Welcome visitor you can log in or create an account

АСТЕРУД , АПАСИЕВ И КАРАПЕЈОВСКИ ГО ДОКРАЈЧИЈА УСТАВОУБИЕЦОТ ФРЧКОСКИ

 
 
 
државата се клучни механизми на рамнотежа и контрола меѓу законодавната и извршната власт во законодавниот процес, во споредбеното право познати како check and balance, нели... Конечно , како тоа шефот на државата наводно влегол во неправо кога нема уставен рок кога треба да потпише , намерно или ненамерно неставено од уставотворецот , никогаш некорегирано при било кое отварање на уставот за уставни амандмани , а во уставно- правната теорија познато како џебно вето ? Ако некој не е приврзаник на таа и таква правна доктрина односно смета дека тоа е неприменлива доктрина кај нас има други правни и институционални начини ( оние за неговата одговорност ) тоа да се расчисти и “ ревоспостави ” правото , проф. Фрчкоски, вака Собранието не смее да го наметнува својот конечен збор во законодавниот процес , уште помалку Собранието редуцирано на индивидуални потфати на неговиот претседател како “ прв меѓу еднаквите “ ( што ќе извади за следно, можеби самоволно ќе почне да дава автентични толкувања на законите во име на Собрание , па тоа не може ниту Законодавно-правна комисија , мора да и се потврди на пленум , така ?). Ништо не го пере овој тежок упад во уставниот поредок , па ни вашата “ уставотворна екселенција” , всушност жално и срамно е тоа за вас во крајната фаза од кариерата од “уставотворец “ да се трансформирате во “ уставоубиец” , и ако се извози вака , со се друго и сите други вакви слични “ толкувања “, Македонија не само што абер нема од владеење на правото , туку и тоа што малку од малку го има , целосно се разградува . Бидна ова , па исто неодамна добивме и “ правни толкувања “ дека гласачкиот цензус за референдум ( може и за избори?) не е правно- релевантен, камоли политички , па се измисли дека нашиот устав има и советодавни референдуми по своето правно дејство ( а уставот појасен не може да биде во сите свои одредби каде спомнува референдум, имаме само правно-обврзувачки !), итн . Што е следното ? Претпоставувам развивање “правни толкувања “ зад која стојат демек правни експерти со гравитас, дека собраниски и владин кворум за работа на овие две институции е непотребна гњаважа во одлучувањето, дотолку повеќе откако во неколку наврати низ годините констатиравме дека опозицијата не ни е потребна , а најново со ЗУЈ дури ни за системски закони , едноставно парламентарното мнозинство ќе си донесе обичен закон со кој ќе упадне во материја на системските закони , малце ќе се замачка тоа со евро знаменце (?!) , Бадинтер и слични мирудии , и -завршена работа . Да не заборавиме дека и вакви закони , нели многу битни , се носат без предвидување на почек на законот ( vacatio legis) , небаре е воена или вонредна состојба , оти од искажувањето или молчењето на видни правни експерти , дознавме дека ваков клучен правен институт за внатрешната и надворешната моралност на законите не е ич битно , обична дребулија за да се маткаат таму правниците, нема врска со интегритетот на правниот поредок , нема врска со неговиот демократски карактер , ама ич нема врска со гаранциите на правата и слободите на граѓанството , нема врска со здраворазумската и практична оперативност на законите . Да не заборавивме , дознавме и дека “ од сега , панадаље и убудуче” во Македонија се укинува и друга уставна одредба, “ света крава “ на цивилизирани правни поредоци насекаде , таа за неказнување без претходно постоечки и дефинирани деликти ( нешто што правниците во сон го знаат како nullum crimen nulla poena sine lege ), ич да не правиме муабет за пропорционалноста пак на казните . И проф. Фрчкоски збори за наводно неправо од страна на шефот на државата , а не ги гледа кратерските димензии на неправото во и на ЗУЈ ? И сето тоа и пред воопшто да ја отвориме , да дојдеме до самата проблематика на “ јазиците “, што таму е се неуставно, неправо, како и флагрантна повреда и надминување на Рамковниот договор! Трката до правното и уставно-правното дно , ма и под дното, а со тоа и за се друго, неизбежно, не е завршена, очигледно !

 

Да не останат моите зборови дека Професорката Ристова-Астеруд  потврди многу мои текстови во кои сум укажувал аргументирано на непочитувањето на Уставот од Фрчкоси во периодот на неговото водење на Министерството за Внатрешни Работи непотврдени ке дам неколку примери од два текста: ИЗЈАВИ КОИ ЈА ПОПРЕЧУВААТ ДЕМОКРАТИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА !! ВО ДРЖАВА КАДЕ ШТО ПОСТОИ ЈАВНО МНЕНИЕ, ФРЧКОВСКИ НЕ БИ БИЛ НИ ВРАТАР НА ПРАВНИ 

Уставотворецот а во истовреме и генералниот секретар на Форумот за човекови права и потоа министер во чиj ресор е и тајната полиција, докторот по правни науки и универзитетски професор, Фрчкоски на видеово вели:

Можам да кажам дека овие што ги навеле тие, ниеден не е НЕВИН, НИЕДЕН АПСОЛУТНО !!!




А еве што вели Уставот;

Член 13

        Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино сè додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука

Фрчкоски генералниот секретар на ФОРУМОТ за Човекови Права незнае што е кршење на човекови права . Незнае дека секое прекршување на со устав загарантираните човекови права е ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА!!!





Фрчкоски со неуставното прислушкување, за ниедно прислушкување водено од Идеолошки и Политички причини нема СУДСКИ налог за прислушкување , односно нема налог за ПИ мерки. Решенијата за прислушкување ги потпишувал Фрчкоски што е спротивно на Уставот 


Уставот вели;

Член 17

        Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

        Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.

Но Правилниците за раборта на ДБК го игнорираат овој член на Уставот со тоа што во Правилниците за работа,  министерот е тој кој го одобрувал прислушкувањето. Значи пак да констастирам не се работи за злоупотреба на службена должност, се работи за рушење на Уставниот поредок,  во тоа рушење учествува и  Уставниот суд бидејки не реагирал, не ги поништил таквите закони, правилници што му била должност.



[Image: 6xtev4.jpg]