Welcome visitor you can log in or create an account

КОЈ И ЗОШТО ГО НАТЕРА ВРХОВЕН СУД ДА ОДЛУЧУВА ЗА НЕШТО ЗА ШТО НЕГОВОТО РЕШЕНИЕ НЕ Е ОБВРЗУВАЧКО?

Јордан Петровски 30.01.2019

Врховен пресече: СЈО не може да отвора истраги и да поднесува нови обвиненија по рокот од 18 месеци

[Image: 25577434_1438993049544454_1740863022_o-1.jpg]


30 јануари, 2019 Васко Маглешов

Врховниот суд одржа oпшта седница зад затворени врати на која, донесе начелно правно мислење дека специјалното јавно обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на бомбите и дека СЈО не е овластен тужител за преземање истраги и предистражни постапки. Иницијатавите се поднесени врз основа на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите.
Во соопштението на Врховниот суд пишува:  „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка.
Тоа значи дека висат сите истраги на СЈО отворени по рокот од 18 месеци, како и обвинението за „Талир“. Иницијативите ги поднесоа адвокатите на обвинетите во предметите на СЈО, Боро Тасевски и Еленко Миланов.

Кој обвиненија и судски процеси се во прашање, односно кои обвиненија и судски процеси СЈО неможе повеке да ги работи:

 
 
Што е можната причина за ваквото решение на Врхвниот суд ја има предскажано порталот MINA REPORT :

СЈО пронашло 1 милијарда евра поврзани со случајот „Империја“ на Мијалков и Камчев


[Image: euros.jpg]

23.01.2019
Според нови имформации во случајот „Империја“ според кои СЈО пронашло огромни суми на пари во Кипарска банка.

Криминалци заштитуваат криминалци

Според информацијата која се појави во јавноста попладнево Заев се обидел да го спречи СЈО од понатамошна истрага со петиција до Врховниот суд да го блокира СЈО врз основа на тоа дека рокот му е истечен на случајот во 2017. Со други зборови СЈО можат да работат на случаи после 2017 година, но не и на случајот „Империја“ поради неговите огромни импликации.

Како успеаа Мијалков и Камчев да сокријат милијарда евра во Кипар?

МИНА открива дека има две фракции во СЈО, на една страна е Јанева а на другата се Ленче Ристевска и Фетаи. Поради огромните суми на пари кои беа откриени на Кипар и притисокот од страна на Заев да се закопа случајот, сега има фрикција во СЈО.

Планот на Заев е прост. Целта е случајот да се одземе од СЈО и да се предаде на јавниот обвинител Јовевски, кој едноставно ќе ги игнорира сите откритија како што стори со проневерата со Референдумот и сите криминални активности поврзани со владата на СДС.

АЖУРИРАЊЕ: Хари Костов и „Комерцијална банка“ се надлежни за префрлање на овие пари во Кипар. Овој случај е многу комплексен така што „Комерцијална банка“ и „Макпетрол“ се уценети од едно крило на СЈО да им овозмози на Заев и фамилијата да го превземе „Макпетрол“ на сила. Ова би се остварило доколку „Комерцијална банка“ ги активира хипотеките на кредитите на „Макпетрол“.

Братот на Заев, Вице Заев подолго време имал во план да го превземе „Макпетрол“. Најпрво Мијалков и Камчев биле уценувани од адвокатот Филип Мадарски и Давид Стевенсон кои барале мито за перење пари и кражби во случајот „Империја“. Ова се поврзува со смената на правецот кај Мијалков и неговото регрутирање на членови на ДПНЕ да гласаат во Парламентот за промена на името. Мијалков работел во интерес на американската Амбасада со цел да ги заштити фондовите во кипарската банка.


[Image: DxoaAIqWwAA9V_x.jpg]

Сега малку за адвокатот на Заев. Доколку ви е познато името Медарски, не треба да ве чуди. Мајката на Филип Медарски, Елица, работи како јавен обвинител во Скопје. Неговата сопруга е судија во Суд Скопје 2. Таткото на жена му е секретар на судот, а сестра му Ана е главна за сите случаи против Македонија во Стразбург. Филип Медарски има голема контрола врз судовите во Македонија бидејќи целата фамилија му е вработена во нив или како судии или јавни обвинители.
 
Одлуката на Врховниот суд е НЕОБВРЗУВАЧКА , Врховниот суд не е надлежен да толкува закони, бидејќи тоа го може само Собранието. Зошто  тогаш Врховниот суд се впушта во толкување на онаа што не е во негова надлежност? Дали е во прашање да се покрие ново самоволие на извршната власта, која за да исполни свои ветувања за обезбедувања на гласови за смена на името ке се повикува на одлуката на Врховниот суд??