Welcome visitor you can log in or create an account

ПАДНА УШТЕ ЕДНА 100-ТЕ МАСКИ ОД ЛИЦАТА НА МИЛЧИН И ГЕРОСКИ, МАСКАТА ДЕКА СЕ БОРЦИ ЗА ВЛЕЗ НА Р. МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Не говорењето за причините и аргументите со кои е поткрепено ветото од страна на Бугарија е порака од Иницијаторите дека Бугарија нема аргументи ама ете Европа бидејки нас не мрази а на Бугарија и верува на збор и згора Европа и Америка сакаат да не нема па затоа на нашиот збор не сакаат да веруваат!!

Веднаш по објавата на Повикот за Обединување, под мотото „МАКЕДОНИЗМОТ Е ЛЕГИТИМНА ЕМАНЦИПАТОРСКА ИДЕЈА. ЧУМУ Ѝ Е НА ЕВРОПА ЕДНА РАЗМАКЕДОНЧЕНА МАКЕДОНИЈА?“ од 13.01.2022 година, напишав текст со наслов, „БЕЗ РУШЕЊЕ НА БУГАРСКИТЕ „АРГУМЕНТИ“ ЗА ВЕТОТО, ИЛЈАДНИЦИ ПОВИЦИ НА ОБЕДИНУВАЊЕ КЕ СЕ САМО ПРЕДАВСТВО НА ДОБИЕНА ВОЈНА“ во кој го напишав и следново:

Повик за обединување кој е за поздравување и подршка од сите граѓани на Македонија и Македонците надвор од Македонија!
Но повикот не нуди решение за премостување на проблемот на кој Бугарија инсистира и го базира своето вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Ако остане ваков одговорот од Македонска страна Бугарија ќе има во раце НЕСОБОРЛИВИ докази за нивното тврдење, односно „концепт на бугарски корени на македонскиот народ и нација“.
Текстот го испратив на Героски и Боцески, бидејки Героски во своето представување на Повикот го даде следното појаснување:


Очекувајки дека некои од иницијаторите (од Героски, Милчин и Диневски не очекував одговор) ке го прочита и ке ми одговори дали лично на мене или со текст во кој ке го каже ставот на иницијаторите за она што јас го посочувам во мојот текст како недостаток на Повикот! Шанса да го сторат тоа имаа Милчин, Героски и Боцевски и во синоќешната емисија „Заспи Ако Можеш“. Да потсетам дека водителот Горан Момировски го постави следново прашање после малку подолг увод:

Македонската јавносте во тотален мраки опозицијата е вототален мрак, дури мислам и многу луѓево во власта се во мрак. Во моментов околу македонско бугарските односи има една европска иницијатива и една од преку океанот.
Значи има сериозни придвижувања. Имате и рокови кои што ги даваат. Бугарските извори кажуваат за некакви рокови. 2 Јуни, ги кажуваат и рамките, контуритре на тој договор, кој што го туркаат напред две европски големи сили е една НАТО сила. И тука се плашам дека во тој да го наречам, не сакам да го употребам тој збор заради луѓе што патат од таа болест, меѓутоа политички аутизам ке го кажам сепак кај властите дека ниту еден ваков притисок кој што е изразен преку дебати телевизиски или преку писма, преку колумни не допира воопшто на Илинденска. Тоа е мојот страв. И затоа прееска прашав што е следно, заради тоа што тука мора да се согласам со, со македонскиот дисидент во Канада кој што од една страна ве пофали, да речам се согласи со вашата иницијатива но и потоа праша, што понатаму? ...

Во мој коментар за гостувањево на тројца од иницијаторите и потписници на Повикот го напишав следново:


