Welcome visitor you can log in or create an account

КОЈ НАВИСТИНА Е ВИНОВНИК ЗА СМЕНАТА НА ИМЕТО??

Ова е само дел од интервјуто на Тупурковски, а го издвоив затоа што премногу лаги се шират зошто е сменето името. 

09.04.2008 Јадранка Костова

'ЌЕ ПАДНЕВ ВО НЕСВЕСТ'

ФОКУС: Тоа ми беше и тезата. Но, да се вратиме на нашите маки. Според вас клучни стратешки грешки се направени меѓу 1992-до 1994 година. Зошто Македонија веднаш не аплицираше во ООН? Имаше ли Глигоров стратегија?

ТУПУРКОВСКИ: Со Глиговор разговаравме и градевме стратегија. Со кого тој понатаму ја пласираше како председател на РМ беше негов избор. Во таа стратегија ние прво во март 1992 г. издејствуваме писмо од председателот сениор Буш дека ќе ја признае РМ. Претходно, од 15-ти јануари, веќе го имавме позитивниот став на ЕУ преку Бандентеровата комисија која се однесуваше само на Словенија и на РМ. Значи тоа можевме да го ставиме во игра околу нашиот прием во ООН. Дури во јули 1992 г. на самиотот во Лисабон, ЕУ формулираше став како израз на единствена надворешна политика во полза на позициите на Грција.


ФОКУС: Зошто тој период, од јануари до јули 1992 г. не се искористи за нашиот прием во ОН?

ТУПУРКОВСКИ: Напротив, во мај 1992 г. обезбедивме работна средба со генералниот секретар на ООН. Таа беше така подготвувана што ќе го дадеше процедуралниот патоказ за влез на РМ под нејзинотот уставно име во ООН.


ФОКУС: Кој е одговорен за овој катастрофален кикс?

ТУПУРКОВСКИ: Никој друг освен Киро Глигоров кој не го покрена прашањето за нашиот прием во ООН на така организираниот состанок на 18-ти мај 1992 г. Никој друг! Јас бев на тој состанок, јас го организирав, а освен мене и Глигоров беше присутен и министерот Малевски и шефот на кабинетот на председателот Глигоров. Никој ништо не спомена бидејќи не можеме ние да зборуваме во присуство на шефот на државата. Според тоа, председателот Глигоров одбра да не го покрене прашањето. Јас можев само да паднам во несвест. Ќе беше апсурдно во негово присуство јас да покренам прашање што е сосема спротивно или поинакво од тоа што владата го третира во тој момент.


ФОКУС: Дали потоа го прашавте: зошто?

ТУПУРКОВСКИ: Не го прашав, туку поднесов оставка истиот ден, на 18-ти мај, на позицијата претставник на претседателот во САД. Мојот став беше јасен, беше политички, но никогаш не се дозволи да се расправа за тоа во Собранието или во РМ .


ФОКУС: Зошто тогаш не ги изнесовте овие детали во јавноста?

ТУПУРКОВСКИ: Не ги изнесов од две причини. На 19-ти бев на средби кај министрите: Мок од Австрија и Јасенски од Унгарија. Само на 20-ти мај бев во Скопје. Тогаш го запознав претседателот Глигоров со тоа што го добив од нив, но веќе како приватен граѓанин и нивен личен пријател. Затоа и ми беа изнесени предлозите на Грција, односно нивните гледања на конфликтот помеѓу РМ и Грција. Утредента се вратив во САД да си го соберам семејството. Истиот ден ме нападнаа за предавство.


ФОКУС: Тогаш се шпекулираше и за вашите разидувања со нашата амбасадорка во Вашинготн, Љубица Ачовска, но и со Џон Битов?

ТУПУРКОВСКИ: Јас во Америка имав проблем со лобито околу Џон Битов. Уште од нашите први контакти во јануари 1992 година кога отидов во САД, лобито беше определено не за признавање на Македонија, туку за економска подршка на РМ. Ние се разидовме, но разликите дојдоа до израз особено на 15, 16 и 17-ти мај во Вашингтон кога лобито предложи да се направи една прес турнеја на председателот Глигоров, а јас имав обезбедено прва средба со шефот на Стејт Депарментот, Џејмс Бејкер. За прв пат требаше да се сретне нашиот председател со него. Ја имавме обезбедено политичката елита на САД во Сенатот и во Конгресот и до тие средби и конечно дојде. Но, тоа беше еден огромен судир на трошење на енергија во кое што председателот Глигоров не интервенираше во полза на РМ, туку ги заштити интересите на лобито. Тогаш лобито направи напори да го оневозможи состанокот со Бутрос Гали во Њујорк, бидејќи јас го организирав, мои беа контактите и врските. Сето тоа ми беше соопштено од канцеларијата на генералниот секретар, но јас тоа го оневозможив и средбата се случи.

КРУПНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА НА ГЛИГОРОВ

ФОКУС: Во секој случај, не се валоризираше подршката од Буш сениор во таа 1992 година? Верувам дека на Вашингтон му било јансо на каде дува ветерот од Скопје.

ТУПУРКОВСКИ: Јавноста во Македонија никогаш не дозна дека писмото од Буш го излобирав јас со тогашниот заменик на подсекретарот на САД за Балканот, Ралф Џонсон. Тоа писмо мене ми беше пратено 24 часа пред да биде упатено на Глигоров. Јас му го упатив на председателот. Глигоров, а тој писмото го препрати на лобито. И лобито за да направи конфузија и да стекне некаква заслуга за тоа, писмото ми го испрати мене со покриен број на факс, затоа што оригинално произлезе од кај мене во Вашингтон. Такви детски и инфатилни игри во едни историски мигови, мене не ме импресионираа. Писмото стигна во Македонија и незнам колку тука беше афирмирано, но првичниот сигнал од официјален Вашингтон е дека Македонија има преспектива и дека можеме да вршиме притисок за прием во ООН. На таа основа делував и сигурен сум дека ако беше послушано, во отсуство на единствена надворешна политика на Европа, кога Франција и Велика Британија како постојани членки на Советот за безбедност беа без обврска да ја подржат Грција, а да ја респектираат повелбата на ООН, Македонија ќе беше членка под уставното име. Се уште во Грција немаше идеја на кој начин ќе може да се злоупотреби сувереното право на еден народ и на една земја да ги определи своите државни атрибути. Се уште немаше јасна политичка линија, ниту пак подршка за нејзината нејаснотија.


ФОКУС: Последиците од овие грешки ги чувствуваме и сега?

ТУПУРКОВСКИ: Секако дека историјата тоа ќе го оцени како крупна историска грешка и лично ќе му ја препише на председателот Глигоров. Јас сум сигурен дека на тоа подоцна кумуваше и подршката на Владата, на политичката гарнитура на Бранко Црвенковски.


ФОКУС: Таа структура на СДСМ е мајстор за манипупалција со јавното мислење. Иако постојано се повторуваше дека Македонија нема да го промени своето име, дека 100-на држави не признале веќе под уставното име ... И сега наеднаш истите политичари, исти експерти, исти новинари наеднаш свртеа од 5-та брзина во рикверц. И народот сега треба да го свари тоа без потрес?! Кога разговарав со вас пред три години на оваа тема, кога тие патриотски се удираа во гради како ќе се сочуваат името, вие рековте дека 'власта само не подготвува за промена на името кое порано или подоцна ќе се одигра, затоа што тие свесно или несвесно веќе го прифатила тоа'. А во претходниот период вие бевте наречен велепредавник, затоа што сте сослушале некаква таква понуда од европски фактори?

ТУПУРКОВСКИ: Прво јас никогаш не сум преговарал за името и никогаш не би си го дозволил тоа. Значи други прифаќајќи ја конкретната содржина на привремената спогодба прифатија дека под покровителство на ОН ќе преговараат на компромисот. Штом се бара некое компромисно решение, јасно било уште тогаш дека еден ден ќе стигне понуда со која што можеби и ние нема да биде среќни. Исто така бидејќи е компромис во прашање и Грција нема да биде среќна, но Грција дипломатски постапи многу помудро и не' надитри. Грција на почетокот екстремно стоеше на позицијата дека не смее да има ништо од зборот Македонија во името на северниот сосед, а ние појдовме од позиција на уставносто име. Движејќи се кон компромис, Грција денеска прифаќа дека ние сме Македонија, но бара некоја географска одредница, а ние стоиме и понатака на позицијата на уставното име. Кога сте прифатиле на тој начин да разговарате со таков мандат, сосема е сигурно дека меѓународната заедница на крајот ќе ве натера да го платиоте цехот на вашите сопствени одлуки.