност на долг рок. До овде сме согласни па дури и со Вмро-ДПМНЕ.

Сега би ве замолил да ни опишете со какви тоа симулации влегувате во Српската Генерална стратегија напишана од одамна ,дури во почетокот на деведесеттите.

Се сеќавате ли на големите стратегии 4+2.Каде служевме за подсмев да и еден Киро Глигоров беше насамарен од проектите на Лорд Овен и Карингтон.

Нешто за кое подоцна, приватно и тоа како го потенцираше и признаваше. Да би на крајот се открило дека биле на платен список на Белград. Се сеќавате ли..

Српската Генерална Генералштабна стратегија во втората фаза се разви во импликација на ДОМИНО ЕФЕКТ.

Доколку еден крај од географијата попушти тоа би имплицирало на дијаметрално спротивниот крај на географијата. Отворено прашувам ,познато ли ви е Распад на Македонија или Распад на Босна ,сеедно е ,како завршува тоа по овие чинители.

Само будали и политички неискусни мислат дека е ова историја. Ова драги мои е дневна политика.

 Францускиот оддел во нивното МНР и нивните стратегиски центри ,никогаш не мислат така.

Затоа ова сега го имате на маса ,а тие мислат на Пацификација.

Далеку е Француската Пацификација како термин од тој на САД. Франција на Балканот има само еден доследен сојузник во историјата и е нормално да го поддржува.

1.Зошто на Белград и Париз ,ваков  сојуз им е потребен пред отпочнување на финалните преговори за Косовско-Српскиот проблем?

Јас би го задолжил за ова пресметка да направи ,на пример ,Бујар Османи. И да реферира на два јазика, македонски и албански.Дел советници на оваа влада имаат контакти месеци пред Брисел со една Француска агенција ,АФД чие седиште за регионот е во Белград. И убаво е тоа.Имало и средби во Париз со одговорни ликови на таа агенција. И убаво е тоа.Проблемите настануваат доколку им го посетите нивниот сајт.Од прва ќе ви биде јасно Француското поимање на Балканот и неговата Пацификација.

2.Србија тврди,како генерална стратегија ,а не дневна политика ,тврди-


а.Границите во Босна не се дефинирани
б.Границите со Косово не се дефинирани

ц.Односите со Црна Гора(се под тепих и сеуште се бараат дефиниции)

Доколку правите некаков сојуз со нив ,значи ли тоа дека 

Границите на Северна Македонија ..НЕ СЕ ДЕФИНИРАНИ или влегувате на состанок на заедничка маса со недефинираните да ве дефинираат и вас.

Прашањето само се наметнува- Дали и колку Србија ги има затворено проблемите со соседите.

Во ваков Сојуз дали би седеле рамо до рамо со проблемите на еден Додик.

Дали би седеле на маса со претставниците на Косово и Србија.

Впрочем не ми е јасно што имаме ние ,Република Северна Македонија со Додик и со Српско-Косовските проблеми.

 

3.Екомонска Унија со ембарга како предмет и оружје на политички разговори и решавање на иднината на регионот.

Ова е сега реалност и на маса.

 

Знаете ли дека во подоцнежна фаза не само Косово и Србија туку е можен негативен развој во Босна по економските односи.

Што тука знаат вашите советници? Што ве советуваат да би правеле тогаш.

Зарем мислите и се надевате дека оваа ситуација би се решила од Париз со нивните капацитети кои се големи но за оваа ситуација се смешни.

Како тоа би го решиле тие во Париз без САД. Апсурдно неможно.

Знаете ли како се случи Виетнам. Еве вака ама баш исто. Толку Французите закашкаја да на крај САД интервенираја,Французите храбро избегаја,а мировните договори после се потпишаја во Париз.

Франција се обиде таму да постигни Пацификација. Ама по нивен терк. За разлика од Маршаловиот план  на САД во тој Регион.

Сега за Еди Рама.Да не останам борч.Еди Рама овие 2-3 години е толку порозен да тој би заради себе прифатил исто како и Бујар Османи, ама баш се.

