Welcome visitor you can log in or create an account

ПОЛЕМИКА ПОМЕЃУ БИЛЈАНА А.СТОЈАНОВ И ИВИЦА БОЦЕВСКИ ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА И ЛИКОТ И ДЕЛОТО ЗА ДЕЛ ОД ИДЕЈНИТЕ ТВОРЦИ НА ИНИЦИЈАТИВАТА



 
Тројцата сигурно се спрегнати од некоја амбасада со цел да покажат дека без разлика на разликите, различните мислења и минатите грешки кои секој поединечно ги има направено на штета на државата и Македонскиот народ, обедунување на грѓаните, односно на народот на Македонија е преку потребно. Македонија не може да има граѓански концепт затоа што не постои Македонска етничка заедница туку постои Македонски народ. Ова треба јасно да им биде на сите кои и сакаат добро на Македонија и Македонскиот народ.
Драган во врска со прогласот изјави дека многу критики имало и позитивни и негативни. И пазете сега тие кои биле поекстремни најмногу се возбудиле а тие кои биле поблиску до „нормалноста„ биле повнимателни. Што значи „нормалност“? Дали нормалност значи прифаќање на северџанистан и тоа дека нема веќе Македонски народ туку ние Македонците сме граѓани со коса црта? За ова Dragan Milosavljevic ќе треба да даде појаснување.
За Милчин да се бидело интелектуалец значело да се реагира. Нејсе! Ако е така Милчин е најголемата глуперда во Македонија бидејќи кога се прифаќаше Тиранската платформа, која наводно не постои, а ниту еден не смее збор да каже против, го немаше никаде. Го немаше ни кога се потпишуваа договорите со Бугарија и Грција. Го немаше во името на парите кои ги земаше од Сорос и во името на евро-атланските интеграции. Дури и беше предводник на Шарената проституција. Повторно и ако треба милион пати ќе го напишам во името на парите на Сорос и во името на евро-атланската интеграција. И сега како да се обединиме со Милчин? Зарем мисли дека Македонскиот народ има мозок голем колку една чавка и ќе му прости? Е нема Милчине, нема простување, а со тоа нема ни обединување. Се додека не седнеш на обвинителна клупа и не одговараш за велепредавство обеднување со проститутка како тебе нема. Ти, како Македонски државјанин изврши предавство во името на демократијата. Го предаде својот народ. Зарем повторно мислиш дека ќе поминеш без никаква одговорност само затоа што си се разбудил едно утро и си решил повторно да го лажеш народот и да глумиш Македонец? Што би рекол твојот миленик Црепот „ Ево ти га на!“ Ти треба да бидеш прогласен за дрѓавен непријател и да бидеш соодветно осуден. Толку со тебе, не смееш ни во планина со пушка во рака да одиш! Си ја изгуби и довербата (ако некогаш си ја имал) и интегритетот ако некогаш си го поседувал и професионалниот кредибилитет (ако некогаш си бил почитуван како професор). Со тебе е свршен чин. Затвор и ништо друго!
Бранко Героски посебна сага сама за себе. Човеков не само што е предавник и нема никакво достоинство, ни кредибилитеи ниту интегритет туку уште се шалтова од тв во тв и држи некој баланс помеќу комуњарите и прогресивните ѓоа патриоти на ВМРО ДПМНЕ. Наместо да се скрие откако беше натурен со боја на сред Скопје овој како пелцован од срам да е уште ги прави будали Македонците и изиграва патриот. Ало Геро, Македонците имаат меморија како слон. Можеби порано простувале и заборавале но овие млади генерации ниту имаат намера да простат ниту да заборават. Заедно со другар ти Милчин во една ќелија и таму правете договори како да го спасите северџанистан колку сакате. Идризово не ви бега велепредавници!
Ивица Боцевски колку партии има сменето до сега? Овој Боцевски не беше тој што го спасуваше Милчин во Латинска Америка? И од тогаш сигурно Милчин му должи живот на Боцевски и така си станаа добри пријатели и наместо политички ривали сега се политички сојузници.
Туку да се потсетиме што изјави Боцески на 12 јануари 2019:
- Во 21 часот упати честитка до премиерот и граѓаните за промената на името и уставните промени.
- Повторно се обраќа во 23:30 часот: „Се извинувам, но во овие два и пол часа го сменив своето мислење и сметам дека ова е предавство на Република Македонија и вековните идеали“ рече тој во последното синоќешно обраќање.
- Потоа следното утро околу 10:40 часот тој повторно упати честитка велејќи дека ова е единствениот начин да се откочат евро-интегративните процеси и Македонија да тргне напред.
Што очекувате од ваква личност која нема јасен став по името на државата? Македонскиот народ него го смета за велепредавник. Нема понатаму размислување, затвор и за тебе а не обединување со тебе.
Сите тројца „интелектуалци“ потрошија цел час и нешто и никако не спомнаа:
- насилната промена на името
- 27 април
- нелегалната влада
- уставобранителите
- насилната промена на уставот
- вадењето на преамбулата на АСНОМ од уставот
- неуспешниот референдум од 30 септември
- пописот со врзан потпис
- гласање на нов нелегален премиер во собрание
и еден куп други нелегални активности кои ги направи нелегалната влада на северџанистан со поддршка на конструктивната опозиција ВМРО ДПМНЕ заедно со албанските партии кои пак се велепредавници пар екселанс.
Ниту еден од тројцава не ја застапува волјата на Македонскиот народ. Ниту еден! Нека каже барем еден зошто е потребно обединување со нив вакви „ угледни интелектуалци“, кои би те предале и продале уште на првата кривина?
Се извинувам ама се додека ваквата штетна клиентала не заврши пред судија и не биде соодветно казнета нема никакво обедуинување ниту пак прогрес.
Никогаш северна, само МАКЕДОНИЈА!
Македонија на Македонците, ВЕЧНА!