Во овој текст сакам малку подетално да го објаснам ова мое мислење!
Според мое сваќање, „обврската“ на човек или група на луѓе, кои себе си се титулираат како ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ--значи луѓе извишени, различни, (поумни, поначитани, пообразувани, посветени на мислата и мислењето како дејност) од нас обичните смртници--е да ни ги предочат сите битни работи за проблемот за кои се собрале и решиле да ја одработат должноста која им прилега со привилегиите кои ги уживаат и да му помогнат на општеството советувајќи ја власта, опозиција и обичните граѓани на државата Македонија и на нас Македонците кои сме надвор од Македонија како да се справи со тешките проблеми со кои се соочуваме!
Значи да посочат/објаснат кои се барањата на Бугарија. Со какви аргументи Бугарија ги поткрепува тие барања? Што и е целта на Бугарија со барањата? Дали само да го попречи интегрирањето на Р. Македонија во ЕУ или и нешто друго?
Од друга страна да дадат објаснување, план, стратегија како да се надминат проблемите со Бугарија и така првин ја доведат владата во ситуација да не може да бара оправдување за нерешавање на спорот во полза на Р. Македонија со зборовите: па ете ние не се сетивме на тие решенија или зошто молчевте?
Ако знаевме за ова ке го направевме!! 
Зошто „Интелектуалциве“ не рекоа збор за аргуметите на Бугарија за ветото и за решението кое Р. Македонија треба да го прави, зар некој ке верува дека тоа го направиле од не знаење? 
Единствена причина за молкот на „Интелектуалциве“-покренувачи на инцијативата е нивната дејност кон тоа Р. Македонија да не започне преговори за влез во ЕУ или--не дај Боже!--да стане членка на ЕУ!
Со незапочнување на преговорите ЕУ нема да може да врши вистински притисок врз власта во Р. Македонија за справување со економскиот и полтичкиот криминал и корупцијата при секојдневниот допир со било кој ешалон од власта! Притисок кој ке биде во вид на неотварање на нови поглавја во преговорите--што би значело стопирање на преговорите за што власта нема да може да обвинува никого--а тогаш на сите ке им стане јасно дека власта е таа која не сака влез во ЕУ! Кога Чуварите на системот ја добија битката против Резолуцијата на Советот на Европа 1096 и мислењето на Венецијанската комисија од 2012 година, искажано преку Секретарот на Венецијанската комисија за потребата лустрација да се спроведе и за периодот после 1991 година, тие станаа уверени дека веке нема никој да ги вознемирува и ке можат да влезат во ЕУ без никој од нив да го бара она што се бараше со Резолуцијата 1096! Но ЕУ со своите постапки--апсењето и правосилните пресуди (судењето се одржа во Германија) на двајцата врвни луѓе на Тајната полиција на Хрватска и апсењето и судењето на премиерот на влада на Хрватска, Иво Санадер--ги исплаши чуварите на системот во Македонија дека сепак таа нивните зло дела не ги заборавила. Стравот да биде поголем, европскиот Парламент во заклучок на Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент донесен на 26.10.2022 година ги потсети чуварите на системот дека не ги заборавил:

Акутно свесни за извештаите и обвинувањата за врски меѓу политичките фигури на високо ниво и организираните криминални групи, европратениците ја нагласуваат потребата да се искорени политичките и административните врски со организираниот криминал преку јасни заштитни мерки против корупцијата и ефикасно гонење на случаи на корупција од висок профил.

Но за да актуелнава власт не ја префрла вината за криминалот и корупцијата само на власта на ВМРО ДПМНЕ, Комитетот на Е.П. јасно потенцира за кој криминал говори, па затоа ке напишат во заклучокот:

Врски помеѓу организираниот криминал, политиката и бизнисот постоеја уште пред распадот на Југославија и продолжија по завршувањето на конфликтите од 1990-тите години ..

Да потсетам дека пред да се донесе овој заклучок на Е.П. против криминалот и корупцијата потикнувани и штитени од власта  ЕУ во Хрватска покрена повеке од 30 обвиненија, поради кои веке се во затвор обинители, судии и министри!!
Да се вратам пак на емисијата и да се потрудам да го дадам моето видување зошто „Интелектуалците“ го одмолчаа наведувањето на причините и аргументите на Бугарија и арументите со кои Р. Македонија треба да се спротивстави на ветото на Бугарија. Причината е следнава:
Премолчувањето на причините и аргументите со кои е поткрепено ветото од страна на Бугарија е порака од Иницијаторите со цел да се гради наративот дека Бугарија нема аргументи ама ете Европа бидејки нас не мрази, на Бугарија и верува на збор, и згора на тоа, Европа и Америка сакаат да не нема, па затоа на нашиот збор не сакаат да веруваат!! Титовиот комунизам бил блиску до совршенство во манипулирањето! Југосовенскиот комунизам дозволувал--подобро кажано, потикнувал--критика кон одредени „другари“ заради нивното  „девијантно“ однесување, и така се градел и дома и надвор имиџ за некаков вид на слобода на говор.
Само уште едно потсетување, колку афери се открија и се откриваат во весници-портали, во тв дебати од 1991 до денеска дали некој од врвот на власта од врвот на СДБ/УБК и од олигарсите отиде во затвор? А потсетете се како поминувале и поминуват оние кои се обиделе да го срушат не со насилни средстава, системот кој е наследен од комунистичка Југославија!