Welcome visitor you can log in or create an account

ДИП СТЕЈТОТ ПАК НИ ГИ НУДИ ЗА ВОДАЧИ СВОИТЕ НАЈВЕРНИ ЛУЃЕ

Јордан Петровски 28.09.2019

 

Професорот и поранешен директор на Фондацијата Отворено општество, Владимир Милчин на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека правдата изгледа не живее во Македонија и тој не верува дека може да се направи толкава операција, а да не е замешана политиката

Се слагам со Другарот Милчин во се од негоата изјава, „дека правдата изгледа не живее во Македонија и тој не верува дека може да се направи толкава операција, а да не е замешана политиката“. Се слагам затоа што само човек што учествувал во операција на Дип Стејтот да се убие во самиот зародиш правдата и демократијата во Македонија може точно да препознае кој е замешан во операцијата „РЕКЕТ“!

За да оваа што го пишувам не биде сватено само како нешто што е моја фикција ке цитирам дел од едно злодело на Другарот Милчин:

"Создавањето на Република Македонија како држава во состав на федерална држава Југославија во 1944 година, нејзиниот полувековен развој со јасни белези и атрибути на ДРЖАВА, несомнено е најзначајната алка во историскиот развој на борбата за македонска современа државност.
Според тоа, органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ(м.з). Што е, впрочем, иста ситуација и сега.!"

Ова злодело беше поткрепено со заглушувачка медиумска хајка од медиумите кои беа финансирани со парите од Сорос!! Со пари кои за Македонски услови беа големи, преку 100 милиони долари се слеале во фондацијата од нејзиното основање!! Сето ова што го превзеде Милчин го попречи казнувањето на СДБ/УБК и Петата управа, главното оружје на Дип Стејтот во попречувањето на правдата, демократијата, еднаквоста пред законот, криминалот како извор на финсиите на Дип Стејтот !!
Небулозата искажана од Милчин дека, „органите на државна безбедност и нивните соработници, информатори работеле во согласност наведените прописи како и налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ“ е поголем криминал од сите кражби во приватизацијата, сите рекети, сите наместени тендери од осамостојувањето до денеска, небулоза која за жал беше прифатена и од Уставниот суд а со цел да се оневозможи ЛУСТРАЦИЈА  преку судска постапка за период после 1991 година.

Кај нас има дистрибуција на одговорност кога моќните ќе бидат фатени во нешто незаконито, неморално и неодговорно, ......

Па зар има подобар пример за дистрибуција на одговорноста од иницијативата на Милчин за забрана за ЛУСТРАЦИЈАТА за период после 1991година!!! Да потсетам со законот за пристап до личните досиеа донесен 1999 година на виделина излезе дека СДБ/УБК продолжило да работи по законите на бившата СФРЈ се до 1995 додина, излезе на виделина дека НЕУСТАВНО се прислушкувани ДЕСЕТИЦИ илјади телефонски броеви што според начинот на пресметките кои ги правеше Заев а ги пласираше и Милчин се прислушкувани неколку стотици илјади граѓани!! Значи докази за одговорноста-политичкиот криминал на Глигоров, Црвенковски, Фрчкоски, Чокревски, Богоевски, Аврамовски, Верушевски, Пендаровски и други беше непобитна! 
Дека на Милчин основниот интерес бил да ги спаси од кривичен прогон луѓето на СДССМ говори фактот дека Милчин како доказ за нивната невиност го наведува следото:

налозите и ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ(м.з). Што е, впрочем, иста ситуација и сега.!"

Ако намерата на Милчин била непартиска , неидеолошка тогаш Милчин кога се откри аферата со неуставно прислушкување „правено“ од Груевски требаше да бара да нема прогон бидејки прислушкувањето е правено за ПОТРЕБИТЕ НА ВЛАДИТЕ !!!!! Но од Милчин не слушнавме такво нешто. 
За да нема нејаснотија со Уставот кој е донесен 1991 година, прислушкувањето е ЕДИНСТВЕНО ДОЗВОЛЕНО само со налог од Судија!! 

Член 17 од Уставот вели:

        Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

        Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката. 

Ако сакаме да го победиме Дип Стејтот, треба да ги бојкотираме медиумите кои свесно или ни ги нудат луѓето кои не доведоа до овдека да ни делат повторно ум за демократија, еднаквост пред закон,правна држава.

За крај едно прашање, дали слушнавте збор на осуда за обинителството и сидијата кои го водеа случајот 27.04 од Dругарот Милчин, после пресудите за неиспорачување на Груевски и Давидовски од судовите на Унгарија и Њведска а кои беа барани од Македоските власти за да им се суди за Терористичко здружување за 27.04.2017 година. 
Зошто другарот Милчин со неговте сеуште верни гласила не покрена кампања за преиспитување на обвиненијата за 27. 04  и за ослободување на осудените за 27.04 ?? 
Зар не е „чудно“ што големиот Европеец и Декомкрат не ги признава одлуките на два суда од демократски држави од ЕУ?? Но тоа не е прв пат,  тој истиот демократ со поднесување на иницијативата за поништување на лустрацијата после 1991 година не ја призна ни одлуката на Кандаскиот суд кој ми одобри политички азил врз база на моето политичко досие кое е отворено после 1991 година, односно по осамостојувањето на Македонија.