Welcome visitor you can log in or create an account

ГРУЕВСКИ СЕ НАДЕВА НА КРАТКОТО ПАМЕТЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ПА СЕ ОБИДУВА ДА ЈА СИМНЕ НЕГОВАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА, ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР И ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Јордан Петровски 25.07.202


➡️дали ова ќе се реализира или не, ќе зависи во голема мера од македонскиот народ но и од политичките елити во Македонија и нивното единство по националните прашања, политиките кои ќе ги водат, нивната независност во спроведување на политиките, подготвеноста за ризици и притисоци, умешноста на дипломатијата и меѓународните партнерства и сојузништвата.
➡️Во моментот со последните одлуки на владата и парламентот создадени се мошне солидни предуслови за реализација на тој план на Бугарија, но повторно, најмногу ќе зависи од народот и политичарите.
Во минатото, до Мај 2017 година “Договорот за пријателство” не можеше да се договори и потпише токму заради обидите на макеоднската влада да ги елиминира ваквите предуслови во текстот на тој договор кој е основа за документите усогласени и прифатени во текот на овој месец.
➡️ Не е точна тезата дека македонскиот народ никој досега не успеал да го асимилира, па нема да може ни од сега. Оние кои барем малку познаваат историја знаат дека низ последните 100-150 години милиони Македонци се асимилирани од Бугарија, Грција, Србија, Османлиската Империја а дел од нив и низ светот(се разбира не сите) како македонска емиграција. Ова се природни и политички процеси што насекаде се случуваат и ова што се однесува до асимилацијата на македонците е историски потврдено и го знае секој еден кој прочитал барем три книги за историјата на макеоднскиот народ.
➡️точно е дека и без документите и одлуките од месец јули Бугарија како земја членка на ЕУ можеше да го проблематизира зачленувањето на Македонија во ЕУ за да ги оствари овие цели.
Но ќе се судреше со многу земји внатре во ЕУ бидејќи тоа ќе го правеше без основа а тие на принципиелна основа ќе можеа да реагираат. Сега, создадена е основа, и притисокот врз Бугарија од другите земји членки на ЕУ и од САД, а во корист на Македонија, би одел многу потешко и со помалку аргументи.
➡️точно е дека ниту една земја до сега не го загубила својот идентитет во процесот на зачленувањето во ЕУ. Но, точно е и дека досега на ниту една земја не и биле поставени вакви услови како што сега и се поставени на Македонија преку прифатените документи овој месец.
➡️Членството во ЕУ треба да остане во фокусот на секоја влада на Македонија сега и во иднина, но со последните одлуки на власта се создадоа предуслови и за огромни други ризици од национален карактер, кои ќе бараат многу повеќе напор и внимателност во иднина и кои може да се основ за нови блокади на патот на членството во ЕУ.
➡️Не можеме да ја обвиниме ЕУ или Франција за нејзиниот предлог, бидејќи токму владата преку нејзини преставници, пред повеќе месеци официјално побара од ЕУ да го превземе решавањето на проблемот, односно спорот меѓу нејзината земја членка - Бугарија и Македонија како земја претендент за членство.
И еве ЕУ се согласи, на барање и во преговори и дијалог со македонската власт даде предлог.
Секако дека луѓето во власта знаеле дека кога ЕУ решава проблем меѓу земја нејзина членка и земја која не е членка на ЕУ, механизмите во ЕУ се такви што неможе да се очекува земјата членка да биде во понеповолна ситуација со тој предлог.



Ке прикачам и линк до мој текст ТАЧИ ВОЈВОДА - АХМЕТИ ДПМНЕОВСКИ НАДВОЈВОДА!  од октомври 2011 година кога го извршивте најголемото предавство и го трасиравте патот Ахмети да стане и Премиер и Претседател на државата, односно Македонија да стсане управувана од Албаци!

Груевски требаше да го врати мандатот
Да се вратам на Груевски: Ако навистина Груевски сакал да стане премиер на влада на  граѓаните на Македонија, тој ќе излезеше јавно да ги обзанани барањата на Али Ахмети и ќе соопштеше дека го одбива мандатот, бидејќи под уцена не сака да составува влада. Дека, поради негово длабоко убедување, барањата на ДУИ се против Македонија како држава и против Македонците како етникум. Притоа, ќе ги ставеше Бранковстите во „небрано“, оставајќи ги нив да му ги исполнат барањата на Ахмети, кои во тој момент би ѝ биле познати на целата македонска јавност.
Ова предавство кое го врши деновиве Владата на Грујовистичката банда не може и не смее да остане неказнето!!!
Кога ќе замине од  власт Груевски, а притоа нема да се врати на власт Црвенковски, тогаш злосторниците мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Во тој клучен момент, однесувањето на Албанците ќе биде пресудно за понатамошните односи внатре во државата. Етничките Македонци нема да смеат повеќе да ја забиваат главата во песок и проблемите да ги одложуваат за утре. Ова не е повик на војна. Ова е повик на спроведување на механизмите на правната држава и повик на функционирање на инститиуциите на истата таа држава.