Рама особено има респект на Белградско-Француските односи и веќе подолго време бара излез за себе.Тој знае што би било ако би било и дека светот со вакво ЕУ и онаков Трамп е доста нестабилен но и против неговите лични интереси.

Тој би лобирал за ваков развој на ситуацијата.Заборавете на мекиот и рационалниот соросоид ,Еди Рама.Еди Рама да победи на избори би бил со Белград нај голем лобист за Голема Албанија ,ако притреба за избори.Еди одамна го има изгубено соросоидниот сенс ,а тоа се должи на константите притисоци од ЕУ и САД ,а се поврзани за широка корупција на неговата влада од непознати и доста сомнителни извори.

Ако не ви е познато да си знаете-Нити учениците на Сорбона како Енвер Хоџа немаше да опстанат на власт доколку Париз не ги поддржуваше.Знаат ли вашите советници дека седниците на владата на Енвер Хоџа после распадот со сојузот со Кина се водени на француски јазик. 

Голем е Балканскиот оддел при МНР на Франција.Како и да ви звучи добро,за една Република Северна Македонија не звучи добро.

И да речете не сме кажале дека по голема измама и предавство од тргање и заминување од БИЛАТЕРАЛНИ ПРЕГОВОРИ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ ..НЕМА ма колку сакате да не убедувате- Другата опција е Балкански Преговори.

Ма колку сака нека звучат добро и дигестивно..Предавството на Македонската кауза почнува од овде,а каде завршува..Па верувам на мировни преговори во Париз.

Доста мрачно и хистерично може да ви се чини ова во еден момент.Но ,сите работи почнуваат бенигно дури не се претворат во многу малигно.

А, ќе ве предупредат многу по возрасни и по крупни. Ако не до денес ,па ќе биде скоро.

Раните на Балканот сеуште не се залечени. Не се затворени сите проблеми за ваква крупна агенда. Ние на тој состанок, не треба да учествуваме. Едноставно нека извини Макрон,таму местото не ни е.

Нека Франција ги среди работите со Србија и нејзините граници ,предлагам до тогаш,ваквите агенди без условно да го одложиме.

Read more...

НА КОГО ВАСИЛЕВСКА МУ БРКНА ВО ОКО

Јордан Петровски 02.11.2019
Поговорката КРАДЕЦОТ СЕКОГАШ Е НАЈГЛАСЕН ВО ПОВИКОТ ДРЖ ТЕ ГО КРАДЕЦОТ се повторува и во нападите кон Иванка Василевска за нејзиното интервју, „Срби су наша браћа, македонска црква није заживела“, напади кои ги прави СДССМ, вистинскиот „крадец“, односно вистинскиот промотор за враќање на делот од Северна кај нивната мајчица Србија кој ке остане после после одвојувањето на Албанците!!
Еве го делот од интервјуто на Василевска кој е најмногу осудуван:


„Во ситуација кога не можеме право-политички да егзистираме, кога ни се одзема правото на слободно изјаснување, кога не можеме да ја зачуваме националната држава, треба да бидеме отворени за сите опции. Една од опциите е активирање на вториот дел од референдумското прашање од 1991 г. („Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во иден сојуз на суверени држави на Југославија?) Во овој момент никој не размислува во тој правец. Но, ако оваа идеја стане реална, други не би ни го дозволиле тоа без крвопролевање. Потребно е на глобално ниво да дојде до договор меѓу големите сили“,

вели членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Со неколку фотографии ке се обидам да пренесам што беше заложбата на СДССМ, Шарената Револуција кога го рушеа режимот:

 


image
 Иконографија во кампот на СДССМ пред собранието и порака од кандидатот за градоначалникот на Кумнаово за тоа каде ја гледа иднината на Куманово ако биде избран! Димитриевски е избран за градоначалник!!
 
