Welcome visitor you can log in or create an account

ЈОЦИ СИТНА МАНИПУЛАНТКА ИЛИ ...

Јордан Петровски 06.05.2020

Дадов само еден дел од насловот, вториот дел го оставам на вас читателите!! 

Јорданка -Јоци како и сите кои свесно или не, платени или не, се вклучени во подршката на Заев и СДСМ да ги добие изборите за да го доврши поништувањето на Македонската држава и Македонците во многу случаеви се толку невнимателни или пак толку се преценуваат себеси а го потценуваат Македонецот па му сервираат банални манипулации и лаги како што е овој обид на Јорданка -Јоци со објавување на дел од белешка на ЦИА: 

image

Еве ја целата белешка:

 

ЦЕНТРАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ

16 април 1953 година

ДРЖАВА: Македонија/Бугарија/Италија

ПРЕДМЕТ: Позадина, местонајдение и активности на Иван Михајлов

МЕСТО НА СТЕКНУВАЊЕ: ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ

ДАТУМ НА СТЕКНУВАЊЕ ОД ИЗВОРОТ: ХХХХХХХХХХХХХ

ДАТУМ НА ИНФОРМАЦИЈАТА: Рано во февруари 1953

Одобрено за декласификација: 10 септември 1999 година


ИЗВОР: ХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ


  1. Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) во текот на последните триесет години целосно си го променила курсот. Од вистинска револуционерна организација се е искварила до таму што денес таа е приватна групација којашто се користи исклучиво од Иван Михајлов, чијашто амбиција е да стане владетел на слободна и независна Македонија.
  2. Американскиот огранок на ВМРО е Македонската патриотическа организација (МПО) којашто, преку својот секретар Љубен Димитров, делува како орган за собирање средства за поддршка на Иван Михајлов. Димитров е целосно потчинет на Михајлов којшто ја одредува политиката за активноста на МПО за САД. Димитров и неколкумина од неговиот персонал се платени за нивната работа во организацијата, додека Иван Михајлов добива стипендија од околу 8.000 УСД годишно, плус надомест за трошоци. И покрај тоа што парите за платите се собираат во САД, многу мал број луѓе знаат дека Иван Михалов се крие во Италија под алијас, којшто за жал ми е непозат.
  3. Сѐ до 1928 година работата на Михајлов беше да ги снабдува со муниција македонските револуционисти во Софија, Бугарија. Михајлов живееше во Софија кадешто беше официјален претставител за ВМРО кога организацијата беше под раководство на Тодор Александров. Во 1928 година врз Александров беше извршен атентат, и Михајлов го превзеде раководството со ВМРО. Според настојчиви гласини атентатот врз Александров е извршен по нарачка на Михајлов, но досега се нема произведено никаков доказ кон оваа обвинение.
  4. ВМРО нема одржано конгрес за Михајлов да даде отчет за своите активности од 1928 година. Од 1928 до 1934 година Михајлов остана во Софија и ја уништи сета опозиција на неговото раководтсво; според дадени гласини повеќе од 1.000 Македонци биле елиминирани, воглавно од страна на бугарската влада, коишто можеле да го оспорат раководтвото на Михајлов.
  5. ВО 1934 година Михајлов ја напушти Бугарија и повторно е виден во Турција. Подоцна се преместил во Полска, и, откако Гермаците ја окупираа Полска се преселил во Загреб, кадешто беше личен гост на Анте Павелиќ. Кога Германците го освоија Загреб, тој се пресели во Виена како специјален гост на Нацистичката влада.
  6. За време на Втората светска војна Михјалов делуваше во целосна соработка со Нацистите, користејќи го неговиот човек (и.н.н.) Цилев (или Зилев) во неговите послувања со Гештапо. Подоцна Асен Аврамов го замени Цилев, и сега (февруари 1953 година) се наоѓа во Канада.
  7. Аврамов беше испратен во Канада од страна на Михајлов со цел да ја зајкне МПО, да собира повеќе пари и да ја следи опозицијата на МПО во Канада и САД.
  8. За Михајлов долго време постои сомнеж дека кокетира со Советите. Во 1928 година Михајлов го испрати (и.н.н.) Влахов на посета во Советскиот Сојуз да се сретне со Сталин и Ѓорѓи Димитров да ја дискутираат возможноста за формирање на слободна македонска држава. Во 1945 година кога Тито создаде автономна Комунистичка Македонија, конгресот на МПО од САД му испрати поздравителна телеграма. Телеграмата беше објавена во „Нова Македонија“ на 4 октомври 1945 година, орган на Коминистичката партија којшто се печати во Скопје. Подоцна, кога Тито ги раскина односите со Москва, МПО и Михајлов ги раскинаа врските со Тито.
  9. Врската помеѓу Михајлов, МПО и д-р „Џими“ Димтров отсекогаш биле срдечни. Во доцна 1950 година „Македонска Трибуна“ направи детално интервју со д-р Димитров, единственото дадено на Бугарин.  Во ова интервју д-р Димитров многу дарежливо се одрече од правото на Македонија и официјално му ја отстапи на Мијахлов.
  10. И покрај тоа што ВМРО нема ниту приврзаници ниту групации во Македонија, Бугарија или Европа, туку само во САД и Канада, влијанието на Михајлов е сѐуште силно. На пример, неодамна назначениот шеф на бугарскиот отсек на „Глас на Америка“ (ВОА) во Михнен, Александар Димитров, во својот персонал ја назаначи десната рака на Михајлов; ова е Христо Огњанов, кој за време на Втората светска војна беше во Берлин во Хитлеровото Министерство за пропаганда. Огњанов има напишано стотици статии против САД и Канада, а некои од нив беа објавени на англиски јазик во бугарскиот весник „Зора“. Неодамна Михајлов во САД испрати двајца од неговите најдоверливи соработници коишто во моментов се наоѓаат во Детроит. Тие се: Иван Василев којшто стана претседател на огранокот на МПО за Детроит; вистинското име на Василев е Иван Илчев но го сменил за да може да влезе во САД. Другата битанга е Аргир Николов.
  11. На крај би сакал да кажам дека Иван Михајлов е бандит, терорист на којшто не може да му се верува; тој раководи со ВМРО и со МПО целосно за негова лична корист.



Јорданка-Јоци свесно не ја објавила белешката бидејки ако ја објавела цела ке се прочита целата и ке се види многу битна работа, дека белешката е составена врз база на сведочење на КОДОШ!! Имаме уште неколку белешки во кои Бугари го кодошат Михајлов на ЦИЦ и ЦИА! Тие белешки ке бидат објавени во книга со други белешки на ЦИА и ЦИЦ кои се врзани за Македонија од 1943 па се до 1995 година за која моментно бараме издавач. Се работи за обемен материја кој со оргиналите и преводот ке биде под 500 страници.
CIA-a


CIA-b

CIA-c0