Welcome visitor you can log in or create an account

ДАЛИ БОРИСОВ ГИ ДАЛ НА „ЛА ВЕРИТА“ СНИМКИТЕ-ДАЛИ БОРИСОВ ГО МЕСТИ ЗАЕВ ?!

Јордан Петровски 10.08.2019

Дојче Веле објави текст со следниот наслов  :

Кој го намести Јордан Камчев

И според мене овој интересен дел:

И сега? Смееме ли да прашаме како се најдоа овие снимки во рацете на опскурен италијански весник? И зошто? Со која цел? Доколку претпоставиме дека снимките ги поседувале само Камчев, како автор, и Јавното обвинителство, како институција која му дала статус на Камчев на сведок-жртва, кој од нив би имал интерес сега тие да излегуваат во јавност? Обвинителството? Секако не. Камчев? Веројатно, исто така, не.

Нелогичноста во текстот на ДВ е тоа што објавата во земја членка на ЕУ на видеата од „РЕКЕТ“ единстевно му штети на Заев и дружината околу него а тоа авторот на текстот не го споменува, убеден сум не од незнаење!!  Одука неспорен е впечатокот дека новинарот , Борис Георгиевски свесно се обидува да го избегне тој непобитен факт, односно да го амнестира Заев од аферата „РЕКЕТ“, говорејки за некаква местенка на Јордан Камчев!
Зошто?? 
Да повторам, според мене само да го исклучи Заев од скандалот!!

Борис Георгиевски, кога веке ги поставува прашањата:
-Зошто се дадени снимките на „ЛА ВЕРИТА“ ?
-Со која цел се дадени снимките?
И кога ги исклучува како можни даватели Јавното обвинителство и Јордан Камчев не го поставува логичното прашање КОЈ ГИ ИМАЛ УШТЕ СНИМКИТЕ И КОЈ МОЖЕЛ ДА ГИ ДАДЕ на „ЛА ВЕРИТА“?
Според пишувањето на медиумите во Македонија торбата во која се предадени парите е „дотерувана“, ставен ГПС а и сигурно и озвучена од страна на Бугарските Тајни Служби! Ако оваа е така тогаш со 100% сигурност може да се верува дека Бугарската Тајна Полиција, односно Бојко Борисов ги имал снимките во посед!!
Засега нема да пишувам опширно кој е можниот мотив на Борисов да ги предаде снимките на „ЛА ВЕРИТА“!
Само ке напоменам дека после оваа објава во Италија, шансите за добивање на датум на Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ се НУЛА!!!