Welcome visitor you can log in or create an account

ВИСТИНСКАТА УЛОГА НА ГЕРОСКИ ВО ОБЕЛОДЕНУВАЊЕТО НА „РЕКЕТ“ ИЛИ ИМПЕРИЈАТА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ!!


Јордан Петровски 20.07.2019
Читајки ја порката на Героски до ФРИКИ и Кики:

Јавна порака до Фрики и Кики – еве што треба да сторите во следните 48 часа!


Ве молам, што побрзо обратете му се на вашиот шеф Зоран Заев, но и на јавниот обвинител. Помогнете и на истрагата. Вие тоа го можете. Знаете зошто.

Бранко Героски 20/07/2019
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој не ги познава Фрики и Кики. Го разбирам потполно. Еве, сосема накусо, ќе се обидам да појаснам некои нешта.
Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија.
Како се блиски? Еве вака, друже Заев.
Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Самиот тој факт ја прави госпоѓата објективно одговорна за овие злодела.
И тоа ќе го дообјаснам. Една работа е некому да се обрати некоја обична невладина организација со барање за поддршка (па и со рекетарска уцена), а друго е тоа да го стори НВО во чиј врв стои така проминентна личност, со неспорно политичко влијание и со блискост со премиерот и со сите министри и со други државни функционери.
Кики беше висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол „добар пријател“ или „другар“. Е сега, не е исто да си обичен рекетар што стасува до половно „БМВ“ и да си фраер кој за другар го има високиот партиски функционер Кики, а за соработник високата државна функционерка Фрики, која згора и му пеела на журка.
Ниту сум напишал ниту тврдам дека Фрики и Кики рекерирале и дека лично се офајдиле од рекетот. За тоа не знам. Тоа треба да го провери истрагата. Но, неспорно е дека и Кики и Фрики му овозможувале на Коки да остварува контакти при неговите рекетарски обиди, а тој ја (зло)употребувал блискоста со нив, но и со други луѓе во СДСМ, за да биде поуспешен во своите походи.
Во најмала рака, Фрики, Кики и другите биле фацилитатори на милионскиот рекет, за што мора да сносат морална и политичка одговорност. А за нивната евентуална кривична соодговорност одлучува истрагата, која не смее да се попречува.
Затоа, госпоѓо Фрики и другар Кики, да сум на вашето место, јас под итно би сторил две работи.
Прво, би му се јавил на Заев и би му го кажал следново:
– Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.
Второ, би му се јавил на надлежниот обвинител и би му го кажал следново:
– Обвинителе, јас имав блиски контакти со лицето Коки и ви стојам на располагање за сите потребни информации во врска со милионскиот рекет. Моја граѓанска должност е да соработувам со истрагата, дури и во случај да бидам осомничен (осомничена).
Госпоѓо Фрики и другар Кики, јас најдругарски ви предлагам ова да го сторите без одлагање, во следните 48 часа. Тоа му го должите на Заев, но и на СДСМ, а пред сė на граѓаните на оваа земја. Ако размислите добро, ќе сфатите дека тоа си го должите и себеси.

 

image



На кого му се закани Героски на 19.07.2019 дека во понеделник 22.07.19 ке ги обелодени нивните имиња? Оваа закана ми го потврди сомнежот дека Героски целава оваа приказна ја тера за да го спаси Заев од гневот на Фрики ако Заев сам реши преку Русковска да го/ја елиминира Фрики, односно да биде кривично гонет/а или само да понесе оставка на партиските и пратеничката функција. 
Фрики е лицето кое за Заев ја извојувала битката против Црвенковски и неговите подржувачи во партијата 2012-2014 година. Без помошта на Фрики Заев ке немал шанси да го елиминира Црвенковски и неговитре подржувачи. Таа елиминација на Црвенковски не е направена со обична молба „ајде Бранко замини си ти и твоите“ и Црвенковски како мало дете веднаш ја прифатил молбата!! Зар ке поверува некој дека Црвенковски и неговите така лесно се предале? Сигурно не!! Црвенковски за да се повлече морало да му биде предочен сериозен аргумент дека ако не послуша ке биде сериозно казнет!!
Дека целава игра е смислена уште пред да почне Героски со објавување на неговите писанија за говори фактот што обвинение за ОБВИНИТЕЛКАТА нема!! Значи оној кој може да го загрози Заев не е обвинет и за него нема притвор!!
Геровски сега истата варијатна ја предлага за Фрики и Кики. Па Героски им го составил и писмото на покајание, односно им праќа порака дека нема да бидат кривично гонети:

Шефе, свесен (свесна) сум дека со мојата блискост и со контактите со Коки, како и со тоа што го препорачував кај други луѓе, му овозможив да ги засили своите рекетарски позиции. Така се искомпромитирав себеси, но и тебе, шефе, како и нашата партија. Во духот на декларацијата што ја донесовме пред некој ден, прифаќам политичка одговорност за својата непромисленост. Поднесувам оставка на сите функции.

Што може да го натера Героски да ретерира од неговите сериозни предвидувања за Фрики и Кики кои ги навестуваше во насловите на неговите писанија: „Еве зошто власта е во паника поради приказните за Коки, Кики, Фрики и компанија “,  „На Коки, Кики, Фрики и компанија црно им се пишува – се бараат докази за рекетот!“ па денеска да ја нуди нивната оставка како најголемата казна?? За мене е јасно што го натерало Героски!! Тоа е кожата на Заев и враќањето на Заев под патронажа на Црвенковски и Милчин, односно СОРОСОИДИТЕ!!
За изнесеново имам сериозни индиции дека е точно!!