Welcome visitor you can log in or create an account

Гласот на слободна Македонија Епизода 11: КРИВИОТ ПРАВЕЦ НА ОФИЦИЈАЛНАТА ДИАСПОРА

Published on Jan 24, 2019
 
Кога во Македонија се критикува нашата дијаспора, тоа обично се прави со карикатурата, „Дадов 10 долари, и уште десет ке дадам ако треба!“ Меѓутоа, ситните донации се впрочем како во Америка се собираат пари за секоја кауза. Проблемот на нашата дијаспора не е тоа што издвојува премногу малку пари за македонската кауза, бидејќи реалноста е дека македонските иселеници издвојуваат значителен дел од своите приходи за таа намена. Проблемот е во тоа што овие луѓе кои живеат и работат во фунцкионални демократии каде што владее правото и сите се еднакви пред законите, не работат ништо во однос на пренесување на тоа искуство во родниот крај, ниту пак во насока на промовирање на фактот дека македонскиот патриотизам е секогаш на мета на службите на државната безбедност во Македонија. Напротив, претставниците на официјалната дијаспора, од кои повеќето се родени на Западот, за жал, се однесуваат како да израснале во најзаостанатите краеви на Македонија и како да биле образувани во најдоктринарните факултети на Црвените универзитети. Класичен пример е господинот Бил Николов од Македонското меѓународно движење за човекови права, кој деновиве засилено истапува со марксистички речник во напад против претседателот на САД Доналд Трамп, како и против националистичкото движење глобално, во наводна одбрана на македонскиот национален идентитет. Во државата каде што живее, Канада, г. Николов неблагодарно го напаѓа поранешниот премиер Стивен Харпер кој во 2007 година ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име, а им се додворува на самоназначените лидери на „пост-национална“ Канада, Либералите на Џастин Трудо. Со застапници како Бил Николов, на македонската кауза не ѝ требаат непријатели. Релевантни линкови:

- http://forum.kotle.ca/showthread.php?...
- https://forum.kotle.ca/showthread.php...
- http://kotle.ca/ekskluzivno/item/729-...

Музика: „Туѓината пуста да остане“ - Бадев, Илиева, Сариевски