Welcome visitor you can log in or create an account

СЕ ПОТВРДУВА ДЕКА 27.04.2017 БЕШЕ КЛАСИЧЕН ДРЖАВЕН УДАР СПРОВЕДЕН ОД ЗАЕВ И ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА!?

Јордан Петровски 13.08.2019

Одлуката на Шведскиот суд за неекстрадирање на Дејан Давидовски обвинет за настаните од 27.04.2017 година, а која е втора за тој настан - првата одлука за неекстрадирање беше онаа на унгарскиот суд во однос на Груевски - во Македонија требаше да предизвика аларм од највисок степен. Бидејки две ЕВРОПСКИ држави јасно укажаа дека се работи за монтиран судски процес. Додека пучистите кои со тој пуч дојдоа на власт можеа да ја спинуваат одлуката на судот во Унгарија со приказни дека Груевски и Орбан се пријатели па затоа судот донел одлука за неекстрадиција. Но одлуката на Шведскиот суд не можат со ништо да ја спинуваат!! 
Одлукиве на судовите од Унгарија и Шведска по автоматизам ке требаше да предизвикаат оставки на министерот за правда, притвор на обинителите и судиите кои го водеа процесот за 27.04.2017 година. Притвор на Заев, Џафери, врвот на МВР и УБК заради организирање на Државниот удар!!
Вториот дел од овој мој текст ке го посветам на бегалецот Дејан Давидовски со цел да им укажам на оние кои глумат борци за демократија во Македонија а се со комуњарски менталитет, дека едно од најјаките орудија за борба против тоталитарните системи или тоталитарните власти е изнесување на таа вистина надвор од границите на Македонија! 

„Пожарот (диктатурата) избива од внатре на куќата (државата) ама секогаш се гасне однадвор“!! Ако „пожарникарите“ не слушнат дека има пожар нема да реагираат! Значи ако некој не алармира надвор од Македонија за состојбите во Македонија, диктатурата нема кој да ја сруши!! Тоа го гледаме сите овие седумдесет и кусур години!! 

Тоталитарниот систем, благодарејки на фактите што ги има под своја капа медиумите, судтвото и НВОата успеа азилот кој го добива јас сега веке далечната 2005 година и азилот кој го доби Груевски минатата година да ги амортизира со разно разни лаги и манипулации а благодарејки на комунистичкиот менталитет на граѓаните во Македонија, сваќањето-наметнатото убедување од комунистичката 70 и кусур годишна пропаганда дека народната милиција е секогаш во право тоа амортизирање помина без проблем и тие два азила не го здрмаа системот. Нашите азили да беа сватени како кукавичлук бидејки нели сме избегале од бојното поле. 
Затоа едно прашање до оние кои ги осудуваат „бегствата“ од Македонија за да се бара азил надвор: Ако Дејан Давидовски останел во Македонија ке се слушнеше вистината, односно дали Македонците ке имаа можност да слушнат мислење на суд од Европска држава? Не!! 
Дејан Давидовски згрешил што при влезот во Шведска не побарал азил но тоа го сторил од несискуство а можеби и од пропагандата во Македонија дека азил бараат само слабаци и криминалци кои ете успеваат дали со лаги или со пари да обезбедат азил во демортаските држави од Запад!! 

пс. граѓаните во Македонија сега имаат можност да се уверат за тоа дека разните НВОа, разните Вистиномери и разноразните независни интелектуалци не биле нималку независни!! Ако беа независни, ако беа тоа што се декларираат, заштитници на човековите права и слободи, тие ке беа најгласните во барање на одговорност на институциите, власта за ваквиот блам на државата Македонија.