Welcome visitor you can log in or create an account

ОСВОЕНИТЕ ГЛАСОВИ НА СИЛЈАНОВСКА КЕ ЈА ДАДАТ БРОЈКАТА НА АРГАТИТЕ НА УДБА ВО ДПСМНЕ


Јордан Петровски 09.04.2019

Текстот ке го започнам со порака до кандидатот за председател на Република Северна Македонија госпоѓата Гордана Силјановска Давкова:

„Ниедна вистина не треба да се плаши од друга. Измамата и заблудата, напротив мораат да се плашат од секоја вистина“- Шопенхауер

Зошто баш со ваква порака го започнувам текстот? Затоа што наместо демант на нашата емисија за ликот и НЕделото на претседателскиот кандидат на ДПМНЕ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, забележав дека дотичниот кандидат за претседател на Република Северна Македонија ме исфрлила од листата на пријатели и згора на тоа ми ја оневозможила опцијата да кометирам на нејзиниот профил! Во стравот од вистината се големи очите а потезите кои ги прави оној кој се плаши од вистината се очајнички! 

 


За да ве уверам дека сме биле фејсбук пријатели се гледа од оваа наша преписка, односно понудата ние од МАКЕДОНСКИОТ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР да направиме интервју со госпоѓата Силјановска Давкова. На скенов јасно се гледа дека на 20 фебруари 2019 сме имаме 131 ЗАЕДНИЧКИ -mutual friends- пријатели.

 
На нашата понуда за интервју госпоѓата Силјановска Давкова ни го даде следниот одговор:


 
За да настаните добијат хронолошки пат, ке го пренесам скенот од мое објаснување зошто сакав да учествувам на номинацијата за председателски кандидат на ВМРО ДПМНЕ.

 



Целта за мое учество на конвенцијата беше како што стои во моето мислење од фејсбук, но и да го соопштам на делегатите политичкиот животен пат на госпоѓата Силјановска Давкова, односно да го изнесам она што го изнесовме на видеото кое го објавивме на 18.03.2019 година.
На 20.02.2019  година, побарав од госпоѓата Силјановска Давкова интервју во кое ке и ги предочев доказите за нејзината улога во попречување на лустрацијата во Македонија. Како што можете да прочитате од нашата преписка не добив ветување од госпоѓата Силјановска Давкова да направи интервју со нас не и го одби нашето барање!
За да не бидеме обвинети дека не сме и дале шанса на госпоѓата Силјановска Давкова да најде време и да го направиме интервјуто, чекавме скоро еден месец. Гледајки дека госпоѓата Силјановска Давкова дава интерјуа, гостува скоро на сите медиуми решивме да го објавиме материјалот .
Госпоѓата Силјановска Давкова според реакцијата со мое исфрлање од листата на фб пријатели јасно ми даде до знаење дека го изгледала видеото. Но нема демант од неа за ништо од објавеното во видео. Тоа значи дека она што е изнесено во видеото е вистина!!

Молкот, односно некористењето на овие информации од страна на Стево Пендаровски и неговиот изборен штаб, против кандидатот на Силјановска Давкова, говори за уште една битна работа. Ако СДССМ ја чепне таа работа ке страда УДБа, газдата на обајцата кандидати.
Молк и од медиумите и оние блиски до СДССМ  и оние до ДПСМНЕ од која причина е кога знаеме дека и на најситен гаф сторен од Силјановска Давкова или од Пендаровски им се нафрлаат ? 
 
Истиве прашања , истиве заклучоци може да се постават и до Силјановска Давкова и нејзиниот изборен штаб  зошто тие не ги користат информациите кои се објавени во нашето видео за Стево Пендаровски??

Дали вие кои не сте дел од сценариото а сте подготвени да излезете и да гласате за Силјановска Давкова во надеж дека таа ке промени нешто, односно ке го „сруши“ режимот на Заев  си сте се запрашале зошто е молкот од сите за видеото посветено на Силјановска Давкова?