3
 
 Од Пендаровски и Заев деновиве ги слушаме следниве изјави:
 
Премиерот Заев и македонскиот државен врв отфрлаат алтернативи на полноправното членство во ЕУ

Но како по обичај Заев а гледам сега и Пендаровски едно зборуват а друго прават:

DIE WELT Cilj Europske unije je stvoriti mini Jugoslaviju na Balkanu 13.7.2017

Beograd bi dominirao, kao i za vrijeme Jugoslavije

Cilj carinske unije je "deaktivirati balkansko bure baruta, ali bez toga da se te zemlje primi u EU", s time da je u gospodarskom smislu Zapadni Balkan za EU "trivijalan", ali je "politički gledano, naročito ako se zna europska povijest, od centralnog značenja". Jugoslavija je držala stabilnim "tu eksplozivnu mješavinu naroda", a sada je to zadaća Europske unije, smatra njemački list, te upozorava da napetosti u regiji sve više rastu.

Zato EU želi "oživjeti bivšu Jugoslaviju, ovaj put kao carinsku i transportnu uniju, samo bez Hrvatske i Slovenije koje su već u Europskoj uniji". U takvoj konstelaciji "Srbija bi bila glavna i sve ostale države bi gravitirale prema njoj", te ne čudi zašto službeni Beograd najsnažnije podržava ovu europsku, odnosno preciznije njemačku ideju.

"Kao što je Beograd dominirao u Jugoslaviji, tako bi ostavio najveći trag i u novoj uniji", konstatira Die Welt te dodaje da se onda ni Makedonija "ne bi više stalno morala plašiti za svoj opstanak jer bi bila dio većeg saveza, umjesto sama i bez obrane, okružena susjedima koji su neprijateljski nastrojeni: Grčkom, Albanijom, Bugarskom i Srbijom, državama koje sve donekle smatraju da Makedonija nije prava država, te da neki njeni dijelovi pripadaju njima, ali i da su Makedonci izmišljen narod".

Дека за ваквата иницијатива не била без знаење на Заев говори фактот што Заев учествува на средбите каде се договара таквата Унија!!

Заев в сабота во Драч на неформална средба на премиерите од Западен Балкан22.08.2017

Upravo je završio berlinski susret, na poziv kancelarke Merkel i predsjednika Macrona, s čelnicima preostalih zemalja tzv. Zapadnog Balkana30.04.2019.

Samit Zapadnog Balkana u Poznanu: Jačanje veza unutar regije i sa EU 5. juli 2019

Балкански „мини-Шенген“: Нема љубов, само интереси10.10.2019

Ако Заев и Пендаровски велат дека отфрлаат секва алтернатива врзана за „членство“ во ЕУ тогаш што преговара Заев? Зошто договара, односно веке потпишува спогодби за Западнобалкански шенген.
Оние кои патуваат во Еврипска унија , односно во земјите кои се со Шенгенски визен режим знаат дека помеѓу земјите внатре во Шенгенот нема ГРАНИЦИ, нема ЦАРИНИ ..... ЕУ функционира како ЕДНА ДРЖАВА!!

Оваа е се поприсутно предскажување:

„Александар Вучиќ задоволно три раце, бидејќи концептот на привилегирано партнерство (на францускиот претседател Емануел Макрон – н.з.) е токму по мерка на неговата политичка стратегија и тактика: да се земат од ЕУ максимум пари од фондовите, да се имаат слободни раце за поврзување со Русија и за соработка со Турција и со Кина и да се оствари вечната српска политичка желба – на балкански хегемон. Не се слуша премногу жалење ни од Косово или од Албанија, бидејќи Макроновата концепција му одговара и на остварувањето на големоалбанските амбиции“

„Западен Балкан, извесно, повторно станува активно политичко игралиште на кое главниот натпревар ќе се игра меѓу два големодржавни проекта: големосрпскиот (Србија, Република Српска) и големоалбанскиот (Албанија, Косово), при што и двата имаат аспирации кон Северна Македонија. Преку нив на теренот ќе се судираат Русија (зад српскиот проект) и САД (зад албанскиот проект)“, објаснува весникот Слободна Далмација, кој не исклучува ни војна, ни промена на границите!