Ivica Bocevski
Со сета почит, госпоѓа Антоска Стојанов, но тоа што го напишавте е срамна лага. На 12 јануари не сум упатил никаква честитка кон никого, не сум дал никаква изјава или објава ни тој ден ни утредента, а ни било кога со таа содржина што ја напишавте. Немам никаков проблем со критика кон мене, но имам проблем со лажење.
За мене "Северна ..." е најголем срам во македонската историја и најтешко предавство на националните интереси на македонскиот народ. Воедно, ќе Ве замолам внимателно да го прочитате прогласот и уште повнимателно да ја изгледате емисијата. Никаде таму нема признавање на "Северна ..." и на Преспанскиот договор и ова што го пишувате е целосно измислица. За преименувањето сум се изјаснил и на ТВ и со свои авторски текстови, па повелете и пронајдете едно место каде што сум рекол било што освен осуда за тој срамен чин.
 Reply 23h

Biljana Antoska Stojanov
Господине Ivica Bocevski со сета почит кон вас, но ако медиумите лажат тогаш лажам и јас. Можеби пред да ме обвинувате за лаги треба да си проверите низ нетов што се има напишано за вас и да им реагирате на медиумите. Но тоа е најмалку битно за контекстот со кој ве обвинувам дека сте соучесник во велепредавство. Еве ќе ви образложам и зошто:
1. Вие бевте дипломатски претставник во Бразил во време на одродената нелегална влада која го промени името и ги потпиша капитулантските договори со Бугарија и Грција и ја прифати Тиранската платформа за која никој не зборува бидејќи наводно не постои а се спроведува на големо. Тоа значи дека сакале или не вие ја признавте нелегалната влада и извршувавте дејност во името на северџанистан и нелегалната влада.
2. Јас и мнозинството македонски народ посебно од иселеништвото немаме никаков проблем со контекстот на вашиот проглас туку со тоа дека во тој проглас учествуваат личности кои се бореа да срушат легитимна влада преку шарена револуција потпомогната со странски пари. Во суштина тоа значи дека тие се колаборационисти на странците бидејќи без нивна помош немаше да дојде до силување на собранието и на правниот поредок во земјата. Тоа што странците инсистираа на мирно примопредавање на власта откако ВМРО ДПМНЕ победи а сите знаеме поради кои причини не им беше дозволено да формираат влада е приказна во која твоите двајца соработници се соучесници. Тие двајца кои не се вредни ни името да им се спомене сега изиграваат спасители на Македонија и Македонскиот народ во името на парите од Сорос и демократијата. Зарем секој кој има и малку свест и совест би сакал да се обедини со овие двајца изроди? Се извинувам ама НЕ а вие како сакате!
3. Третиот проблем е тоа што вие повикувате на помирување. Помирување со кого господине Боцевски? Со изроди? Со велепредавници? Повторно се извинувам, ама НЕ! Тие твои двајца партнери во борбата за обединување треба прво да седнат пред суд и да одговараат за велепредавство па потоа да побараат прошка од Македонскиот народ и дури после да побараат да се обединат со Македонците. Доста до сега ја правеа Македонија како село без кучиња. Можеби јас не сум власт, но ќе се борам помирување со такви изроди никогаш да нема или да се запазат постапките кои ги образложив погоре. ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски може моажат да им простат но Македонскиот народ НИКОГАШ!
 Reply 2h
  • Biljana Antoska Stojanov Напишавте лаги за мене и Ве молам да ги повлечете и да се извините. Никогаш не сум го поддржал и никогаш нема да го поддржам Преспанскиот договор, а ни владата на Заев и на СДСМ. Зад прогласот и зад обединувањето стојам целосно.
    Reply 1h

     Biljana Antoska Stojanov
    Ivica Bocevski немојте да го водите разговорот во друг правец. Кај мене тоа нема да ви помине. Проблемот е баш во тоа обединувањето. Со кого да се обединува Македонскиот народ? Со велепредавници како Милчин и Героски? Не благодарам! Тие се за во Идризово не за обединување! Македонците никогаш нема да се обединат со велепредавници без разлика колку и како странците вршат притисок врз лидерството на ВМРО ДПМНЕ да напави се да се случи обединувањето. Еве уште еднаш: обединување ќе се случи кога сите кои дирекно или индирекно учествуваа во разобличувањето и продавање на Македонија и Македонскиот народ ќе завршат во затвор! Од ова појасно здравје!
    Reply 1h