Welcome visitor you can log in or create an account

ЛАЖГО, ПОГОЛЕМ ЛАЖГО, НАЈГОЛЕМ ЛАЖГО, ДЕРАЛА

Јордан Петровски 22.05.2020


0





Да подметнуваш свесно дека се работи за ДОНАЦИЈА која ни во видеото не е спомената, а ја дава Светска банка, кога станува збор за кредит, е пресериозна лага и многу тешко обвинување за заменската министерка за финансии дека ОДБИВА ДОНАЦИЈА. Подметнувањето е дека министерката ОДБИВА да и овозможи на Македонија да добие 90 милиони евра - ПОДАРОК ПАРИ, пари кои не се враќаат!! 


Да видиме кој е Главникот Уредник и кои се другите кои се вработени во Frontline MK


 
image
 

Првин да дадам толкување што значи зборот ДОНАЦИЈА:


1. Македонски толковен речник

1

2. Д-р Никола Главинче,  објавено во книгата  „Донации и спонзорства во јавните дејности“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 62-63.


Донација - доброволна и безулсовна помош во пари, добра и услуги која не создава директна корист за давателот ниту обврска за враќање од примателот на донацијата и која може да биде дадена за цели од јавен интерес или за поддршка на активностите на примателот. Под донација се подразбираат и жирални давања, теледавање и организирани настани за прибирање средства. За реализација на донацијата треба да се склучи договор во писмена форма во кој како страни се јавуваат давателот и примателот на донацијата

Зарем е можно Џабир Дерала да не знае што значи зборот ДОНАЦИЈА, кога неговата ЦИВИЛ исклучиво „живее“ од ДОНАЦИИ?! Простиот одоговор е - Не. Значи Дерала - Frontline MK, го разбира значењето на зборот ДОНАЦИЈА, но тој по се ги смета за многу големи полтрони или многу глупави оние кои мора да поверуват во ова видео и да го споделуваат истото по социјалните мрежи. Дерала знае дека нема да се најде на удар на критики од ЗНМ, ВИСТИНОМЕР, Ф2Н2 , ПРОВЕРКА НА ФАКТИ и други од мегафоните на СДССМ-Заев. 

Мора да се застане на патот на ваквите наводни НВОа финансирани од странски донатори, меѓу кои има и странски држави. Еден од начините да застанеме на пат на ваквите организации, кои во Македонија ги има многу на број, барем оние кои ги финсира влади на странски држави, е да собереме докази за секое НВО или медиум поединечно и поткрепени со потписи да ги доставиме до тие држави! Ако нема кој да ги предаде во владите на тие држави тогаш ке одиме преку амбасадите,  но не преку амбасадите во Македонија, туку во држави низ Северна Америка, Европа, Австралија ....!!