Welcome visitor you can log in or create an account

МИЛЧИН И ГЕРОСКИ ЗА ДА ГО ЗАЧУВААТ КРИМИНАЛНО КОРУПЦИСКИОТ ТОТАЛИТАРЕН СИСТЕМ ПОДГОТВЕНИ СЕ ДА СТАНАТ И БУГАРИ!?

 Јордан Петровски 15.01.2022 
Зарем има уште некој кој ке верува на Милчин, Героски и нивните другари во нивните повици за „спас на Македонија“ ако ја знае, памети нивната улога за инсталирањето на Заев на власт и нивната подршка на Заев во промената на името, односно потпишувањето на Преспанскиот договор? Зар некој кој почитува Устав, закон и правна држава ке им верува на Героски и Милчин кога одмолчаа, односно подржаа купување, на пратеници, кога одмолчаа изгласуваа амнестии на луѓето кои го овозможија влезот во Собранието? Зар ке им верува некој кој гледа дека тие молчеле цели два и кусур месеци од кога Румен Радев воведе нов аргумент во спорот помеѓу Македонија и Бугарија: тврдењето дека стотици илјади македонски Бугари биле прогонувани од југословенската и подоцна независната македонска држава? Значи Милчин и Героски  молчеле за обзнанувањето на новата стратегија на Бугарија со која ке ги зацврсти аргуметите за ветото
Дали Милчин објави некој фб статус за пораките кои ги прати Румен Радев на средбата со Македонските бугари? Дали Героски напиша некој текст, колкумна за пораките, односно промената на стратегијата на Бугарија околу ветото. Јас не сретнав ни дваицата да споменат збор врзан за новата стратегија на Бугарија за ветото.
Еве ги битните точки на новата стратегија:  

Радев , претседателот на Бугарија вели дека историјата веке не е картата на која игра Бугарија:
 
Таму тешко е да објасниш кој е Самоил и кој е Гоце Делчев. Тие не те разбираат. Имаше обиди да сега им биде објаснето која е суштината на спорот, која година кој што напишал или кажал. Тоа нашите партнери во ЕУ кои настојуваат веднаш да биде примена Македонија во ЕУ од чисто геостратешки причини, не го разбираат. Но, кога почнавме да говориме со службената Влада за Копенхашките критериуми за членство, за човековите права за дискриминацијата, тоа го разбираат.
Радев појаснува дека новата стратегија за вето се човековите права:
 
Радев посочи дека фокусот на спорот меѓу двете држави од историјата преминува кон човековите права во Македонија за што разговарал и со врвот на ЕУ.
 
Ке прикачам две кратки видеа од средбата на македонските Бугари со претседателот на Бугаарија Румен Радев, од кои убаво се гледа на што ке се заснова новата стратегија на Бугарија!
 

 
После овие две видеа пак ке прашам зар некој може да поверува дека изјавите на претседателот Румен Радев не ги слушнале или пак не ги прочитале Героски, Милчин и дел од иницијаторите и потписниците на повикот за обединување насловен „МАКЕДОНИЗМОТ Е ЛЕГИТИМНА ЕМАНЦИПАТОРСКА ИДЕЈА. ЧУМУ Ѝ Е НА ЕВРОПА ЕДНА РАЗМАКЕДОНЧЕНА МАКЕДОНИЈА?“

За мене е несватливо никој од 13те иницијатори и првопотпишани да не ги слушнале изјавите на Румен Радев, па никако да ги споменат во своето писание!!
За волја навистината споменуваат нешто во стилот сакам кажам ама несмеам да речам:
 
Македонија не може и не смее да прифати концепт на бугарски корени на македонскиот народ и нација. Наводниот бугарски историски идентитет на Македонците не е и не може да биде основа на новиот европски идентитет на државата.
 
Да ги потсетам иницијаторите и пописниците дека Румен Радев како доказ за бугарскиот историски идентитет ги нуди пресудите и досиеата на прогонуваните „Бугари“ од 1945 па до денеска!
 
Првин за периодот 1945-1990 година. Бидејки Героски и Милчин сигурно читале досиеја на луѓето кои биле прогонувани од политички и идеолошки причини, морале таму да сретнат дека скоро сите од прогонуваните за обединета, суверена и самостојна македонска држава се судени и прогонувани како Ванчомихајловисти или бугарски врховисти!
 
За периодот 1991 па до денска, период за кој Героски и Милчин мора да се добро упатени во досиеата и да знаат точно кои биле прогонуваните и по кои линии, односно дали прогонуваните биле Бугари, бидејки беа против лустрација за тој период.


