Welcome visitor you can log in or create an account

Гласот на слободна Македонија Епизода 16: #Бојкот!

 

 

Деновиве преку фејсбук објава членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Ина Василевска ги постави следните прашања: 1. Зошто барањата за бојкот на претседателските избори доаѓаат од дијаспората? 2. Дали Република Македонија може да се брани од оваа дистанца? 3. Дали некој знае што значи обединувањето на севкупното граѓанство околу надпартиската кандидатура на проф. д-р Гордана Силјановска Давкова? И поранешниот амбасадор Ристо Никовски, инаку човек длабоко замешан во предавството на македонското име, напиша колумна во сличен дух. Оваа епизода е одговор на ваквата пропаганда.