Welcome visitor you can log in or create an account

Виролог загижена дека „излечени“ пациенти ќе останат „хронично“ заболени

 

BY EPOCH VIDEO April 15, 2020 Updated: April 15, 2020


Во ексклузивно интервју за „Епох Тајмс“ на кинески јазик на 30 март, експерт за вирологија, д-р Донг Јухонг, истакна дека укинувањето на карантинските мерки во Хубеи [провинцијата во која се наоѓа градот Вухан, н.з.] не значи крај на ширењето на кинескиот коронавирус. Всушност, вирусот може да лежи во застој кај „излечени“ пациенти, претворајќи ја инфекцијата во „хронична“ болест. Тоа значи дека вирусот може да се реактивира и дополнително да го оштети имунитетниот систем на лицето.

 

„Овие ‘опоравени’ пациенти и асимптоматски носители можат да го пренесат вирусот, а меѓу нив има дури и супер-ширачи“, рече таа.

 

Новинар: „Кога жителите на Хубеи го напуштаат Хубеи, тие се соочуваат со потешкотии насекаде, иако имаат здравствен сертификат и печат. Властите во другите региони сè уште ги блокираат да влезат или да ги принудуваат на карантин. Зошто е ова? “

 

Д-р Донг: „Очигледно е дека кинеските државни медиуми шират лажни вести и кажуваат лаги. Тие објавија дека нема нови случаи на заразени лица, но знаеме дека секој ден се појавуваат нови случаи. Барем во провинцијата Хубеи, епидемијата воопшто не е под контрола. Дури и за оние излекувани пациенти, вирусот сè уште може да остане во нивните организми. Покрај тоа, постојат асимптоматски носители на вирусот. Луѓето од други провинции сигурно сакаат да се држат настрана од луѓето кои доаѓаат од Хубеи. Да Ви кажам, овој вирус спаѓа во типот што не може да се елиминира од човекчкиот организам. Напротив, тој останува во човечкиот организам и ја претвора болеста во хронично заболување.


Кога пациентот е отпуштен од болница, тој веројатно не покажува никакви симптоми, но тој сè уште може да го пренесе вирусот на други, тој дури може да биде супер-ширач. Иако карантинот е укинат, луѓето од Хубеи сепак сигурно ќе наидат на непријателство во други области. Тоа е ситуацијата.

Како и да е, овој вирус навистина е многу проблематичен затоа што станува хронично заболување. Покрај тоа, сериозно го уништува имунолошкиот систем на пациентот.

Што значи тоа? Земете ја СИДАта, на пример. ХИВ вирусот може да лежи во застој со месеци, или дури и до една година. Зошто? ХИВ го напаѓа имунолошкиот систем. Кога имунитетот е деактивиран, ХИВ избегнува елиминација. Механизмот со кој кинескиот коронавирус го напаѓа имунолошкиот систем е сличен на оној на ХИВ. Кога го ослабува имунолошкиот систем, пациентот станува доживотен носител на вирусот.

Врз основа на досега е соопштено, на пример, вирусот е заразен во периодот на инкубација и оние кои ги повраќа откако ќе се излечи, овие феномени ни кажуваат дека станува збор за хронична вирусна инфекција. Односно, вирусот се крие многу добро. Некои луѓе можеби не доживуваат очигледни симптоми, но тие сепак го носат вирусот доживотно. Оние за кои се вели дека биле излечени, впрочем, не се излечени. Само што симптомите се привремено репресирани.“

 

Новинар: „Исто така има објавени дека вирусот не само што ги напаѓа белите дробови, туку и другите органи“.

 

Д-р Донг: „Дури ги напаѓа мозокот и централниот нервен систем! Јас ја проучувам оваа тема сега. Постојат случаи каде вирусот го напаѓа мозокот, белите дробови, срцето, гастроинтестиналниот систем, црниот дроб и репродуктивниот систем. Во основа ги напаѓа сите делови на човечкото тело.“

 

Новинар: „Тогаш, зошто некои луѓе се заразени, а некои остануваат неинфицирани?“

 

Д-р Донг: „Ова е интересно прашање. Треба да испитаме секој пациент од коронавирус за нивните верувања: Дали верувате во Кинеската комунистичка партија? Навистина, не смејте се и не го сфаќајте ова како шега. Се прават такви научни истражувања. То ест, душевната состојба на лицето е поврзана со нивната физиолошка состојба. Ако некој има неморални мисли и верува во неморални доктрини, тој веројатно ќе се зарази и ќе стане хроничен пациент. Кога би имала прилика да направам клинички истражувања за коронавирусот, би сакала да поставам на сите такво прашање: Дали верувате во Комунистичката партија на Кина? Ако сакаат да одговорат анонимно, тоа нема да ми пречи, но навистина сакам да ги знам нивните одговори.

Неодамна беше објавена снимка на Интернетот. Дали сте слушнале за тоа? Воен лекар, всушност медицински експерт, даде интерен говор на воените лекари.

Говорникот, овој воен лекар, мора да лекувал или да студирал пациенти на фронтот. Тој рече дека откако ќе се излечат овие пациенти, нивниот имунитет е уништен.

Постои специфичен маркер, лесно се открива во крвта, што може да ни каже дали имунолошкиот систем е уништен. Тој мора да дојде до овој заклучок врз основа на овој маркер.

Тој рече дека штом некој ќе се зараси со КПК вирусот, неговиот имунитет ослабнува. Пациентот може да се опорави, но неговиот имунитет никогаш нема да биде вратен на здраво ниво.

Потоа ги предупреди сите да останат дома и да не излегуваат, да го избегнуваат овој вирус колку што е можно повеќе. Тој, исто така, препорача луѓето да добијат инјекција на тимозин и предложи некои други методи за зајакнување на имунитетот врз основа на западната медицина и традиционалната кинеска медицина. Веднаш можете да препознаете дека човеков е медицински професионалец, затоа што е толку голем познавач на оваа тема.“

Д-р Донг Јухонг има магистерска диплома од Медицинскиот универзитет во Пекинг и докторат за заразни болести од универзитетот во Пекинг. Донг има 17-годишно искуство во клинички третман на заразни вирусни заболувања и во истражување на антивирусни лекови.

Донг работела како доктор во Првата придружна болница на Медицинскиот универзитет во Пекинг, а подоцна и како медицински научен експерт специјализиран за клинички истражувања против антивирусни лекови во „Novartis R&D“. Во моментов е главен научен службеник за швајцарска компанија за биотехника.

Извор