Welcome visitor you can log in or create an account

Гласот на слободна Македонија Епизода 15: За најголемата опасност



25.02.2019
Иако деновиве се чини дека Европската Унија е пред свршниот чин на проголтување на последните останци од национализмот на стариот континент, овие изгледи се само привид. Европската Унија е под целосно раководство на луѓе со левичарски ментален склоп, односно луѓе кои го прифалите духот на љубоморниот библиски братоубиец Каин. Историјата укажува дека таквите општества незибежно пропаѓаат, затоа што, покрај другото, никој не се грижи за нивниот опстанок. Оние кои се потчинети во таквите системи прават сѐ да ги саботираат. А оние кои се на врвот, поради тоа што се запоседнати со духот на лукавиот, до толку го мразат Господ, го мразат животот и се мразат себе си, што впрочем посакуваат час поскоро да го уништат светот. Од друга страна, великосрпската идеја денес е пожива и поздрава од било кога, а југоносталгијата, не само во Македонија, широко распространета. Оттука, и покрај тоа што сите притисоци за промена на името на Република Македонија, како и за постојани отстапки во прилог на малцинските етнички заеници, посебно на Албанците, навидум доаѓаат од Европската Унија, НАТО и Западот воопшто, сепак, јас останувам убеден дека најголемата опасност за македонската држава доаѓа од Србија.

Европската Унија е пред распад. Тоа е очигледно од нејзиниот однос кон Македонија во изминатиот подолг период. Фактот што таа не само ги толерира туку и ги охрабрува прогоните на националистите и антикомунистите, го охрабрува позлувањето на т.н. Балкански методи во политичкиот живот, а истовремено прави сѐ да не ги види злосторите на србокомунистите, укажува дека раководителите на европскиот проект одамна престанале да веруваат во европските вредности. А тоа укажува дека тие — како и македонските интернационалисти — заслепени од своите хедонистички телесни нагони, антихристовски желби за слава и лесен живот, и позитивно сатанистички илузии дека тие се богови меѓу простите смртници селани, престанале да веруваат во своето сопствено право да постојат. Тие сакаат да се нешто друго: појава најкристално олицетворена во инсистирањето дека половиот род е социјален конструкт. Дотолку повеќе, таа веќе подолго време применува антидемократски и антиопштествени закони и мерки на своите простори. Тука пред сѐ мислам на распадот на граѓанското општество и воведувањето на дуалистички правни системи во поголем број европски држави. Меѓу овие најистакнат, но далеку од единствен пример е Велика Британија каде муслиманските новодојденци уживаат дури поголеми привилегии и од оние кои ги уживаат Албанците во Македонија. Таканаречените забранети зони, каде што им е органичен пристапот на органите на јавниот ред и мир — т.е. полицијата — без дозвола на локалниот имам, се секојдневна појава во цела западна Европа. Гушењето на правото на слободно изразување — преку таканаречените закони против говорот на омраза — е друг симптом на распадот на демократијата во Европската Унија. Правото на слободно здружување по основа на идеолошка или политичка определба станува сѐ позагрозено со етикетирањето на сѐ што е на десно од Сталин и Мао за фашизам и нацизам. Отстранувањето на Христијанската вера, која е темел на европското општество и извор на повеќето европски вредности, и промоцијата на хомосексуализмот, рекреативното користење на дрога, феминизмот, демолирањето на работната навика, ревизијата на сопствената историја, трансформацијата на науката и екологизмот во вера и слични дегенерични појави, се директна закана, како за духовниот и интелектуалниот опстанок на Европа, така и за физичкиот опстанок на европејската раса.

