Welcome visitor you can log in or create an account

Кажаното за Италинците .. исто како балканци. ЦИГАНИ е став на владата во случај владата да не го смени Рашковски!

Транскрипт од искажаното од Секретарот на Владата Драги Рашковски за Италијанците , која Драги Рашковски како ОВЛАСТЕН ПРЕДСТАВНИК НА ВЛАДАТА го искажал на 18 октомври 2018 година кога Генералниот секретар на Македонската Влада Драги Рашкоски заедно со претседателот на управниот одбор на М Нав Николче Тасески и шефот на кабинет на министерот за транспорт Митко Тајчулески договараат понуда за јавна набавка за нов АТМ систем за контрола на летање од италијанската компанија Леонардо.

 

Со италијани лесно се договараш тешко исполнуваш, со Германците е обратно тешко се договараш, после лесно исполнуваш. Со италијаните ќе биде нема проблем, ама…исто како балканци. ЦИГАНИ



Денеска на прес конференцијата на која Драги Рашковски се обиде да ја симне вината од сопствениот грб но според мене направи за себеси и владата сериозен проблем кој несмее да помине туку така. Односно неможе да изостане за Драги Рашковски  политичка, дисциплинска - кривична одговорност.
Имено Драги Рашковски понуди докази дека тој бил ОФИЦИЈАЛЕН преставник на владата:

 

 
 



Значи Драги Рашковски ги ПРЕНЕСУВАЛ ставовите и мислењата на владата.
Па така и искажаното за Италинците ..... исто како балканци ЦИГАНИ е став на владата во случај владата да не го смени Драги Рашковски!!

Со оваа отпаѓаат сите закани за кривични пријави од страна на Рашковски за снимателот и објавувачот на раговорот, бидејки навредата кон Италинаите е искажана ПРЕД ПРЕДСТАВНИЦИТЕ на Италијанската фирма Леонардо!

Наравоучение за Рашковски и другите кои ке тргнат по неговиот пат:

Мајката не го тепала синот коцкар што ги изгубил парите на комар, туку го тепала што повторно отишол да се коцка за да се извади.

А синот наместо да се извадил изгубил уште. Така и Рашковски денеска според мене одговорноста за искажаната квалификација за Италијанците ја префрли врз владата и така се доведе во ситуација да мора да подесе морална и кривична одговорост за да владата се спаси од проблеми!!