Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ НЕКОЈ ВЕРУВА ДЕКА ПРЕРОДБАТА НА МИЦКОСКИ КЕ ГО ПОБЕДИ ДРИМ ТИМОТ НА СДССМ

Јордан Петровски 06.10.2019

 

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во вестите на Алфа ТВ тврди дека новите десничарски партии кои би се формирале а во нив би фигурирале личности како Митко Јанчев, Никола Тодоров и Петар Богојески се по нарачка на СДСМ и премиерот Зоран Заев.
Формирањето на нови партии од „членови“ на водството на партијата ВМРО ДПМНЕ не се случува за прв пат, па да е изум или нарачка на Заев. Досега од основањето на партијата па до денска се формирале десетици такви партии. Не верувам дека не знаете, но еве ке напишам дека треба да знаете дека во ВМРО ДПМНЕ таквите луѓе влегле не заради идеологијата туку со задача, кога ке треба, да одиграат нарачан потег.

Затоа господине Мицкоски не ја повторувајте грешката на вашите предходници!! Заштита на членството и партијата од УДБа треба да ви биде на прво место а кога ке го заштитите членството и партијата ке ја заштитите и спасите Македонија. 



image

Господине Китановски, ваквото ваше мислење е давање на гајрет на губитникот!! Ако сакавте господине Китановски да направите вистинска споредба, споредба која можеби ке разбуди некого од врвот на партијата и од која ке се извлече заклучок која екипа е посилна и која ке победи, ке требаше да ги споменте првотимците на СДССМ а не оние кои не се ни на резерна клупа! Во првиот тим на СДССМ се: Силјан Аврамовски, Зоран Верушевски, Миле Зечевиќ, Виктор Димовски, Слободан Богоевски, Јовче Ременски, „професионалците“ во ОТА според критериумот на свиркачот Лазаревски....  

пс. за да не ги исплашам многу Мицкоски и неговите избраници не ги споменувам судиите кои ке го судат натпреварот , односно Општестевно Политичките Работници во медиумите, во НВОата, Проверката на Факти ....