А сега во прилог на сето тоа, Европа, поранешната колевка на демократијата, одговорното управување со државата и политичката слобода, свесно се преплавува со африкански и азијатски Муслимани, како што Македонија за време на турското ропство била преплавена со муслимани од Албанија и туѓинци од Србија. Присуството на европско тло на овие туѓинци кои доаѓаат од општества каде што никогаш не се јавила идејата за демократија, за пазарно општество, за лична одговорност, за граѓанско општество, за универзални морални вредности и правни системи — т.е. закони кои важат еднакво за сите — веќе се чувствува во Европа. Последните избори во Шведска, на пример, покажаа дека туѓинците не само што доминираат како избирачки блок, туку и дека тие ги асимилирале шведските левичари во нивниот пристап кон демократијата. Затоа на тие избори видовме запрепастувачко ниво на балкански методи, олицетворени во фалсификати и заплашувања. Во САД сме сведоци на хајка против претседателот Трамп чијшто образец речиси совршено се совпаѓа со оној на линијата на работа „ЦРНИ“ — односно аферата „Бугарска амбасада“. Секојдневно се сценираат лажни т.н. криминали од омраза наменети белото христијанско население, кое е претежно од конзервативна провиненција, да го покажат како расистичко и нетрпеливо. Низ целиот Запад медиумите стануваат отворени противници на народот и на темелните вредности на кои се изградени овие општества. Сето ова е наменето да се деморализира патриотскиот и конзервативен дел од населението. Да тој дојде до заклучок дека самото негово постоење е своевидна чума за човештвото, и дека светот ќе биде подобро место доколку го снема. Меѓутоа, најужасната последица на демографската промена која се спроведува на Западот денес, а која е наменета свесно да створи мултиетнички, мултиверски и мултикултурни заедници, е распадот на системот на доверба кој е основен темел за градење на здрави, стабилни и трајни општества. Сите овие појави кои се новост за Европа и Западот се добро познати и одамна вкоренети во Македонија. А Македонија е држава во постојан распад — уште од турско, преку Југославија, што впрочем е и моделот кон кој се стреми актуелната Европска Унија. Тоа е затоа што денес во Европа, за прв пат во многу векови се појавува елита која своите држави ги третира како туѓ посед, како хотелска соба или рентакар. Тие се чувствуваат не како припадници на народите од кои потекнуваат туку како — како и македонските власти — се сметаат себе си за граѓани на светот и „Козмополити без корен“.

Европската Унија би можела да опстане само доколку таа и нејзините земји-членки се вратат на европските вредности. На личната одговорност, на еднаквоста пред законите, на љубов кон татковината, на доверба кон системот и сограѓаните, и над сѐ, Европската Унија, како и Македонците, доклку сака да опстане, мора да му се врати на Христијанството. Бидејќи тоа е постапка кој ќе мора да потрае подолго време, Европската Унија ќе се распадне пред овој процес да се заврши. Тоа значи дека перспективата на Македонија во догледно време нема да биде ниту европска, ниту евроатлантска, туку ќе остане коренито балканска.

Историски гледано, Западот никогаш немал голем интерес во Македонија. Културно, ние сѐ уште се однесуваме како далечни братучеди на нашите европски сонародници и христијански соверници. Нашиот неуспех да ја смениме западњачката перцепција дека сме отоманизирани полуварвари ги наведува дури и најконзервативните Европејци и Американци на нас да гледаат мошне рамнодушно, па дури и сомнително. Геостратешки, Македонија, како сиромашна, ретко населена и општо неразвиена земја без пристап до морето, е мошне безвредна. Политички и општествено таа е преголем проблем за некој туѓинец да си ги троши времето и здравјето знаејќи дека веројатно неговите напори ќе бидат пресретнати со катастрофален неуспех. Оттука, Македонија останува интересна само за локалните играчи: Грција, Турција, Албанија и Србија. Грција е стабилна со нејзините 51% од македонската територија, и доклку би можела, не би ја одбила територијата Преспа-Битола-Дојран, но тоа не ѝ е приоритет. Таа, ако нешто, повеќе стравува да не го изгуби она што го има. Турција очигледно започнува да сонува за обнова на златното доба на Османовата империја, чијшто европски бисер била Македонија. Оттука и наводната љубов кон Македонија која во последно време емитира од Анкара. Зарем треба после петвековно ропство да ги заборавиме турските зулуми и девастации поради некои неискрени гестови наменети да им пркосат на еврократите? Турските конфедерати на Балканот се прво босанските муслимани, а потоа Албанците. И едните и другите, но особено вторите, уживале статус на своевидна аристократија во Македонија по нивното исламизирање, и веројатно доколку им се укаже приликата тие би се сетиле на старите добри времиња кога тие биле уште послободни да си ги исполуваат своите дивјачки нагони врз Македонците, и би стапиле во сојуз со Турците.

