Welcome visitor you can log in or create an account

ФАКТИТЕ СЕ ПРОТИВ МИЛЧИН, ДИНЕВСКИ, ДИМОВСКИ И ВАНЧЕВА 2

 

 

Владата на Заев неодамна изготви Предлог-закон за поништување на лустрацијата и сите процеси кои произлегоа од неа. По тој повод телевизијата „24“ одржа панел дискусија во својата емијсија „Отворено“ (14 јануари 2020). Гости на панелот беа: Александар Диневски, поранешен припадник на СДБ; Владимир Милчин, поранешен директор на фондацијата Отворено општество, лустриран како соработник на органите на државната безбедност; Томе Аџиев, поранешен претседател на Комисијата за лустрација; Илија Димовски, пратеник - ВМРО ДПМНЕ; Снежана Калевска Ванчева, пратеник - СДСМ. Водител: Младен Чадиковски.