Welcome visitor you can log in or create an account

ЗОШТО БУГАРИЈА НЕ БАРА ОТВОРАЊЕ НА ДОСИЕАТА ПОСЛЕ 1991 КОГА БУГАРИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ТОА ГО ПОБАРАА НА СРЕДБАТА СО РАДЕВ, ОДГОВОР ВО ТЕКСТОТ!


Јордан Петровски 18.07.2022

Отворање само на досиеата е опфатено во две поглавја од ПРОТОКОЛОТ:


РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ЖРТВИТЕ НА РЕПРЕСИИ ВО КОМУНИСТИЧКИОТ ПЕРИОД

Владата на Република Северна Македонија, во согласност со „Декларацијата за извинување на жртвите од репресиите од режимот во периодот 1945-1990 година“ усвоена во 2006 год. од Собранието на тогашната Република Македонија и во духот на Резолуцијата на Европскиот парламент за Европската совест и тоталитаризмот од 2009 год., да ја реафирмира осудата и извинувањето за неправдите и репресиите извршувани во минатото, директно или индиректно, од страна на југословенските комунистички власти против граѓани врз основа на нивното етно-политичко самоопределување, вклучително и Бугарите.
Владата на Република Северна Македонија изјавува дека ќе ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создаде јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално проучување и заштита на соодветните документи

.ПРАВНА РАМКА ЗА ОТВОРАЊЕ НА АРХИВИТЕ

Владата на Република Северна Македонија, во рок од една година, да ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на бившите служби на државна безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилно и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 г. Оваа сеопфатна правна рамка ќе создава јасни можности за слободен, неограничен и навремен пристап, проучување, право на употреба, објавување и институционално складирање и заштита на соодветните документи.

 

Во ПРОТОКОЛОТ нема збор да се овозможат судски процеси на прогонуваните и судените. Со тоа се остава простор за голема манипулација за бројот на прогонуваните „Бугари“. Зошто го велам ова? Југословенската Тајна Полиција за да го сокрие прогонот на Македонците кои се залагале за искористувањето на правото кое им било загарантирано со Устав на сите повени Југославии, право на раздружување до отцепување од Југославија нив, прогонуваните Македонци ги етикетирала , како Бугарски Врховоисти, Ванчомихајловисти а после 1991 година како соработници на БНСР, значи сите тие луѓе може Бугарија да ги подведе под именка дека биле Бугари а таа бројка се мери во неколку стотини илјади!

Има уште една чудна работа а тоа е дека Бугарија не бара отворање на досиеата после 1991 година?? Иако такво барање од Здруженијата на Бугарите во Македонија има!
На видеото ке го слушнете барањето на делегацијата на Бугарите од Македонина да се побара од Р. Македонија отварање на досиеата и за период после 1991 година, бидејки господинот Владо Тренески јасно говори дека тој е следен и после 1991 година, значи прогонот на „Бугарите“ 
продолжил и после 1991 година

           

Тајната или причината за не барање на отворање на досиеата после 1991 година, досиеа кои се отворени лежи во тоа што со тие досиеа Бугарија неможе да манипулира од причина што голем број од прогонуваните се соработници на Службата на Државна Безбедниост а другиот дел кој бил прогонуван како соработници на БНСР ке излезат јавно да демантираат дека се Бугари! 
Втората причина за не барање отворање на досиеата после 1991 година лежи вофактот дека со тоа ке се види дека СДБ работела за туѓи интереси, интереси на Србија !!
Трета причина е што од досиеата ке се види и соработката на СДБ со бугарската ДС и БНСР!
За да се спречи ваквата опасност за Македоците, опасност Бугарија да мафта со бројка на неколку стотици илјади Бугари кои заради репресија после 1945 година морале да се изјаснуваат како Македонци и дека таа бројка од неколку стотини илјади „Бугари“ говори дека комунистичкиот режим на Тито со присила ги створил Македонците, мора да има судски процеси на кој ке се провери валидноста на доказите кои ги имала УДБа. Во ниедно досие нема валиден доказ! Се е на основа некој кажал за некого!  
Ќе прикачам линк до текст во кој е видеото од моето гостување во емисијата „Заспи Ако Можеш“ кое беше на оваа тема  а набргу после посетата на делегацијата на здруженијата на Бугарите од Македонија кај претседателот на Бугарија Румен Радев!

ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ И КОЈ НАВИСТИНА ЈА ВОДИ МАКЕДОНИЈА