Welcome visitor you can log in or create an account

Кога несмее по магарето-ИМПЕРИЈАТА и телалот Героски, СДССМ ке удира по самарот!

Јордан Петровски 23.08.2019

 

Најавува ли сопругот на Ременска и прв антитерорист апсења од понеделник


August 23, 2019

Серија таинствени пораки на Фејсбук го запалија алармот во јавноста дека од понеделник МВР и Владата планираат серија апсења.
Причина за загриженоста дека власта може да влезе во процес на приведувања за да ја дефокусира јавноста од аферите Рекет, Дудуш и Леонардо е шефот управата во МВР задолжена за борба со тероризам, Јовче Ременски.
Ременски кој е сопруг на потпретседателката на Собранието Фросина Ременска во моментов е началник на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија.
Началникот Ременски објавува пораки на Фејсбук кои асоцираат дека Владата најавува апсења од понеделник.
Во првата порака Ременски вели:

 
“Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, напиша началникот со потпис – Ременски.
Веднаш по првата порака тој дава дообјаснување:
“Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”.
Во коментар на една од пораките тој потврдува дека ќе има и “Џандар збира” што во полициски сленг најдиректно значи дека ќе има апсења.
 
 
Што значи најавата дека државата ќе употреби “жестина и без пренемагање”, шефот на македонскиот антитероризам допрва ќе треба да открие пред јавноста.
Сопругата на првиот македонски антитерорист која е петта по ранг македонски функционер вчера не беше повторно избрана за потпретседател на владеачката СДСМ.
Досега во демократската историја на европските полиции не се случило шеф на Антитероризам во некоја држава јавно да објавува пораки во кои асоцира на апсења.





Кога несмее по магарето- ИМПЕРИЈАТА и телалот Героски, СДССМ ке удира по самарот!

 
 



За оние што не се во тек:

 Случајот „Афис“ фати пајажина, и по четири години се уште е во предистражна постапка

15/06/2017

Дури четири години и два месеци кривичната пријава која до Обвинителството за организиран криминал ја поднесе пратеничката Фросина Ременски за аферата „Афис“ се чува во фиока. По изминатиот временски рок слободно може да се заклучи дека предметот се чува во фиока бидејќи на прашањето во која фаза е истрагата за овој случај, од обвинителството добивме одговор дека се уште е во предистражна постапка.
-Предметот за кој покажувате интерес познат во јавноста како „Афис“ е во предистражна постапка, се работи на прибирање и анализирање на писмената документација, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за која јавноста навремено ќе биде информирана, одговорија за „Фокус“ од Обвинителството.
Кривичната пријава Ременски ја поднесе на 4 април 2013 година, кога како продеканка на Факултетот за безбедност увидела дека исчезнале три врвни лаборатории за крим вештачења и пресретнување на елеконтронските комуникации. Тогаш таа обелодени дека опремата се набавила во рамки на големиот проект на владата за осовременување на Универзитетите, но овие лаборатории никогаш не стасале на Факултетот за безбедност.
Документацијата што Ременски ја приложила во обвинителството потврдува дека Министерството за образование и наука платило три уреди во вредност од 2,5 милиони евра, но само на еден му се знае трагата, тој што го поседува Министерството за внатрешни работи (МВР), иако претходно бил наменет за Факултетот за безбедност.
 
Ременски пред една година истакна дека по пријавата не се постапува бидејќи се врши притисок врз обвинителката. Според неа, и покрај црвстите докази кои го има доставено до обвинителството, случајот не се поместува од мртва точка. Таа обвинува дека се вршат опструкции поради фактот што цело време се менуваат истражителите од МВР кои го водат случајот, како и фактот што информациите кои ги даваат институциите се менуваат во текот на годините.
–Добив уверување дека сите активности кои се преземаат од страна на обвинителството и дополнетото доставување на информации од мене како пријавител тогаш во вршење на должност продекан и професор на факултетот за безбедност, ќе заврши со обвинение во кое што би имало најмалку 20 обвинтети лица, со што се вклучени и актуелни министри и актуелни вицепремиери во владата заради фактот што во минатото извршувале и други функции во владата, исткна пред една година Ременски.
Медиумите претходно објавуваа дека во овој случај се опфатени поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески.
Пешевски потпишал одлука на владата, преку која опремата се пренесува на Факултетот за безбденост на трајно користење без надомест, а во која се наложува МОН и деканот на факултетот за безбедност да склучат договор за правата и обврските околу поремата. Сепак, владата два месеца по одлуката носи нова одлука, овојпат потпишана од Ставрески, со која опремата која никогаш не стигнала до факултетот за безбедност се одзема и се дава на трајно користење на Министерството за внатрешни работи.
Но, наместо со обвинение очигледно е дека случајот фати пајажина. Затоа се обидовме да стапиме во контакт и со обвинителката која го „работи“ предметот, Гордана Смаќовска, но таа не одговори на нашиот телефонски повик и смс порака. Како што дознаваме Смаќовска од неодамна, заедно со уште тројца обвинители од Одделението за организиран криминал, е ангажирана и по предмети за случувањата на Крвавиот четврток во Собранието, на 27 април.
Додека пак овој случај се чува во фиока, Ременски и нејзиниот сопруг низ годините се соочија со голем број опструкции. Тие цели три години биле нелегално прислушувани, и тоа откако ја открила аферата, а потоа беше и разрешена од позицијата Продекан на за настава на Факултетот за безбедност. Нејзиниот сопруг, пак, со години беше деградиран во институцијата каде што работи, Министерството за внатрешни работи.
Валентина Вурмо


Според објавите на профилот на господинот Ременски би требело да се очекува апсење на Зоран Ставревски, Владимир Пешевски, Гордана Смаќовска??!!
Ваквиот потег е 1000% погрешен за да се добире датум за почеток на преговори во Октомври а потоа и за СДССМ. Наместо СДССМ да се фаќа за сламка барајки спас од сигурно давење, бидејки сламката неможе да биде доволана за спасување, тие се обидуваат со подгревање на веке скиселена чорба, апсење за дело за кое и тие не инсисиреле да се забрза судската постапка,  да ги нахранат нивните подржувачи!! Ептен подценувачки потег кон соственото членство!!
СДССМ ако сака да не се удави треба да ги откачи оловните тегови од нозете кои ги влечат вртоглаво кон дното и давењето - оловните тегови се заштитата на Заев, Кики, Фрики и другите !