Welcome visitor you can log in or create an account

Гласот на слободна Македонија Епизода 12: Не-баш-граѓанскиот совет за надзор на ОТА

30.01.2019

Published on Jan 30, 2019
Неделава Собранието на Република С****** Македонија го усвои предлогот за назначување на Граѓански совет за надзор на Оперативно техничката агенција (или по старото име Петта управа при СДБ). Советот, кој не го предложил, ниту избрал никој граѓанин, ќе биде сочинет од судијката Маргарита Цаца-Николовска, „невладинците“ Гордан Калајџиев и Филип Стојановски и професорот на факултетот за безбедност Ице Илијевски. Простото прашање е каков надзор ќе врши оваа екипа која речиси дваесет години по отварањето на досиеата на УБК/ДБК сѐ уште нема проговорено за масовните систематски злоупотреби на службите на државната безбедност од страна на тогашната власт? И каков надзор ќе може да се очекува од екипа чии што членови по секоја цена се бореа да спречат лустрација, па дури и се залагаат за правата на „оштетените“ лустрирани.

1. Вовед: Есеј „За чудовиштата чии што имиња не смеат да се изустат“;

2. 6:30 - За солидарноста со Мадуро, Палестинците, Виетнамците, Црнците и другите патилци;

3. 14:00 - „УБДа веќе не постои“: Што е ОТА и зошто ВМРО ДПМНЕ повторно молчи;

4. 29:00 - Совет за граѓаниски надзор: Која е Маргарита Цаца-Николовска;

5. 53:00 - Гордан Калајџиев и „Хелсиншки“;

6. 1:07:00 - Филип Стојановски и „Метаморфосис“;

7. 1:19:00 - Ице Илијевски и дали има паралели помеѓу денешното време и 1996-98 година;

8. 1:28:00 - Како да се соочиме со чудовиштето. Релевантни линкови:

- http://forum.kotle.ca/showthread.php?...

- http://macedonianinformationcentre.or...

- http://www.kotle.ca/udba/item/916-pad...

- http://www.kotle.ca/vesti/item/876-re...

Музика: „Елено моме“ www.macedonianinformationcentre.org