Според мене најголем проблем е молкот на врвот на партијата ДПМНЕ. Зар сознанието изнесено во видеото за соучесништвото на Силјановска Давкова во злосторот кон ВМРО ДПМНЕ како партија и нејзиното членство и нејзините симпатизери ни малку не ја разбуди совеста кај врвот на партијата? Се чини дека ништо од изнесеното не ги натера да ја преиспитаат своја одлука за поддршка на госпоѓата Силјановска Давкова. Молкот и жестоката подршка на Силјановска Давкова кои се проследени и со обвинувања дека оние кои повикуваат на БОЈКОТ се луѓе на Бихаќка. Надевајки се дека со тоа ке се сокрие најбитното: грчевитата битка на врвот на ДПМНЕ да го сочува Тоталитарниот Комунистички Систем!

п.с. 

Посветено на председателот на ДПСМНЕ -ПРОГРЕСИВНАН господинит Мицкоски.

Господинот Ванхауте пред да стане  другарот Перо  ја даде следва изјава:

Проблемот не е една партија да се замени со друга, односно да се тргне ВМРО-ДПМНЕ и да дојде СДСМ. Вие имате системски проблем и тоа е она што треба да се промени. Рано е да се зборува за каков било друг план. 

Изјава која со 100% точност го детектирше проблемот а со тоа и излезот од проблемот!
За да се смени системот треба да постои некоја партија, движење, која сака да го стори тоа. Сликата дека ВМРО ДПМНЕ е партијата која сака да го смени системот вешто беше граден од УДБа и таа слика успешно опстојуваше се до победата на ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори 1998 година. Со доаѓање на власт наместо да се демонтира тоталитарниот комунистички систем  преку Резолуцијата 1096 , партискиот врв продолжи со ист ситем на владеење со кои владееа и Титовите комунисти, криминал, корупција, непотизам. Во тој момет на многумина им стана јасно дека во Македонија нема опозиција, нема партија која сака да го смени системот. Тоа се потврди и 2006 година со повторното доаѓање на ВМРО ДПМНЕ на власт.
Заради медиумскиот мрак во Македонија луѓето кои вистински се подготвени да го менуваат системот не можеа да бидат слушнати ниту пак да влезат во некоја партија, особено во ДПМНЕ и да се пробијат на врвот на партијата. УДБа креира систем за доаѓање на врвот на партијата по ситем на полжав. Имено со лигавење се напредува а со затворање во куќиката, непокренувањето на ништо што ке го загрози систмеот се вршеше чување на системот. 
Интернетот и социјалните мрежи го урнаа медиумскиот мрак и овозможи информациите за тоа дека ДПМНЕ е само опозиција од типот Курто-Мурто да излезе на виделина! Опозиција која само се бори да дојде на власт и да ужива во благодетите на власта. Од тој момент почна полека но сигурно да се гради ОПОЗИЦИЈА на тоталитарниот комунистички систем!!
Изборот на Силјановска Давкова и на Стево Пендаровски за партиски кандидати кои ке се борат за претседателската функција ја натераа опозицијата на системот по втор пат во период од неколку месеци да се вклучи во битката против системот и конечно да почне да го руши!

Опозицијата на власта која ја предводите вие господине Мицкоски понуди кандидат кој учествувал во градба на системот кој ја држи Македонија во мрак. Значи потврдивте дека сте лажната опозиција, односно опозиција створена од УДБа кон крајот на осумдесетите години на минатиот век. И тоа јасно се гледа од тоа што таа „опозиција“, опозицијата на власта нуди кандидат кој има сериозен удел во тоа што оние кои ја заробија државата се сеуште власт!!
Движењето БОЈКОТ е ВИСТИНСКАТА опозиција. Тоа движење е опозиција на Тоталитарниот Комунистички Систем и затоа вам ви пречи!!



Целата емисја исечена на делови: