Welcome visitor you can log in or create an account

ПОТВРДА ДЕКА IQ НА МАКЕДОЦИТЕ Е 82

Душан Петровски 05.07.2019

Ричард Лин, еден од двајцата автори на студијата за коефициентот на ителигинција на народите која деновиве ја бранува македонската јавност, е еден од водечките светски авторитети по прашањето на интелигенција. Еве што вели тој во првото поглавје на книгата „Интелигенцијата на нациите“, па судете сами дали студијата е млатење празна слама или искрен академски труд:

„Во 2012 г. објавивме трета студија на националните коефициенти на интелигенција и нивните корелати во нашата книга „Интелигенција: Обединувачки конструкт за општествените науки“ (Лин и Ванханен, 2012). Тука доставивме ревидирани и ажурирани мерки за коефициентот на ителигенција (КИ) за 161 држава и територија, и го проценивме КИ [на основа на сродни етнички групи и народи од соседството, заб. Д.П.] за додатни 41 држава и територија, давајќи ни го КИ за сите 202 нации и територии во светот со население од преку 40.000. Најдовме дека националните КИ значително содејстуваат со бруто домашниот приход по глава во 2003 г. со коефициент на корелација од .71, значително повисоко одошто нашите две претходни корелации од .62 и .64, покажувајќи дека националниот коефициент на интелигенција објаснува 50 отсто од варијанцитата на националниот приход по глава (.71 на квадрат = .50). Исто така најдовме дека националните КИ значително содејствуваат со стапката на писменост кај возрасните (.64), нееднаквост на приходи според Gini индексот (.47), стапката на невработеност (-.76), истражување и развој (.67), полова нееднаквост (-.86), корупција (-.59), задоволство од животот (.63), религиска верност (-.48), очекуван животен век (.76), неисхранетост (-.52), туберкулоза (-.57), квалитет на водата (.62) и квалитет на санитацијата (.71).“ (стр. 7)