Welcome visitor you can log in or create an account

НАЦИОНАЛ СОЦИЈАЛИЗМОТ, КОМУНИЗМОТ И ФАШИЗМОТ СЕ ТОТАЛИТАРНИ И ЗЛОСТОРНИЧКИ ИДЕОЛОГИИ

Јордан Петровски 18.04.2022

Од почетокот на окупацијата на Украина од страна на Русија социјалните мрежи се преполни со осуда на фашизмот на Украинците и на западниот свет!! Деновиве таа „антифашистичка“ еуфорија е врзана за еден лик од македонската историја, затоа не ке е на одмет да го погледнеме профилот, демократските капацитети на луѓето кои се перјаници во посочување со прст во откривање на фашистите!

Демократскиот свет помеѓу фашизмот и комунизмот постави знак на равенство!

Во Македонија комунизмот ниту е осуден ниту пак некој помислува да го осуди иако во Македонија постојат непобирни докази дека комунистичкиот терор продолжил и после воведување на повекепартизмот, носење на демократски Устав, „осамостојувањето“.... УДБа останала не чепната, односно не развластена!!

Затоа ке дам една дефиниција на Академикот Аралица преку која најлесно можемне да препознаеме со каков човек разговараме полемизираме, треба да го прифатиме неговото мислење или не ....

-„Академикот Аралица нуди еден многу лесен и едноставен начина за препознавање на менталниот склоп на човекот, на општеството и на системот. Ќе го парафразирам:
Како основ за препознавање на човековиот, односно општествениот менталитет, треба да се тргне од темелот. Да се дефинира разликата на менталитетот кој настанува во демократски општества и од оној што се ствара во тоталитарните.
Вообичаено е да сметаме дека демократ неможе да биде човек кој подеднакво не ги осудува обата тоталитаризми.
Ако на некого комунизмот му е негативен, а кон фашизмот е благонаклон, тогаш тој човек е ментален неофашист. Ако пак фашизмот му е негативе, додека за комунизмот во сите случаеви има оправдувања, тогаш човекот е ментален комунист, па и да се убие од докажување дека е демократ тоа неможе да го смени!“