Welcome visitor you can log in or create an account

НИТУ ТЕЛЕКОМ, НИТУ АЕК НЕ БИЛЕ ВО МОЖНОСТ ДА ГО КОНТРОЛИРААТ РАБОТЕЊЕТО НА УБК, ТОА ГОСПОЃА РЕМЕНСКИ НЕ МОЖЕ ДА НЕ ГО ЗНАЕ!!


Деновиве повторно се јави госпоѓа Ременски со свој краток серијал со кој НЕУСТАВНОТО и НЕЗАКОНСКOТО прислушкување на УБК се обидува да го прикаже како чин на злоупотрeба на поединец од УБК-Сашо Мијалков и раководителите на Телеком и АЕК, што е тешка манипулацвија од нејзина страна. Серијалот можете да го читате на следниот линк: НЕУСТАВНО ПРИСЛУШКУВАЊЕ А НЕ ЗЛОУПОТРЕБА ОД ОПЕРАТОРОТ И АЕК





Еве го членот 175 од законот кој важел 2015 година:



Во член 175 исклучиво се говори за обврските на Операторот-Телеком и други кон ОВЛАСТЕНОТ орган за следење на комуникации-УБК!! 
Од она што стои во член 175, прислушкувањата кои се правени од ОВЛАСТЕН орган за следење на комуникации, а тоа се УБК, АЕК или Операторот, немале никаква законска основа да проверуваат дали УБК ги следи комуникациите според Уставот??

Членот 175, во 2017 година е ИЗБРИШАН/УКИНАТ од Уставниот Суд!





Но има една интересна предисторија врзана за „контролата“ на прислушкувањето!! Имено во 2005 година донесен е Закон за електронските комуникации објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2005 во кои Операторите за да започнат со законско прислушкување требале да добијат НАЛОГ ОД НАДЛЕЖЕН СУД!! 
Еве го членот 115:



Но Уставниот суд 2010 година помеѓу други членови го укинува и членот 115!! Еве ја одлуката за укинување:


Чудно е што одлуката за укинување на член 115 ја носи Уставниот суд на чие чело се наоѓа тврдокорниот кадар на СДСМ, Бранко Наумовски!

Прислушкувањето кое е вршено во период 2010-2014 година од кој Костовски и Лазаревски прибирале прислушкувани материјали и НЕОВЛАСТЕНО ги дале на политичка партија--во случајов СДСМ--е вршено ИСКЛУЧИВО од УБК, така сведочеа Лазаревски и Костовски. Значи прислушкувал ОВЛАСТЕН орган за следење на комуникациите. 

Прашања кои се битни за да ја дознаеме вистината за тоа дали прислушкувањата во период кога Костовски и Лазаревски почнале со прибирање на прислушкувани разговори било според Правилата за работа на СДБ--„Службен лист на СФРЈ-доверливо гласило 18/90“ или според Правилници за работа, („Поседбен службен весник“ 10/92, односно 10/95) со кои се регулирало работењето на СДБ, а кои се објавувани во посебен-таен Службен весник!!

Зошто госпоѓа Ременски свесно се обидува вината за прислушкувањето ја префрли врз АЕК и Операторот е прашање на кое госпоѓа Ременски ке треба да даде одговор!!

Зошто го пишувам ова?? Според доказите добиени од досиеата кои се достапни за периодот 1992-2000 година, јасно се воочува дека прислушкувањето, следењето, користењето и на други техничко оперативни мерки било покривано со ПРАВИЛНИЦИ кои биле НЕУСТАВНИ!!
Да дадам појаснување зошто ПРАВИЛНИЦИТЕ и ЗАКОНИТЕ според кои работела СДБ се НЕ  УСТАВНИ!
Уставниот Закон на Р. Македонија во членот 6 вели:


Уставот од 17.11.1991 година во членот 17 вели:

Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.

        Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката.


Значи краен рок за усогласување на Законите, Уредбите, Правилниците бил 16.11.1992 година!!

Покрај НЕУСТАВНОСТА на ПРАВИЛНИЦИТЕ за работа се воочува уште една битна работа!! Имено дел од СДБ на Р. Македонија работи со „соодветни точки и ставови од Правилата на работа на СДБ“ на СФРЈ и во јули 1994 година!