За да нема војна се инсиртира на Унија на Западен Балкан по принципот на Шенген. Значи внатре во Унијата ке нема граници помеѓу државите, односно ке има слободен проток на луѓе, најлесен и без војна начин на исцртување на новите граници. 
Македонија делот што ке остане ке биде дел од Србија! Иако во Македонија се говори дека поделбата на Македонија ке биде помеѓу Албанија и Бугарија. Бугарија нема да е членка на Унијата. Значи границата помеѓу Македонија и Бугарија ке постои!!
Василевска е првиот посериозен политичар кој проговори јавно каде ке се приклони остатокот од Македонија, односно го откри планот на СДССМ. Наградата за припојување кон Србија ке биде враќањето на името Македонија но со иста важност како во Југославија. Значи во Грција повторно ке се патува со пополнување на лист .......како во „златното “ време на Тито!!

 




 
 





2.

Read more...

ПРЕВEЈАНИОТ ЛАЖГО ЗАЕВ ПАК СО НОВА ЛАГА!!


Јордан Петровски 21.10.2019
Заев немал да прифати друга дебата со ЕУ, како на пример таа за стратешко партнерство, а не за членство.

 
21-10-2019
 


Оваа се вели после свадба тапани!
Но и нова лага, лага која ке биде употребувана , користена од мегафоните на Заев во изборите:

Северна Македонија нема друга алтернатива освен целосно полноправно членство во ЕУ.


Дали е можно ЦЕЛОСНО ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО?? Јас сум уверен НЕ!! Моето уверување го темелам на две работи!
Првиот е фактот дека ставот на Франција за неширење на Европската Унија со полноправни членки е од порано, од кога точно неможам да тврдам, затоа јас нудам доказ за таквиот став од 2011 година.
Ставот на Франција бил дека новите аспиранти за влез во ЕУ можат да добијат само КОНФЕДЕРАЛЕН статус , или како вели Заев „СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО“!
Еве ја изјавата на тогашниот председател на Франција, Саркози:

Петок, 11 Ноември 2011
 
Кога земјите од Западен Балкан ќе влезат во Европската Унија, ќе биде невозможна целосна интеграција. Вака размислува францускиот претседател Никола Саркози, кој својата визија за иднината на Европската Унија им ја пренел на студентите во Стразбур.
 
Според неговото мислење, моделот на Европа во „две брзини“ е единствен начин да се оствари европската перспектива за земјите што сакат да се приклучат во Унијата, меѓу кои е и Македониј
Саркози смета дека земјите членки на еврозоната треба да ја забрзаат и продлабочат својата интеграција, додека земјите надвор од еврозоната, како и оние кои допрва треба да пристапат на Унијата треба да одржуваат релативно лабави односи и да одат во насока на конфедерација.
 
Саркози рече:
 
- Моментално има 27 земји во ЕУ. Јасно е дека во некоја фаза во иднина ќе мора да се вклучат и земјите на Балканот. Тогаш ќе има 30, а целосна интеграција и модел на федерализам се невозможни со така голем број земји.

Саркози првин ја наведува причината зошто не е за полноправно членство на нови држави:
 
Кога земјите од Западен Балкан ќе влезат во Европската Унија, ќе биде невозможна целосна интеграција.

Значи Франција како причина наведува дека со приемот на нови членки ке има проблем со ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА на Европската Унија!! Сега тука има ново прашање, односно проблем за Франција и за другите држави кои сакат ЕУ да ја федерализираат а тоа се државите кои водат СУВЕРЕНИСТИЧКА политика, Унгарија, Полска, ......... значи федерализацијата ке оди тешко и во самата ЕУ!
Дека е така потврдува оваа случување: Пред почетокот на Европскиот Совет каде Заев не доби датум за почеток на преговори, се одржал еден мини самит. На разговори со Урсула вон Лејен на маса бил изнесен стратешкиот план за новата Комисија и се разговарало за трите неуспешни кандидатури за комесари од страна Европскиот парламент. Присутни биле лидерите на Шпанија, Португалија, Франција, Германија, Холандија, Белгија, Хрватска и Летонија., на средбата недостасуваат суверенистите, Полска и Унгарија!!
Саркози понатаму го открива, најавува планот за Унија на Западен Балкан:
....оние кои допрва треба да пристапат на Унијата треба да одржуваат релативно лабави односи и да одат во насока на конфедерација.

