Welcome visitor you can log in or create an account

КОЈ И ЗОШТО СЕ ПЛАШИ ОД ВОВЕДУВАЊЕТО НА МНОЗИНСКИОТ ИЗБОРЕН МОДЕЛ

Јордан Петровски 12.08.2019
Проблемите со функционирањето, поточно нефунционирањето, на парламентот во исполнување на својата уставна улога - почитување на изборните резултати и обврска на партиите на исполнување на предизборните ветувања кои со сета жестина избија на виделина после изборите 2016 година, почнувајки од опструкциите на работата на парламентот од ВМРО ДПМНЕ на кои ВМРО ДПМНЕ имаше деловничко и демократско право па преку неделовничкиот избор на Таљат за председател на парламентот, избор кој единствено може да се карактеризира како државен удар, па потоа преку злоупотребите на ЕВРОПСКОТО знаменце за носење закони кои немаа ама баш никаква врска со ЕУ интеграциите па се до последната епизода од безаконието, купувањето и уценувањето на пратеници за да се изгласаат уставните измени врзани за промената на името кое ниту една партија не го имаше како понуда на гласачите во предизборната кампања - од чуварите на тоталитарниот комунистички ситем-Дип стејтот се врзуваат исклучиво за изборниот модел.
Оваа вешто смислена замка која ветува „решение“ на проблемот, всушност само ке ја продолжи или уште повеке усложни состојбата, односно парализата на фунционирање на сите институции, преку предложениот пропорционален модел со отворени листи и Македонија како една изборна единица се големи!  
На оваа убаво спакувана лага на Дип стејтот, покрај платените пропагатори за жал се налепија и многу чесни луѓе кои заборавија дека голем дел од новоформираните партии ке биде само алатка за раситнување на гласачкото тело а со тоа скоро никој, односно само партиите кои се контролирани од Дип стејтот ке обезбедат цензус за влез во Парламентот со освоено едно или две места! 
Значи пак ке имаме пазарење, поточно купување на пратеници, за формирање на парламентарно мнозинство и пак ке имаме неисполнување на предизборните ветувања од партиите. 
Ке се сетите на „Не коалицираме со терористи!! Не колаицираме со криминалците од ДУИ!!“, итн.
Од ова што го напишав досега веке станува јасно дека ГЛАВНИОТ проблем не е изборниот модел туку формирањето-изборот на владата!!
За да се реши овој проблем треба да се промени моделот за формирање на влада. Имено да се прифати модел кој се користи во држави со демократско искуство а тоа е следново:

-Влада формира ПОБЕДНИКОТ на изборите, т.е. партијата или групата граѓани која освоила најголем број на мандати. Значи нема дилеми кој го добива мандатот, нема гласање на доверба на владата од пратениците, бидејки граѓаните тоа го сториле на денот на изборите!! 
-Забрана за постизборни коалиции!

Со ова се спречува пазарењето и уценувањето од помалите партии! Се спречува непочитувањето на предизборните ветувања. Ке го нема онаа, „ама моравме да одстапиме од некои наши ветувања за да формираме влада!“

Зошто не е прифатлив во моментот било каков пропорционален изборен модел и зошто во сум за Мнозински изборен модел со ЕДЕН круг на гласање ке се обидам да дадам прецизен одговор во следниве неколку реченици!!
Главниот проблем кај пропорционалниот модел е што изборните листи ги прават партиите, а во Македонија сите партии се под контрола на Дип стејтот.
Затоа и Дип Стејтот , чуварите на едноумниот тоталитарен сисртем се против мнозинскиот изборен модел. Најдобра потврда дека сум во право дојде денеска и од Стево Пендаровски на прес конференцијата која ја одржа. Тој објасни дека предноста на Пропорционалниот модел со една изборна единица овозможува влез на повеке мали партии, значи овозможува простор за пазарења, купувања на пратеници колку сакаш ако не се промени законот за формирање-избор на влада а тоа никој од постоечката политичка гарнитура несака да го помисли а не да го спомене! 
Затоа решението лежи во мнозинскиот изборен модел кој овозможува кандидирање на независни кандидати. Кандидирање на луѓе од самите изборни единици, луѓе кои граѓаните одлично ги познаваат. 
Во моментов на Македонија и треба власт и влада за НАЦИОНАЛЕН СПАС, значи избор на луѓе не врзани по идеологија: левичари, десничари, центристи, туку избор на луѓе кои од Македонија ке направат држава во која ке функционираат институциите. После тоа, значи после две, три години ке треба да се распишат избори и враќање на натпреварот помеѓу партиите преку понуда на свои идеолошки програми!!
Се додека партиите на власт не ги направат овие промени, односно ги преточат во законски решенија изборите МОРА да бидат БОЈКОТИРАНИ!!

Ке пренесам фејсбук статус на Petar Kotevski во кој најдобро се објаснети техничките проблеми на Пропорционалниот модел на избори со отворени листи:


ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Е МАНИПУЛАЦИЈА

Деновиве актуелни се срамежливите повици од новофузираниот „Трет Глас“ на Палчо и Солза за реформирање на изборниот модел во пропорционален со една изборна единица, па реков да напишам до два збора зошто тоа е тешка манипулација со желбата за правда на Македонците.
Прво - како би работел тој изборен модел?
Просто, наместо 6 изборни единици, во кои секоја партија предлага по 20 кандидати на изборна листа, би се поставила САМО една листа од 120 кандидати за цела Македонија, по партија. Партиите и понатаму во штабовите ќе си избираат кој да биде на таа листа, и секојдневното лакташење помеѓу штапските стаорци ќе продолжи.
Второ - како би изгледало изборното ливче?
Ако листите не се отворени, тогаш изборното ливче ќе ги листа само имињата на партиите и нивните симболи, и ќе се гласа со заокружување партија, а не личност. Тоа сите го сакаме после Крсто Мукоски и Бети Национале, така?
А што ако се листите ОТВОРЕНИ?
Тогаш ливчето ќе биде или мала тетратка, или ќе биде долго едно два-три метри. Зошто? Затоа што за секоја опција треба да бидат напишани СИТЕ 120 кандидати - замислете да се 10 опции, ќе треба 1200 имиња да бидат напишани, доволно големи за да може секој да ги прочита и да го заокружи оној што сака.
Како ќе го најдам јас тој едниот за кој што сакам да гласам? 
Се што имам да ви кажам - полека и внимателно. Во граѓанство каде се проблематизираше Рада Шеќерова версус Радмила Шеќеринска - сега 200-те илјади пензионери (кои се најредовни гласачи) супер ќе си поминат за да го најдат тој едниот за кој сакаат да гласаат. Не, нема шанси тоа да генерира забуна.
Е добро, барем ќе можам да гласам за кого сакам!
И да и не - никоја партија ниту движење не споменува отворени листи СО ЕДЕН избор. Тоа значи дека ако листите се отворени, ќе може да заокружиш колку сакаш кандидати од една листа. Се разбира дека на сите штапски стаорци ќе им биде кажано - прво заокружи го лидерот, а после кој сакаш друг. Тоа значи дека пак ќе имаме ВЕЧНИ ЦЕНТРАЛНИ ОДБОРИ на партиите.
А што ако се направи да може САМО еден од листата да се заокружи? Повели предложи им го ова на кој било од пробисветите што се занимаваат со политика во Северџанистан и види што ќе ти биде одговорено. Насекако ќе имаш избор само од партиски лакташи, пошто партијата мора да ОДЛУЧИ да ги стави на листата.
Тоа значи дека како и да вртиш и да сучиш, една изборна единица (со отворени или затворени листи) е тешка глупост од избори на кои ќе треба да се бориш со фермани и да имаме многу повеќе неважечки ливчиња - а истовремено да се направи АПСОЛУТНО НИШТО за да се реши пирамидалната шема на вечити централни одбори по партиите.
За споредба, во мнозински изборен модел имаш по ЕДЕН КАНДИДАТ од секоја партија, напишан со име и презиме на гласачкото ливче. Знаеш за кого гласаш, и ако ТИ не го ставиш во парламент, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО СТАВИ.
Мнозински или ништо.