Welcome visitor you can log in or create an account

Опција ќе имате драги Македонци за 2020, единствено нешто што ќе немате е ИЗГОВОР !

 
 

 

Македонскиот народ, онолку колку што остана, минус цензусоиди, северџани, граџани, песМамици, квазиЕкологисти е соочен со најголемиот предизвик во своето милениумско постоење.
Како никогаш до сега, непријателот не е странска армија, туѓинци, туку енормен окот на домашни предавници и припејд „патриоти“. Оставени на себеси, без одбрана во институциите (од оние на кои им дадовме 51 за да не бранат) без заштита во домот, на улица, под константен прогон и репресија Македонците ја чекаат 2020 за спас.
Предвремени или редовни - сеедно, избори ќе има догодина, но дали имаме ИЗБОР? Постојат и такви меѓу вас кои се залагаат за радикален расплет. Со секири, ножови, топови, кој што има. Да ве разочарам, тоа е најневеројатното сценарио во услови кога легално вооружени луѓе во МВР и АРМ кои ги плаќаме за да не заштитат - не реагираат. Зборуваме за инсталирана хунта, послушници на странци која ги запоседнала институциите, затоа протести и колежи не се опција. Да ве прошетам во една можна иднина, 300.000 Македонци собрани пред владата или собрание. Наоружани, подготвени да дадат живот за слобода. И, влегуваат внатре, бришат се што им е на пат, Црпнатици, Шеќерки, Кираци, Мициња..... И што? Нема подготвена структура да превземе, странците имаат уште стотици такви „бројлери“ подготвени да седнат во столчињата на оние кои физички сте ги тргнале, не ви ја признаваат „народната власт“ и останувате со дилемата како сега ова да го објасните на гладните и изолирани сограѓани. Ова не е опција, треба да паднат како што и дошле. Но тука е најголемата болка, кој да ги смени? Кој да дојде на место на хунтата? Пред 3, 4, 5 години - одговорот ќе беше очигледен. Вмро Дпмне, и се што требаше да сториме ќе беше да излеземе и заокружиме вмро дпмне за кошмарот да престане. За жал, сега не е така. Ова раководство, овој претседател на вмро дпмне, се разликуваат од Заев и бандата само по тоа колку километри автопат ќе ветат дека ќе изградат и колку фабрики ќе направат. Сето друго е исто и за жал недоволно јас да го дадам мојот глас за нив. Каде е проблемот на дпне? На следните избори не бараме само да престане владеењето на Заев и бандата, туку да престанат и политиките и криминалот кои тие насила ни го втурнаа низ грло. Што различно од ова нуди дпне? Ништо. Ни збор за променетата историја со Бугарскиот Договор, ни збор за поништување на Преспански освен ступидната расипана плоча на Мицкоски „дајте ми 80 и Бадинтер и ќе го поништам“ и покрај тоа што интелектуалната јавност и социјалните мрежи му понудија барем 10 други начини како се поништуваат сите договори. Несреќните изјави од типот дека ќе го „репреговарале“ преспански со Мицотакис ме тераат да помислам дека се што прави дпне е скап театар со наши пари за сопственото членство. Како ќе репреговараат криминал, велепредавство? Самиот чин на репреговарање на криминал е криминал. И никој во раководството не кажува спротивно, никој не реагира на глупоста. Зошто би гласал за дпне ако ништо нема да вратат? За тие да го трошат буџетот на Северна? Што ни менува нас тоа? Ништо. Заев ставил очила и го викаме Мицкоски. По што реално се различни дпне за да го заслужат нашиот глас? ЕУ, Нато, преспански, бугарски и тиранска нема да ги поништат. Она 80 и Бадинтер е строго за внатрепартиска употреба, за хомогенизација на штапските суштества зошто секој нормален надвор од меурот знае дека ако НИКОЈ, НИКОГАШ не добил 80 пратеници, никаква е шансата Мицкоски да ги добие, или во превод Мицкоски прави подмолна манипулација со која вината ја префрла на народот, ако не добие 80 тој нема да поништи ништо, но за тоа сега ќе бидете виновни ВИЕ кои не сте гласале во доволен број за него. Истата финта ја направи и Груевски кога вината за предадената власт на Заев беше ваша, зошто не сте му дале 61 во 2016. Овие гранапски финти на дпне, не