Welcome visitor you can log in or create an account

Гласот на слободна Македонија епизода 20: Култура на кукање




Од 1945 година наваму, иако Македонците номинално уживаат своја република со сите митании, изразувањето на било каква национална гордост се означува како фашизам и хитлеризам од страна на оние кои управуваат со системот. Џабир Дерала, директорот на „Цивил“ е само најновиот извршител на должноста толчење на македонскиот национален дух. Неделава коментираме негова повраќаница-колумна во која тој ги повторува старите комунистички слогани, „доле капитализам, доле национализам“ и посочуваме дека тој досега ниту еднаш го нема критикувано албанскиот национал-шовинизам кој е фактор на дестабилизација на Балканот барем од раните 1960ти години.