Welcome visitor you can log in or create an account

САМО СО ОТВОРЕНА БОРБА СЕ РУШИ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ

 17.02.2019 Јордан Петровски

Кога на Александар Македонски му предложиле неговите советници ноќе да ја нападне војската на персискиот цар Дарие, тој одговорил: „Јас не крадам победа“. Некои оваа го сметале за лесноумност на Александар, но Александар имал правилна проценка. Така силен непријател, како што е Дарие, нема да капитулира заради материјални загуби и загуби во луѓе.
Дарие поседувал огромни ресурси па секоја загуба лесно би ја надоместил.
Тој единствено било можно да се победи само со кршењето на неговиот борбен дух а тоа можело да се постигне ЕДИНСТВЕНО СО ОТВОРЕНА БОРБА.

Да се обидам оваа да го преведам на денешната ситуација во Македонија.
Дарие е Заев, односно УДБа .
Александар се Македонците кои сакаат да го урнат тоталитарниот комунистички систем.

И да победи кандидатот на опозицијата на председателските избори, без разлика дали тоа ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ или некој за кого ќе соберат 10 илјади потписи, власта на Заев, односно УДБа, нема да и се заниша ни за милиметар. Тоа го видовме од предвремените избори во декември 2016 па навака!! Именувањето на Таљат, носењето на законот за албански јазик, преговорите за името и Преспанскиот договор, референдумот, уставните промени.
Што ако Председтелот Иванов не ги потпиша? Тие сите влегоа во сила!
Значи што ако Заев ги изгуби тие битки кога Заев –УДБа секоја „загуба“ ја потполнуваа со кршење на уставот и законите! Значи без отворена борба, а тоа е парализа на системот која единствено е можна со БОЈКОТ на председателските избори, повлекување на пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата од Собранието, повлекување на сите градоначалници и советници од општиснките совети, нема да има суштински промени. Само така маже да се издејствува мирно, односно демократско рушење на системот кој сега е олицетворен во Заев.

пс. ако Мицкоски влезе во предсеателската изборната трка која и на врапците им е јасно дека ќе ја загуби ке стане јасно дека и тој е дел од војската на Дарие, односно УДБа!!
Нешто што сум напишал на 28.04.2014 година, кога се водеше битката против тоталитаризмот на Груевски:

ппс.  Битно прашање е кој, која политичка партија може да води со Груевски отворена борба со која ке му го скрши борбениот дух.

По мое длабоко убедување таква партија ниту пак движење во Македонија во моментов не постои. 

СДСМ не може заради тоа што тие не дозволија да заживее демократијата. Тие не дозволија да се раскине со комунистичкиот менталитет.

Затоа првин тие мора да го признаат јавно тој грев па потоа да ги осудат своите членови кои биле носители на попречувањето на заживување на демократските процеси во Македонија!

Луѓе кои се директни виновници за продолжување на комунистичката пракса на владеење, владеење со непочитување на Уставот и институциите на државата. Луѓе кои се виновни за несанкционирање на криминал, ангажирање на криминалци во структнурите на тајната полиција НЕМОЖЕ да го обвинуваат денеска Груевски за непочитување на Уставот, нефункционирање на институциите на државата за криминал И СО ТОА да му го ослабат борбенииот дух.
Ако граѓаните на Македонија сакаат да ја добијат битката против Груевски мора да ја ги препознаат вистинските ДЕМОКРАТИ, луѓе кои подеднакво го осудуваат НАЦИОНАЛ СОЦИЈАЛИЗМОТ И КОМУНИЗМОТ и да застанат зад нив.

После скоро 5 години се наоѓаме во иста ситуација само што сега битката се води против Заев, човекот кој ветуваше дека ке донесе демократија, еднаквост пред законот