Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ СОРАБОТНИЦИТЕ И НАЛОГОДАВАЧИТЕ НА УДБА-СДБ-УБК ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ НАГРАДЕНИ ЗА СВОИТЕ ЗЛОДЕЛА дел V

Јордан и Душан Петорвски 12.01.2020

Конечно, да се осврнеме и на обвиненијата кои Владе Милчин ги изнесува во неговиот фејсбук статус  а ги пренесува ПЛУСИНФО, дека на лустрираните им биле кршени човековите права, како и обвиненијата насочени кон Управниот суд:

А дали Предлог-законот предвидува санкции за Аџиев и компанија за кршењето на човекови права? На кој суд лустрираните треба да бараат отштета? На Управниот кој ги потврдуваше одлуките на Аџиев и компанијата, без да им даде право на одбрана на лустрираните? А Вишиот управен суд ги потврдуваше по автоматизам, одново во отсуство на лустрираните! Каде се сега аминџиите во комисијата, на кои функции? Сега треба да заборавиме на таа чистка нарачана од Грујо и да се расправаме за тоа кој треба да плати оштета? Ова е правда?


За да утврдиме кој е виновен, дали Комисијата или пак некој друг, за „повредените човекови права“ на лустрираните, ќе ја приложам одлуката на меѓународниот Суд за човекови права, кој ја има прифатено жалбата на Трендафил Ивановски, на која се повикуваат поништувачите на лустрацијата во својот предлог-закон, заради повреда на членовите 6 и 8 од Европската конвенција за заштита на човековите права и слободи.


Еве што говорат членовите 6 и 8:

image 2
 

Од содржината на членовите 6 и 8 од ЕКЧП јасно се гледа судот од Стразбур ја прифатил жалбата на Трендафил Ивановски заради тоа што немало судски процес на кој би се утврдила вината на обвинетиот, а во кој истиот би имал прилика да се брани. Но, Комисијата за лустрација спроведуваше бинарна верификација на факти (некој соработувал со службите или не) чија намена беше само да послужи во определувањето на тоа дали кандидати за работни места поврзани со државниот буџет исполнуваат услов потребен за држење на работното место. Понатаму, одлуката на Судот за човекови права со ништо не го поништува фактот што материјалната вистина, утврдена по пат на прворачни докази, е дека Трендафил Ивановски бил соработник на органите на државната безбедност. А таквите луѓе, согласно праксите во земји-членки на ЕУ како и Резолуциите 1096 и 1481, мораат да се отстранат од општеството доколку тоа навистина има европски аспирации. Друго е тоа дали кодошите со својата соработка со Службата сториле кривични дела или материјално оштетиле приватни лица или организации. Пропустот на македонските закони за лустрација беше што го немаа следниот чекор, како оној ползуван во Источна Германија, каде или Јавното обвинителство или оштетените од дејствата на соработниците би можеле да покренуваат кривични пријави и тужби против кодошите кои директно им наштетиле во животот. На овие процеси обвинетите би имале прилика да ја докажуваат својата невиност.

image

Што се однесува до Милчиновото барање на главата на Аџиев на апладија, Комисијата за лустрација не е онаа која го носела законот и не учествувала во неговата подготовка. Затоа нејзините членови не можат да бидат виновни за закон кој во Собранието беше изгласан речиси едногласно, а кој, како што споменавме беше донесен со цел да се задоволат начелата изнесени во Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа.

1


Никој не го оспори законот за комисија (првиот закон за лустрација под авторство на Стојан Андов), па ниту Милчин и дружината која денеска бара парламентот да поништи пресуди на Управен суд и да бидат парично обештетени! Милчин вели:

Управниот кој ги потврдуваше одлуките на Аџиев и компанијатабез да им даде право на одбрана на лустрираните?

Да цитирам кои се надлежностите на Управниот суд:

Управниот суд, заради обезбедување судска заштита на правата и правните интереси на физичките и правните лица и заради обезбедување на законитоста, во управни спорови одлучува за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога решаваат за правата и обврските во поединечни управни работи, како и за актите донесени во прекршочна постапка. Конкретно, Управниот суд е надлежен да решава:
 
– за законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции, ако тоа е определено со закон, како и за актите за именување, назначување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон,
– за законитоста на актите на органите на државната управа, Владата и носителите на јавни овластувања, донесени во форма на пропис, ако тие ги уредуваат поединечните односи,
– за спор што ќе произлезе од спроведувањето и извршувањето на одредбите на концесиските договори, договорите за јавни набавки кои се од јавен интерес и за секој договор во кој една од страните е државен орган, организација со јавни овластувања, јавно претпријатие, општините и градот Скопје, склучен од јавен интерес или заради вршење јавна служба (управен договор),
– против поединечни акти на органите на државната управа, Владата, други државни органи, општините и градот Скопје, организации утврдени со закон и на правни и други лица во вршење на јавни овластувања (носители на јавни овластувања), кога за решавање во втор степен против таквиот акт, не е обезбедена друга правна заштита и
-одлучува за судир на надлежности меѓу органите на Републиката, меѓу општините и градот Скопје, меѓу општините на градот Скопје и по споровите настанати за судир на надлежности меѓу општините и градот Скопје и носителите на јавни овластувања, ако тоа е предвидено со закон, доколку со Уставот или законите не е предвидена поинаква судска заштита.

