Welcome visitor you can log in or create an account

СЕКОЈ ЧЕСЕН И ПРАВДОЉУБИВ ЧОВЕК МОРА ДА ГО БОЈКОТИРА ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ

 

Почитувани Гласачи

 

Ви се обраќаме вам во предвечерјето на вториот круг од изборите за претседател на нелегалната творба Република Северна Македонија со надеж дека ќе ви помогнеме да ја донесете вистинската одлука.
Длабоко навлезени во изборниот процес, двата кампа #ПравоИПравда и #ОдимеНапред на двата преостанати кандидати во трката за претседател која се претвори во трка за #цензус, свесно игнорираат еден ФАКТ и го туркаат под тепих. Имено пред повеќе од една недела Државната изборна комисија ги објави резултатите од првиот изборен круг заедно со сите приговори и нерегуларности, а меѓу нив и фрапантниот ФАКТ дека биле пронајдени седумдесетина ливчиња ВИШОК во избирачките кутии од кои 42 само во Охрид. Реакција? Нема. Процесот тече понатака. И тоа е најстрашното. Двата претседателски кандидати се правници. Двајцата знаат што во нормална држава значи пронаоѓање на ВИШОК ливчиња во избирачките кутии. Ова во нормална држава, во било која земја членка на #ЕУ кон која наводно патуваме, би значело МОМЕНТАЛЕН ПРЕКИН на изборниот процес додека не се истражи КОЈ, КАКО, и ЗА КОЈА цел ставал ливчиња во избирачките кутии. Додека ова не се реши, НЕМА РЕГУЛАРНИ ИЗБОРИ ! Едноставно НЕМА. Кој ги ставил ливчињата? Дали тоа се ливчиња од кочанот (регуларни ливчиња) или додатно печатени ливчиња? Ако се фалсификат ливчиња- КОЈ ГИ ПЕЧАТЕЛ? За КОЈА ЦЕЛ? Ова ТРАЈНО и НЕПОВРАТНО го нарушува изборниот процес и им дава на гласачите оправдан СОМНЕЖ дека нешто не е во ред. Но, институциите молчат, МВР молчи, судството молчи, Државна изборна комисија МОЛЧИ. Изборниот процес си продолжува како ништо да не се случило? Ова имплицира само еден заклучок, дека сите инволвирани во процесот знаат за ова и одлучиле да го премолчат, и кандидатите и партиите кои стојат зад нив. НО НИЕ не смееме и НЕМА да го премолчиме овој КРИМИНАЛ и оваа брутална измама на народот.
Како ќе #ОдимеНапред со ВИШОК ливчиња во кутии господо Сиљановска и Пендаровски? Напред кон Буркина Фасо? Кон Свазиленд? Зошто во таа #ЕУ која ни ја „продавате“ за напред, не смее да има ниту ВИШОК нито КУСОК ливчиња ами токму толку колку што се потпишале во избирачкиот список. За какво #ПравоИПравда зборуваме госпоѓо Сиљановска? Право и правда на дивиот Запад? Како професорка на Правниот факултет вам би требало да ви е кристално јасно дека избори со пронајден ВИШОК ливчиња во кутиите ВЕДНАШ се напуштаат и се прогласуваат за неважечки додека работата не се истражи а виновниците не се изведат пред суд.
Нам ни е јасно, ниеден од вас нема да го напушти изборниот процес, затоа што тоа им го должите на вашите наредбодавци. Но знаете кој го напушти овој фалсификат изборен процес? Македонскиот народ, и уште посилно ќе го напушти во вториот круг и ќе ве остави да се удавите во сопствениот фалсификат. Зошто? Зошто тоа е единствен начин да се спречи оваа изборна пародија, овој патувачки циркус на лажни вредности и сомнителен морал. Затоа ние, #ДвижењеБојкотирам НЕ ГИ ПРИЗНАВАМЕ РЕЗУЛТАТИТЕ на овој ФАЛСИФИКУВАН изборен процес и бараме виновниците да се најдат и УАПСАТ за да се создадат УСЛОВИ за ФЕР избори и предвремени парламентарни избори на кои ќе му кажеме НЕ на целиот ФАЛСИФИКАТ кој го сведочиме еве речиси три години.
Вака нема влез во #ЕУ господо, тие имаат доволно свои измамници и никако не би увезувале нови од монструозна државна творба каква што е Република Северна Македонија. Шансата да ја поништиме #Северна и да продолжиме да постоиме како македонска нација е пред нас, кој ако не НИЕ Македонците, кога ако не СЕГА ?