Welcome visitor you can log in or create an account

„РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА“ НА ЧЕНТО Е ПОТСМЕВ СО НЕГО И СИТЕ ОНИЕ КОИ СЕ БОРЕЛЕ ЗА САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА !

Јордан Петровски01.02.2022
Да го коментирам интервјуто на вонредниот професор на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје, Никола Минов,  Бугарија од нас бара џелатот да стане жртва, ме предизвика овој дел, поточно овие две прашања и одговорите на нив:

Што во историски контекст подразбира рехабилитација на историска личност, како изгледа тој процес и колку може да трае со оглед на тоа што, претпоставувам треба да се прелистува и простудира пообемна документација за да се дојде до евентуално нови заклучоци за личностите што се предмет на рехабилитација во националната историја. Во изминатиот период од поновата македонска историја кои историски личности беа предмет на рехабилитација и како завршија тие процеси?

–  Тука треба да се прави разлика помеѓу политичка и научна рехабилитација на историската личност, иако, барем на Балканот, едното често оди рака под рака со другото. Под политичка рехабилитација најчесто подразбираме рехабилитација од советски тип, кога по смртта на Сталин во 1953 година, советската влада ги рехабилитирала (претежно постхумно) оние личности што биле неосновано осудени. Нешто слично се случуваше и кај нас во 90-тите години на минатиот век, кога беа рехабилитирани Методија Андонов-Ченто и низа други политички осуденици. Овде станува збор за политичка рехабилитација и рехабилитација со судска одлука. Научната рехабилитација е поинаква и бара академски консензус и стабилна база. Ќе објаснам со неколку примери. Научната рехабилитација на Ченто следуваше по политичката...

Како Вие како историчар го оценувате ова барање од бугарска страна и може ли да зборуваме за жртви на комунизмот само со бугарска национална припадност и во тој контекст да изземеме и други поединци или групи кои исто така биле репресирани од југословенските безбедносни служби поради своите поинакви сфаќања околу целосната независност на Македонија надвор од рамките на Федерацијата?

– Барањата од бугарска страна се класична уцена со затскриена, а сепак очигледна цел. Најголемиот дел од политичките осуденици во Југославија и во Македонија биле осудени поради тоа што ја прифатиле Резолуцијата на Информбирото, со која се осудувало раководството на Комунистичката партија на Југославија. Сталин пред Тито. Политичките осуденици од Македонија, или жртвите на комунизмот како што сега се вели, имале најразлична етничка припадност, а најголемиот дел од нив биле Македонци. Бугарија нè става во ситуација да прифатиме дека секој што имал поинакви сфаќања за независноста на Македонија, секој што сакал независна Македонија надвор од Федерацијата, секој што помислувал на обединување на Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, бил Бугарин.

Всушност, јасно е што бара Бугарија. Да се признае дека Тито и Југославија ги прогонувале сите што имале бугарска самосвест. Со тоа всадиле страв кај „Бугарите“, кои за да си го заштитат својот и животот на најмилите, престанале да кажуваат дека се Бугари и почнале да се изјаснуваат како Македонци. Стравот и образованието си го направиле своето, и новите генерации веќе биле Македонци. Со тоа би си ја докажале конструираната теза дека Македонците се „деца“ на Тито и Коминтерната. Претпоставувам дека нема да се инсистира на бројка. Знаат дека немало илјадници жртви на комунизмот со бугарска самосвест, како што знаат дека и денес нема ниту 5 отсто од наводните 100.000 Бугари во Македонија. Знаат дека ќе се најде по некој што имал бугарска свест, исто како што ќе се најдат по еден, двајца, или десетмина што им припаѓаат на најразлични етникуми. Доколку побараме конкретни докази за „бугарските жртви“ нема да стигнат до бројка што го оправдува нивното барање. Затоа и нема да се даде бројка и ќе се остави простор за шпекулација.

На двата одговора кои ги дава професорот Ненов мојот коментар ке биде во едно, преку случајот на Методија Андонов Ченто!
Затоа првин ке ја прикачам пресудата, делата за кои Ченто е осуден:

[Image: scan0019_1.jpg]
Ченто е водачот на НАЦИОНАЛ-ДЕМОКРАТСКАТА СТРУЈА во македонското партизанско движење!! Националодемократската струја се застапувала за воспоставување единство на националноослободителната борба на целата територија на Македонија, во сите нејзини делови, под единствена команда на ГШ на македонската национална војска, за ослободување на земјата и создавање самостојна и независна македонска демократска држава!
Според Уставот на Федеративна Народна Република Југославија од 31 јануари 1946 година стои:



ФНРЈ е заедница на рамноправни народи кои врз основа на правото на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ, вклучувајки го и правото на ОТЦЕПУВАЊЕ...

Од првата глава на основните начела на Уставот на ФНРЈ,  јасно се гледа/чита дека не постои основ Ченто да биде обвинет, суден и осуден!!

Во 1990 г. семејството на Ченто покренало постапка за судска рехабилитација. Окружниот суд во Скопје на 22.X.1990 г. ја укинал осудителната судска пресуда и донел решение со кое ја укинал судската пресуда од 23. XI 1946 г.

