Welcome visitor you can log in or create an account

АКО ВОВАН И ЛЕКСУС СЕ РУСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ, ДАЛИ ЗАЕВ Е ПОД УЦЕНА ЗА СОРАБОТКА СО РУСКИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ СЛУЖБИ!?


Јордан Петровски 11.07.2019
Изјавата на поранешниот Украински амбасадор дека Вован и Лексус се припадници на специјалните служби на Русија укажува на неколку многу битни работи за безбедноста на државата, за безбедноста на НАТО и за безбедноста на соговорниците со кои ЌЕ се среќава Заев!
Еве што вели Поранешниот амбасадор на Украина Гончарук:

Гончарук вели дека нема никакви сомневања дека се работи за припадници на специјални служби и дека овие руски „комичари“ насекаде го пикаат носот. “
 
Комуникацијата помеѓу Заев и „Порошенко“ односно Руските специјалци траела десетина месеци и кој знае колку разговори се направени помеѓу Заев и „Порошенко“.  Од тие разговори нема записници од Заев!!??
За да разговараат десетина месеци со Заев, Руските специјалци морале да имаат дебела причина, односно сватиле дека имаат за соговорник човек со малку ум а брз јазик и кој лесно можат да го регрутирааат за свој соработник.
Неверувам дека Руските специјалци објавиа се од разговорите!! Во разговорите сигурно има многу „безбедносно интересни“ информации кои Заев ги дал и со кои информации Русите сега имаат можност да го уценуваат Заев и Заев да мора да прифати соработка со Руските служби.