Но и да ја направат Унијата државите од Западен Балкан нивниот статус со Европската Унија би бил КОНФЕДЕРАЛЕН!! Ке НЕМА ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО!!!
После се ова доаѓаме до финалето изјавата на Пендаровски:
 
-Во позадината на сите преговори можеа да се слушнат и размислувања за градење на некаков посебен однос на Европската унија со државите од нашиот регион

-Но не прифаќа алтернатива на полноправното членство

 
 
За Унија на државите од Западен Балкан е и Меркел со нејзиниот план „БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС“!! Лутите противници околу доделувањето на датум за почеток на преговори за проширувањето на ЕУ со полноправно челенство во Европската Унија на земјите кои водат или ке започнат преговори имаат ист став! А тој став е, нема полноправно челенство!! Ќе има КОНФЕДЕРАЛЕН статус ама само преку Унија на Западен Балкан! А што ке донесе  навистина Унијата на Западен Балкан за Македонија, Црна Гора и Босна по нивниот опстанок како самостојни држави во разврската, поточно конечното решение спорот помеѓу Србија и Косово, спорот во Босанската федерација помеѓу Бошњаците и Србите е голема непознаниница. Но ако се свртиме наназад Како поминувале Македонија, Црна Гора и Босна досега јасно ке е што ке се случи. Но сега во една поделба , разграничување по верска основа!! 
А Пендарови и Заев инсистираат пред домашната јавност која нема никакви информации на ПОЛНОПРАВНО членство во Европската Унија а од друга страна, Заев присуствува на преговорите за Западен Балкан и дава согласност  за таква Унија!!
Значи датум за преговори не носи ништо,  освен ветер во грбот на Заев и СДСМ за пораст на нивниот рејтинг за останување на власт!! Така да ако Франција го добие онаа што го бара а тоа е „престолот“ во ЕУ , датум за почеток на преговори со Албанија и Македонија ке биде „даден истиот ден“!


Read more...

ЗА ДА НЕ НИ СЕ ПОВТОРУВА 1945, '91, '98, '06, '16... МОРА ДА СЕ ПРЕБРОИМЕ



Јордан Петровски 20.10.2019

За да не ни се повторува 1945, 1991, 1998, 2006, 2016 година, ке мора да се преброиме за да утврдиме кои се мнозинство во Македонија: дали ФЕДЕРАЛИСТИТЕ-ИНТЕРНАЦИОНАЛИСТИТЕ или СУВЕРЕНИСТИТЕ!!
Најлесен и најсигурен начин за да се преброиме се изборите кои се закажани за 12.04.2020. 

Заев, односно СДСМ (дали тука ке влезе и ДПМНЕ ке дознаме наскоро) и неговите коалициони партнери веке се изјаснија дека тие остануваат процесот за прием во ЕУ да го продолжат како Република Северна Македонија!! Дека ќе направат се договорот со Бугарија да биде докрај завршен, односно да се усогласи „историјата“.

СУВЕРЕНИСТИТЕ -десницата, следбениците на идеата на ВМРО ке бидат оние кои ке понудат ПОНИШТУВАЊЕ на сите закони што ги донел парламентот под претседателство на НЕЛЕГИТИМНО избраниот Претседател на парламентот Таљат Џафери! Ке бидат тие кои ке спроведат лустрација за целот период на владеење на комунистите а тоа е од 1945 па до се надевам 13.04.2020 година. 

Ке понудат и своја визија за демократизација и приклучување  на Македонија кон земјите од Западниот свет!

Да ги потсетам оние што заборавиле или оние што незнаат: ВМРО е единствениот политички субјект на Македонците кои бил и останал за поврзување на Македонија со западниот свет!! Најцврст доказ за тоа е ВМРО СДРМА -Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на АМЕРИКА. Првиот обид ОРГАНИЗАЦИЈАТА ВМРО да стане политичка партија е со формирањето на ВМРО СДРМА!!

