Welcome visitor you can log in or create an account

Гласот на слободна Македонија Епизода 10: За песни и закони

 

Дајте ми да ги пишувам песните на мојот народ, па кој сака не ги пишува законите!“ - Ендру Флечер Во изминатава недела се донесоа два противуставни законски акти кои ефективно ја погребуваат Република Македонија. Тоа беше единствениот исход на 27 годишната политика на бившата југословенска република Македонија каде со противуставни деловници за работа на службите на државната безбедност се прогонуваше сиот македонистички елемент. За жал оваа држава не беше кулминацијата на дејствата и идеите на македонското ослободително движење родено кон крајот на деветнаесеттиот век, а одржано во живот низ смелите акти на БМОК, ВМОРО, ВМРО и ВМРО (СДРМА) ПРАВДА. Не, оваа држава беше производ на потребите на великосрпската политика на Црна рука, и нејзините гавази во Македонија, Киро Глигоров, Јордан Мијалков, Никола Кљусев, Михајло Апостолски и остатокот од предавничката багра на Сојузот на комунисти. Меѓутоа, не е сѐ изгубено. Версајскиот светски поредок е во неговата финална етапа. Следните три до пет години ќе видат сериозни измени на границите, сојузите и општествените уредувања во Европа, па и пошироко. Сега е време да ги воочиме грешките кои ги направивме, како поединечно така и колективно во изминатите децении и да се подготвиме за она што претстои. Теми на дискусија:

- Поздрави и честитки за Северџаните од нивниот другар Ким Јонг Ун;
- Зошто не Душан не е достапен за онлајн дискусии и разговори;
- Законот за јазици: исполнение на 120 годишен идеал на Албанскиот народ: провокација и флексање на мускули;
- Македонија: трета албанска држава; - Апел на албански патриот до британската политичка јавност од 1906 година;
- Комесарот Јоханес Хан за преговорите со ЕУ: Попусто е Северна без реформи; (https://expres.mk/han-za-pregovorite-...)
- Direktno.hr: „Operacija anacionalne ljevice je uspjela, Republika Makedonija je preminula 11. Sjećnja 2019“ (https://direktno.hr/eu-i-svijet/brodi...)
- Зошто уште држи мојата прогноза од пред референдумот: „Не верувам дека ЕУ ќе дозволи да се оди до крај со фалсификатот“; (http://macedonianinformationcentre.or...
- ОНА ФОРМИРАНА ВО БЕЛГРАД (http://forum.kotle.ca/showthread.php?... ОДБЕГНУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ:
- Мицко е крив - недолжно жртвено јагне;
- Прослава за влез во ООН;
- Како луѓето упаѓаат во кљусето на УДБА (http://macedonianinformationcentre.or...)

Музика: „Народе македонски“ - Ансамбл „Билјана“