Албанците се иредентистички елемент и во однос на нивната желба за оформување на Голема Албанија. Но, и покрај очигледната нивна лукавост и способност да ја придобијат наклоноста на Западот, сметам дека тие недостасуваат некој елементарен квалитет неопходен за да можат да го остварат подвигот кон кој се стремат. Едно е кога некој друг војува за нив — како што беше случајот во 1999, па до голема мера и во 2001 година — или кога тие настапуваат во својство на извршители, заплашувачи, пљачкаши, саботери и терористи; но сосема е друго кога тие треба сами да изградат нешто. Да не заборавиме, Албанците биле привилегиран етнос во Македонија за време на турската окупација, но сепак останале голи пиштоли, а територијата со која ефективно управувале, Албанија, Косово и Македонија, останал најназадниот дел од Европа. И за време на изминатиот век, кога имале своја држава, таа останала на дното на европскиот развој, повеќе сродна со Авганистан одошто со Австрија. Меѓутоа, тие својата улога на конфедерати — односно петоколонаши — совршено ја играат во Македонија во изминатите неколку денцении, а во полза на државата која има најсилно упориште во Македонија: Србија. Со своите непрекинати поплаки дека се обесправени, Албанците — во копродукција со македонските агенти на великосрпската агенда како Љубомир Фрчкоски и Филип Петровски — ја зацврстуваат перцепцијата дека Македонците се шовинисти на кои единственото средство им е силата. Со својот варварски однос кон законите и државата, со својот средновековен непотизам, и со својата наклонетост кон криминалните дејствија тие допринесуваат кон имиџот на Македонија како банана република.

А сето ова време, Србите преку нивната тајна полиција, народно позната како УДБа, си молчат и тивко ги прогонуваат, замолчуваат, корумпираат, дискредитираат и отстрануваат пропонентите на идејата за независна обединета македонска држава, за Македонија на Македонците.

Во сето ова Бугарија игра само трета виолина. Таа од една страна глуми баба Рога која само го иритира Македонецот со постојаните не сосема точни и не сосема искрени изјави на нејзините политичари и интелектуалци за делот од историјата кој нашите два народи го споделуваат. Од друга страна, нејзините тајни служби активно соработуваат во интригите на УДБа наменети да ги оцрнат четирите свети букви. Бугарите се скршен народ кој се чини денес е еднакво маѓепсан со српскиот шунд како и Македонците. Благодарение на негативното јавно мислење кое со не мала помош од нивна страна се гаи кон нив во Македонија од втората поливина на минатиот век па наваму, нивните шанси за придовибање на Македонците се еднакви на оние на еврократите.

Конечно, јасно е како бел ден дека европедеризмот никогаш нема да го совлада србошовинизмот. Европедеризмот, кој е нова појава, не верува во ништо, па како што веќе реков, ниту во своето право да постои. Но србошовинизмот се гаи од памтивек и тој, можеби повремено стивнува како производ на околностите, но никогаш не замира. Србинот верува дека тој е алфа — бог меѓу смртниците, и дека има аманет од неговиот бог на сонцето, во кој сѐ уште се колне, да владее со инфериорните Срби со говорна мана раширени по Балканот и пошироко. Интелектуално, Србите се рамни на Македонците, Бугарите и Грците, супериорни на Албаницте, а инфериорни на Евопејците. Имаат реноме, иако воглавно незаслужено, на солидни војници и во него веруваат. А тоа е она што им недостасува на денешните постмодернистички евробирократи.

