Welcome visitor you can log in or create an account

ЗОШТО НИКОЛОВСКИ И ЈАНУШEВ, ОДНОСНО ДПМНЕ СЕ ПЛАШАТ ОД ЛУСТРАЦИЈА ПОСЛЕ 1991 ГОДИНА

Јордан Петровски 27.12.2019

image


Мој коментар на изјавата на Заев кој не е сеуште отстранет!

 
1
 



На оваа изјава на Заев уследи реакција од ДПМНЕ:

Потпретседателот на партијата Александар Николовски:





Секретарот на партијата Игор Јанушев:

image

 


Ако некој не сака да го користи најсилното оружје против својот политички противник веднаш се ствара сомнеж зошто го прави тоа, и најнормално е да се бара причината за некористењето од страна на политичкиот противник на оружјето кое СДСМ ке го прикаже пред меѓународната јавност како тоаталитарна и недемокртаска партија -- и истовремено ке добие легитимна можност да ја забрани партијата! Според одлуката на судот за Човекови права од Стразбур (Латвија против Жданонка) постои можност за ЗАБРАНА за политичко делување на партијата СДСМ а за луѓето кои учествувале во прогоните, затворски казни! Значи ДПМНЕ има пред себе орудија со кои СДСМ може го прикаже во своето вистинското светло како чувар на комунизмот, кој да потсетам е изденачен според злосторите со фашизмот, и Комунистичката партија на Југославија-Македонија конечно да ја стави на буништето на истотијата!! Но, повторно, и новото раководство на ДПМНЕ како и старото со петни жили работи кон избегнување на ова решение. 

Да дадам малку пошироки објаснувања за да може да се разберат повеке работи, а меѓу другото и зошто ДПМНЕ ја предложи Гордана Силјановска Давкова за претседателски кандидат во 2019 г. и според шпекулациите објавени во весници за носител на листа за претстојните избори.

Да тргнам од случувањата со Венецијанска комисија во 2012 година!!
Претседателот на Уставниот суд на Македонија другарот Наумовски испраќа писмо до Венецијанската комисија во кое бара мислење за Законот за лустрација во Македонија. Венецијанската комисија дава мислење, кое Уставниот суд не го објавува и се остава да го толкува кој како сака. Еве како го толкува магистерот по човекови права Жарко Трајаноски:

„Венецијанска комисија вели дека нема смисла нашава лустрација по 1991 - од политички, идеолошки, и партиски причини - и дека е неприфатлива стигматизацијата и дискриминацијата на опонентите, како средство за политичка борба во држава во која владее правото“
„Нема легитимна цел лустрирање на поранешни носители на јавна функција.“ 

Бидејки ваквото толкување не соодветсвуваше на вистинската состојба ние од Комитетот за демократизација на Република Македонија стапивме во контакт со Секретарот на Комисијата, Томас Маркерт, со цел да добиеме појаснение на Мислењето. Господинот Маркерт ни објасни дека Мислењето пред сѐ се заснова на историски преседенти од други Источноевропски држави, како и на материјалите кои ѝ биле приложени на Комисијата од страна на Уставен суд на РМ!!


Од разговорот со господинот Маркерт ни стана јасно дека во материјалите кои биле приложени до Венецијанската комисија од страна на Уставниот суд на РМ не биле спомнати неколку битни работи.

1. Во писмото не е споменато дека после 1991 година и носењето на новиот устав е продолжено со прогон на политички и идеолошки несотомсленици и дека за тоа сведочат илјадниците досиеа.
2. Не е споменато дека СДБ/УБК работеле според закони на СФРЈ сѐ до 1995 година.
3. Не е споменато дека СДБ/УБК прислушкувале неуставно бидејки прислушкувале без судски налози!
4. Не е споменато дека законите, правилниците, уредбите за работа на СДБ/УБК се објавувани во Посебен службен весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен суд), но не и до јавноста.

Еве дел од разговорот од кој поседуваме аудио снимка:

КРДМ: „Значи при формирањето на оваа Мислење на Комисијата не ѝ било познато дека Службата за државна безбедност на Македонија обработувала лица при што се служела со Правилник за работа кој бил објавуван во Посебен службен весник на РМ достапен само до државните органи (меѓу кои и Уставен суд), но не и до јавноста? Притоа, при водењето на досијеата биле користени мерки како прискушкување на телекомуникациски направи и следење без обезбедување на судски налози. Дали на Комисијата ѝ е познато дека откатко беа отворени досијеата во 2000 год. Јавното обвинителство не превзеде никакви мерки во однос на кршењето на човековите и уставни права во однос на овие досијеа? Дали ви е познато дека кривичните дела кои биле сторени во водењето на досијеата биле застарени уште при самото отворање на досијеата, при што оштетените немале можност да бараат законски лек?“

Томас Маркерт: „Тука би морал да кажам дека доколку Комисијата била запознаена со овие детали тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна. Сепак, сакам да сме на јасно дека ние даваме општи мислења, и се обидуваме да не носиме пресуди.“

Во оваа лага која ја сервирал Уставниот суд, пресудна улога за успех на лагата имала Гордана Силјановска Давкова како членка на Венецијанската комисија!! Гордана Силјановска Давкова на сесијата на која се рагледувало барањето за мислење од Венецијанската комисија не споменала дека во Македонија и после 1991 година е вршен НЕУСТАВЕН прогон на политички и идеолошки неистомисленици! Неспоменала дека кога се донесе закон за увид во личните досиеа на виделина излегоа непобитни докази дека десетици илјади Македонци -- скоро сите членови или симпатизери на ВМРО ДПМНЕ -- биле неуставно прогонувани!
Откако е добиено мислењето од Венецијакската комисија и необјавено од Уставниот суд  а со тоа овозможено да се толкува од страна на засегнатите со лустрација како тие сакаат, Гордана Силјановска Давкова не реагираше и не го објави мислењето на Венецијанската комисија и не полемизираше со манипулациите кои ги искажаа да повтпрам оние кои беа на листата на можни луѓе за лустрација, со еден збор не го стори онаа што го стори професорката Тања Каракамишева околу законот за Албански јазик.
Вината на владата на Груевски и самиот Груески по оваа прашање е најголема бидејки после нашето откритие и објавата на случајот во неколку медиуми во Македонија нормално беше владата да поднесе барање до Венецијанската комисија за толкување на законот за лустрација и во барањето да достави документи кои погоре ги споменав. 
Се наметнува логично прашање зошто Груевски и врвот на партијата, Николовски, Јанушев, претседателот Мицкоски, тогаш и денеска кога прашањево добива на актуелност, поточно кога власта сака да ги рехабилитира злосторниците и згора да ги пригласи за жртви, не споменуваат за политичкиот прогон на свои челенови и сипатизери и не бараат конечно да се спроведе лустрација според Резолуциите 1096 и 1481 на Советот на Европа! За да се казнат луѓето кои го правеле тој злостор, односно прогонуваните да добијат шанса да докажат во судска постапка дека биле прогонувани не затоа што работеле за странски држави туку дека биле прогонувани затоа што се залагале за самостојна, демократска и суверена држава Македонија и да добијат и материјална сатисфакција, а починителите на злосторот, казни според законот.

Што е причината?!

Сегашниот врв на партијата ВМРО ДПМНЕ е составен од учесниците во средношколско-студенските протести кои своето имплементирање во паријата го започнаа уште во времето на Љупчо, ама кон врвот на партијата стасаа во времето на Груевски и таму се сѐ уште и денеска.

За средношколско-студенските протести е напишано дека, како и секој протест започнале спонтано, ама со тек не време ги превзела „УДБа“ линк до еден таков текст Добро искористена зимска ваканција за подготовка и план и постојано насочување на Протестите.
Оние кои се покажале „добри“ УДБа како и при студенските протести во 1968 година ги ангажирала за свои соработници и ги туркала нивните кариери исто како и кај шеесериосмашите!! Да потсетам кои биле шеесетосмаши: Милчин, Унковски, Чомовски, Руси, Љубиша Ристиќ, Бека Вучо (директорот на Фоднацијата Сорос за Балкан во Њујорк), Соња Лихт (директор на Сорос во Србија).


Значи стравот на дел од врвот на ДПМНЕ од лустрација за период после 1991 година е оправдан! Таа лустрација ке открие кој од луѓето во врвот на партијата се сорабтници на УДБа.

Мислењето на Венцијанска комисија од 2012 година МИСЛЕЊЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА