Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ ФЕТАИ ПОДГОТУВА ТЕРЕН ЗАЕВ ДА СЕ НАЈДЕ МЕЃУ ОБВИНЕТИТЕ ЗА МОНСТРУМ??

Јордан Петровски 26.08.2019

Фетаи ќе го викне Заев да сведочи за „Монструм“


Обвинителката Фатиме Фетаи денеска најави дека премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

Судијата Огнен Ставрев соопшти дека следното рочиште ќе продолжи на 5 септември со слушање на разговори доставени од СДСМ во СЈО кои се дел од „бомбите”.

Еден од родителите на убиените момчиња на денешното рочиште побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“, односно оние разговори кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство. Тој се повика и на ветувањето на премиерот Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви, јавува НОВА ТВ.

Дали од сведочењево на Заев е можното  да произлезе обвинение против Заев за сокривање на докази или пак за лажни искази дадени во бомбите ке е обид Заев да се апси и така да се тргне неговото влијание во расчистување на РЕКЕТ, бидејки по се Заев е главата на РЕКЕТ!!
Еве што изјавувал Заев 2015 година, кога ги објавуваше бомбите: 

Заев: Осудените во случајот „Монструм“ се невини
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Седуммината етнички Албанци осудени за случајот „Смилковско Езеро“ се неивини, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за германскиот весник „Цајт“

Според Заев, повикувајќи се на информациите кои опозицијата ги поседува, обвинетите во случајот „Монструм“ се невини, а целиот случај може да предизвика немири кај албанската заедница во Македонија.

„Ветив дека ќе ја споделиме целата вистина со нашите граѓани. Случајот е многу чувствителен. Може да има и жртви. Затоа во моментов водиме интензивни разговори со албанската заедница, за да најдеме начин да ја спречиме таквата реакција. Мораме да бидеме многу внимателни со вистината“, вели Заев.

Лидерот на СДСМ најави дека денеска ќе продолжи со објавување на „бомбите“. Една од нив се очекува да се однесува на случајот „Монструм“.

 

Еве што вели Заев 2018

 




Зар треба повеке докази дека Заев од сведочењето кај Фетаи треба да биде веднаш однесен во Шутка!!