Welcome visitor you can log in or create an account

ЖЕСТОКА БИТКА ПОМЕЃУ УДБА ЛЕЊИНИСТИ-МАРКСИСТИ И УДБА ТИТОВИСТИ-ЦРНА РУКА


МУАРЕМИ ПОДГОТВУВА КРИВИЧНА ЗА РУСКОВСКА Сакала да му го наруши угледот


Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми до крајот на неделата ќе поднесе кривична пријава против обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службената исправа“.

На брифинг со медиумите денеска во Управата за финансиска полиција, директорот Муареми, појасни дека претставки до jавниот обвинител на РС Македонија, до Советот на јавни обвинители и до Судскиот совет поднел не зошто Вилма Русковска постапила по пријавата што ја добила против него, туку за начинот и незаконитоста во постапувањето.




 РУСКОВСКА БАРА ПОМОШ ОД АМБАСАДИТЕ НА САД И НА ЕУ Имам притисоци од владин функционер 

Ја замолувам и европската обвинителка Лаура Ковеси, ако е во можност, да дојде и да ги провери сите предмети на oбвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако јас сум на чело на Обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот, за Муареми, истакна шефицата на oбвинителството.