Welcome visitor you can log in or create an account

ДОБИВАЊЕ НА ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ САМО ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ БЕЗАКОНИЕТО, КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА


Јордан Петровски 02.10.2019
Ја прочитав колумната, или поточно, пропагандниот памфлет на Героски Македонија мора да се „приведе“ во ЕУ!, колумна која има за цел да не убеди дека само со давањето датум за почеток на преговори со ЕУ е можно Македонија да стане демократска и правна држава која ке ги гони криминалот и корупцијата. Героски заборава дека ЕУ минатата година, кога нели Заев се пофали дека добил датум за почеток на преговори, на Заев му ги постави следниве услови:
 
-реформи во судството, истраги, обвиненија и правосилни пресуди за корупција и организиран криминал, вклучително и оние на високо ниво;
-реформи на разузнавачките и безбедносните служби;
-реформа на јавната администрација.
 
Од тие услови Заев не исполни НИТУ еден!
 
Героски се обидува да ни продаде дека многумина од нас „нису из ту“, па не знаат дека Героски четириесетина години е на браникот на комунистичкиот тоталитарен систем!! Да ни продаде  дека за Дип Стејтот кој ја владее Македонија датумот за почеток на преговори не ке е само плус на нивното конто за да не променат ништо и да продолжат да владеат.
Да не заборавиме, преговорите  за влез во ЕУ не се временски ограничени а тоа е рај за Дип Стејтот и нивниот до перфекција разработен систем Курто - Мурто и формирање едно чудо нови партии пред избори!
Геровци, Борјановци, Дерали, Кабрановци и армијата на млади „новинари“, која ја испили кој друг ако не демократите над сите демократи, Милчин и Героски ке бидат вклучени на најсилно да не убедуваат дека преговорите течат и дека приемот во ЕУ само што не се случил, дека власта блеска и дека е ПРВА во Светот а ние ке гледаме дека ШЕСТА на Балканот по демократијата, борбата против криминалот, корупцијата, почитување на човекови права и слободи. Општествено политичките работници и нивниот подмладок ке ни обзнаат по некоја коруптивно-криминална афера која никогаш нема да биде докрај испроцесуирана како онаа на Бучковски, кој и покрај правосилна пресуда со години не оди на издржување на казната!! 

 
1
 
0


И сега во колумната Героски вели, не!!, за истрошени и искомпромитирани политичари, време било за некои нови дечки или како што вели Героски „нови, способни и посветени луѓе“!! Па зар Богоевски, Туфегџиќ, Манчевски, Ременски, Кирацовски, Јанева, Мира дизел, Јовевски,.... не беа нови, способни и неистрошени дечки и девојки?
Дали кога говори Героски за „нови, способни и посветени луѓе“ мисли на Милчин, Најчевска, Пировска, Калаџиев, Фрчкоски, ....... или пак ке понудат некои ананимуси кои се испилени во СОРОСОВИОТ либерален инкубатор воден од Милчин за да тие „млади и неистрошени“  бидат фигури за пред јавноста а вистинските креатори на политиката, ке бидат луѓето кои овие 30 години успешно го зачуваа тоталатираниот едноумен комунистички систем, односно го реинсталираа Дип Стејтот! 

Затоа време е да му се каже на Героски дека неговите лаги и манипулации не поминуват веке!! 
Героски во колумната смета дека сите се со кратко паметење па лесно ке ја проголтат оваа лага:

Може ли да се зборува за реформи во земја во која водечки политичари, интелектуалци, па дури и професори, го занемаруваат значењето на правилата на игра, на пропишаните постапки и процедури, изразувајќи јавно дури и оправдување за политичкиот волунтаризам, како алатка на „револуционерната правда“, заради реализација на некаква „кауза“?
Не, драги мои, без жесток притисок од ЕУ, суштински реформи во оваа, но и во многу други области, едноставно, не се можни!
 
За да го дематира Героски моето тврдење дека цитираното е лага се надевам дека Героски ке одговори кој ги аминуваше овие кршења на Устав, закон, деловник:

-Нелегитимниот избор на Таљат?
-Неуспешниот референдум да биде прогласен за успешен?
-Купувањето на пратеници за да се изгласа смена на уставот?
-Амнестирањето на „терористи од 27.04“ за да се изгласа смена на уставот?

Ако заборавил Героски да го потсетам тоа го стори ЕУ заедно со Бејли, потмомогната од Општествено Политичките Работници во медиумите, селектирани и обучувани во времето на едноумието!! Медиумски работници кои не убедуваа и убедуват и нас и ЕУ дека НЕУСТАВНО прислушкување имало само во време кога ВМРО ДПМНЕ е на власт.

Додека Милчин стана најжесток бранител на името па дури најавуваше и заминување во шума со пушка да го брани името, Героски ја доби улогата носител на објавување на најголемиот коруптивен скандал, РЕКЕТ ! Од кои причини го сториа тоа Милчин и Героски? Јас сум убеден дека причините лежат во градење на имиџ дека Милчин е борец националист а Героски е борец против криминалот, корупцијата и нормално е емисарите од ЕУ да ги контактираат Милчин, кој нели згора на се бил и прогонуван како ШЕЕСЕТ И ОСМАШ во времето на Тито а по тито како „граѓанска десница“ и Героски од чие перо треперат криминалците и рекетарите во Северна ......
Да потсетам се е тоа веке видено!! 
 
Затоа ке цитирам дел од два мои текста!!
-БРИСЕЛСКИТЕ СЛУЧУВАЊА
 
Случувањата од минатата недела на панел дискусијата „Silencing the Press“ се последица на погрешната политика на ЕУ кон Македонија. Имено, за изминативе дваесет години, Еворпската Заедница не изврши притисок врз ниедна власт во Македонија да раскине со комунизмот. Истата грешка ја повторивте и вие сега Господин Фуле со вашите изјави за осуда на едната страна во „спорот“ во споменатиот циркуски скандал.

На мое големо разочарување, Вие застанавте во одбрана на луѓе кои заедно со нивните ментори се главните виновници поради кои во Македонија нема демократија и нема демократски медиуми. Нивниот однос кон демократијата резултираше со премиер и власт олицетворена во Никола Груевски. Борбата на формално две спротивставени страни е всашност внатрешен судир помеѓу идеолошки исти луѓе. Вие, со Вашето вмешување во спорот суштински браните недемократи од недемократи, комунисти од комунисти. Ако навистина сакате да ѝ помогнете на Република Македонија да тргне по патот на демократијата и владеењето на законот тогаш обидете се да проникнете во суштината на проблемот. Обидете се да разберете дека „демократите“ кои ги штитите се истите лажни дисиденти кои протестираа против Тито и таканаречените цревени буржуи. Тогаш менторите на денешниве квази-новинари не бараа демократија и човекови слободи, туку беа лути на Титовото скршнување од комунистичкиот пат. Значи, тие беа комунистички радикали. Превејаниот манипулант Тито им даде звучно име, нарекувајќи ги „анархо либерали“, а со името им додели и возвишени титули на професори, режисери, писатели, глумци итн. Тие и нивните деца денеска се чувари на комунистичкиот Свет Грал. Така во 1990. год. на Македонија ѝ се случи предвесници на демократијата, и наводни борци против комунизмот да бидат професори по марксизам и „анархо либералите“ на кои Тито им го остави аманетот да го сочуваат комунизмот .

Господине Фуле комунизмот кон своите вистински противници секогаш бил немилосрден казнувајќи ги со ликвидации, прогон, затвори, атентати на кариери, економско уништување и бришење на секаква трага за постоење на такви луѓе. Дали такви луѓе гледате во едната или во другата група? Нема Господине Фуле. Вистинските поборници на демократијата и борци за раскин со идеолошкото едноумие Вие и Евроамбасадорите не можете да ги сретнете во Република Македонија. Тие луѓе денеска се или душевно или буквално умртвени. За нив квази-новинарите кои ги земате за ваши штитеници никогаш не напишале збор. Треба да се запрашате зошто овие „демократи“ кои наводно сега се обесправени не проговорија јавно до ден денеска за прогонот на ИДЕОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ НА РЕЖИМОТ што продолжи со несмалена жештина и по воведувањето на повеќепартизмот во Македонија. Доказ за оваа мое тврдење се преку 4.000-те досијеа кои Тајната полиција ги отворила на ИДЕОЛОШКИТЕ И ПОЛИТЧКИТЕ неистомисленици (на Режимот), единствените вистински поборници за демократија и почитување на човековите права на единката. Тоа за преоблечените комунисти е смртен грев. Кога ќе споредите досие отворено во времето на едноумието со досие отворено во времето на безумието, после 1991. год.—време на лажниот повеќепартизам, ќе видите ист вокабулар и исти причини за прогон. Во тие досијеа и случувањата околу нив е доказот дека ова што го доживуваме денес е ништо друго освен внатревежимска пресметка; односно практично олицетворение на желбата на Груевски да воспостави контрола врз целото комунистчко семејство и да стане нов Тито.

Зошто го велам ова? – Лустрацијата која ја спроведува Груевски е строго контролирана. Овој процес се става исклучиво во функција да послужи како задскривање на вистинското решавање на проблемот со употребата на Тајната полиција во партиски и идеолошки цели. Меѓутоа, внимавајте од ова погоре да да не стекнете погрешен впечаток дека досега лустрираните не биле соработници или пак дека се општо невини.
 
 
Секогаш пред човек да направи вистинско дело од лукавиот добива понуда да го избере патот по кој ке тргне и се разбира до која цел ке стаса, дали ке стаса до целта да остане запишан во историјата како човек кој направил големо дело или ке го избере патот кој води до целта да остане запишан во историјата како човек кој заради некои ситни погодности го изневерил сопствениот збор, сопствена појдовна идеа, а таа беше СМЕНА НА СИСТЕМОТ. Господинот Вaнхојте лукавиот го стави на искушение нудејки му дружба со Фондацијата Отворено Опшетство Македонија. Превејаните комунистички манипулатори од ФООМ му понудија на господинот Ванхауте слава, почнаа да го канат на трибини кадe му даваа простор да говори, медиумите платени од ФООМ секој ден пишуваа за тоа што рекол Ванхауте. Дали само настапите на трибините, написите во весниците беа причина господинот Ванхауте да заборави на зборот кој го дал, СМЕНА НА СИСТЕМОТ и да стане ДРУГАРОТ Перо во комуњарската братија на ФООМ не би сакaл да шпекулирам.
 
Ако ЕУ  постапи како што бара Героски, да даде датум за почеток на преговорите без разрешница за истрагите за РЕКЕТ, за Рашковски, за Рекет 2, ..... тогаш ке е јасно дека ЕУ штити криминал, корупција , недемократија!! И таква ЕУ, заедно со власт и опозиција во Македонија кои 30 години не се справија со комунизмот, кој е главен промотор на недемократијата, криминалот, корупција во Македонија не и се потребни на Македонија!
Затоа сите оние кои и мислат навистина добро на Македонија ке се против добивање на датум за почеток на преговорите!! 
Државите кои направија вистинска разделба со комунизмотичкиот ситем каде што Дип Стејтот -полициско политичкото подземје е и судија и обвинител и бранител, спроведоа лустрација!! Ги отстранија од политичкиот живот, од медиумите, од образованието оние кои на тие места дошле поради својата морално политичка подобност кон едноумниот комунистички систем и кои се докажале во овие 30 години како верни чувари на тој систем. 
Се додека Македонија не спроведе лустрација според Резолуцијата 1096 НЕСМЕЕ ДА ДОБИЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ! А лустрација не можат да спроведат оние кои би ги опфатила лустрацијата.
Убеден сум дека Героски и неговите соборци побргу би испиле цијанид одошто да се заложат во Македонија да се спроведе лустрација, барем за периодот после 1991 година.

Еве една потврда за демократскиот капацитет на Героски!!

Geroski-2012


За да се избориме за власт која ке спроведе лустрација мора да ја натераме постоечката или следната власт да донесат:

- Враќање на мнозинскиот изборен модел;
- Нов закон за влада, закон кој ке овозможува малцинска влада, а тоа значи победникот на изборите да формира САМОСТОЈНО влада;
- Закон кој ке забрани постизборно коалицирање. 
Единствено оружје со кое можеме да се избориме постоечките политички партии да донесат вакви измени е БОЈКОТ на парламентарните и на локалните избори!!