Welcome visitor you can log in or create an account

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ МОРА ДА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА !!

Јордан Петровски 20.10.2019

Лидерска средба: Скопје нема да прифаќа интеграции од „Б“ категорија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ја организира првата лидерска средба по црвеното светло од Брисел за европските интеграции. Во фокусот ќе бидат реафирмацијата на европскиот пат и предвремените избори.
   


Првата лидерска средба кај шефот на државата треба да даде одговори на клучните предизвици пред кои е исправена земјата по тешкиот удар од самитот на ЕУ во Брисел. Од кабинетот на Пендаровски велат дека за претседателот е од клучно значење да се реафирмира евро-атлантската интеграција на Северна Македонија како прв и најважен приоритет. Притоа, дополнуваат, не смее да се остави простор за било какви алтернативни проекти.
Во обраќањето до нацијата во петокот, Пендаровски начна дел од дилемите кои се вртат низ европските кулоари, споменувајќи ги „концепциските разлики меѓу носечките држави членки на ЕУ во однос на проширувањето“.
„Во позадината на сите преговори можеа да се слушнат и размислувања за градење на некаков посебен однос на Европската унија со државите од нашиот регион, различен од патот низ кој што поминаа сите некогашни кандидати за членство. Почитувани, тие дилеми допираат до самата суштина на европската идеја, а, таа е дека сите држави на континентот, со исполнување на критериумите имаат право на полноправно членство во унијата“, оцени во петокот Пендаровски.
Во неговиот кабинет не сакаат да навлегуваат во детали за дилемите кои ги споменува шефот на државата, но објаснуваат дека е добро истите навремено да се отфрлат.
„До нас доаѓаа информации и пред и за време на самитот на ЕУ за одредени идеи и неофицијални предлози за некакви алтернативни форми на поврзување меѓу постоечките членки на ЕУ и шесте земји на Западен Балкан“, вели извор во Кабинетот на Пендаровски.
Шефот на државата и во својот говор нагласи дека прифаќа и поздравува дополнување и надградување на преговарачката методологија, како што бара Франција, и смета дека истата би била во насока на давање нов квалитет во преговорите, која во крајна линија е добра и за Скопје.
Но не прифаќа алтернатива на полноправното членство“, велат во неговиот Кабинет.

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ
 
 
После вакава изјава во која излегува дека Стево Пендаровски прв пат слуша за Унија на Западен Балкан, Стево Пендровски треба да поднесе оставка!!
Причина за поднесување на оставката е :
 
„Газдата“ на Стево Пендаровски, Заев преговара веке целиот негов премиерски мандат за Унија на Западен Блакан а Стево Пендровски незнае за тоа!!
Пред само неколку недели поточно на 10.10.2019 година, Вучиќ, Рама и Заев во Нови Сад договорија први чекори кон приближување на земјите и формирање на заеднички пазар. Поканети се и останатите држави од Западниот Балкан, ги удрија темелите на Унија на Западен Балкан, чиј промотор беше канцеларката Мерлел со инцијативата „БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС“
Еве  тука ОД ВАРДАР ПА ДО ....... НОВА ИДЕА ЗА БАЛКАНСКО ПОВРЗУВАЊЕ Стево Пендаровски може да прочита текстови од разни извори кои се излезени во последните две и кусур години на темата Унија на Западен Балкан или ставарање на Нова Југославија!!
Затоа неговата оставка е единствен излез од кризата во која се наоѓа Македонија со изборот на Заев а бидејки Стево Пендаровски е избор на власта на Заев нормално дека и тој ке треба да понесе оставка па заедно со  вонредните парламентарни избори да се одржат и председателски на кои СДССМ или Стево ако собере сам 10 илјади потписи може да се кандидира. акопобедат Заев и Стево тогаш имаат одвразни раце да ја гераат нивната Северномакедонска политика!!