Само на овој начин, со ваква предизборна кампања ке имаме чиста и јасна позиција кој е кој и што е што во Македонија. Ке имаме победник кој добил чиста и јасна подршка од гласачите за политиките кои ќе ги спороведува после изборите!! 
За прв пат ке нема, „кога ке дојдам на власт прво ја растурам тајната полиција“!! Ке нема „се колнам во моите деца име не менувам“!! Ке нема „не правам коалиција со терористи“ а после изборите веднаш да се прави коалиција!! Ке нема „парламентот донесе одлука да ги амнестира убијците на цивили Македонци од војната 2001 година и јас бев должен да го спроведам тоа“.  
Ако нема вака чиста и јасна понуда од партиите изборите МОРА ДА БИДАТ БОЈКОТИРАНИ од сите оние на кои им е доста од лаги и подметнувања, на сите оние на кој им е доста од играта Курто и Мурто, од играта едно зборува пред избори а после избори прави што сака!!

Read more...

Гласот на слободна Македонија епизода 34: Долгиот марш низ институциите

 

{youyube}https://www.youtube.com/watch?v=JI8NnR-H2rQ&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0Gghig1Rq8xyKJn7A2HvxmGN2qn4ivL0-f3dl5YUoKRTgXyLL5fAtgE1A{/youtube}

Во оваа епизода водиме општа расправа за „Долгиот марш низ институциите“ -- градењето на „Дип стејтот“ и инсталирањето на комунистички агенти и симпатизери на влијателни позиции во САД -- и неговата врска со Соросоидите во Македонија.

Read more...

„БУГАРИТЕ“, САРАФОВ, АЛЕКСАНДРОВ И МИХАЈЛОВ БАРАЛЕ АВТОНОМИЈА И ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА

Јордан Петровски 03.09.2019

Позицијата на Македонците во Софија, на пример, е аналогна на онаа на Евреите во Њујорк Сити.
Тие го претставуваат ’рбетот на економскиот живот на главниот град. Најважната личност во речиси секоја дејност веројатно е Македонец или барем половина Македонец.
Луѓето се фалеа со македонската крвна линија небаре таа ги удостојуваше со посебен благослов. Претседателот на бугарскиот ПЕН Клуб, Александар Балабанов, е Македонец роден во истиот град како и Иван Михајлов, Тодор Александров и повеќе од половина убијците, вклучително и оној на кралот Александар.
Најпознатиот бугарски хирург, д-р Александар Станишев, е роден во Кукуш, родниот град на Гоце Делчев.
Во 1928 година, деветмина од единаесетте бугарски ополномоштени амбасадори во странските главни градови, заедно со оној во Вашингтон, беа Македонци, како и премиерот, Андреј Љапчев. Македонските иселеници во Бугарија се организирани во братства и се поврзани во национална организација со извршен комитет познат како Македонски национален комитет во Софија.
Постојат шестотини различни македонски организации во Бугарија. Освен братствата, од коишто безмалку сите ги носат имињата на градовите, гратчињата и селата, од коишто нивните членови се иселиле во Бугарија, постојат и Сојузот на македонски жени, Сојузот на македонската младина, Илинденската организација, составена од ветерани на Илинденското востание, студентскиот сојуз „Вардар“, Македонскиот научен институт (еден вид на Македонска академија) и редица други економски кооперативни организации, од коишто сите, без разлика на нивната природа, го имаат како освновен мотив гаењето и унапредувањето на македонизмот и националниот идеал. Ова се, се разбира, легални организации, но тие се морално и голем дел од нив материјално, обврзани кон револуционерното друштво. Уставот на бугарската држава ги признава како поданици сите граѓани без разлика каде се родени или под чија државна јурисдикција.
Бугарин роден во грчка Македонија и поданик на Грција е теоретски бугарски поданик и станува таков во практика, без никакви формалности, штом стапне на бугарска земја. Така што тие половина милион иселеници, коишто си го користат своето право на глас, заедно со своите браќа од Петричката област, сочинуваат огромен блок којшто ниедна партија не може да го игнорира, особено не една држава (мала како Бугарија) каде што се застапени дваесет кандидатски листи на гласањето.
А ако тие виорни Македонци, со нивната вооружена ВМРО која ги поддржува, ја имаат половина армија на своја страна, ниедна софиска влада што се впуштила во антимакедонска политика не може да трае повеќе од дваесет и четири часа. ... Михајлов се покажа како мошне способен државник и револуционер што, колку поневозможно му беше да го одржи револуционерниот живот во грчкиот и југословенскиот дел на Македонија, толку појасно ги исцртуваше формите на една македонска држава која ќе сообитува со царството на кралот Борис.
Бугарите најпосле си ги протрија очите и видоа дека македонското движење за автономија, коешто го беа поттикнувале, откако не успеа да оствари напредок во деветте десетини од Македонија што беа под Грција и Југославија, ја беше остварило својата цел во едната десетина што ја поседуваа. Тие ќе продолжеа да си ги ставаат главите в торба и ќе ги толерираа комитаџиите ако овие се беа свеле на Петричката област, но „империјата“ на ВМРО се прошири во секое ќоше на кралството. Во секое бугарско гратче или поголем град каде што постоеше македонска организација (а вкупно имаше шестотини) беше присутна ВМРО.
Македонците создадоа состојба на двојност во државата. А тоа претставуваше вистинска опасност за земјата. Откако не успеаја да ги ослободат своите македонски браќа и да се обединат со нив под една влада, Бугарите беа желни да им помогнат во нивната борба за автономија, но спогодбата не значеше и дека Македонците да можат да ја воспостават својата автономија во рамките на самата Бугарија. Нема да претерам ако кажам дека во изминатите петнаесет години Бугарија беше двојна држава, Македоно-Бугарија. Кралот Борис и кралицата во повеќе од една пригода ќе беа за малку прегазени од забрзаниот автомобил на македонските револуционери.