Значи Управнот суд само утврдувал дали комисијата се придржувала до законските решенија, односно дали направила прекршувања на законот. Затоа, за одбрана на лустрираните Милчин требал да размислува кога е носен Законот. И во својство на директор на највлијателната невладина организација во Макеонија, а и како човек кој од „роѓења“  е за влез на Македонија во Јевропа, тој морал да инсистира лустрцијата да се спроведува според Резолуцијата 1096 на Советот на Европа!

Но, како да верувам во невиноста на Милчин кога тој во иницијативата за поништување на лустрацијата не навел дека лустрацијата како што ја предложи Андов, а ја усвои Параламентот со гласовите на СДСМ и ДПМНЕ, не е во ред затоа што предлагачот на законот не предвидел на обвинетите да им даде право на одбрана. А и сега не бара можност својата невиност да ја докажува на суд, туку бара целосно поништување на законот за лустрација и сите последици кои произлегоа од него, и одмазда за сите оние кои му згрешиле. Тој, да повторам, вели:

– Ова за мене е цинизам и нема врска со правда. Овде одговорност нема, туку има обид за замолчување на жртвите на лустрацијата. Со ваков закон повторно нема влакно од глава да им фали ниту на Груевски како нарачател на лустрацијата, ни на Силвана Бонева како предлагач, ниту пак, на Комисијата за лустрација предводена од Аџиев. Како ќе се укинат последиците кои јас ги трпев пет години: малтретирањето, навредите, понижувањето, оневозможувањето да работам, избегнувањето. Со пари? Тоа е страшно. Ова не е мерка со која се исправа неправдата и кршењето на човековите права.

 

Кога се носеа законите за лустрација, Милчин и дружината велеа дека сите кои биле прогонувани можат да тужат лица во СДБ за злоупотреба на службена должност во редовна судска постапка. Ова го изјавуваа, иако им беше јасно како ден дека таквите тужби во старт се невзможни, од причина што судовите ги отфрлаат заради застареност. Невозможни се од причина што судот застарувањето почнува да го смета од последната службена белешка од досието на тужителот. Но и поради она најбитното: што судиите, за да ги спасат обвинетите (кои се нивни колеги) од судски процес, манипулираат со висината на казната, која, пак, ја одредува застареноста. Па така, во двата случаи во кои се поднесени тужби за неуставниот прогон истите се отфрлени поради застареност. 
Можноста да се користи застареноста како сигурно средство за да нема судски процеси, поточно кривична одговорност и затворски казни за нарачателите, извршителите и за соработниците е причината зошто ниту ДПМНЕ, ниту СДСМ ниту ДУИ, ниту останатите партии кои беа во парламентот не инстистираа лустрацијата да се спроведе според Резолуцијата 1096 на Советот на Европа, бидејки во Резолуцијата 1096 во членот 7 беше сугерирано на кој начин може по легален пад да се отстрани застареноста на делата. 

Милчин вели дека тристотините кои беа лустрирани биле „жртви“ на „чистка“. Меѓу три стотините „неправедно лустрирани“ се налогодавачите и извршителите на неуставниот прогон и за тоа постојат неоспорливи докази. Докази кои Милчин не сакаше и не сака да ги види иако се достапни за секого. Па го прашувам, тогаш што се оние десетици илјади неуставно прогонувани, прислушкувани, следени, репресирани и шиканирани, само во периодот по 1991 година? Зарем Милчин и сите оние кои беа против лустрација бидејќи според нивните сваќања, органите на државната безбедност, работејќи „согласно со прописите“ на Републиката придонеле до нејзиниот „развој со јасни белези и атрибути на држава“, не ги замолчаа жртвите на неуставниот прогон со нивните напори да нема лустрација како што предвидуваше Советот на Европа!? Зарем прогонуваните од УДБа (вклучитлно и оние по 1991 година) не биле малтретирани со годни, зарем тие не биле навредувани, понижувани, оневозможувани да направат кариери, сопствени бизниси? Зарем тие не биле избегнувани не само од средината каде што живееле туку и од фамилијата, бидејќи службата барала од семејството да се откаже од нив или да ги кодоши!? Сето ова не траело 5 години, туку траело од почетокот на прогонот па до смрта на прогонетиот.

За да Македонија конечно го смени системот, таа ќе мора да се ослободи од учество во власта на чуварите на комунистичкиот систем. Тоа ќе може да се стори само ако им се суди на луѓето како Милчин, Андов, Груевски, Најчевска, Пировска, Калајџиев и останатите кои ја попречија лустрацијата според Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа.  
Ако сите ние сме биле виновни зошто нема ниту еден судски процес протв ниту еден од нас а да повторам не има на десетици илјади.