Welcome visitor you can log in or create an account

МИНИСТЕРЧЕТО ЗА ПОНАДВОР МОРА ДА ЗАМИНЕ ОД ВЛАДАТА ПОСЛЕ ЛАГИТЕ ДЕКА БАРАЊАТА НА БУГАРИЈА НЕ СЕ ВИДУВАЊА НА ЕУ

Јордан Петровкси 07.05.2020

Како е можно сите да заборавија на тврдењата и обинувањата на министерчето за понадвор Никола Димитров дека, барањата на Бугарија не се објавени во заклучоците ??
 
-„Деновиве, со тактика на политички "лешинар", небаре се радува и едвај чека да има лоши вести, токму истиот тој Николовски е повторно гласен во врска со Изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март.
Се разбира, можно е Николовски толку и да разбира како функционира светот на дипломатијата, па да не знае дека во случајов станува збор за стриктно унилатерална толкувачка изјава што ги отсликува позициите на една земја членка на ЕУ - Бугарија, во која впрочем е јасно наведено дека тоа е видување на Бугарија (не на ЕУ!). Документ што самата Европска унија не го објави во пакетот со заклучоците.
Притоа, оваа изјава нема никаков правен ефект врз содржината и опсегот на одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.
Она што згрозува не е незнаењето или неукоста, туку подмолноста на протагонистот на политикантството кој внимавајте - додека наводно повикува на национално единство, прави се’ за тоа да го оневозможи.
Таргет нему не му се авторите на анахроните позиции што се косат со европските вредности (друга држава) туку Заев и јас. Истури едно чудо валканици и груби невистини за тема што должно бара највисока одговорност - македонскиот идентитет.“
 
Но секоја лага на на Заев и Димитров трае многу кратко:
 
Деветти параграф на Декларацијата, кој преведено гласи:
 
9.„ ЕУ целосно ги поддржува заложбите на партнерите од Западниот Балкан за вклучување во регионалната соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите-членки на ЕУ. Спроведувањето на билатералните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и на
Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со
Бугарија, остануваат важни во овој поглед. Потребно е посветување и понатамошни и одлучувачки напори за помирување и регионална стабилност, како и пронаоѓање и спроведување на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови на партнерите и ПРАШАЊАТА ШТО ВЛЕЧАТ КОРЕНИ ВО НАСЛЕДСТВОТО ОД МИНАТОТО, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи...“
Image may contain: text
Скенот е превземен од Бобан нонковиќ

Зар и после оваа разголена лага министерчето за понадвор нема да поднесе оставка или пак техничкиот премиер нема да го разреши??
пс. ме чуди што „незавинисте “ новинари и медиуми воопшто не споменуваат дека Димитров МОРА ДА замине од владата после ваквата тешка бламажа!!