Извадок од книгата „Херои и Убијци“ од  Стојан Христов

Дилемата која оваа писание на Христов ја предизвика кај мене е во тоа што ако Македонците биле Бугари од географската област Македонија, тогаш зошто тие МАКЕДОНСКИ бугари барале автономија во самата Бугарија, зар тие не биле Бугари. За прв пат среќавам луѓе со исти етнички корени да бараат во сопствена држава автономија за да се оделат од истиот етнос!!?? 
Автономија во рамки на една држава секогаш бараат граѓани кои се со различни етнички корени од другото население!!

Да се вратам на текстот на Христов, особено на дел реченица:

но спогодбата не значеше и дека Македонците да можат да ја воспостават својата автономија во рамките на самата Бугарија.

Дали неприфаќањето на барањето за автономија за Македонците во Бугарија е причина за судирите и конечно забраната на ВМРО од властите на Бугарија??

 

Read more...

ТЕШКА ЛАГА НА ЏАБИР ДЕРАЛА ЗА СЛУЧАЈОТ НА ДЕЈАН ДАВИТКОВСКИ


Јордан Петровски 16.08.2019
Еве што објави Џабир Дерала на својот портал во врска со превостепената одлука за неекстрадирањето, одосно постапката за екстадиција на Дејан Давидовски: 

Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе
Сензационалната „вест“ на порталот вечер.мк и другите медиуми блиски до Фамилијата, за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна. За што се работи?
 
image
 
 
 
Ке постсетам само на онаа што се случуваше, како одеше постапката пред неколку дена со екстадицијата на  Томор Морина! 

Судот донесе решение да не го екстрадира Томор Морина но тој остана во притвор додека Врховниот не ја потврди одлуката.
Значи Џабир Дерала ЛАЖЕ дека Окружниот суд во Шведска донел ЕДИНСТВЕНО одлука за задржување на Дејан Давидовски во притвор што не е точно Окружниот суд ДОНЕЛ одлука да не се испорача и ја образложил , онаа што го пренесе ВЕЧЕР! Таа одлука не е правосилна се додека Врховниот суд на Шведска не ја преиспита одлуката на Окружниот суд! Но Дерала вели дека  Врховниот суд на Шведка ке цени дали има услови на екстадиција а Владата ке оцени дали ке ја почитува или не таа одлука. Споед Дерала Владата е над судската власт во Шведска !! Оваа Дерала го има научено од Заев 
вистината е следна Окружниот суд на Шведска  ДОНЕЛ одлука и таа одлука ја пренесе ВЕЧЕР, сега се чека одлуката да ја ПОТВРДИ или одбие Врховниот суд.

Чудно е што никој од НВОата и Заевата агенција за спречување на лажни вести не реагираа на оваа лага на Дерала !

Read more...