поминуваат повеќе а сведоштво за тоа се претседателските избори. Народот веќе не гледа разлика меѓу сдс/дпне елитите и одбива да гласа за „помалото зло“. Истото ќе биде и за една година од сега. Надежта дека народот ќе го гласа дпне, само за да падне Заев а да остане СЕ што Заев закашкал и да се помириме со тоа - нема да ви помине овој пат. Народот овој пат не бара само да не биде Заев и сдс, туку бара нешто што е ДИЈАМЕТРАЛНО СПРОТИВНО од ова што е денес. Во оваква ситуација, што може да понуди дпне? Ништо. Економско правни флоскули,градежни зафати и чист воздух. Не дека тоа не треба, но тоа не е ПРИОРИТЕТ. Надежта дека по инерција ќе гласаме за нив само сдс да не биде - е ЗАЛУДНА. Секој од нас знаеше за што ги носат куртоните од сдс на власт, гласавме за дпне за да тоа го СПРЕЧИ. Ако со 51 не успејаа да го СПРЕЧАТ, ни со 115 нема да го вратат. Зошто? Затоа што решија на следните избори, исто како Заев, да се потпрат на „меѓународната заедница“ да им помогне да се вратат на власт. Затоа и нема да успеат. Заев, криминалец каков што е, е подобар математичар од Мицкоски. Заев знае колку му е силата на терен и знае дека има добар дел од администрацијата, многу црни пари за подмитување ( Ромите се само 60.000 -70.000 ) армија на лоботоми што да им се посере на глава би гласале за него, плус џокерот - албанските гласови. Со сите средства што му се на располагање, со репресија и страв, Заев ќе си ја пополни зададената бројка догодина. Што ќе прават и што прават Мицкоски и дпне? Од каде можат да дојдат гласовите за победа на дпне? Дали од радикалниот албански блок Беса/Алијанца? Нивната цена се знае, федерализација и пасошка контрола на Групчин, ако се умни можеби само лична карта ќе договорат, а тоа е претпоследниот чекор пред отцепување на територии. За колку гласови ќе го дадат дпне газот, колку е моќта на Беса/Алијанца? 20.000, 30.000, 40.000? Дополнително на ова, по социјалните мрежи тераат кампања со која секој што нема да гласа за нив го нарекуваат слуга на Заев кое дополнето со млаките и педерски политики, безживотните прес конференции, потрошените флоскули и бруталните лаги, се повеќе ги одвраќаат МАКЕДОНЦИТЕ од оваа конечна мутација на партија со големо име а мали мадиња. На шега еднаш спомнав дека дпне може да победи на следни избори само ако им дадат членски на Заев и бандата, што не е за отфрлање судејќи како лесно ја голтнаа Гога Сорос за кандидат. Евентуалната победа за дпне догодина може да дојде само и само од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, но како што стојат работите тоа е најневеројатната опција. Доцна или никогаш ќе сфати дпне дека немаат кампања, немаат порака која пледира кон Македонскиот народ. Надежта дека курто/мурто инерцијата ќе ги донесе на власт ќе им се распрсне како меур од сапуница. Картата Заев е лош гласај зошто ние не сме Заев е потрошена, дури и бомбите кои протекоа последниве недели немаа никаков импакт на рејтингот на дпне во позитивна насока, затоа што народот не е изненаден дека сдс се лопови, преваранти, манипулатори, непотисти, ..... сето ова го знаеме одамна, во бомбите го слушнавме само она кое го знаевме од секаогаш, затоа рејтингот не ви расте. Не слушнавме што дпне ќе направи околу тоа, фората гласајте не па ќе видите - не поминува повеќе. Се изгоревме со Знамето ќе го вратиме, територијалната ќе ја вратиме, фиром ќе го поништиме, рамковен ќе го поништиме.... НИШТО ШТО СДС ДОНЕЛО - ДПНЕ НЕ ПОНИШТИЛО, така ќе биде и овој пат.
И што сега? Крај?
Не. Движење Бојкотирам ќе ви стави опција на маса, опција која ќе поништи СЕ, и ќе го ресетира општеството на фабричко подесување, на нула. Нема да ловиме вештерки или да се расфрламе со фрази, наша задача е Македонците да имаат ОПЦИЈА освен Курто и Мурто догодина. Секој што сака да помогне во рамките на планот што веќе е направен - е добредојден. Опција ќе имате драги Македонци за 2020, единствено нешто што ќе немате е ИЗГОВОР!

Пишува
@LoshGze #ДвижењеБојкотирам