Welcome visitor you can log in or create an account

ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО ЗОШТО ЗАЕВ СКОРО САМ ПОНУДИ ПРЖИНСКА ВЛАДА


Јордан Петровски 19.10.2019

ПРЖИНСКА влада по промените во безбедносните служби е само шарена лага за граѓаните, дали е тоа и за опозицијата незнам, но набргу ке дознаме сите.
За што се работи?
Со новите закони за „Петата Управа“, сега ОТА, и за УБК, сега Агенцијата за национална безбедност, тие веке не се во надлежност на МВР!

Директор на ОТА е: 

Зоран Ангеловски дипломирал на Факултетот за безбедност и самозаштита, до 1990 работел како телекомуникациски техничар во министерството за одбрана, а потоа до 1998 бил инспектор во УБК.

Значи новиот директор на ОТА Зоран Ангеловски бил во СДБ/УБК или да бидам 100% прецизен УДБа во период 1990 -1998 година, време кога според досиеата водени од тоа време е најжестокиот прогон на Македонци за да се попречи демократизирањето и вистинското осамостојување на Македонија!


Од УБК, Ангеловски заминал во Агенцијата за разузнавање каде бил инспектор во одделот за тероризам.

Ангеловски во период 1998-2005 година работи во А.Р. како инспектор по тероризам. Да потсетам во тој период се случија неколку терористички атаци во Македонија кои на крај резултираа со војанта 2001 година!!

Во 2005 година, Ангеловски го менува државниот со приватниот сектор. Тој бил вработен како директор на оддел во Телеком до 2008 година.

Во Телеком Зоран Ангеловски бил директор на секторот за корпоративна безбедност!

Од 2008 година, Зоран Англовски работи за повеќе домашни и странски компании како надворешен овластен lid auditor за спроведување ISSO стандарди во Македонија.

Директорот на ОТА го избира и разрешува Собранието на Република Македонија, со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.

Директор на Агенцијата за национална безбедност е:

Викотор Димовски, 1982, Дипломиран правник, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Факултет за безбедност! 2015, Доктор на политички науки, Институт за социолошки и политичко - правни истражувања, Универзитет Св. Кирил! 1982 – 1995 Министерство за внатрешни работи!! 1996 - 1998 Помошник министер – Сектор за Балкан!!! 1998 - 2001 Помошник министер – Сектор за Југоисточна Европа !!!! .............2003 - 2007 Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Сојузна Република Југославија !!!! 2007 - 2009 Директор на Агенцијата за разузнавање !!!!! 

Нема да коментирам многу за Димовски затоа што секој кој ке прочита дека Димовски во „УДБа“ е од 1982 година, и според времето поминато во „УДБа“ и функциите кои ги добивал во МВР и МНР, Димовски морал да помине низ „образовниот“ систем на „УДБа“!! „Образовен“ систем дека секој кој инаку мисли од комунистите е непријател на државата и мора да биде следен, прислушкуван ...... 
Директор на Агенцијата за национална безбедност го избира Владата, а тој пак ќе си предложи свој заменик директор.
Премиерот е на чело на Совет за координација на безбедносните служби! 
Советот ќе координира со разузнавачките заедници, односно со размената на информациите меѓу новоформираната Агенција за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и военото разузнавање.

Премиерот преку координацијата на националната разузнавачка заедница добива информации од сите разузнавачки агенции во државата!!!

Од сево ова што го напишав досега станува јасно дека Министерот на МВР кој ке го добие ВМРО ДПМНЕ според ПРЖИНСКИОТ договор ке нема никакво влијание на најбитните служби: Петата Управа и „УДБа“!!
Ако се сложи Мицкоски дваицата кадри на СДСМ да останат на функциите во ОТА и во Агенцијата за национална безбедност, нема зошто да оди на избори освен ако не е подготвен да му ја аминува победата на Заев, оносно да го повтори театарот со изборот на Пендаровски!!