Welcome visitor you can log in or create an account

ДА СЕ УКИНАТ ПАРТИИТЕ И ДА СЕ ВРАТИ СОЦИЈАЛИСТИЧКИОТ СОЈУЗ

ГРАЃАНСКОТО НЕСОГЛАСУВАЊЕ И АКТИВИЗАМ Е СРЦЕТО НА ДЕМОКРАТИЈАТА-ВЕЛИ ОНОЈ КОГО ТАТКО МУ ГО ПРОКОЛНА СО СУШЕЊЕ НА РАКАТА

Јордан Петровски 27.06.2022

-„ Граѓанското несогласување и активизам се срцето на демократијата. Ако до овој најнов срам проблемот беше божемната надворешна политика, што според зборовите на Петков, доведе до ‘неверојатен дипломатски успех‘ за Бугарија, со сесрдна помош и соучесништво на македонската влада, сега проблем е и овој беден обид за заплашување. Имаше две неспорни области на напредок последниве години – надворешната политика и слободата. Како стоиме денес во тие области, ако надворешната политика дозволи ваков дебакл што го гледаат сите со отворени очи, и дома и надвор, распрскувајќи ги македонските црвени линии на парчиња, а министри се закануваат токму на слободните граѓани кои се обидуваат да ја намалат штетата, што веќе е огромна“, вели Димитров.

Никола Димитров, во прв план на изразувањето на слободата во повекепартизмот го става граѓанскиото несогласување и активизам, што сепак не е суштината на демократијата. Носители на демократијата се партиите, движењата, ... со еден збор сите кои онаа што го прават, говорат, ветуваат, остаруваат или не она што говетиле преку локални, парламентарни избори го ставаат на тест. Граѓанскиот активизам , односно „граѓанскиот активизам“-НВОата не можат да бидат носители на изразувањето на слободата бидејки врз нив граѓаните немаат никаква алатка со која можат да ги контролират! Опстанокот на „граѓанскиот активизам“-НВО ата не зависи од граѓаните, туку зависи од нивниот финсиери или од групацијата која ги назначила на чело на „граѓанскиот активизам“-НВОто!
Првите луѓе на НВОата кои во Македонија се носители на граѓанскиот активизам не подлежат на никаква провека на нивниот рејтинг, не одат на избори, изборот на првиот човек е на НВО то се врши во тесен круг на политичка партија или Безбедносните служби!! Затоа водства на „граѓанскиот активизам“ -НВОата во Македонија никогаш не застаналена страната на граѓаните, туку тие се најверните чувари на тоталитарниот комунистички систем!
И затоа Никола Димитров, како верен чувар на Тоталитарниот комунистички систем ни продава магла дека тоа е најмоќното оружје кое ја брани слободата и демокрагтијата!!
Ако најголемата опозициона партија не повика на обединување на сите политички субјекти кои се против договорот со Бугарија и за среќа тој повик беше прифатен и од водставата на некои партии но и она најбитното од членови на партиите на власта!! Ако дел од коалиционите партнери на власта не се заканија со напуштање на коалицијата, договорот со Бугарија ке поминеше!
За крај прашање за Никола Димитров дали Фондацијата СОРОС, Хесиншки, ЦИВИЛ со неговите сателити, официјално кренаа глас против договорот со Бугарија?