Дотолку повеќе, не смееме да заборавиме дека Србија отворено владеела со Македонија седумдесет години. Ова бил период во кој сите полуги на македонското општество — а особено оние во органите на државната безбедност — биле во рацете на Срби доселени во Македонија како колонисти или на добро проверени родоодстапнички кадри. Периодот на комунистичка Југославија е период на најжестокото однароднување на македонскиот народ од своите корени. Период во кој и покрај формалното удоволување на македонските барања за сопствена република, сопствен јазик и право на самоопределување како Македонци национализмот и локал-патриотизмот биле ревносно прогонувани, а црквата била забранета. Македонците биле насила принудени да ги напуштат своите села и да се населат во градови, а семејството било речиси уништено како производ на феминизмот и кодошењето. За прв пат се појавува култура на прељуба и сексуален либерализам. Од трудољубив селски народ се прави безделничко градско население, кое зависи од државата за својата преживувачка! Впрочем, тоа бил период во кој борбата против македонизмот била завиена во плаштот на борба против непријателите на народот и неговата социјалистичка револуција. Клучно, не смееме да заборавиме дека Македонија беше единствената република која од распадот на Југославија излезе без војна. Но, границите се менуваат со војна. Ова сугерира дека не дошло до суштинска промена на границите помеѓу Македонија и Србија. Аргументот дека наводната независност на Македонија во периодот кога Белград војуваше против борците за независност во Хрватска и Босна и Херцеговина беше само стратешки потег за оформување на правно лице преку кое Србија ќе може да тргува со светот, одамна и многупати го имаме елаборирано. Дотолку повеќе, досиејата од архивите на СДБ/ДБК укажуваат дека прогонот на македонски националисти бил обновен за време на последната деценија на минатиот век, но и дека српските тајни служби биле активни соучесници во процесот. Не само што нивните лојалисти не си заминаа од Македонија со распадот на Југославија, туку дополнителни верници во великосрпската идеја се вратија во Македонија во тој период.

Тука мора да истакнам дека сето она што се случува денес на Западот во смисла на деморализирање на народот, лишувањето od слободата на изразување и здружување, медиумска и институционална пристрасност против национализмот, отуѓување од црквата и увоз на туѓинци чија цел е да ги подриваат домашните општества веќе било спроведено во Македонија во изминатите сто години од страна на Србите. Впрочем, целиот овој проект на наводната независнот од прв ден беше осуден на пропаст, токму поради тоа што беше наменет, како на Македонците така и на светот, да им покаже дека идејата за независна македонска држава била само неостварлив детски сон, утопија на некои недозреани, некадарни провинцијалци. Еврократите и великосрбите имаат заеднички интерес во однос на ништењето на македонскиот национализам. И обете странки посакуваат да го истребат со цел да го заменат со нешто друго. Меѓутоа, се чини дека еврократите, барем навидум, немаат еднакво прецизна идеја за тоа со што сакаат да го заменат национализмот на народите кои ги денационализираат. Србите знаат точно кон каков краен производ се стремат. Оттука, повеќе од очигледно е дека најголемата опасност по македонската државност доаѓа, не од Брисел, Вашингтон, Софија, Анкара, Атина или Тирана, туку од Белград. А, со својата самодоверба и лажно реноме на силни борци чијашто држава била растурена од Берлин, Ватикан и Вашингтон, Србите се во водечка позиција повторно да ја добијат довербата да управуваат со т.н. Западен Балкан на крајот на сите премрежија кои што следуваат.

 

Релевантни линкови: http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=3838

Музика: Васка Илиева „Земјо македонска“