Дали укинувањето на пресудата е доказ дека Ченто е осуден невин или пак е знак на милосрдие на комунистичксата власт??
Мое мислење е дека без повторена судска постапка, не можело и не може да има докажување дека Ченто, невин, е осуден.
Зошто го велам ова, во ОБВИНЕНИЕТО има дела кои навистина ги сторил Ченто, но има дела за кои Ченто лажно е обвинет.
„Делото“ за кое го СТОРИЛ е постапката која ја ГАРАНТИРА Уставот на ФНРЈ и за кое е обвинет без основа:

...политиката на ФНРЈ е против интересите на Македонскиот народ, бидејки покрај другото, неговото обединение не може да стане во рамките на ФНРЈ ... да се од рамките на ФНРЈ отцепи народна република Македонија...

Значи Ченто само како што ГАРАНТИРАЛ Уставот на ФНРЈ се обидел да ги исполни целите на Национанодемократската струја, чиј водач за време на ВСВ бил тој!!
Дело кое не го сторил, а за кое е обвинет:

...организираат банда од маиружани (наоружани) лица со која МИСЛАТ да се префрлат во Грција...

[Image: scan0020_2.jpg]

За вооружената банда нема материјален доказ и тоа обвинение се заснова на сведочење и едно „ЌЕ организирам“, идно не свршено време!
Дека „Рехабилитацијата“ која му ја дадоа комунистите во 1990 година на Ченто е потсмев со него и сите оние кои се бореле, залагале за Самостојна Држава Македонија, комунистичката власт го изрази со тоа што не ги осуди судиите на Ченто: Панта Марина, Лазар Мојсов и Коле Чашуле, кои и кога ја носеле пресуда биле свесни дека осудуваат НЕВИН човек!! Згора на се, Коле Чашуле во 2003 година беше прогласен за почесен член на МАНУ!
За да бидам докрај јасен: На Ченто, делото за кое е осуден стои. Тој е рехабилитиран, а не прогласен за НЕВИН. Значи Ченто во умовите на комунистите е виновен--но од милост, тие го „амнестираат“!! 
Така што, господине Минов рехабилитација, политичка , со судска одлука или пак научна не е она што треба да се направи за да се задоволи правдата и вистината! Тоа е да се обнови судскиот процес и на тој процес со правосилна пресуда да се докаже дали Ченто бил или не бил виновен.

Втората работа од интерјуто на господинит Минов која непријатно ме изненади е :

Доколку побараме конкретни докази за „бугарските жртви“ нема да стигнат до бројка што го оправдува нивното барање. Затоа и нема да се даде бројка и ќе се остави простор за шпекулација.

Можеби господинот Минов не се занимавал со историјата на Македонија од 1945 година па навака, па не ги проучувал судењата и досијеата кои ги водела УДБа, СДВ, ДБК, УБК, па е уверен дека Бугарите немат „докази“ за да ги докажат нивните барања! Во пресудата на Ченто е тоа што обвинителот гради обид Ченто да го прогласи како ВМ-ванчомихајловистички елемент!!!Во обвинението на Ченто стои следново: 

[Image: scan0172_3.jpg]

А според логиката на УДБа и комунистите Македонците, кои се бореле, залагале за Самостојна, Обединета и Демократска држава Македонија се сите Ванчомихајловисти--а ванчомихајловистите за УДБа, комунистите и Бугарите се Бугари!! 
Е такви пресуди има илјадници!! Досиеа во кои Македонци се залагале за самостојна држава Македонија се водени по линии на работа „ВМ-вначомихаловизам“, „Бугарски Врховизам“, а после 1991 година како сороаботници на „БНСР“-Бугарската тајна полиција, за рушење со насилни средства на Уставниот поредок на Р. Македонија, има неколку стотици илјади! 
Тоа се доказите кои Бугарија ги нуди на земјите членки на ЕУ! 
Еве едно од таквите досиеа од почетокот на седумдесетите години на минатиот век:



Како ке ја побиете пресудата на Ченто и „доказите“ од оваа досие господине Минов?  
Еве уште еден доказ, досие отворено во „самостојна“ држава Македонија, досие која докажува за континуирана работа на Тајната полиција од УДБа до ДБК, СДБ УБК а веројатно и АНБ!



Триве случаи кои ги презентирав СУЖБАТА не обезбедиле никаков материјален доказ за соработката на прогонуваните со Бугарски служби икли било каква друга дејност врзана за Бугарија на лицата.
Но во досиеата стои јасно дека сите троица се „БУГАРИ“ и тие докази Бугарија ги користи. 
За да се соборат тврдењата на Бугарија треба да се докаже! Валидно  и за светот веродостојно докажување е единстевно по судски пат и правосилна пресуда дека УДБа, СДБ, ДБК, УБК со лажни обиненија осудувале и прогонувале Македонци!! 
Се надевам дека Слободен Печат ке го објави овој мој текст за да се фрли повеке вистина за тоа каде лежат замките од Бугарските барања и да се разбуди стручната фела, историчари, правници, ... каде е решението за отфрлање на Бугарските „докази“!!