Повикот не нуди решение за премостување на проблемот на кој Бугарија инсистира и го базира своето вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Обединети во промислата за Македонија, како граѓани на Македонија, но и заедно со Македонците во дијаспората, ги повикуваме и ги охрабруваме надлежните институции да ги продолжат разговорите со претставниците на земјите членки, како и разговорите за отстранување на пречките што ги поставува Република Бугарија за почеток на преговорите меѓу нашата држава и Европската Унија.
Имајќи ја предвид Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, едногласно усвоена од Собранието на 29 јули 2021 година, ги охрабруваме Претседателот на Републиката, Собранието на Републиката, Претседателот на Владата, јавните институции, МАНУ и научните, образовните, културните и уметничките институции, граѓанските организации и медиумите, да дадат свој придонес за деблокирање на евроинтеграцискиот процес, врз основа на интензивен дијалог, врз рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.
Апелираме процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување ...
 
Кога ке се прочита делот кој го цитирам од Повикот за обединување на Милчин и Героски се гледа дека тие нудат само празни зборови наспроти тврдите ставови на Бугарија. Ставовите на Бугарија се засновани на илјадниците судски пресуди и досиеа во кои УДБа/СДБ од 1945 па до 1991 година, Македонците кои се обиделе според Уставот на ДФЈ, ФНРЈ, СФРЈ да го искористат правото на раздружување до отцепување од Југославија, ги прогонувале и суделе како Ванчомихајловисти и бугарски врховисти, или со еден збор Бугари, кои сакале Македонија да ја отцепат од Југославија и да ја припојат кон Бугарија!! Материјален доказ за било какво оранизирано делување во Македонија со цел припојување кон Бугарија не постои.

Во периодот после 1991 година, период кога Р. Македонија се одвои од СФРЈ и изгласа „самостојност“ ДБК и УБК продолжија да работат по законите на СФРЈ барем до 1996 година. Ова и покрај тоа што според Уставниот законик, законите на „самостојна“ Република Македонија мораа во рок од ЕДНА година да се усогласат со Уставот Р. Македонија кој е донесен на 17.11.1991 година! И во тој период СДБ и УБК продолжиле со старата практика на прогон на Македонци кои се залагале за потполна самостојност на Р. Македонија, сега само со малку изменети обвиненија. После 1991 година, СДБ и УБК како основа за прогон и отворање на досиеја користат дека сомнителното лице соработува со БНСР на „насилно рушење на Уставниот поредок на Р. Македонија “. Под линии на работа „Македонски екстремизам и врховизам„ и „БНРС“ службата „открива, пронаоѓа и сузбива“ „Бугари кои соработуваат со бугарските национални разузнавачки служби.
 
Ако остане ваков одговорот од Македонска страна Бугарија ќе има во раце НЕСОБОРЛИВИ докази за нивното тврдење, односно „концепт на бугарски корени на македонскиот народ и нација“.
Единственото решение кое ке даде 100% успешен резулртат постои!!
Живеам на запад веке дваесетина години и по игра на судбината, за да обезбедам престој во Канада, морав да водам судска постапка врзана за човекови права и слободи во кои спаѓа се онаа што Бугарија сака да ни го одземе (правото самоопределување, автентичност на самомостоен идентитет) како Македонци. Судот на кој се водеше процесот бараше материјален доказ за секое мое тврдење!! Значи за да ја добиеме битката со Бугарија по прашање на нашите етнички корени особено за периодот после 1945 година, период врз кој се заснова ветото на Бугарија мора да пружиме непобитни докази дека во Македонија после ВСВ не се убивани, затворани, следени стотици илјади Бугари! Мораме да докажеме дека убиените, затвораните, прогонуваните од 1945 па до 2000 година биле Македонци кои биле лажно етикетирани како Бугари (со цел да се оправда нивниот прогон како терористи). За тој период се отворени досиеата на прогонуваните од политички и идеолошки причини и моето тврдење може лесно да се утврди. А тоа што досиејата по 2000 година не се отворени, не значи дека таквиот прогон не продолжил и до денешни денови.
Ако тоа не го сториме илјадници вакви повици на обединување нема да вродат со плод, го тврдам ова затоа што триесет години на ваков начин водиме битка со оние кои не оспоруваат, Грција а сега и Бугарија ..

Ние од МИЦ направивме емисија уште на 31.10.2021 година,
 во која се обидовме да објасниме каде е опасноста и како може да се одстрани опасноста!